Прв пат пробував, ептен убаво мирисаше, ама очигледно ми прави и тој проблем. Ќе го побарам овој на Алверде. А и читав пишала биодевојка да не се нанесува директно на скалпот туку да се разреди со вода претходно.
Во врска со органските шампони , ги користев до пред некој месец шампоните на Органик шоп и Натура сиберика тоа е руска козметика , ми се допаѓаат многу поготово тие на Органик шоп , но бидејки се 200 мл многу брзо ми се трошат , плус има голем отвор на шишето и кога треба да ставам шампон на косата при миење многу производ испаѓа , повеќе од што треба и веќе не планирам да земам. На Балеа шампониве многу ми ја сплескуваат косата , единствено тој за волумен ми одговара. Сега сакам да ги пробам шампоните на Афродита , гледам сите на форумот ги фалите
Здраво драга дали е масен или сув првутот? Можно е од некој многу агресивен шампон каде на пример солта доаѓа пред бетаинот наместо после (доколку има СЛЕС како главен сурфактант). Тој за првут од алверде го немам пробано ама кажи ми каква коса имаш, каков корен и каква реакција точно ти се појавува. Поздрав.
Го земав овој на Алверде, ќе го пробам. Пишува дека е со био-бразилски орев и био-рузмарин за коса подложна на првут со благу сурфактанти како и атланска морска сол која ги спречува чешањето и иритацијата на кожата на скалпот. Според објаснувањето мислам дека ќе ми одговара. Имам повремено чешање на скалпот, при што и ми се појавува првут. Косата ми е моментално малку сува и оштетена од солта и од сонцето, бев скоро месец дена на море и ја миев со шампон на Балеа секој ден, кој очигледно не ми пријаше. Инаку фарбана ми е пред четири месеци, ама вака делува многу здраво, и ставам маски со масла секој месец и ја шишам на два-три месеци. А и не ми се мрси воопшто. Не сум имала ни првут никогаш, но очигледно имав некоја силна реакција на шампонот.
Eucerin е во категорија на преагресивни шампони со привремени провизорни резултати. На долг рок се прејаки за скалпот и за коренот на влакното, со многу агресивни сурфактанти (кои го даваат ефектот на чиста коса и многу пена). И Head&Shoulders и Alpecin се такви. А мирисот и пената би требало кај шампон да играат најнезначителна улога. Ајде за купка некако да разберам да мириса убаво, па додека се тушираме да имаме убаво чувство. Пената исто така е (не секогаш) индикатор на прејаки сурфактанти во составот, кои многу често го иритираат скалпот и во зависност од генетските предиспозиции, може да доведат до првут, рани, ослабнување на коренот на влакното и сл. Многу често се прави грешка и се поистоветува: многу пена = чиста коса, малку пена = нечиста коса, што не може да биде попогрешно како мислење. Има прекрасни сурфактанти кои имаат супер измивачко дејство, а сепак истовремено се нежни и не го иритираат скалпот. Не појавуваат пена како конвенционалните, но не заостануваат со перформансите зад истите! Истото важи и за пастите за заби. Во 60-тите години во Америка како маркетиншки трик масовно се вметнува пената и јакиот и доминантен (дури некогаш и лут) мирис/вкус на нане, па некои сметаат дека ако пастата не мириса на нане и нема јака пена, дека забите не ни се чисти. Исто така погрешно мислење. Сакам да кажам дека производите се многу повеќе од „површинското“ чувство и првичниот впечаток, како во негативна, така и во позитивна смисла. Ова за жал често се злоупотребува од производителите.
За пастите не се сложувам, затоа што сум користела природни пасти, освен жолти заби и кариес, бенефити не видов. Пародонтакс за мене е одлична паста. Шампони природни мене не ми одговараат, со оглед дека имам проблематика. Косата ми е масна, скалпот брзо ми се иритира. Не секогаш треба да гледаме природна алтернатива. Затоа што имаме медицинска потреба од продуктите. Еуцеринот е медицинска козметика, токму за проблеми на кожата. Кога бенефити имам од неприродно, а само штета од природно, што би избрала. Ако така гледаме треба само свински сапун да користиме. А друго, чисто се сомневам дека и тие горе шампоните се целосно природни. Сепак за да го направиш продуктот траен, се додаваат хемиски соединенија, инаку трајноста ќе беше цели две недели. Кога ќе видиш и природното не е природно, освен од своја бавча да си правиш шампон. Едит.https://www.thelist.com/91545/untold-truth-natural-products/ Ова е само една статија за лагата на природните продукти. Така да, ништо не е природно, само си мислиш дека е природно.
