1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Органски шампон и регенератор vs Стандарден шампон

Дискусија во 'Коса' започната од Scarlet88, 11 март 2010.

  1. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Se obiduvam da doznaam kakvo e vlijanieto dokolku se banjas so shampon i regenerator od organsko poteklo, i kade mozam da najdam takvi shamponi ovde vo Makedonijava??? :?: ;)
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Вака мислам дека во Рамстор имаше или сеуште има продавница каде што продаваат сапуни,е сега мислам дека има и шампони на природна база не сум сигурна.Мајка ми имаше користено од тие сапуните за коса и вика дека се добри,незнам,јас немам користено.Мислам дека нема кај нас такво нешто,не сум сигурна.Иначе здраво е да се користи.Но и најважна е исхраната,исхраната е лек за се.Само здрава храна има најмногу ефект врз нашето здравје.
     
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Fala mnogu na odgovorot ;) ! Ako ne moze ovde mislam deka moze da se poraca na internet preku kartica! Vo sekoj slucaj ke obavestam pak kakvo e dejstvoto!!!! pozzzz
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Нема проблем,па кажи дали има ефект,поздрав :D
     
  5. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Хмм многу ме интересира која е разликата, ако има некој што користел и од двата вида нека ја каже разликата.
     
  6. babyblue

    babyblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    i ....... najde li nekade? :?:
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Во Рамстор има Л окитане, и Луш...... 8) , ама разликата е голема помеѓу опременоста во странство, и ваму...за на крај ништо да не купам... :( ! Сепак, најдобро решение е преку интернет, или странство...
     
  8. darlingB

    darlingB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    127
    Шампоните од органско потекло се многу подобри и поздрави за косата. Единствено во Рамстор има еден англиски бренд наречен LUSH од кој може да си набавите регенератори, маски и шампони на база на природни екстракти и состојки. Малку се поскапи од обичниве шампони, но барем знаеш што користиш :)))
     
  9. Lilitka

    Lilitka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    Сум користела се што се продава кај нас за мојата напатена коса и можам најискрено да кажам дека Lush е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Веќе 2 месеци користам шампон, регенератор и маска за коса, и косата ми е подигната, конечно има волумен, никогаш не ми била волку сјајна во живото предходно и врвовите престанаа да ми пукаат. Сега планирам да ги заменам и геловите за туширање и купките што ги користам со оние на Lush.
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    А колку чинат препаратите за коса од Lush ?
     
  11. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    јас сум опседната со шампони,регенератори,гејови за туширање инт :D во македонија нема добар шампон,освен од HEMEL ама и не сум баш многу воодушевена од нив.јас користам JOHN FRIEDA и се ZAKON!
    исто така користам и HERBAL ESSENCES :inlove: :inlove: :inlove: немам зборови.косата никогаш порано не ми била сјајна,убава и испукани врвови,а замислете,секој ден ја пеглам (скоро) јас ги купвам кога одам на посета кај другарка во англија,а мислам дека можи да се купам преку интернет.
    инаку се малку поскапи од кај нас ама кога ке пресметаш исто ти иди.зошто?
    од македонските шампони ставав 2 пати по една рака(да се наполни убо раката со шампон) а од овие ставам 1 рака и на 3-4 пати.обично од македонските шампони кога ја миеш косата,првиот пат не се прави баш пена(поготото ако ти е многу мрсна) а од странските се прави многу пена,тврда пена.некогас е доволн о само еден пат да ставиш шампон.
    мој совет-ако сте во можност пробајте,нема да зажалите и ке ме благословувате ;) :)
     
  12. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    Многу сакам да ги пробам органските шампони ама никако да се наканам, сепак се прилично скапи :(
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Органски, дефинитивно, испробано и нема нешто подобро. Органски шампони кои ги имам пробано се ове два:

    [​IMG] Овој е за честа употреба со бадемово млеко и други органски продукти ама е навистина преубав, убаво мириса, косата ја омекнува, дава сјај и форма, а не ја масни и не паѓа.

    [​IMG] Овој е за мрсна коса со ментол и дурги продукти, ментолот се чувствува подолго време и после миење, малку ме чешеше темето од него, но ефектот беше прекрасен, косата видно беше почиста, полесна за обликување и како свила, ја чувствував како поцврста и полна со волумен.

