@suzimuzi Ај тука ќе ти одговарам невесте. Зарем ти си се запрашала дали има нешто добро во твојот брак? Зошто си сеуште со човек што ти омразнал на секаков начин? Зошто упорно полагаш сметки на се и сешто? Нема филозофија тука бе невесте, разговарај со сите, стисни заби и покажи СТАВ, ако не бидува зимај парталите и бегај, имаш работа, финансии, можеш сама на свои нозе да опстанеш, а мажи има со лопата да ги ринеш.
Тешко и напорно е за читање. Ни големи букви, нит нови редови, прегледност никаква. Ситуација нималку лесна. Маж ти е клучниот играч во целава ситуација. Работава е ЏА или БУ. Отворен разговор со него со прашање ,,до кога вака,, Покажи му дека ти значи негово внимание и разбирање, ако незнаеш како, тогаш со збор ќе посочиш. Свекор, Свекрва, девер....тие се најмалку битни иако се дел од твое секојдневие. Ако маж ти го прифати разговорот и ставите темел на некој цврст договор, тогаш ќе има БРАК. Ако видиш дека нема фајде, време е да размислиш за поригорозни мерки.
Кога и да седнеме со него да разговараме од толку што е тврдоглав и несака да признае вина,секогаш завршуваме со караници.Многу лесно се нервира.Се плашам дека на нашево му нема иднина
Се трудам и викам ајде на почеток сме ,да не решавам одма со развод можеби ќе се среди,му давам шанса да се промени,а секако ако и покрај сите дадени шанси така продолжи следува најлесното решение-развод. А се плашам дека дотоа ќе дојде.еднаш се имам со бивша љубов изгорено,па веќе посилна сум
Ако гледаш дека после толку обиди нема иднина, тогаш замини си. Подобро сега отколку понатаму кога можеби и детенце ќе дојде. Разговарај со татко ти, иако велиш има свои грижи, сепак мора да те ислуша. Колку што прочитав, си имаш свои примања, така да, нема да му бидеш на терет на татко ти. Лесно е да се рече- замини си, разведи се. Пред да го сториш тоа направи ги сите напори за да успее бракот. Ако ништо не тргне на добро, тогаш нема што да се мачиш и ти и него и сите околу Вас. Не си прва и последна.
За овие ситуации се разговара пред брак, у брак е веке касно. И коа веке сите се вклучени во проблемот ке разговараш со сите, додека сте сите заедно. Не мора да биде некој формален разговор, да ги свикаш сите на маса и да им зададеш тема, можеш додека јадете да им речеш некој да ти помогне за сметките, за храната, да даде ,,донација,, за некоја цигла. И стави се ти на прво место, после тие, па куќата. ОД следната плата купи си прво чизми, и се она што ТЕБЕ ти треба, ич нека не ти е гајле дали сметката за струја е платена. Отворено кажи им кога ке стигне следната сметка дека минатата си ја платила ти, оваа да ја плати некој друг. И гајле ти е дали имало заостанат долг или ке ја исклучат, ако ја исклучат ке ја исклучат за сите не само за тебе.