Не ме сфаќај погрешно, но гледиштата и мислењата како „само од своја бавча е природно“ се клише во вистинска смисла на зборот за таа козметика. Еве ти тука прочитај да видиш за што точно се работи: https://www.cosmos-standard.org/ Сите производи кои се сертифицираат по Cosmos стандардот имаат листа на правила, кои мора да ги исполнат за да го добијат. Тоа што го зборуваш ти е "greenwashing", односно злоупотреба на зборот природно и органско без да го оправдува тоа самиот производ. Greenwashing (a compound word modelled on "whitewash"), also called "green sheen",[1][2] is a form of marketing spin in which green PR (green values) and green marketing are deceptively used to persuade the public that an organization's products, aims and policies are environmentally friendly. Овие два производи за кои стануваше збор се сертифицирани природни и тука нема „чисто се сомневам“ или слично, сертификатот се базира на факти, правила и прописи. Не го прави баба Перса во подрум шампонот, па да се сомневаме дали е природен или можеби не. Што се однесува до проблематиките, и природните производи се справуваат со проблематики. Зарем косопастот не е проблематика? Имам јас жив пример видено како со органски шампон има решено себореичен дерматит. Една само од многуте проблематики. Медаљата секогаш има 2 страни. P.S. Кој кажа дека медицинско не може да биде и природно? Зошто ги делиш на или медицинско или природно? P.P.S. Линкот кој ми го прати, само го потврдува тоа што ти го кажав погоре за Greenwashing и за злоупотребување на терминот „природно“. Тука не се опфатени производите, кои се сертифицирани природни, туку само оние кои имаат зборче природно на амбалажата. Така што линкот твој не е демант, туку само потврда на она што го зборувам. Јас зборувам за вистински природните производи (сертифицираните), ти очигледно треба прво да научиш што е вистински природно, а што навидум природно, од кое можеби ти произлегуваат и негативните искуства. It's an impossible question to answer honestly, because while vegan, organic, and other terms are legally defined, the word natural has no legal definition. A manufacturer of literally anything can write natural on the packaging and still be completely in the clear, as far as the FDA is concerned. Еден цитат од твојот линк.
Можеби е клише, но барем ќе знам што навистина сум користела. Колку си сигурна како се прават и што користат, патем сите состојки не ги ни пишуваат на листата. Според тебе како ја задржуваат трајноста, ако не со користење на хемија. Инаку според законот, не може да се дефинира природно, што точно значи, така да и 200 сертификати да имаат, џабе. А за регулативите прочитав и токму за поимот природно нема точна дефиниција.