    Навистина добра колекција но многу скапа имаат и други шампони за секаква намена исто така и регенератори и што е наважно ниеден не содржи PEG и силикон. Фантазија се! :inlove: :inlove:

    Знам уште една фирма што произведува органски шампони но истотака скапа Логона во Биокулт се продава, не сум ги пробала но во некоја дурга прилика ќе биде. Верувам дека се добри, повеќе им верувам на овие органски производи отколку на овие стандарниве.
     
  14. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    А каде ги наоѓаш и по која цена? :)
     
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    Космо и Виола во ТЦ Бисер, овој за честа употреба мислам беше 300 денари но не сум сигурна а тој за мрсна коса и против опаѓање е 550 денари.
     
    На Sweet-Mila и shururup им се допаѓа ова.
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво
    темава е постара ама правилната информација е секогаш добредојдена :)

    Еве ви една интересна статија за органските шампони, како да ги одбереме и користиме и која е разликата помеѓу органските и конвенционалните шампони (верувајте ми огромна е разликата).

    Совети за правилен избор и користење на органските шампони



    Најтежок премин од конвенционалната кон органската козметика е изборот на вистинкиот органски шампон и потребни се многу обиди, издржливост и упорност за да се видат резултати. Откако ги оставиле традиционалните шампони полни со силикони и го купиле првиот органски шампон, многу девојки се пожалиле дека косата им е уште посува, или дека органскиот шампон не мие добро, или пак дека косата почесто се масти. Јас лично бев една од оние кои по првото миење мислеа дека органскиот шампон не функционира и дека ми ја суши косата, меѓутоа за среќа сфатив зошто оваа појава е нормална на почеток и научив трикови како правилно да ја мијам косата и да ги употребувам овие шампони. Во продолжение со вас ќе споделам се она што имам научено и што за мене функционира.

    [​IMG]


    Зошто на почетокот се забележува влошување на состојбата на косата?

    Одговорот на ова прашање е еден и единствен...СИЛИКОНИ!!! Сите оние волшебни традиционални шампони кои по две миења ни ја прават косата како свила и за кои не убедуваат дека имаат дејство преку ноќ, се полни со силикони и нафтени деривати кои со текот на времето и редовната употреба буквално ја затрупуваат косата со токсини. Малкумина знаат дека силиконот е бр. 1 причина за сува коса и за оштетени врвови. Веќе имам објаснето како функционира ама еве повторно ќе споменам. Силиконот создава еден филм кој го обложува влакното кое на изглед е префектно, мазно и сјајно ама вистината е сурова. Под тој лажен сјај кутрото влакно е задушено, неможе да дише и со текот на времето се суши, ослабнува и пука.
    Колку повеќе користите силиконски производ толку повеќе косата се суши и вие сте принудени да користите двојно па и тројно повеќе силикони за да го прекриете проблемот, и така се навлегува во маѓепсан круг.
    Верувајте ми единствениот пат до здрава коса и прекрасни мазни врвови е да им кажете збогум на силиконите засекогаш.

    Од друга страна пак, органските шампони имаат благи сурфактанти, комплетно се без силикони и нафтени деривати, а како хранливи состојки имаат масла, етерични масла и екстракти од билки кои за разлика од силиконите навистина ја негуваат косата.

    Е сега кога ќе почнете да ја миете косата само со органски шампони се случува следново: шампонот ги одмива силиконите насобрани до сега (потребно е околу 15 до 20 миења за да се извадат од косата, барем за мене беше така) и косата ви е посува, но не како резултат на состојките во органскиот шампон, туку како резултат на состојките во шампоните пред него. Тоа е вистинската состојба на вашата коса. Влакното е конечно слободно меѓутоа за греота е толку изнамачено што нема ни сила да ви се заблагодари. Со упорна употреба на органските шампони и адекватна нега на косата со масла, третмани и маски на природна база ќе дојдете до прекрасна, сјајна и здрава коса која овојпат е навистина ваша.

    Друга важна работа за органските шампони е фактот што истите се многу поконцентрирани од обичните. Значи доволна е многу помала доза за да се измие убаво целата коса.

    [​IMG]

    Како правилно да го одбереме вистинскиот органски шампон?

