А зошто не си останеш ти кај мајка ти, зошто воопшто се враќаш во таа куќа? Штом маж ти ти кажува дека нема да те спречи ако си заминеш, јас не гледам цел во таа твоја пожртвуваност да бидеш покрај него. Ако тоа семејство на присуството на снаата во нивниот дом гледаат како на бесплатна чистачка, ти покрај такви луѓе немаш иднина - штом свекрвата сака врз тебе да ги префрли сите свои домашни обврски за сега таа да биде на раат, готова си! Меѓутоа јас нив не ги кривам, во човечката природа е секој си гледа за себе, туку маж ти е виновникот, ти него си го избрала и тој треба да те заштити и да биде на твоја страна а не уште да лаже и да те прави тебе `лошата`. Исто така , морам да ти кажам дека за состојбата во која си сега и сама си си крива- зошто бре им ќутиш таму и им слугуваш? На ова дереџе си дојдена токму поради тоа што си сакала да бидеш фина и да им се допаднеш по секоја цена. Батали чистење, батали готвење, направи си кафе, испиј си го на раат, дотерај се за своја душа, нашминкај се, земи го бебушот и правец на прошетка. Јас мислам дека кога на маж ти ќе му покажеш дека не си без`рбетник и веќе нема да играш како тој што свири, тој ќе си ја подвитка опашката. Луѓето како него се јаки кога тој другиот плаче и моли а всушност се кукавици во душа, моќни се само кога и се силат на жена која е сама, без никој свој во нов град.
Во право си , а не свакам зошто јатрвами и таа не сака да комуницира со мене , ај за свекрвата веке свакам ама јатрвата не свакам зошто , не сум и згрешила ништо од моментот кога дојде како снаа ми се допадна сакав да си живееме да ми е блиска , купував парфем и за мене и за неа и на крај да бега само тоа е :// да не ми беше детето ке си заминев, поради малата седам да расти со татко, бидејки сум живеела без татко цел живот и знам како е :///
Мене ми се чини дека ти повеќе си преокупирана со тоа да дознаеш зошто не се дружат со тебе отколку да излезеш од таа ситуација и да започнеш нов живот...а со таквото самосожалување ништо не правиш и нервозата ќе се отслика на детето пред да се освестиш за тоа. Не ти збореле...who cares? Не се единствени на светов. Не знам дали се странци или наши и колку време живеат во странство ако се наши, ама имај предвид дека нивниот менталитет не е ко овдешниот и не се состои од пиење кафе секој ден и доверување во најситни детали. Нив тоа може да ги гуши, и иако ти си во светло на она што кај нас се смета за пристојна, македонска домаќинка - готвиш, чистиш, чуваш дете итн. во странство работата и личниот успех неретко се на прво место и го конзумираат денот, па може не те гледаат на иста бранова должина. Не може некој преокупиран со бизнис планови да троши по 2-3 саати дневно на маалски муабети за менување пелени и готвење. И не секој сака таква блискост - често пиење кафе, постојано доверување и купување поклончиња. Јатрва ти (веројатно тоа ти се паѓа девојката, не сум многу по роднински врски) си е независна и си прави како што ѝ одговара без да се труди да остави впечаток на гореспоменатата потчинета домаќинка, затоа и не се замараат со неа, а ти што повеќе се трудиш, толку поголем простор оставаш за критика. Е, али пази...штом пастувот ти вели дека не му е гајле ако си одиш, може навистина треба да си одиш. Може сето тоа однесување е резултат на полнење глави и кроење план кој има за цел да ти се подјебава со психата до степен да те натера да заминеш, па да испаднат тие наивните пошто ти сама си побегнала. Мада, многу е глупаво тоа „во заедница поради детето“. Детето не смее и не заслужува да живее во нефункционална заедница. Што? Сакаш да го игнорираат после и него и/или да му ја полнат главата против тебе? Ако ти е убаво кај мајка ти - куферите и трк дома. Побогу, имаш само 23 и краток брак кој, ете, може бил избрзан, ама не значи дека остатокот од животот мораш да го поминеш ко што си почнала. Имаш безброј можности пред себе.
4-5 месеци се веке во друга држава , а тоа не ги прави кој знае што па да си играат со некого а јас не можам да се упикувам едноставно ете не сум таква наивна сум
Колку што сватив си се омажила во некое забутано место(село ваљда) чија популација е на печалба и имаш ограничени можности за социјализација и дружење. Дома живеете на купче. Мажот ти те третира како да не му значиш ништо и твоето присуство во таа куќа му е сеедно. Свекорот те гледа како домашна помошничка. Свекрвата како неспособна. Дури и јатрвата те одбегнува. Имаш многу поголем проблем од наивитетот.