Прво кога читаш извори за козметика (бидејќи мене ова ми е професија а не хоби), ќе ти дадам добронамерен совет - не читај извори од САД (освен нормално ако не живееш и купуваш од таму). САД (делумно и Канада) и Европа имаат различни регулативи како ден и ноќ. Додека FDA нема законска дефиниција за зборот natural, во Европа е ситуацијата сосема различна. Не е забрането да се користи зборот natural, но ако пропратно производот има сертификат за природно, тој може навистина да се смета за таков. Ако се тврди дека е природен, а нема никаков сертификат, тогаш треба да погледаме подетално во состојките. BTW, како тоа сите состојки не ги пишуваат на листата!? Кои состојки не ги пишуваат? INCI што е во тој случај? Cosmos Standard што е? Ecocert, Cosmebio, Natrue, ICEA, BDIH и Soil Assotiation што се? Како тоа „и 200 сертификати да има џабе“? Тоа ти сама го одлучи? Еве ти точни дефиниции: 3. Minimum requirements to be met by levels of natural substances, natural substances of organic grade, and maximum levels of derived natural substances Please refer to Table 1 for each corresponding levels of natural substances and derived natural substances for each certification level and category respectively. 3.1 NATURAL COSMETICS The minimum levels of natural substances and the maximum levels of derived natural raw materials (referring to the whole formulation) are presented by product group in Table 1 (Annex 5 does not apply here). https://www.natrue.org/uploads/2019/06/EN-NATRUE-Label_Requirements_V3_8.pdf Natural origin All the ingredients are from natural origin except a restrictive approved ingredients list (including preservatives) autorized in small quantity. On average, Ecocert certifies products contain 99% ingredients of natural origin. https://www.ecocert.com/en/certification-detail/natural-and-organic-cosmetics-cosmos На пример вака: Benzyl alcohol, Benzoic acid, Sorbic acid Benzyl alcohol, Dehydroacetic acid, Benzoic acid, Sorbic acid Benzyl alcohol Aqua, Sodium benzoate, Potassium sorbate Aqua, Sodium benzoate, Sodium dehydroacetate Benzyl alcohol, Dehydroacetic acid, Aqua
Канада има уште посериозни регулативи, ни САД, ни Европа. 500 состојки се забранети, наспроти десетина во САД и Европа. Еве ние сме во Европа, па цело ѓубре ни го носат. Од козметика, до разни продукти. Истиот продукт да го купиш пример во Германија и тука, не е ист воопшто. Да беше шампонот канадски па да верувам во природноста. На крајот од денот, не сакам да користам ,,природни" продукти. Не дека немам, имам. Ама кога се бањам со гелот за туширање на природна база, телото ми е црвено, како алергија да имам. Кога ќе се бањам со друго средство, никому ништо. Зошто да користам, кога фрлив еден куп пари на нешто што не ми одговара. Кој сака нека си користи, немам проблем. Но, не секогаш решението е во органско и природно. Твојата кожа и мојата не е иста. Тебе ти е погодено, мене ми прави проблеми. Не дека и останатата козметика, некогаш не ми прави, но сакам да се придржувам кон она што ми е погодено.
Во три наврати наназад ми ги избегнуваш директните прашања и се правиш како да не си ги прочитала. Ќе си испаушализираш нешто без никаква поткрепа што нема никаква врска со фактите и реалноста, па ако те прашам нешто во врска со тоа, го игнорираш и си одиш на следното паушализирање. Најстрогиот стандард во светот е ACO (Australian Certified Organic) кој е под капата на Cosmos Standard-от, кој е основан и практициран во 90% од слуачаите во Европа. И еве сега уште две директни прашања, кои можеш да ги игнорираш и избегнеш како и претходните, ако немаш одговор: Кои се тие 10-ина состојки, кои се забранети во САД и Европа, а кои се тие 500 во Канада? Кај па баш за Германија се фати, кадешто живеам јас? И треба сега од искуство пак демант да ти дадам? Од рекла-казала муабети и прочитала не дочитала, не се води квалитетна дискусија. Просто ми го вреѓаш повеќегодишниот труд на темите, за кои очигледно немаш ни најбазични познавања. Јас тука се одјавувам. Убава вечер.
Имаш на гугл прочитај. Убаво пишува кои се тие состојки. Она што го знаеш е капка, она што не го знаеш е море. Убаво е да се посомневаш некогаш. Јас говорам како лице кое искусило и не можеш да ме убедиш дека нешто одговара на мојата кожа, кога не е така. Ти и јас, не сме исто, ниту ќе бидеме. Затоа постојат еден тон брендови на производи. Не секој продукт делува кај секого исто. Пример, Биодерма, за некои е кроена, за мене смрт. Редовно одам на дерматолог, кога имам проблеми. Истите ги решаваат со наменска козметика. И секогаш штетата била санирана. Што има лошо да продолжам да користам она што ми одговара, не те разбирам. Тогаш да забраниме и лекови, бидејќи се добиени по хемиски пат, да пиеме само чајчиња. Користи слободно она што сметаш дека е природно, навистина не ме тангира по никаков основ. Но, не можеш да тврдиш дека секогаш решението е во ,,природните" продукти. Имај и ти убава вечер, поздрав.
