1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Организирање на протест против сиромаштијата!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 23 декември 2010.

?

Дали би присуствувале на протест против сиромаштијата?

  1. Да, само така можеме да го искажеме револтот.

    63 глас(а)
    39,4%
  2. Не постои сиромаштија во Македонија.

    6 глас(а)
    3,8%
  3. Можеби би присуствувал/а ако добро се организира.

    35 глас(а)
    21,9%
  4. Никогаш нема да успееме да се собереме.

    56 глас(а)
    35,0%
  1. antonela90

    antonela90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0

    Не станува збор за облека од пазар туку за брендирана облека , а ако веќе има не знам каква не сиромаштија нема да се троши облекана како алва :!: и ако веќе до толку луѓето немаат пари за леб ќе седат дома и ќе си направат скромен ручек а нема да оставаат пари по ресторани барови и не знам кај се уште не. И јас исто ќе се надоврзам на ова дека коливе низ Скопје што се возат се.. :o
    Во врска со она пресметување според бројот на жители на Скопје, има логика до некаде..но ја забиравивте внатрешноста, па пола и повеќе студенти од внатрешноста на земјава се студенти на приватни факултети,и живеат бааги раскошно. Не само оние кои се на приватен туку и останатите, си трошат пари за облека за ситници итн. И не се само скопјани кои купуваат облека од тука туку и пола внатрешност од земјава е стационирана тука коа им е време за шопинг :lol: затоа таа бројка од 70.000богаташи некако не ми е баш фиксна :^)
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Антоанела се читаш ли што пишуваш или?!?
    Еве ти едно мислење на оваа тема кое можеби малку ќе ти ги разјасни работите и ќе ти ги симне розевите очила.

     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Од каде овој податок?
    *И да, не сум иронична,само ме интересира.
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    ^^ http://www.stat.gov.mk/
    Процена на население 2052722 31.12.2009
    Стапка на невработеност ILO дефиниција 30.9 IVкв 2010

    mm 30% од вупниот број на жители е точно 615 816. Пола од овие да е работоспособно население, лесно се доаѓа до бројката од 300 000 .
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Мхм фала.
    Сега од оваа бројка да се одземат оние кои работат на црно и оние кои НЕ се работоспособни, бројката ќе биде помала,ама да не се секираме таман во предизборниов период сите ќе ни ветат работни места :)
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Ашлинг точно дека има такви кои што работат на црно, ама од друга страна има и многу студенти кои се работноспособни, а кои не се водат во Заводот како невработени, има и многу ,,земјоделци,, кои имаат по некоја нивичка од која произведуваат само за себе, а не за продажба, и кои поради тоа не го исполнуваат условот и не можат да бидат внесени во заводот за невработени. Така да кога ќе ги пребиеш оние кои работат на црно и кога ќе ги додадеш оние кои ти ги навведов јас, ќе видиш дека бројката е реална. Освен ако не сакаш да видиш :)


    Оние што не се работоспособни Кукличка веќе ги одби.

     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ^
    Секако дека гледам драга.
    Но,се додека јас и ти на раат си го пиеме кафето од 80 денари,а некој со тие пари цел ден поминува со четиричлено семејство.. реално ниту јас, уште помалку и ти сме компетентни да зборуваме за сиромаштија.
    За земјоделците кои ми ги споменуваш :
    Немам што повеќе да коментирам за нив.

    Попаметно е проблемот за сиромаштија да се согледува од двете спротивни точки.
    Колку што има пропусти направено државата, односно за тебе владата, толку имаат и самите земјоделци во случајов.
    *се фатив за земјоделците,бидејќи постојано се жалат како немаат скршен денар,а оставаат производството да им скапува по складовите, затоа што "пу језк да му умри козата на комшијата"


    Според тоа, статистиката е со малку (не) реален размер.

    Една добра хуманитарна акција ќе реши многу повеќе,отколку протест.
     
