Ашлинг фала што ни објасни како се прави буџетот, ние незнаевме Јас најискрено мислев дека буџетот се мачка на леб, па фала што ме прсветли, инаку вака неука ќе си умрев
Ова цитираното во што е поразлично од тоа што го кажав? За мене не се секирај ич - телевизија не гледам. Тие угледни бизнисмени што мислиш, кој ги штити? Зошто не се по затвори сите до еден? Буџетот како се користи знаеме сите. Еве во Охрид ја направија улицата Железничка. Планираните пари се потрошија, а улицата е уште со дупки, и пак си ги кршиме колите. Криминал Ешлинг, пола од буџетот оди по нечии џебови. Што е со урбаната мафија? Политичарите не крадат од тоа? За што постои Црвен крст поточно објасни ми. За да ги избрка вработените со книшки и да вработи стручен кадар?
Боа повели и друг пат, ако имаш нешто да прашаш што не разбираш, радо би ти одговорила.. гледам ни тоа погоре што сум напишала не си го сфатила, па ако сакаш да ти го објаснам,само прашај ме Ливинг, тоа погоре е поразлично од тоа што ти алудираш на политичарите,а јас на народот. Уште полошо што не гледаш. Дали ти некогаш си слушнала за мафија која ја уништува државата. Постои во цел свет. Како и сиромаштијата. Само што ти кога ќе напишеш на чичко гугл Мајами, нема да ти излези веднаш некое гето кое се дави во сиромаштија и криминал, туку ќе ти излезат убави песочни плажи. Зошто? Ај ти ќе ми одговориш,ако си љубезна Зошто тогаш не тргна од буџетските пари, при пишување на твојот коментар? Mислиш на шахтите кои се заградени,за да не се лупне некој.. (а се неколку)? За ти место да коментираш во темава со разумни решенија како да се избориш против сиромаштијата, да си ги собереш старите партали, некоја храна што не ти се расипува, играчки исто така и да усреќиш некое семејство.
Да на тие заградени шахти мислам, за кои се потрошија многу пари, а не се направија - баш на тие мислам, ама ти изгледа не разбираш што ти пишувам и упорно читаш како што ти одговара. Ти ко да се инаетиш малце Ешлинг, м? Моите зборови ги извртуваш и го кажуваш истото, ама ко Амди Бајрам го вртиш За мафијата која ја уништува државата ти зборував и јас во мојот претходен пост, а ти во твојот нареден ме прашуваш дали сум слушнала за неа. Активист сум во Црвен крст и знам каква е ситуацијата со сиромаштијата - таа организација не може да ја намали. На сиромашните им треба стара облека и храна, но повеќе од тоа им треба работа. Поврзаноста со буџетските пари и нивно користење за мој коментар не ја разбирам и не верувам дека и ти сама знаеш што сакаш да кажеш. И ај те молам не ме цитирај повеќе, ако не ти се протестира - никој не те тера со сила. Пријатно.
Објасни слободно Ашлинг, ние вака неуки и простички чекаме некој експерт за се, во случајот ти, да ни ги пообјасни работите Ај сега оди и прашај го чичко ти Гугл или тетка ти Википедија и врати се да ни одржиш по едно предавање
Не бе Ливинг каде се инаетам, само ти ги кажав работите како стојат. И уште не ми одговори на прашањето. Уствари нејќеш. Мафијата која ја уништува државата не се само Грујо и Бране. Правите не ги знаеш ни ти,не ги знам ни јас. Но,постојат. И ќе постојат за несреќа на народот. A,државата е немоќна да го реши тој проблем. *Не само Македонија, туку која било држава. Патем.. крши кола на железничка ако не ги гледаш неколкуте импровизирани стубови. Значи НЕКОЛКУ СЕ! Поврзаноста на парите од буџетот? Едноставна е бе Ливинг. Протест против сиромаштија=да се искористат НЕКОИ СИ пари(кои очигледно се буџетските) за да се дадат на сиромашните. Свесна сум дека одреден процент од тие пари не се искористуваат правилно и се пикаат во џеб. Ама дај да го докажиме тоа. Можеш? Не. Не можам ни јас, така да ќути си-трпи си. Ни нафрлила државата еден куп давачки,кои ги подмируваме.. еве сепак јас живеам пристоен живот,а давачките кон државата подмирени. Кој како ќе се снајде во животот. Сум помогнала колку што можам и колку што имам услови за тоа. Ако сите тоа го направат,сиромаштијата ќе се намали. Барем некој ќе има