Ви ја читам дискусијата и не заземам ничија страна, чисто да си кажам мислење. Не користам исклучиво природна козметика, но во последно време гледам што е можно повеќе да се ориентирам кон истата. Ќе дадам пример, порано цело време користев креми за раце и тело и лабела од Орифлејм и бев воодушевена зошто кога ќе нанесев од кремите кожата наеднаш ми стануваше неверојатно свиленкаста и мека, независно каква била нејзината состојба претходно. Од лабелото исто, устата ми изгледаше супер хидрирана. Но, после пола саат од нанесување, устата ми беше уште посува и испукана од претходно. Кремите исто, веќе после два саати, се откриваше сува кожа, ко ништо да немав ставено, а кожата не ми била таква ни на почетокот. Тоа е зошто беа преполни со силикони, базата им е таква и создаваат заштитен филм врз кожата што всушност не е ни твојата кожа и дава привиден изглед на мекост а всушност нема никакво хранливо дејство, и кремата и да има хранливи масла и екстракти не можат да навлезат во кожата од силиконот. После, имам неколку пати ставено регенератор за коса од Дав, абе косата свиленкаста, преубава, и тоа дејство траеше пола саат откако ќе излезев од туширање, после косата иста. Исто полн со силикони. Кога бев средно, скоро секој ден користев ББ крем од Гарниер, на почетокот кожата ми беше многу убава, ми даваше некој glowy финиш, после некој период воопшто не ми легнуваше така, дури почна да ми ја суши кожата и да ми прави лушпи на носот, а јас имам нормална кожа. Додека еднаш пробав пудра од Алверде и предобро ми легна, тенот ми беше преубав, трајноста, кожата ми беше иста и откако ја симнав. Имав користено пена и крема за лице од Алверде и исто бев задоволна. Не е дека скроз се имам тргнато од традиционалната козметика, еве користам крема од Леа против пеги и флеки, зошто ми беше потребно нешто баш за таа намена, а не најдов друга алтернатива од природна козметика, а и што ќе одговара на мојот буџет, зошто сум невработена. Но, кога ќе ја завршам планирам да си се вратам на таа од Алверде. Не велам дека се што ќе користам ќе биде природно, зошто не можам баш да си ги дозволам Хаушка или некои други природни козметики кај нас, освен Алверде и некои производи на Балеа (тие не се сите скроз природни). А и зошто природната декоратива, освен пудрите на Алверде не ми се допаѓа, зошто кармините не ми се доволно пигментирани и брзо се губат, римелите не им се убави исто. Ама тоа и не ми е некој проблем, зошто се шминкам лесно еднаш годишно така да не ми менува нешто. Во глобала, доколку некој производ добро ми се покаже од традиционалната козметика (на пример сега за сега, Леа кремата и некои производи од Revox) а не можам да си го дозволам од природна козметика, ќе продолжам да си го користам. Но, производи од типот на шампони, регенератори, гел за туширање, путери за тело, креми, масла, лабела најчесто си ги купувам од Алверде и супер ми се. И треба да знаете дека не секој природен производ ќе ви одговара, зошто сите сме различни и ни одговараат различни работи, како што истото важи и за традиционалната козметика.
Јас не треба да прочитам, но очигледно некој друг треба да прочита. The disparity in standards between the EU and US has grown to the extent it touches almost every element of most Americans’ lives. In cosmetics alone, the EU has banned or restricted more than 1,300 chemicals while the US has outlawed or curbed just 11. https://data.europa.eu/euodp/en/dat...of-substances-prohibited-in-cosmetic-products Кога сме кај „капката и морето“.
Ако навистина сакаш да користиш природни и органски производи, има и други брендови далеку поефтини од Хаушка. Тие се во средна кон висока ценовна категорија. Порано навистина немаше избор во МК и органското се поистоветуваше со скапо, но последниве години веќе се промени сликата. Има сертифицирани природни и органски производи од 200 ден. па нагоре, што е далеку по "budget-friendly" од Хаушка.
@eva993 Слободно препорачај ми некои. Јас освен Алверде, Хаушка, делумно Балеа и некои на форумов што се спомнати а се прескапи, други не знам.