  8. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Како бе земјоделците направиле пропусти??? Кој сака лубениците и гројето и пченицата да ја фрла и да ги гази на среде автопат??? Зарем за тоа се мачеле.
    На лозарите не им ветија дека целото грозје ке им го откупат пр. по 20 денари?? За на крај да им го купат по 5 денари од кг, па не е ли срамота???
    На тутунарите исто им ветија дека целиот тутун ке им го откупат, па што се случи??? Луѓето кај и да се ке дојдат пред собрание ке го палат тутунот. Зарем за тоа цела година работеле за да дојдат у скопје и да го палат, зошто некои клошари им ветиле дека ке им го купат и на крај ги зафркнале??? Зарем тие луѓе немаат деца кои сакаат убав живот ко останатите во земјава? Несакаат тие деца да студираат и да имаат пари??? Зошто владата несака да склучи договор со Кина и да и го продава нејзе тутунот? Зошто не им дозволуваат на луѓето да извадат пари за маката?
    Со млекарите што се случи??? Луѓето кредити испоземаа за да купат крави и да продаваат млеко да се прехранат. За да не доаѓаат да штрајкуваат, се заглавија по банките да можат да извадат за леб, а што им направија??? Сега никој не е крив а ако не ви текнува умреа неколкумина од нервози и секирации, како и од каде ќе ги вратат парите.
    И уште капак на се 220 милиони земале заем за што, зошто немаат денар за ништо што почнаа да доправат, за да искористат се што можат, да украдат што повеќе пари, за наредната влада која ке дојде (која и да е) да не знае што да прави и каде попрво да закрпи.
    Како само не им е срам и каде ке им оди душата на овие јас незнам????
    Народот е гладен он пари за Гоце немал да го догради ц ц ц.
    Кога е сит народот, што и да правиш никој нема да ти замери, ама кога народот е гладен а ти градиш споменици кои никого не интересираат, може и има право и на дрво да те обеси. Па никој не е до толку будала за да не сфати што се работи со парите од народот.
    Како само можат навечер да спијат се прашувам???
     
    На DivineChaos, tanja6 и BoaVista им се допаѓа ова.
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Бејби за тие пари неконтролирано што се фрлаат за ташаците на Александар и пушката на Гоце ни јас не ги оправдувам.
    Во најмала рака поради примерот со малата Мартина за која министерството за здраство не можеше да издвои средства за нејзино лекување, бидејќи НИКОЈ НЕ ГАРАНТИРАЛ ДАЛИ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ -.-
    а, од друга страна фрлаат 50 пати поголема сума за споменици каде што знак прашалник е и нивниот квалитет.
    Јес да се од различни области,ама човечноста им е тука само пред избори(НА ДВЕТЕ ПАРТИИ)

    За земјоделците, никој не живее од ветување.
    И мене комшивкана Вера ќе ми вети дека утре ќе ми направи пита со јаболка,па не ми направила.
    Поради тоа се потпишуваат договори со фирми за соработка, ако го прекршат договорот имаш право да ги тужиш и крај.
    И минатата година им беше ветена стандардна цена на тутунот од 130 денари чинам, па им го откупија за 220 килограм + 45 денари субвенции.
    *Да додадам.. и тогаш се бунеа бидејќи првокласниот тутун вредел 250 денари.
    Приватизацијата не уништи наполно.
    И затоа сега нема што да протестираме пред влада и да им палиме тутун.
     
  10. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Значи тутунот никогаш не бил 220 ден кг + субвенции. Беше лани како што гледав на вести, 165 денари + 45 ден субвенции.
    Со Сведмилк не потпишаа договори??? Па што дека.
    Ова ветување и ветување на комшиката не е исто. Од тоа ветување живеат многу фамилии и се надеваат на тоа ветување дека ке им донесе пари за да преживеат наредните месеци. Не е ко да си излажал циганче на семафор.
    Што е со стечајците, плачев кога ги гледав како луѓето молат пред ујп во штип за да не им праќа извршители за да плаќаат радиодифузна такса. Тие луѓе имаат по 60 години, кој ќе ги вработи сега? Неможат крај со крај да скрпат.
    Најново, на 4 члено семејство му требаат минимум 500 евра за да плати сметки, за храна и минимална сума што останува за облека и други трошоци. Тоа е 16 000 за храна, 8 000 за сметки и остатокот за што попрво? За студирање на децата? За превоз? За книги? За облека? Кој на денешно време може да преживее со овие пари??? Оваа пресметка ја објави сител тв.
    Срам и арам да им е се што го доведоа народот до питачки стап!
    Секако дека има зошто да се штрајкува, доста им е на сите од сиромаштија.
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ^
    Кој избира кој да ни ја води државата?
     