Во ред тоа, ама да погледнеме и од другата страна. Нема лутиш, генерациски сме тука и често сум опкружена со девојки кои се наша возраст и главна преокупација им е токму тоа - да се омажат што побрзо, да створат потомство и да се покажат ко домаќинки...што не велам дека е некоја лоша работа, туку проблемот е што, еве, вие не размислувате за себе и вам да ви е добро, туку да се вклопите во некои општествено-прифатливи, стереотипни норми каде сте млада мајка и домаќинка за пример, а истовремено не сте доволно зрели да се сносите со одговорноста која ја носи тој товар. Всушност, уште не сме далеку од тинејџерството каде е интересно уз кафе да се муабети за настаните на денот и по некоја приватна пикантерија, и тоа дава една огромна, конфузна слика на измешани емоции и чувство на несфатеност....што не носи до главниот проблем - отфрленоста. Сопругот колку е постар, ако не е тајна? Неговите можеби се луѓе во своите 50ти, па и 60ти години, кои на нас уште (и со право) гледаат како на незрели крелиња со кои немаат допирни точки на разговор, па затоа неретко се држат на дистанца и воспоставуваат некој шефовски однос. Тоа што ти го гледаш ко наивен обид за понуда за пријателство и покажување домаќинлук, нив може им се чини ко улизување и истакнување, па затоа им се створила одбивност. Но, ко што ти рече danichap, големата слика на проблемот т.е. осаменоста е многу покомплексна од немањето друштво за муабет.
Мажми има 26 год а јас откако дојдов во таа кука од почеток кога почнаа со наредуванје јас кажував секој да си гледа својата работа , дури и и велев и на свекрвата додека сум долу со нив ако треба нешто ке им помогнам што и да е , а после мене значи откако ке си се качам на спратот кај нас не ме интересира дали јаделе пиеле што правеле да си средуваат тие исто мажотми ме бранеше мн во почетокот , и нормално после таквите мои одбранувања мн ме напаѓаше и веке почнав да молчам и да се затворам во себе , исто така никој пат не и се ни улижував и коха бев девојка на мажотми не обрнував внимание баш на неа бидејки до фрлаше чат пат на шала некои муабети , во цела ситуација што ми е само ми е тешко што ете мажотми некако стана мамин син или можеби затоа што таткому рече ке го откажат од син ако продолжи , и што ме одбегнуваат споменатите во текстот, јас сум пробала и мн пати знаеш си ја земам керката и си шетам во паркот , па кога ке се вратам не ми зборат па демек сум шетала ова она жената секој пат дома имала работа и се тие напаѓања,бев јака и мажми ме бранеше ме пушташе сама да одам во град , кај мајками,ама ете некако се промени и тој демек ако одам сама некаде можеби ме чекал некој (сите тие работи од таткому и мајкаму) и така почнав да попуштам психички ама си викам ке се средам
А зошто со маж ти не заминете во Германија и вие? Ај да ги тргнеме тие змии(свекрва ти и јатрва ти) на страна... но мене ме чуди мажот ти. Очигледно е дека не те сака и не му е гајле за тебе, таа куќа за тебе е пекол, можеш и сигурно ќе си го упропастиш психичкото здравје ако продолжиш да живееш во таква атмосфера, они тебе ти вршат мобинг, ако си чула за терминов, Подитно замини од таму, очигледно е дека на маж ти не му е гајле за тебе, јас да сум на твое место ќе се посветам на кариерата, земи најди си работа во странство, или тука и остави го детето кај твоите, да го почуваат, не е лесно но очигледно дека живееш во пекол, и тоа нема да се смени, многу ми е жал за тебе се надевам ќе најдеш работа и ќе се оддвоиш. Заслужуваш маж што ќе ти прижи љубов, а не омраза, и да ти го прави животот пекол.
Iskreno se plasam malku od ova..Verenikot raboti mnogu, raboti I privatno bukvalno e workaholic, osven toa redovno e na fudbal I fitnes.Se nadevam deka koga ke ziveeme zaedno ke gi namali ovie obvrski I ke mi posveti mnogu vreme.Inaku tesko ke funkcionirane so ogled na toa deka umam potreba od mnogu vnimanie
Треба навреме да му кажеш што очекуваш од него во бракот,за да не дојде после до кавги и недоразбирања.
Драги мои женички....подолго време ме немаше на форумов....поточно од кога се породив пред 6 месеци. И со причина. Имам проблем жто веќе не може да се игнорира. Од кога се породив....маж ми нон стоп е на работа. Од сабајле излегува од 8 и се враќа во 20,21,23 часот. Кога ќе го прашам дали мора да останува толку....ми вели сите колеги остануваат. Неговите и моите не се од Скопје и јас сум нон стоп сама. Моите пријателки немаат деца а мојата мила керќичка е малку ложо бебе кое не дозволува дружба. Не знам што понатаму. Цело време сум уморна, капсана, ненаспана.....и мнооогу осамена. Навистина не знам уште колку ќе издржам вака.