Dr. Konopka's, Olival (не сите производи), Lavera, Dr. Scheller, Bio Vegane, Fleurance Nature, Natura Siberica, Organic Shop, Oma Gertrude, Corine de Farme (не сите производи)...овие вака што ми текнуваат во моментов. Супер пост. Сепак јас ќе се осврнам само на 2 точки. 1. Кога се зборува за „хемија“ на тема козметика, тој збор најчесто се користи за полесна комуникација и сл., a особено кога се зборува за природна козметика, под зборот „хемија“ се подразбираат синтетичките состојки, кои не се присутни во природата и кои се вештачки создадени од човекот. Хемијата е широк поим и секако дека на сите ни е јасно дека и водата е дел од хемијата сама по себе, но ова не се мисли кога се спомнува зборот. Затоа велам, контекстот е важен во кој се спомнува тој термин, а не дека самиот термин по себе треба да го толкуваме и дефинираме. Полесно и некако поопштоприфатено е да се каже, „не користам производи со хемија“, отколку, „не користам производи со синтетички состојки“. 2. Квалитетна дискусија може да се има и со некој што е лаик во оваа област, но да е свесен за тоа и да поставува на пример конструктивни прашања, да дава мислење, да пренесува искуства и она што прочитал/а од статии, експерти итн. Форум е, не е клуб на козметиколози и биохемичари, па да „не сте кадарни“ да зборувате на оваа тема, таман работа. Мојот коментар во поглед на неконструктивноста на членката, беше заради една единствена причина: извртување на факти и констатирање на лажни информации (дури и ти самата и реплицираше на некои од нив) и упорно инсистирање на истите. Ништо повеќе. Не можам да оставам без кометар тврдење од типот: „Сертифициран природен производ, можеби и не е природен, затоа што секако не се сите состојки наведени на амбалажата и можеби има состојки кои се забранети, а не се наведни.“ или „Природен производ не може да биде серифициран бидејќи нема законска основа за истото, па и 200 сертификати да има.“ или „Во Европа има 10-ина забранети состојки“. Има и бројни пасивни членови кои читаат и следат совети, па сметам дека не треба ова да биде место, кадешто дополнително ќе се формираат забуни кај луѓето, туку напротив, треба да биде место, кадешто секој треба да има шанса да добие квалитетна и издржана информација околу една тема. И тоа не можев така да го оставам „да лебди“. Секој за се може да даде свое мислење, но фактите се објективни и не постои мислење околу факти. 2+2 = 4. Не можам да кажам, „ама јас лично сметам дека 2+2=5.“ Смешно звучи нели?
Бидејќи повторно си пишувала за мене. Сакам само да ти приложам нешто. Твое, лично и персонално гледиште на природната козметика, за кое патем се сложувам. Значи сепак исто мислиме, но моето мислење е ширење на лажни информации. Океј, твое си е.
Иако е повеќе од евидентно дека едоставно си сетирана на инаетење, немам надежи дека ќе увидиш нешто. И бидејќи ниту точно да протолкуваш мое мислење не знаеш, еве уште еднаш: Производ БЕЗ сертификат (како што ете се од Lush, кадешто ме цитираш), кој го користи изразот „природно” - може да биде природен, но и не мора, бидејќи нема законска регулатива за истото. Производ СО сертификат - МОРА да биде природен и да ги исполнува стандардите на сертификаторот. Ти се осврна првично за производи СО сертификат и тврдеше дека, којзнае дали се или не се природни, конкретно шампоните од Конопка и Органик Шоп. И не, сигурно немаме исто мислење.
Се префрлив на органски шампони. Прво ми ја правеја многу сува косата. Но им дадов шанса и косата никогаш не ми била подолга и поубава . Не ми се мрси толку порано секој втор ден се миев. Е сега има еден прпблем многу ми направија првут. Ја имав и претходно ама самп на едно место и малку. А сега скорз низ цела глава. Сакам да ги користам бидејќи многу ми е убава косата но првутот навистина почна да ми пречи ме чеша и сув е. Пробав и со уртекрам од алое вера против првут уште дупло ме наполни. Совет?