Убаво кажано и морам да си се променам само ради себе,бидејќи што повеќе гледаш и добар си ,некако се полошо кон тебе с еоднесуваат луѓево. Јас го знам каков беше пред брак и сега,имаме за многу работи разговарано,вклучувајќи ги и овие и се беше обратно тогаш,се поддржувавме многу. Ама мажми почна да работи кај еден негов близок другар,кој што во размислувањата му се малку позаостанати,а се прави многу голем.Неговата жена е угнетувана од него психички.Спрема него ,жената е таа која што мора само да слуша и да ќути и да седи само дома и се таа да ја води куќата а мажот како маж,што сака да прави. Тој другар на мажми има така голема способност што им влијае на сите и ги привлекува сите околу него да почнат да размислуваат како тој.Мажми самиот кажа дека му влијае на неговиот однос и никако не презема никаков чекор,туку упорно с етруди мене да ми ја префрли вината ,а вчера што ме изнервира,се јавил на братми да го викне да ни решел проблемите.Како прво нема што јас моите да ги вплеткувам како и неговите,прво ние сами треба да решиме,ама на секое пробување наше да решиме проблемот следува реченицата,да си одиш кај татко ти. Тоа се зборови од неговиот другар а не од него,зошто го познавам каков беше и каков е сега.Сега е копија од другарму.Тој му е 24 часа во мислите,се се ориентира тој како би постапил во ситуација и пополека с епретвори во него. А тој другарму дека сега му е газда и не му плаќа со месеци плата,а на другите вработени редовен е ,ама дека овој другар па ќе го сфател дека во криза бил и можел да почека некој месец без пари,а не му е гајле дека ние двајцата заглавени сме со кредити и живееме само со платата моја.Тој каков е таков другар,а мажми од толку што му го има испрано мозокот се плаши да седне и да разговара со него дека сака да напушти работа.2 работи му најдов одма да почне итоа солидна плата дупло повисока од сега што му е,осигуран,празници и викенди дома,тој одби поради тоа што неможел да најде начин како да му каже на другарму,ќе му се налутел,ќе о оставел на цедило сега кога бил во криза,а тој ако не му дава плата,ако оди шета секој месец те во Италија,Германија,по кафани само части,се најубави коли и најубава облека.Јас ќе седам без чизми.
@suzimuzi Ваква ситуација имам видено многу одблизу и да ти кажам дека ти не треба да дозволуваш така да се одвиваат работите.На твојот маж убаво да му кажеш каде е твоето место и каква е твојта улога а не да трчаш по сите.Ти ли треба да плакаш струја и други работи покрај толку во куќа?!Тоа се заеднички трошоци.Многу се нервирам кога читам вакви нешта дека постојат.Ти треба да имаш свое ЈАС.Седни го маж ти и кажи му убаво се.ако не парталите и да те нема од таму.Како што кажа витамина има мажи за ринење какви сакаш колку сакаш.Овде нема да направиш ништо ако пишуваш.Разговарај со сите,со маж ти и ако има разбирање средете се,ако не ти нема што за другите да се грижиш.Заминувај од таму имаш плата ке се снајдеш.Позз
Пред се фала за советот. Јас седнав неколку пати да разговарам,само работава е што тој се плаши од брат му,а незнам зошто.Има брат помал од него и обратно треба да е,тој да има поголема почит кон мажми. Му реков седни со брат ти и речи му по пола сметките да ги плаќаме бареМ. На свекорми ако му речам тоа, тој одма се лути ,мисли дека нему му префрлам дека излезе од работа. Единствена работа што ми е надежта дека ќе се среди,зошто еднаш во животот избрзав имав 9 годишна врска и збор дадено ,се разделивме за глупост и од гордост и непопуштање,иако мајка му негова и ден денес ми вика кога ќе ме сретне да има шанса пак да се смирите ќе сум најсреќна(иако и тој е оженет).Несакам и ова да пропадне така,многу добра душа има и не беше ваков,сакам да го вратам стариот тоЈ во кој се заљубив,но ако неможе по сите напори на крај краева ќе се раЗделам иако после сите мене ќе ме напаѓаат и обвинуваат зошто во мала средина сме и ќе зборат неможе таа двајца досега да не му чинеа,до неа е сигурно проблемот.А никој не ја знае вистинската ситуација,никој незнае дека јас премногу вложувам и се напуштам себеси за сите други да се задоволени. За нова година од моја страна само на внукот имав пакетче да однесам а на негова има 10 и вчера кга ги однесов дома пакетчињата одма критика зошто немало чоколади,тоа од внукми било 400 а овие 300 денари(иако беа многу побогати,без разлика цената што беше поефтина),ама немало чоколади големи. За едно комшиче свекрвами си носела пакетче и јас си очекувам дека така ќе биде и одма ми рекоа и нему треба и викам оки ќе му земам некое од 100 денари и мртва атмосфера одмааааа.Демек срамота со толку,а свекрвами само по една чоколада досега му давала или пакетче од 100 денари.Оф имам многу ситуации,ама тука во право сте нема потреба да замарам веќе,редно е да применам некои од советите и да си застанам на нозе.Големо благодарам
Ич немаш почит према себе. Ке одам дома со поклончињата. А бе требало од работа директно купи си пакетче отиди си кај внучето, поседи си на раат, помини си убаво со него, а кај нивните роднини дали однеле или не воопшто да не се замараш. Не дека е баш ок во брак да делиш твои и негови роднини ама кај вас ситуацијата така налага.