Нормално е во секој брак човек да наиде на разно разни предизвици искушенија и проблеми, а ваше е колку ќе успеете да се изборите со истите и да ги преминете, најверојатно се работи за период и нова етапа во вашиот живот. Седнете и поразговарајте искрено, обидете се да најдете компромис и да се разберете, само со разговор и разбирање успешно ќе се справите со овој проблем и со се останато.
Pochnav da se chuvstvuvam osameno. Ne znam dali ima potreba od toa ili se samo hormoni vo prashanje. Mm odi na rabota vo 6 nautro a se vraka vecherta okolu 6,7 Si doaga premoren normalno,vleguva se tushira jas ja mestam masata ruchame site zaedno i si se povlekuvame vo dnevna. Ke pushti kompjuter malku jas telefonot i si chepkame neshto. Pa ke dojde ke posedi so mene ke me izgushka i ke go gali meshko ama toa trae maksimum 15tina minutki. Potoa pak ke si prodolzhime istata pesna i veke kaj 10 ipol,11 nego mu pagjaat ochite za spienje i si legnuvame. I jas legnuvam da ne bide sam iako ne mi se spie, ke mi posveti i togash nekoi 5-10 minutki da mi kazhe deka me saka i dobra nokj i veke za 1 minuta e zaspan. A jas si sedam na telefon bidejki ne mi se spie. Seks mnoogu retko imame. Prethodno mu beshe strav bidejki sum bremena pa mu objasniv deka nema nikakov rizik za bebeto i imavme nekolki pati pochesto i sega pak istata pesna. Veke cela nedela ne sme imale nishto. Iskreno probuvam da go razberam i znam deka e umoren i mu se spie, ama pa sekakvi misli mi idat vo glava. Vikendite ne gi raboti i pak e isto,osven shto tie denovi mi posvetuva poveke vnimanie. No se chuvstvuvam neposakuvano vo posledno vreme. Probav da napravam muabet so nego toj proba da mi objasni deka neka prostor za takvi grizhi ama ete ne e se vo zborovite. Nekogash falat i dela Ne sakav da pishuvam vo temava,ama nemam na kogo da kazham pa ke si se olesnam tuka Ve molam ako ne vi e teshko da mi pishete kako izgleda od strana problemov i dali ima prostor za ovie moi razmisluvanja
Мариангел бременоста и твоите хормони си го прават своето како и што самата ти си свесна за тоа. Види вака треба да размислуваш малку позрело и поодговорно, веќе си во брак а наскоро ќе станеш и мајка, и верувај дека ќе немаш и баш многу простор за вакви луксузи со маж ти, времето на галење и мазење секојдневно ви е поминато па да така треба и ти самата да се прилагодиш на ситуацијата. И на маж ти не му е лесно по цели денови да работи за да спечали пред се за вас, ти си дома секојдневно и немаш некои големи обврски, но тој е преморен и неговата реакција е повеќе и од нормална во случајов, пред се треба да бидеш задоволна и од толку време што го има и го посветува на вас, и самата кажа дека секогаш кога може и е потребно е до вас, комуницирате се разбирате, имате обострана почит и подршка и тоа е доволно за да успеете во било што. Во врска со тоа што сте немале односи е и повеќе од нормално кај сите мажи, нит си прва нит си последна да така немој од ништо да си правиш нешто, не се нервирај и уживај во бременоста, пред вас претстојат убави денови, ќе видиш и самата кога и ти наскоро ќе имаш обврски еден куп и нема да знаеш каде ти е главата, лека полека се ќе си дојде на свое место и коцките ќе ви се поклопат. Нова средина, нов живот, нови ситуации.. сето тоа ти ги навира овие мисли за кои што сметам дека се непотребни.
@vitamina ти благодарам на мислењето. И јас на моменти кога ќе се почувствувам осамено во истиот момент имам грижа на совест бидејќи гледам дека колку толку се труди мм. Знам дека ме сака исто колку и јас него. Ќе се потрудам да си ги тргнам овие мисли,сепак мислам дека хормоните имаат најголем удел
@Mariangel фала ти жено што го напиша постот.Бидејки и јас сум бремена и мене ми се случува истото како тебе и незнаев со кого да споделам.Хормоните ке не докрајчат
Нема зошто да се чуствувате така како што се чуствувате бидејки верувам дека место за такви паники немате со оглед на постовите кои ги пишувате. Животот има најразлични етапи кои треба да се пројдат и доживеат а ваше е колку вие ќе преминете низ сите животни искушенија. Треба да знаете дека нема јаре и паре, секогаш нешто ќе фали, никогаш нема да се чуствувате исполнети и среќни бидејки поентата на животот и не е баш таква како што сите ние би сакале да ни биде. Затоа ценете го сето она кое го имате и бидете среќни што сте исполнети и среќни покрај партнерот, што имате почит и разбирање бидејки ако се има љубов и вистински вредности во еден брак проблемите секогаш можат да се решат заеднички. Сите имаме етапи и лоши периоди но наше е да ги пребродиме и да одиме напред кон животот.
