Епа луѓе ова веќе ако не е сиромаштија јас не знам што е да дефинирам… Ужас, платите стојат во место се оди во вис. Господ да ни е на помош само…
Македончето е научено на сиромаштија и на тоа да биде безгласна буква. Во други земји каде луѓето се многу по платени и стандардот е далеку повисок, лом прават по улици за најситни покачувања. А нашиве богаташи со по 20000 плата ќе ќутат и 500 посто се да поскапи оти огромен дел од нив си го дале задникот под кирија за партиско местенце па сега не ни смеат да протестираат за да не останат и без него. Преска баш загледав на тв некоја анкета за покачувањава, прашуваа минувачи по улица. И некоја пензионерка вели тоа е, место по три пати ќе јадеме по два пати. Е тој вака што размислува не заслужува ниту еднаш да јаде. Сите треба да се организираат, пензионери, приватен сектор, државен сектор и заедно да си ги побараат правата па макар и огромни нереди да има. Власта нека мисли како ќе го реши проблемот, народот си ги седна во фотељите па редно време е да му се оддолжат. На овие цени и покачувања и 30000 плата веќе не вреди а камо ли минималец од 18000. Ама и да се организира протест сите како глувци ќе се кријат и никаков одзив нема да има. Овој народ сака да биде сиромашен.
Би присуствувала со задоволство , но кај нас веднаш те етикетираат по дифолт - протестираш - со опозиција си , не протестираш - со власта си . Тоа ме нервира највеќе кај нашиов ни , напатен народ . Сиромаштијата во Македонија не е од вчера и тоа ни е јасно на сите , но 30 години си ќутиме и си трпиме . Си скратуваме разни потреби и задоволства , за да преживееме . Ако мене ме прашате , би ги исфрлила сите и би им ги замрзнала сите имоти и секаков можен бизнис , од кој остваруваат дополнителен приход . Нека поживеат на минималец , како обичниот народ ( кој бе обичен народ , треба да не гледаат како богови , сепак од нас зависи кој ќе седне во фотељата ) . Иритантно е колкава е стапката на корупција во Македонија . Голем дел вработени на позиции од витално значење ги имаат дадено газовите под кирија одамна .
Ќе одев ако не беше од ВМРО… да си беше граѓански протест. Ваквите од опозиција организирани пропаѓаат, ќе те етикетираат како припадник, и дека се буниш не оти не чини ништо во државава, туку оти така ти рекле. Штета!
И од црниот душман да беа организирани, ќе излезев. Дали бил Мицковски, Апасиев, Социјалистичка партија.. сеедно. Некој мора да е организатор. И гајле ми е како ќе ме етикетираат, какви етикети и залепија на државата и на народот, па за ова ќе се мислам. Протестот беше масовен, со многу енергија, ако чекаме на граѓански протест, нема да дочекаме ништо. Од негде мора да се почне, кое друго легално средство го имаме на располагање?
Нема врска која партија е организатор. Сигурно ако на некој непознат му текне да организира протест нема двајца без тројца да се соберат. Се знае дека позади голем протест може да стои само партија. И по други држави е така, не само кај нас. Битно е да се тргне од власт злото кое од ден во ден го уништува и она малку кое остана. Никој не е должен цела плата да дава за сметки при нормален трошок и за 1000 денари у маркет да неможе 3 работи за дома да купи. Сите цени ненормално скокнаа и дојдоа на ниво на оние во држави каде платите се по 10 пати повисоки од тукашните. И уште некој криминалец по вести пере мозок на прости луѓе како кај нас било најефтино. Аха да. Према нај мизерните плати кај нас е најскапо.
Најголемите протести во Македонија кои веќе се имаат случено, не беа од партија, туку почнаа од учениците и студентите. Има голема врска дали партија е организатор, сега треба да имаш директна корист за да очекуваш докажани криминалци, навлезени во системот да ти го оправаат животот, кога знаат само за крадење. Секогаш подржувам акции и протести за теми кои нѐ засегаат сите, а тоа што ме прави песимист е тоа што темава е отворена 2010 година.. што повеќе да се каже.
Тоа е што е, бадијала и дискутираме кога повеќе од јасно е дека никој нема да организира протести кои ќе донесат важни промени и подобрување на животот. Студентите и средношколците во некои држави се движечка сила ама кај нас не се тоа што биле порано. На некој начин и со нив владее партија, ако не директно преку нивните дома. Уште кога студирав имавме партиски активни студенти и случајно или не, баш тие сега се вработени на солидни државни позиции.
Зборуваш за студентските сојузи со кои партиите диригираат, но за протестите они пробуваа да ги сопрат, секако децата тогаш сами се организираа. Апатијата постои и јас не верувам дека сега би се повториле пак бидејќи секогаш партиите се вмешуваат, ќе си го добијат зацртаното, а народот останува пак со прстот во уста.