Majkami da bese ziva drugo ke bese ,mnogu golema poddrska imav od nea i soveti mi davase. Toa e problemot vo mene,od tolku sto se zamaram i negovite da se ispocituvani max, na sekoja mala sitnica odma zaprimetuvaat.Raka i davam na devojkata od devermi,bukvalno ne s ezamara za nisto i sprema niv taa si e takva i nema sto da i se lutime,a jas sitnica da zgresam odma nakurceni.Sakam mnogu da bidam kako nea,ne ja mrazam voopsto,tuku naprotiv i zaviduvam deka taka pravi .Sum pokusala kako nea ,ama jas taka od pocetok sum se postavila i koga ke probam kako nea da se postavam odma poinaku te gledaat.Jas sum i so prijatelki takva,drugarkite za nisto nikogas ne gi delam,no i tie mnogu toa go cenat,a ovde ne bilo taka. Nitu se prepravam ,taka sum bila vospitana,samo sto tuka loso mi se odrazi.Mora da stegnam zabi i da si se opustam,toa e edino resenie.Fala mnogu za sovetite uste ednas ke kazam,kolku tolku mi olesnuva a i ubavo e da slushnes mislenje
@suzimuzi Читам и не можам да ти се изначудам бе жено. Од каде тој образ на свекрвати да се дразни да кажува за твои паќетчиња купени од твои лични пари на кого колку требало да дадеш? Ќе разберев да си била чувана од нејзе, таа да ти давала пари и сето тоа, но за твои пари, твој живот, твои внуци таа да кажува в лице и да ти се меша не можам да сватам. Срамота е тоа, луѓе без осет. Читајки те, те заклучив како мека жена што нема своја самопочит. Абе жено, дај стави црвена линија и одјеби од нив бе, што си им должна? Нели имаш ти свои потреби бе жено зошто полагаш рачуни на другите. Па и тој твој маж ..заникаде. Нит јазик има нит уста да проговори да си одбрани жена и да стави ред во фамилија. Абе жено до него е проблемот овде што не разбираш не е до свекрвати, на свекрвати арно и е вака, нозе у вис и снао ти купи, така си е научена таа, без перде. Ама па маж ти каков копук е да нема лице и образ да се спротистави? Мислиш тоа љубов е Мене на све ми личи освен на љубов. Те користат бе жено, секакви не има.