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Реално е дека сиромаштијата оддамна има тропнато кај нас на врата :( но ретки се тие што признаваат-секој се жали,а купил нова кола,бил на море на одмор,купил марка гардероба и сл...
    Малку се тие што навистина имаат,а не оние што се прават...кога ќе излезам низ град буквално се фрустрираш,сите со ќеси,сакаш манго,мотиви,адамс шус,бата итн....потоа на кафенце и сокче-кое чини просечно околу 200,250 ден за еден,па ајде некаде на ручек,вечера...и така секој ден...марки очила,исфенирани,средени-што да ви кажам....искрено и за жалење се...бидејќи реално-задолжени се на секоја втора картичка -затоа што во скопјево мора да се биде :!: ...појди во зоолошка-исфенирани мајки,со најк тренерки ,кармин,руменило и оригинал цвикера....и кога си во тренерки-мора да се најк и мора да си исфениран и нашминкан....
    Е ова ми се чини во нашава ни мила држава само го има...кога бев во Италија-земјата на модата,сите пристојни облечени,ретко да видиш некоја во штикли на платформа,како цурите кај нас-што одат така на работа и на дневно кафе...едноставно не се замараат и си го тераат животот.кај нас-ако комшијата има и купил кола нова,па кој е тој да има-одам вадам кредити купувам и јас 8) само тој ли да има,е вака функционира се.жално е и кога петок сабота ќе излезеш на ул македонија или кеј на кафе,ми се чини дека луѓето од вечерно искачање,така облечени тргнале на кафе директ..
    И за жал потоа и тие истите така ќе ги научат децата,а оние скромните дечиња-што ќе останат малку,ќе се фрустрираат и ќе бараат и тие,погледнете само колку се разгалени децава...само што ќе проодат се учат да скијат :x
    одам на стоматолог зимата,и таа женава -има многу пари де,ми вели-леле ,ја шинав ногата ,малото ќе ме утепа,оди на школо полсе распустот и сите деца велеле -јас ваму бев на скијање,јас онаму,а тоа никаде не можев да го однесам..доаѓа дома и ми вели-мамоооо,сите деца биле само јас не....а таа добро сине,еве викендов БАРЕМна шапка ќе те однесам,ама пролетта ќе шетаме европа,не ми се се секирај ти ,и немој да ми плачеш....омг нема да кажам повеќе...
    Јас практикувам-колку ми е долга чергата толку ги испружувам нозете...уште сега да се задолжувам со кредити, за што-за да следам некојси глуп ,глуп тренд,да се правам нешто што не сум,кога сите ама сите ја знеме ситуацијава во мкд,а се правиме на Тошо...доволно е да сум облечена пристојно,да можам некој ден да одморам летен период,и да се луѓето до мене живи и здрави...
    И да,некој спомна еве и јас-многу болеше реченицата-Почекај сине,да земам плата ;( во срце жежеше, а што попрво од таа плата ;(
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    бадијала да се коментира.дење -ноќе да си збориме,ништо нема да смениме со зборење ќе си останеме
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Факт е дека кај нас место се останато да се развива, се развива само сиромаштијата. А она малце што ти останува од плата иде во данокот...Данок за ова данок за она..Прибираат за се и сешто а пак смем јадне сиромашна земја.
    Протестите ги имало и ќе ги има. Но, јас не сум слушнала за ниту еден успешен протест. убаво е да се бориш, но како??? Додека ти се мрзнеш или потиш по нашиве булевари, кои кај и да е изгледа ке заличат на Лас Вегас (но во негативна смисла), тие си ги прчат по климатизирани канцеларии. Или пак евентуално ке работиш некаде 8 години договор на дело, за после тоа да ти кажат дека од денес сте волонтери. Се оди назад, а гласот на народот најмалце се слуша. Џабе е се, кога веќе скоро сите наши фабрики се затворени, кога немаме асално здравство(освен прескапи приватни клиники), немаме нит асални кина, театри и слично....Битно на сета таа сиромаштија и беда, имаме плажа, наскоро и 2...и слушам аква парк во 2015... паркот е насаден со фонтани на секој чекор...а не би било поубаво кога прво би се отвориле работни места со тие пари???
    Јас не викам дека нема да излезам на протест... но за жал знам дека неможе цела македонија да стане побогата со тој протест, зошто скоро веќе и нема богати.
    Жалосно е...
     
