Организирање на протест против сиромаштијата!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 23 декември 2010.

?

Дали би присуствувале на протест против сиромаштијата?

  1. Да, само така можеме да го искажеме револтот.

    63 глас(а)
    39,4%
  2. Не постои сиромаштија во Македонија.

    6 глас(а)
    3,8%
  3. Можеби би присуствувал/а ако добро се организира.

    35 глас(а)
    21,9%
  4. Никогаш нема да успееме да се собереме.

    56 глас(а)
    35,0%
  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    ...Ама више не знам кај да се обратам,више пукнав! :P

    Не дека се правдаш таман работа, ти само се трудиш да го составиш постот да личи дека не се правдаш ;)
    Ова е форум,не е ратно поле еве за почеток разграничи ги тие поими и да здивнееме раатски сите сложно а? Значи дискутирај не пробувај да измислуваш топла вода со помош на кашикара покрај маусот :doh:

    Во потпис: Една феминка која не и е близок соработник на Офи,а сепак не ужива во нервниот танц кој се обидуваш да го изведеш! :^)
     
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    законите се сиромаштија,реформите се сиромаштија?
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Законите такви какви што се, се преголеми за народ со мизерни примања како нашиот. Запирката меѓу набројувањето и таа е изгледа сиромаштија. Буквалист, како да сакаш некој во уво да ти дувне и ко да сама не си свесна и неможеш да читаш меѓу редови па упорно прашуваш.
     
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    муабетот ми беше,не се протестира против сиромаштија. Јес да ве разбирам за што се залагате,али девојки не се протестира преку дремење на форуми реков :) И не се протестира против сиромаштија. Би се протестирало да им се помогне на социјалните случаи,на тие кои немаат кров над глава и парче леб да се нахранат.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.749
    Допаѓања:
    162.726
    Просветли ме со конкретен пример за успешен закон и со конкретна реформа од која ти лично,а потоа овој народ се офајди.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Прогласувам еднодневен молк на форумов.
     
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    не спомнав јас успешни закони и реформи. Кажав дека против и за нив се протестира,а не за сиромаштија.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Не собира толкав наслов кога отвараш тема. Сега појасно ти е зошто е со еден збор кажано?
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.749
    Допаѓања:
    162.726
    Ооооф... :D :D :D
    Дете,денес за се и против се се протестира.Затоа е протест,сиромаштијата е само резултат на лоша политика,направи логика,ќе разбереш.
    Против закони,против реформи...јас ако сакам ќе протестирам против краватата на Грујо зошто ми вреѓа религија рецимо,а тој ми го претставува народот...
    Толку знаете да барате она што ви треба...ама и 18 000 вршат работа.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Значи девојчево е упорно во тоа дека сите ние и идеме контра зашо не се согласуваме со нејзините мислења. Алоооо, кажи некој факт, не лупај без везе, кажи зашто мислиш така...
    Се што прочитав во темава тука е дека немаш појма од животот секако на 15 и не е могуче да имаш али ај, туку доста се расправаш, никој не те убедува да мислиш поинаку и никој не го дискриминира твоето мислење како помалку важно, ама не ти држат мислењата бре, изјасни се убаво кога веќе се мешаш у политика би требало да си повеќе упатена во тоа и да имаш што да кажеш, а не дека дома ти рекле дека Грујо е цар!

    Јас ќе ти помогнам да почнеш од почеток и да водиме дискусија.
    Ајде сега изјасни го товето мислење и кажи зашто мислиш така, што те наведува да мислиш така, некој факт пример некој било што наведи па да дискутираме, доста тролаш веќе по сите теми.
    Чекам да напишеш твое мислење што ќе биде издржано.
    Ајт сеа мисли што ќе пишеш :hai:
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Драги тетки,според ова што ме нарекувате дете претпоставувам дека сте возрасни и зрели личности.Па како такви,наместо да дремите по форуми и да се карате со нас децава,зошто не направите нешто корисно за општествово? Зошто не побарате некоја работа,наместо да кукате дека има сиромаштија,м? Нели би било по мудро?
    И ќе се повторам,сиромаштија постои тоа е факт.Но,како тоа сиромаштија постои..а младите дремат,ништо не работат,се срамат да бидат таксисти,келнери,продавачи.Сите маркети,бутици се преполни.
    И да,протест против сиромаштија е НЕВОЗМОЖЕН. Тешко тој што нема покрив над глава и парче леб..нив не им треба никаков протест,нив им треба помош..хуманитарни акции и слично.
    И разбирам протест дека барате,бидејќи не е добро да си задоволен со просечна плата..но за тоа не помага протест,треба да се докажиш за да добиваш поголема плата и да живееш на повисок стандард.