Не се секирај срцки све се тоа хормони.Не помислувај веднаш на лоши работи сигорно си сега тазе во брак па ќе ти кажам дека и ова се случува но е минливо не се секирај
Таа се тоа знае фино да го исфилва со мил глас да ти спука. Ама синојка стегнав заби и ги применив советите ваши. Дојдов од работа и викам ќе правам баклава само за нова година и таа одма '-само баклава? (а тие никогаш додека не дојдов не пра еле, не де замарале со тоа, сама кажуваа, некогаш некоја торта старинска и тоа). Па викам да, планирав и фруго ама буџетот не ми дозволува. И ми вика а другошто планиеаш, јас вика кифли ќе правам и јас викам не планирам ништо од мене е толку баклавата и сармата,а ако нешто друго сакате купете зошто јас нема да земам плата. И моооолк Ама тие молчеа, си помолчев и кас и си фатив да си јадам. Среќа мажми отвори уста и тој, валда сфаќа дека веќе до развод дојде муабет и им вика и јас немам пари, а женами тие пари што ги има ќе ги чува, нека купи и братми нешто итака планира со девојката да иде, нема ние за сите да мислиме. Ама и сега ич не ми е гајле што мислат да ви кажам, еднаш пробав синојла стегнав заби и убаво било чувството
Да ви се заблагодарам на сите за советите. Многу храброст ми дадовте и за разлика од досега, имам повеќе самопочит.И вчера и денеска си кажав што мислам. Денеска зедов уште пакетчиња што немав доземено и свекрвами ми вила забрави и уште 8 деца. И викам за кои деца? И вила па имаме охрид, тетово, Скооје и Кичево внуци од братучеди. Ајде ајде викам, јас што не ги ни познавам деца се овие, а ме интересира дали досега сте им носеле пакетчиња и заќуте. Таа ги нема со години видено, не пак пакетче да однесле. И им реков 50 евра ми отидоа за пакетчиња, а ако располагате со повеќе псри јас не се бунам ако им купите и вие. Вистина, вистина ми вика во право си и се намурти. Ама мене ама ич гајле, што убаво чувството кога си имаш поголема почит. Фала ви уште еднаш и убав помин за дочекот на Нова година и празниците
Еден збор...РАЗВОД! Или нека те поштоват и ќутат кога ги раниш и им подмируваш долгови или РАЗВОД. И контрацепција, овие те експлоатираат не заслужуваат ни лозата да им ја продолжиш. Трутови ,трутови!
^Два збора -chill out. Гледаш се' се среди. Ова само за во реклама. Сакате во еден ден да си ги решите проблемите во бракот? Да се трансформирате во нови личности и вие и вашиот сопруг? Со две реченици да си ги решите проблемите со свекор, свекрва и девер? Тогаш, дојдете на фемина форум во тема свекрви и снаи. Ако пишете во првите пет минути, ќе ги бришеме сите хејтерски постови кон вашиот. Сериозно, сите вака послушни да беа и да ги слушаа советиве овде како @suzimuzi што послуша, сите проблеми решени ќе беа, ама тврдоглави сте. Слушаш ли @vichy , ова можеше да бидеш ти уште пред 2 години!!!
Во право си потполно. Без навреда на другарките сите што ги имаме, некогаш ти е потребен совет од друг, мќа тука е најдобро место бидејќи може да се сретнеш со луѓе што поминале низ иста ситуација или пак индиректно биле запознаети со таква ситуација или пак некој што подобро и потрезвено размислува. Но, треба да се пише, побара совет и воедно го практикува советот, а не само да пише и чита од занимација и ништо да не искористи. Поздравче до сите кои имаат проблем дали мал или голем обратете се тука и чекор почекор ќе успеете ако послушате
Па спиздев, јас студент сум и што ќе си заработам нешто од дополнителни часови што држам понекогаш моите не ме остваат ни за џепарац да трошам, камоли на фамилијата на идниот сопруг долгови да им плаќам и да ги спонзорирам па уште и да се бунат. Нека наведнат таму главите и нека ќутат. Снаата да ги рани срамота, деверот и другата снаа уште дома не донесена ќе си кулираат каде бе така?! Кој век е ова? Сега допрочитав има да те почитуваат таму и да ќутат. А ако уште еднаш ти речи тој поттрчкото на другар му да си одиш кај татко ти и да си одиш. Има сами да те молат да се вратиш и после ко божица да те чуваат и гледаат.
Па така и му кажав. Најлесно ми е да одам кај моите а во моментот и најдобро. Последна шанса за оправка, наредно знаеш дека е последно и така ќе биде, се знам себеси. Многу трпам ама кога пукам толку е, а сега сум решена. Овие два дена гледам е поинаку иако неможе да се кааже уште дека е добро, премногу е рано. А деверми и девојката ќе оделе на патување плати си зеле, епа викам за утре ете тие нека допазарат и квит, супер. И сега си чекам на него. И гладни ќе останеме ама ако, сармата е тука а ако побараат нешто друго имам одговор и за тоа сега како лошата сузе звучам некако нема врска, се надевам ќе се среди иако можеби ќе биде потешко, ако не клоците и готла од тука