леб да јаде,ако не за друго. Во ниту едно време и во ниту една друга држава некогаш не постоеле сиромашни. Друго.. со првиот мој коментар на темава јасно се изјаснав шо протест ќе е, односно пропаднат. Ти можеби знаеш дека тебе СДСМ не може да ти испере мозок,но кој друг знае? Некои Роми имаат повеќе пари од некој Македонец? Зошто? Не се срамат да работат како чистачки во куќи. Земаат минимум 700 денари од еден ден чистење. Чистат и влезови. И живеат пристојно. А,ти драго Македонче, срами се што ќе речела Ристана од Милета. Се распределија и социјалните станови. Не можат и онака сите да земат,но тие што успеаа-си имаат. Некој се збогатил-некој не. Ако немаш добар бизнис план нема што да се муртиш против сиромаштијата. Некој ќе сади пиперки,ќе ги продава на пазар прво во кутија, па ќе си купи тезга, од тие пари ќе отвори продавница, од продавница ќе отвори магацин, ќе снабдува други продавници,ќе развие бизнис. А,некој ќе седи и ќе сади на нива постојано и ќе се буни против Грујо,се додека не дојди Бранко на власт,за да се буни против него. И после ова ако не можеш да ме сфатиш што сакам да ти кажам.. не е битно мило ќе ми биде само ако одвоиш малце време и го прочиташ Боа. Ах да знаеш колку ми поласка што ме нарече експерт. Ај сеа тоа погоре прочитај го. Експертот,како што го нарекуваш објасна детално што сака да кажи. Патем.. My teacher told us "Don't cite Wikipedia, as it isn't a reliable source, because anyone can edit it" I said, "Fuck off, anyone can edit BBC News, yet we still cite that?" Teacher replied "Yes, but they have professionals in the office who are employed to edit it using books and journalist's works" I said "You just said the BBC cite journalists? I'm going to stick with Wikipedia thanks"
Ех, што убаво ни ги отвори очите на сите.Сега ми светна сијаличето каде лежел зајакот, значи добриот бизнис план лежи во пиперките во тој ланчан процес на купи-продај-развивај! Ете видиш, а јас пак во мојот 24 годишен мандат во парламентот наречен живот сеуште не го разбрав тоа, ама разбрав дека луксузот наречен летен одмор до сега сум си го дозволила колку да ги избројам на прсти... од една рака! Исто така разбрав дека некогаш леб намачкан со маргарин,во комбинација со шоља чај е најсвечениот ручек на трпезата за изминатата недела! Разбрав дека мајка ми не плачела оти главата ја боли како што ми кажала, ами после подмирените сметки за месецот јас пак ќе ги носам старите патики што пропуштаат вода, се до тогаш кога ќе имам нови а тие истите ќе ги носи она се до тогаш....до некогаш! Да,иделе такви периоди на буквално преживување и богами не се доживување кое би сакале да остане запаметено. Велес-индустриски град,фабрики во полн погон работат...Свилара,Порцеланка,Маслодајна,Киро Ќучук,Ветекс....насмеани лица со воља за работа,среќни семсејства со подмирени сметки,полн фрижидер,спокоен сон....а сега,остана само прашината и неизмиените прозорци од тие фабрики,другото отиде во неповрат. Транзиција-пеколен лихвар чии камати најмногу ги плаќа мојата,твојата генерација....млади кои растеле кога гореспомената идила се рушела,кога работникот од човек станал скот,кога приказните за питачки стапови станувале реалност,период кога државава ни стана ку**а,т.е. пардон-таква ја направија, за пари се продаде и последниот грам достоинство. И не ми е гајле дали е Бранко,дали е Станко,дали е Грујо,дали е Начмиш,не ми е ама ич!! Сакам правда бре,сакам услови за подобар живот, сакам да бидам човек, а не преживувач! Ама нема,сигурно до пиперките е П.С. Јас пак разбрав дека ако сите редовно гледаме Храна и вино и ако навистина ги практикуваме нивните совети,секој ден со ручекот обавезно флаша вино,барем лозарите нема да штрајкуваат никогаш.Ќе останат повеќе пиперки за нас.
Јас па разбрав ако постојано се обидувам да бидам саркастична од мене човек не бидува<3 едит: баш затоа што сите размислуваат како тебе и ќе постои сиромаштија ама затоа ви е тука Ашлинг месијата, да ве просветли мили мои.