    [mod-navredi:2sk40p28][/mod-navredi:2sk40p28]
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Драго девојче. На форумов поминуваме време затоа што ова не е форум каков што си замислила. Овој е наменет за здрави дискусии, кои за жал се уништуваат.
    Гледам дека се трудиш да пишуваш литературно, еве те поздравувам за тоа, продолжи така.
    Помудро се пишува споено (повтори ги лекциите за компаратив и суперлатив).
    Друго - кога ќе оставиш четири години на факултет, со многу учење, труд и многу потрошени пари на сета мака и ужасна ситуација, тогаш кажи ми дали ќе сакаш да работиш во бутик или да бидеш келнерка. Не е тоа срамење, туку е проценка на сопствените можности.
    Протест против се’ е возможен, и секој протест ако е добро организиран значи нешто и е знак за обединет народ со цврсти ставови. Можеби нема да се овозможи се’ што се бара на протестот, но секогаш се постигнува нешто. Не зборувам за протестите во Македонија, зашто за жал сме премногу исполитизирани, па најчесто се неуспешни.
    Ова "треба да се докажеш за да живееш на повисок стандард" можеш да го речеш ако твоите не се вработени со партиска книшка, зашто тоа не се смета за докажување. Знаеш ли колкумина успеале сами без никој да им го чува грбот? Мал процент на паметни и успешни луѓе. Таквите нема да бидат сиромашни. Овде зборуваме за обичниот работник и просечен човек, кој коските ги остава на работа во незагреани сали, а носи 10000 дома (што се смета за солидна плата во малите градови, повеќето земаат 6000) со кои треба да прехрани цело семејство, зашто другите не работат.
     
    На ludoto19, BoaVista и Phyramide им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Завршувам архитектура, никој не ми нуди веднаш работа, никој не ме чека со раширени раце, освен татко ми ако е архитект,а не е.
    Би се вработила во бутук, ќе земам 10 000 денари месечно, подобро нешто да имам, отколку ништо.
    Ќе работам во бутикот, можеби ќе послужам некој архитект кој ќе ми ги отвори вратите и така натаму.
    Ем сум имала некакви примања, и не сум кенкала дека потценет ми е факултетот,бидејќи нема работа, туку ќе им помогнам на родителите околу некои трошоци.
    Тоа е целата филозофија на работата.
    Ако си вреден и работилив, а воедно и живееш во град, поголеми се шансите да ти се отворат некои врати, само покрај знаење ти треба и билдање самодоверба и комуникација.
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Ешлинг, зарем тоа во твојот пост не е симптом на сиромашна и нездрава држава? Архитект да може да работи по својата професија само ако татко му е архитект, а ако не, да работи во бутик по факултетот. Епа протестирам против архитекти вработени во бутици за 6000 (зашто во помалите градови и тоа е многу за во бутик)!
     
  15. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Читав многу мислења на овој форум...
    Морам вака да одговорам на оваа тема:
    Свесни сме сите каква е ситуацијата во Македонија...Тешко и стресно се живее, има криминал, непотизам, корупција, политичка обоеност на сите сектори итн...Нема потреба да се расплинувам сега со ова...Како прво таа бројка и стапка на невработеност што ја објавува Државниот Завод за статистика нема врска со реалната ситуација во државава. Сте се запрашале колку има што се водат како невработени, а работат на црно( продаваат по тезги, по пазари, работат непријавени све и свашта...) и си имаат солиден месечен приход, кој не го пријавуваат секако и не плаќаат данок за истиот. Друга работа е тоа што спомнавте за факултетите :) И јас завршив фармација па работам сосема трето што нема врска со мојата струка. Но, мора од некаде да се почне. :) Не е нашето едно од оние идеални општества каде што секој си работи она што заслужува...Не знам зашто кукате кога знаете како е во Македонија??? Ако можете да отидете надвор некаде и да си обезбедите подобра егзистенција - браво за вас или пак тука кај нас да се снајдете некако...Во спротивно мора да се адаптирате на моменталната ситуација...
    И немојте да ми земете за зло ако кажам дека - со дремење на форуми по 12 часа и повеќе дневно - не очекувајте дека ќе имате некој просперитет во животот...Дремењето по форуми и кукањето овде нема да ви помогне во никој случај...Можеби на ова ќе ми одговорите дека не е моја работа, јас вакви коментари да давам и дека катастрофална и безизлезна е состојбата во Македонија, но не можете никако да ме убедите дека не знаете од каде да почнете...Почнете од нула..Волонтирајте некаде, запишете некој курс, вложувајте во себе...Пробајте да избегате од Македонија или пак работете што било за почеток...Изнајмете тезга на пазар и продавајте зеленчук (од работа нема срам - срамно е да се краде и да се влегува во нечесни игри како проституција итн...) Мора од некаде да се почне...Форумов е одлично место за дружење и за забава, затоа и сум зачленета..Но, Фемина нема да ви даде парче леб во животот..Приметив дека некои членки овде, кога и да се уклучам се онлајн..И во 4 сабајле еднаш се уклучив и гледам онлајн...Со скрстени раце во животот не се добива ништо ил исо кукање, плачење и обвинување на се околу себе.. Поздрав. ;)
     
    На mila-vanila, beached и Ashling им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Милки за жал ние така сме се научиле... Ја веднеш главата и работиш што има, што можеш, колку да преживееш, а корупцијата, непотизмот и ограбувањето на народот нека продолжат, битно имаш леб да јадеш. Можеби е синдром останат од вековите поминати под ропство - живуркај и не барај премногу.
    Се слагам со тоа дека треба да се трудиме и да бараме начин за егзистенција (верувај не може никој да седи со скрстени раце), но мора и некогаш овој народ да го крене гласот и да се побуни.
    Да го работиш она што го заслужуваш не е идеализирање, туку е реално, затоа што тоа си го учел и во тоа си вложувал.
    Јас веќе се откажав од мојата професија и се разочарав, ќе работам друго, но тоа не значи дека ќе бидам задоволна од ситуацијата во државава. Секогаш ќе се сеќавам на (не)можностите за работно место по мојата струка, кога не толку суптилно бев испрашувана дали сум член на некоја партија.