    Како што веќе напоменав, силиконите создаваат филм на косата и честопати вие немате претстава за вистинската состојба на косата. Затоа најдобар совет што можам да ви го дадам е да на почетокот одберете многу благ шампон наменет за често миење. Целта на овој шампон е да ги одмие силиконите од вашата коса и штом ќе успее во тоа дури тогаш ќе сфатите каква е вистинската состојба на вашата коса и каков вид на шампон ви е потребен. Во зависност од состојбата на косата ќе знаете дали е сува или пак масна, и ќе знаете дали да изберете шампон кој има за цел да ја нахрани, да ја регенерира, да ја нормализира косата итн. Откако ќе сфатите што е она што и е потребно на вашата коса во прво време користете ги давата шампони наизменично. Ова ви го кажувам со цел да ви помогнам да го избегнете стравот и стресот кога ќе ја видите косата сува, и што е најважно да издржите во вашата намера. Меѓутоа доколку косата ви е навистина сува и покрај употребата на шампони со силикони, во тој случај може и директно да одберете пампон за сува коса, меѓутоа имајте на ум дека нема да биде лесно во првиот период и дека треба да бидете упорни.

    [​IMG]

    Откако го пронајдовме, како правилно да го употребуваме органскиот шампон?

    Иако станува збор за благ шампон, со благи сурфактанти кои не ја иритираат косата, сепак мој совет ви е да не го нанесувате директно на темето од косата туку претходно да го растворите со малку вода во една пластична чашка. Вака растворениот шампон нанесете го на многу мокра коса (не е доволно косата да биде само навлажнета, туку треба да биде навистина мокра). На тој начин полесно ќе направи пена на косата (иако органските шампони прават помалку пена од нормалните, во зависност од формулата на самиот шампон и состојките употребени во него), ќе биде поблаг за косата и убаво ќе ја остстрани нечистотијата и маснотијата од самата коса. Процентот на разредување на шампонот е индивидуален и различен за секој од нас. Треба сами да експериментирате со количеството на шампон и вода. Јас за мојата коса (должината ми е нешто под раменици, имам тенко влакно меѓутоа здраво и негувано) ставам еден прст шампон и чашката ја полнам со вода нешто повеќе од половина чаша. Тоа е мојот идеален раствор. Вие експериментирајте ако имате подолга коса ставете повеќе шампон (не претерувајте затоа што сепак е концентриран) и на секое миење ставајте различна количина на вода, се додека не ја пронајдете формулата која најмногу ви одговара.
    Доколку се користи голема количина од органските шампони директно на косата, ќе имате потешкотија да го измиете од косата со оглед на тоа што е поконцентриран и косата ќе делува помасна, како да не сте ја измиле правилно. Верувајте тука важи златното правило “помалку е повеќе“.

    [​IMG]

    Секако треба да ги промените и останатите производи за коса, затоа што нема ефект ако го промените шампонот, а потоа користите регенератор за коса со силикони, или пак уште полошо силиконски капки. Доколку по прочистувањето косата ви резултира сува, ви советувам употреба и на третмани со масла (повеќе за ова говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/giveaway.html ).
    Во зависност од типот на коса ви советувам да ги погледнете и статиите каде што говорев за сува коса http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_26.html и масна коса http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_23.html.

    Се надевам дека оваа статија ќе ви биде од корист. Доколку ги усвоите овие совети и започнете правилно да се грижите за вашата коса, употребувајќи вистински и функционални препарати, косата ќе ви стане поздрава, поубава и што е најважно ќе има здрав и природен сјај.


    Вики

    Имам пробано скоро се од органски шампони и топло ги препорачувам оние на алверде најмногу оној од авокадо за сува коса, а пред некој ден го пробав шампонот со маслиново масло и кна од кој сум презадоволна, косата ми се обнови. Исто така прекрасен е и шампонот на Гамард кој ја остава косата премногу мека и дава неверојатен сјај. Го користев и овој шампон и се зачудив од резултатите. Одговара за сите видови на коса особено за чувствителен скалп. Ете овие две марки за мене се нај нај.


    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На poenta, kate89 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Биодевојка, овие на Алверде помагаат за првут? Ми се појави ова лето откако ги заменив шампоните на Гарние со Балеа. А и косата моментално многу ми е оштетена од сонцето.
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    @kjukli Ако имаш проблем со првут, Alverde имаат специјален шампон за таа намена.

     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Ќе го побарам овој тогаш. Ти благодарам. Имам и некое чешање на коренот, и првут ми се створи, имам реакција од некоја состојка од јаките шампони, па барам органска замена. :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Внимавај со шампоните на Балеа, зашто вака кога те читам имам чувство дека е до шампонот. Мене скалпот ептен ми се уништи со разноразните шампони на Балеа. Најверојатно имаш осетлив скалп, па не ти прија секаков шампон.
    Земи си некој поблаг, разгледај си низ ДМ. :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.