Сарказам во буквален превод значи загризување во живо месо ...а јас не сум ханибал. Во постот е употребена иронија,а видиш ти убаво си разбрала оти иронијата може да ја употребува секој да,ама само паметните знаат да ја употребат кога навистина треба,така да....пак ќе речам убаво си разбрала воопшто да не се ни обидуваш Луѓето живеат и размислуваат,за жал некои само живеат!
Е па драги мои читав,читав и се изначитав и ај реков да пишам. Сум за тој протест против сиромаштијата... Ама мене некако ко сон сето тоа ми изгледа. Таква ни е масата. Ќути си трај си дур не те удрат и тебе, па да го спремиш шаторот за кампување и пред влада. И ајде кажете ми што ќе делиме ние сега: Уште вошките останаа и нив да ги поделиме, па сите задоволни. Една другарка веќе неколку месеци дома без струја седи. Толку месеци и бараше работа за келнерка, не и е воопшто срам ако е за тоа, а не е ни срамота. Еве дури сега најде, некако барем да ја плати сметката. Ама што од келнерската плата ќе живееш 200 денари дневница. Исто и јас работев како шанкерка цело лето и сега во викенд, исто и другата другарка. И сега мене некој ќе ми каже дека јас од шанкерскиот бизнис, ќе се развијам понатаму можеби во шеф на келнерите и ќе земам 250 дневница. Море ама ќе се збогатам. Мајка ми продавачка работи за 6000 денари и таа почна еве, ај да почекам можеби и неа ќе ја унапредат. А татко ми цел живот раководник работеше сега го ставија на пониско место и борба води да не го отпуштат, и тој нека се порадува може па ќе го унапредат пак. А на негово место, еден мочко вработија со партиска книшка и сега на тој на татко ми ќе му кажува што како треба, повеќе знае од него. Ооооооооо мукоооо, примери,примери да ви редам имам. Ама ме мрзи ете... Многу е. А оваа расправијава ви иди како онаа приказнана кога детето го прашало наставникот, зошто сиромавиот му дава на уште посиромавиот некој денар, а пак богатиов го кошка. И наставникот му рекол на детево ајде погледни низ прозорец, што гледаш? Детево видело жена со количка и нормално тоа и одговорило. И тогаш му рекол наставникот да се погледне в огледало и да каже што гледа, а овој рекол себе си. А наставникот му одговорил и едното е стакло и другото, само кај второто во позадина има малку сребро. Така и луѓево. Верува тој што почувствувал на своја кожа, а на другите ти една година објаснувај му нема да сватат.
Не само тоа , бесење треба да биде во равенката и отварање на ловна сезона на политичари. Уште не ми е јасно како шетаат без страв . Мора некој во коски да им внесе.
Гледам темава е од декември, а сега сме март и уште ништо. Со тоа се покажува колку сме сложни. Дека има сиромаштија тоа е факт. И тоа огромна, и се полоша. Од коа е отворена темава до денес имаме уште еден бран покачувања на основни производи и услуги. Тонеме. А простест нема. Тоа е од самите нас, не сме доволно храбри, си сакаме да си седиме дома и работите сами да се решаваат. Ама и како да огранизираме нешто сложно, вака народски коа народот ни е поделен скроз и се мразиме едни со други, се пцуеме во име на партијата. И протестиве....незнаеш кој организира протест и со какви цели. Ќе излезеш на протест добронамерно, за лична и општествена цел и ќе бидеш етикетиран како гласноговорник на одредена партија која не те интересира. Си мислиш некој организрал протест за наше добро, за подобра иднина на сите, коа оп вистината излегува на виделина како позади тој протест стои партија која ги влечи конците и го прави сето ова за свои политички интереси Ashling изјавата твоја "вака е во сите држави не само во Македонија" не е оправдание за ништо. А не навлегувам во дебата колку е точна Го спомна и Мајами. Да си жител таму можеш да најдеш работа во било кое време, не една, туку две...и три ако можеш. И тоа пристојна работа во зависност од школото што го имаш. Не го зборам ова на памет Не за џабе 70% од нашиве студенти преку лето работат во странство. Пробај да најдеш кај нас нешо.... Ќе и лупнеш на државата неколу илјади евра за образование (факултет) и на крај да разботиш за 100 евра во бутик. А и тоа е донекаде премија. 80% од другаркиве што завршија си седат дома и живеат на грб на мама и тато со по 23-24 години. Останаите 20% се вработени партиски или во семејни фирми е од тука почнува целата сиромаштија п.с не одам на протести, ќе ми никне марихуана во дворот
Џабе ке има протест, ќе викаме, ќе викаме и толку, пак ке си одиме дома и ништо. Кај нас нема мажи како во Хрватска, да искочат и стварно да направат нешто. Кој и да проба да направи нешто повеќе, ке му фрлат некое евренце во џепчето и ке си оди дома задоволен, не за др. туку тоа е сиромаштијата, а не дека човекот е крив. Што дека штрајкуваа тутунарите, маваа со камења, кршеа прозори. Пола од нив шетаа низ ГТЦ, бесплатен превоз сигурно имале и дошле, и сега ќе стојат пред Собрание ке викаат, како да не.