    На форумов има и волонтери, и вработени, и студенти, постипломци и посетувачи на курсеви. Тоа што наоѓаме време за форумов не значи дека сме денгуби.
     
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Настан од ваков тип - значи како протест против сиромаштијата кај нас нема теоретска шанса да се одржи, а и да се одржи ќе биде крајно исполитизиран и ќе се префрла топката од едни на други и пак ќе се најде некој што маката на сиромавите ќе ја искористи за свои лични цели и интереси..Еве ти типичен пример со тутунарите... :) Тоа што велам дека нема корист од седење по форуми, секако дека не го велам за сите овде членви, кои гледам ги има илјадници зачленети... Имам за одредени само приметено и читајќи ги нивните мислења дојдов до таков заклучок...
     
    На mila-vanila му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    За што да се побуни?
    И зошто мислиш дека во која било држава во светот ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА и државата од тераса им фрла пари?
    Значи можеш да протестираш против големиот процент на невработеност,ама против сиромаштија? Како не разбирам?
    Што ќе постигниш со тоа што ќе го крениш гласот против сиромаштијата?
    Анџелина или Опра ќе ти дадат топла прегратка?

    И во Америка се живее во некои квартови сиромашно.
    И во Бразил исто така.
    Африка и Азија да не правиме муабет.
    Значи сиромаштијата е насекаде и не можеш да ја искорениш.
    Кај нас секаде не се живее сиромашно, се живее просечно би рекла.
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Може да се протестира против сите провокатори на сиромаштијата, како што е корупцијата, непотизмот, партизацијата, невработеноста, неправилното трошење на државните пари...
    Сето тоа е сиромаштија, и државата нема од тераса да ни фрла пари, туку кога ќе види дека народот јавно го изразува незадоволството и не трпи веќе, властите навистина ќе мораат да сменат некои работи кои нема да останат само на кампањи и празни зборови.
    За политизирање - секако дека едната страна ќе искористи ваква прилика во своја корист, но кога народот кој протестира би бил доволно обединет и неподложен на манипулации - би протестирал против сите политички фигури кои не’ пропаднаа, не само против власта. Можно е, резултати може да има, но за жал не сме таков народ.

    Кога сме веќе кај Африка - тие луѓе се буквално ограбени, природно најбогати земји со жители кои умираат од глад. Нив ги крадат големите светски сили со помош на политички заговори, моќ и оружје - ние сме ограбени од сопствениот народ со помош на перење мозок. :fubar:
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Кои се тие провокатори?
    Можеш да ги докажиш дека со сигурност се тие?
    Она што го гледате на А1 и Сител како црно и бело едните опозиција, другите власт.. ви даваат само погрешна слика за на крај да излегувате со вакви бисерчиња.
    Најголемата мафија, меѓудругото искористување на државни пари ја имаат угледни бизнисмени.. кои максимално го оштетуваат државниот буџет, преку затајување на милионски суми даноци(слично на она што го направи Велија), само што тука нема никаков удел ниту Грујо,ниту Бране, туку самите инспектори.
    Кога се прави кој било буџет на која било држава, парите се распоредуваат во секоја област.
    За земјоделието толку и толку пари ќе се одделат, за образованието толку и толку.
    Започна изградбата на спортските сали, се реновираат некои училишта.
    Тоа впрочем и се бара, во секоја област да се искористи државниот буџет, не може на сите сиромашни да им се даде цел буџет. Тогаш државава би отишла во пропаст.
    Единствено решение е да се бараат странски инвеститори да отворат фабрика или нешто слично и да ги вработат тие луѓе, за се' друго постои Црвен Крст.

    Патем..
    никој нас не ни пери мозок
    самите си го периме
    самите, зошто сите трчаат со знамиња по митинзи, затоа што ги залажуваат дека ќе добијат работа
    каква работа би добил човек со партиска книшка со основно образование?
    Да биде некој интелектуалец и со партиска книшка во 90% од случаите остварена е работата, освен ако не му ја превземе некој роднина
    но, оние што ги гледате на митинзи 99% се неук народ,кои мислат дека така од небо ќе им паднат парите и самите се залажуваат
    бидејќи на секои 4 години менуваат мислење и трчаат по тие што плукаат по претходната власт,а не се нешто подобри од неа

    Јас затоа не се определувам партиски.
    Кога ќе дојдам до тој степен да молам за работа, ќе размислам.