Јас сум многу осамена во бракот.не сме многу заедно во брак,тазе брачен пар сме,ама јас во овој период немам никаква љубов осетено од него .тој од кога се зедовме е многу сменет воопшто не е тој што беше. мисли дека ако стапи во брак со мене ,тоа му е сигурност и апсолутно не превзема ништо за да ни е убаво. секој ден е исто. иде од работа во 5,уште не соблечен седнува јаде,после зема билтенот игра спортска, после компјутерот игра шах,после телефонот игра друга игра.после гледа турска серија и си легнува и заспива во 9Ч30.кога викам секој ден е вака,значи буквално секој ден е. јас повеќе во денот правам муабет со старите отколку со него.му касни со плата со месеци газдата ,не е маж да седне да збори со него дека напушта.и јас и тој имаме кредити и повеќе живееме со мојата скромна плата.дома живееме со свекорми свекрвами и деверми 5 души а јас за се финансирам. сметки струја,вода,за дома се што треба за јадење,исто дека нова куќа правевме требало стази требало бојлер требало завеси и други работи ,буквално се јас тоа го подмирувам ,а нема да живеам на тој спрат,ќе си го направиме нашиот спрат здравје напролет ак даде господ.па уште ми викаат па што има врска кој плаќа од една куќа излегуваат парите.демек што има врска се ти што плаќаш.свекорми и свекрвами ги разбирам немаат и не ми е криво,ама деверми зема од сите повеќе плата а 5 денари нема дадено. и некни требаше да излезам ,буквано немав што да облечам и кога си размислив јас последнава година немам ниедно стварче купено за мене(затоа што не остануваат пари) и му викам н амажми не излагам немам што д аоблечам,а тој на тоа само,па што да ти правам сега јас ако немаш што да облечеш.му викам чизми да си купам ми се скинаа,ми вика јас размислив и за тоа и си викам итака зимава може нема да работите на работа дома ќе си седиш нема потрееба од чизми.тој само знае да рече оди пазари нешто не гледаш празен фрижидерт е. ми е криво затоа што пред да зе земеме кога одев кај нив ,имаа долгови од струја секогаш,за јадење ако нема викаа па тоа е сега немора секој ден печење или фрижидерот полн,а сега обратно е,ама така е зошто од друг џеб излагаат парите.некогаш се сеќам дека како каса со пари ме гледаат.само свекрва ми ме жали и сирота оди по кафани да работи во кујна само за д ами помогне,а свекорми се научил само да вика што има врска кој плаќа од една куќа се парите.а ако спомнам дека сум платила сметка одма се мршти ,демек што ми кажуваш сакаш браво да ти речам.недомаќини биле и мажми и деверми и свекорми.а мажми нема гз да седне и да збори со деверми барем за струја да даде пари.знае секој ден да ја нооси девојкаму.а да ке забравев.и морам кога купувам за дома месо за јадење да купувам плус едно парче за девојката од деверми зошто таа дома не јаде,кај нас послеатко и било.еднаш не беше дојдена и направив стек колку за нас и уште 2 парчиња оставив за да можам да направам и друг пат ручек и одма свекорми ајде стави ги и другите може ќе дојде девојкаму од деверти па да јаде. без разлика дали ќе дојде или не јас мора да ставам и за неа,па дали ќе се фрли никој не мисли.битно тука сум јас за да пазарам.Додека пишувам ова плачам од нервоза.немам кому да се пожалам а и несаам да замарам.одам само на гроб кај мајка ми ќе си се олеснам и ќе си се вратам.татко ми несакам да слушне за моите проблеми зошто доволно му се секирации во животот,а во мажми најмалце барам утеха и потпора од него.тотално разочарување во секој поглед.односи веќе ми е одмилено да имам со него ,кога ќе легнеме ми се гади кога сака да ме допре,во последниве 5-6 месеци 3 пати ако сме имале односи .а за деца,до пред 2 месеци сакав,а сега незнам дали со овој човек сакам да имам деца и воопшто дали да продолжам живот со него. парите од поклонте што ни останаа наместо да ги чуваме за спратот отидоа за долгови и потреби за дома,зошто другите немале пари. ми останаа уште 400 евра од кои братми ми зеде 300 со муабет дека ќе ги врати и тој не ми ги враќа,си останав со 100 евра,со кои ништо ни цигли неможам да купам. ебати живот ваков.