  15. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Ашлинг, не се сите земјоделци во таа група што ги наброја ти. Јас еве ќе си кажам за себе. Ние имаме лозје и тоа многу, околу 30 декари, плус татко ми е вработен. Две третини од грозјето го дадовме во Тиквеш затоа што мораше, немавме доволно пари за покривање на сите трошоци кои се направија. Преостанатиот дел го сваривме ракија. Па нема смисла едно од најубавите сорти, Мерлот, како и Кабарне Сувињон да се дадат за 7-8 денари килограм. Памтам пред неколку години Мерлот беше 20 и кусур денари килограм. И нели закон донесоа дека е нелегално да се вари ракија по дома. Ма марш таму бре. А нивното перење пари легално е, нели? Башка, да бидат работите уште полоши, лозјето не е на наше име, земјата е фондова, па заради тоа немаме право ниту на субвенции. И можам да кажам дека порано се вадеа навстина добри пари од грозје, но сега не може ни трошоците да се покријат. Немаше друго ќаре, пола од овој посед сега веќе е прекопан, а мајка ми и татко ми решија нешто друго да садат (прашање е што). Од ништо веќе нема толку заработка.
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Е па проблемот кај вас е што земјиштето е фондово а да е ваше со 30 декари ќе земевте 120 000 субвенции (4000 од декар) и тие се исплатија уште во октомври и плус 2 ден од кг. Одприлика од 30 декари би излегло околу 30 тона грозје (најмалку) што значи плус 60 000...инаку 2 денари од кг ги исплатија минатата недела. Значи имаш најмалку 3000 евра субвенции само од државата, башка оние од продаденото грозје, а таму си се криви винарските визби...
     
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Владата не може да се меша во одредувањето цена на приватните фирми.
    Владата АКО САКА може да го промовира производот надвор од нашите граници и нашиве приватни винарии да се тркаат кој поголема цена ќе даде за грозјето за да не им го земат сранците.
    Но,бидејќи и тие не можат да се извадат од гомната каде што се влезени уште толку ќе допропаднат.
    Нема да го повторувам истото од MSkorpionka околу субвенциите.

    Офтопик :
    На саемот за агрокултурата во Италија што го гледав има умот да ти се замати од технологијата и опремата што ја користат 80% од земјоделците,а не само со мотиката на рамо, тракторчето и орај.
    Бидејќи Македонија има огромен потенцијал во поглед на развитокот на агрокултурата,ама во моментов поважно е да се направат споменици и фонтани без никаква историја.
    Као демек Гоце бил Скопјанец,па му прават споменик на сред Скопје вреден милиони.
    Уствари не само во моментов,сите можни години Македончето се прави нешто што не е и затоа не успева.
    И што ако сите испозавршиме факултети,кога немаме толкав потенцијал за отворање на фирми колку дипломирани студенти и ќе се тепаш за работно место.
    Е,ќе се тепаш.
    А, убаво ни викаат "пушти си ја ќерко чергата,колку што ти е долга ногата"

    За ракијата ич не му ја мисли.
    Ако се фатат за тоа, 90% од пазарџиине не издаваат фискални сметки на земјоделски производи,а во маркетине задолжително мора.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ова би биле прифатливи протести, а не како некои лудаци и хулигани што протестираат..
     
  19. Lana Girl

    Lana Girl Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Не е време да се активира темава и како граѓани да превземиме нешто ?
    Зголемена цена на гориво.
    Зголемена цена на струја.
    Зголемена цена на парно.
    Зголемена цена на храна.
    Владата не придонесува со никакви мерки да му помогни на граѓаните а особено на најранливите категории.
    Народот е се посиромашен а политичарите и нивните блиски се побогати.
    Средната класа е целосно изумрена.
    Дали е ова доволно за нашиот народ да се освести или треба уште поголема беда и сирмаштија.
    Дали треба да не исфрлат од сопствените домови за да се организираме ?
    Дали треба да ни ги одземат автомобилите ?
    Дали ние тоа ќе го направиме самите ќе распродадеме се за да имаме корка леб на маса додека политичарите ( независно од која политичка партија ) се богатат на наш грб.
    Што треба да се случи за да излеземе на улица ?

    УЛИЦАТА Е ДОЛЖНОСТ

    Наскоро тука и преку медиумите ќе бидете известени за протестите и настаните кои ќе бидат организирани од независна група граѓани подржани од невладиниот сектор.


    Приклучи се од тебе зависи твојата и иднината на твоите деца

     
    На MemoryOfUniverse и Garden of ____ им се допаѓа ова.
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    10.468
    Пол:
    Машки
    Богами треба вакво нешто, сите молчат божем им одговара. Како тргнаа цениве, ќе јадеме леб и вегета.
     
    На Garden of ____ му/ѝ се допаѓа ова.