Ма,ајде ти се молам. Прва и основна причина зошто постои сиромаштија е тоа што нашиов напатен народ пати од комплекс на нижа вредност. Срамота е да работи како келнер или како чистач. Во Мајами ако можеш да најдеш уште 3 работи, зошто постојат такви сиромашни квартови со висок процент на криминал? И што ако градот има повеќе пари отколку цела Македонија? Мене мизерен ми е проектов и овие рекламиве што ги тераат сите да завршат факултет. Не е возможно секој да заврши факултет. Тоа ја поттикна уште повеќе сиромаштијава во Македонија. Зошто не е возможно една фирма ДРЖАВНА да има повеќе вработени во администрација,отколку мануелни работници. А,кај нас тоа се случува моментално. Како би се организирал овој протест против сиромаштија,кога ќе знам дека А1 и Бранко ќе го величат и ќе палат фитљи? Не дека навистина ги интересира, туку за да дојдат тие на власт,па со овие другиве да си ги заменат местата. И што ќе викаме "Уа сиромаштија, дајте ни пари" пред влада? Протестот ништо нема да реши и онака. Зошто и ти да дојдеш на власт,прво ќе гледаш твоите дома да ги обезбедиш со неколку евриќи, да поткупиш некое станче, па после ќе гледаш пријателите и роднините да си ги обезбедиш со добро работно место,па после некоја крупна ѕверка, па тек потоа следи напатениот народ. А,тој никако да стигне на ред, зошто кога имаш пари сите ти се пријатели.
^^^Знаеш како може да се изведи протестот без да може да се вмеша СДСМ и да го искористи тоа во нивна полза? Со тоа што кога телевизиите ќе дотрчаат за интервју, јасно ќе се каже дека протестот не е од членови на СДСМ и јасно ќе му се упати една молба на Бранко да не се меша и во овој протест затоа што ни тој не е подобар од Грујо. Еве јас на пример, имам храброст да изјавам вакво нешто, не се плашам искрено. Ма да, според мое мислење, нема ништо да се постигне, бадијала ќе биде се. Имам една друга идеја, што една личност смета дека е добра и дека треба да се ангажираме за нејзино исполнување. Откако ќе ги пронајдеме сите потребни информации за исполнување на идејата и воопшто, дали е возможно нејзино исполнување, ќе ги повикам овде сите заинтересирани за исполнување на истата. Само ни треба некое време да ја комплетираме, убаво да ја формулираме, па ако увидиме дека има реални шанси за опстанок, ќе објаснам за што станува збор . Некој можеби ќе ме нарече сонувач, ама факт е дека сонувачите се тие кои што успеваат, скептиците само седат дома без да преземат било какви мерки. Се извинувам, забегав офтопик
Народов македонски при очи не гледа, при уши не слуша... Ценине се за 30% покачени, а никој не реагира.... Страшно!
Кога и да прошетам низ град, луѓе со полни ќеси гардероба, кафичите преполни, рестораните исто така.. а за колите кои се возат низ Скопјево зашто се ми се чини дека нема баш некоја сиромаштија
Сиромаштија?!? А што беше тоа?!? Во оваа мала оаза во која живееме нема сиромаштија, само затоа што луѓето купувале облека и храна и седеле по кафичи. А да и зашто имале интернет по дома. Кој луксуз еј Значи од ваквите коментари ми се повраќа најискрено Во Македонија има околу 300.000 невработени лица(во кои неспаѓаат студентите), повеќето од оние што работат земаат ниски плати, кои најчесто не стигнуваат ни да се намират основните трошоци во месецот и ние уште ќе се правиме будали и ќе се убедуваме дека немало сиромаштија.
Која сиромаштија? Јас сум на конгрес сега. Јас немам време за ништо , јас не сум видела ништо од работа , јас не знам ништо. Срамотаааааааа