Ама така е Сузе. Сега ти си толку вредна и работлива и полна со разбирање и попустлива, тие уште да можат и крвта ќе ти ја испијат. Извини вака бурно што реагирам во ПМС сум, Нова година ова она и многу не убо ми падна за тебе. Стварно се гледа дека си добра жена и заслужуваш и почит и љубов и се најубаво. Ова е претерано. Пробај да му покажиш на да го начекаш во добара момент дека другар му сите проблеми ви ги прави. Да си најде друга работа каде ќе зема редовна плата и ќе биде почитуван. Тогаш и финансиски ќе сте постабилни и пак ќе си се засакате и ќе си имате посреќен брак. Вака сте ептен заглавени ни угоре и удолу. Зошто ти да си закачиш лоша репутација некој друг. Пробај да поправиш да видиш колку може. Ама ако не оди не оди и крај. Нека оди у пм и репутација и се некој што ќе те сака ќе те сака и почитува таква каква што си. П.С: Исто и за девер ти срамота снаата да му ги плаќа сметките не си ти Парис Хилтон, па не знаеш што да правиш со парите...
Разговор овде очигледно не помага. Ти треба да собереш малку храброст, мт да го размрдаш од таа менталната кома у која е западнат, и да си се избориш за твоето место под сонцето. Кое btw не вклучува ТИ да ги издржаваш сите по дома. Грешката е направена кога премеко си се поставила уште од почеток и сега те користат ко чергиче за пред врата, нема назад- веќе е направена. Сконцентрирај се на она што може да се направи. Јас вака би им направила. Следниот пат кога фрижидерот ќе се испразни или ќе стаса сметка за плаќање фино лепо ќе им ја оставам на маса у дневна. И кога ќе те прашаат кога ќе купиш саламче или кога ќе биде платена сметката, - Не знам, ми касни плата. Секни им ја малце чешмата, и на маж ти и на неговите, па да видиме кога јајцето ќе им дојде под г*з како ќе мораат да се потрудат да се снајдат. Мора да се јаде. На крајот на краиштата не можеш само ти да се грижиш за потребите на цела една куќа полна здрави прави луѓе. Кога маж ти може да седи без плата, седи и ти. Кредитот на чие име е? Ако е на твое, тогаш ај нека те провалат. Може звучи без осет вака, ама од она што го кажуваш ќе да си имаш работа со луѓе кои од осет немаат ни “о”. Почнувајќи од мт. А мт ако не се освести наскоро и не се потруди да ја промени ситуацијата, тогаш драга моја навистина твоето меко срце заслужува мноооогу подобро. И на крај, какви клоци срцка? Има да им прднам пред прагот. Они со клоци ќе ме бркаат. Абе ќе ги оставам у сред празници, ни сарма да каснат, ни подварок за Божиќ.
@suzimuzi Како нечија ќерка разбирам зошто го штедиш татко ти (ги штедам и јас), но како родител постојано и повторувам на ќерка ми дека слободата е најскапоцена. Слобода да може се да ми каже, да плаче, да се смее, да сподели и лошо и добро....за обични детски дешавки, сега за сега... Не постои нешто посвето од детето. Да незнам дека нешто ја мачи, би ме излудело. СДК проблемот е во нас самите. Маж ти знае дека пред татко ти правиш претстава, а тоа му дава сила. Нема потреба да се труди да ти биде убаво, кога тие што најмногу те сакаат живеат во илузија дека ти цветаат рози. Верувај дека кога не се жалиш и он верува дека претставата е веродостојна. Добро е што самодовербата ти е на левел +, но покажи и дека не си тиква без корен.
Во секој брак со текот на времето се доаѓа до еден таканаречен кризен период. Односно не мора тоа да значи дека некој нешто направил фрапантно или пак дека љубовта изчезнала веке. Едноставно времето си го зема својот данок. Сеа во брак или врска некоја подолга, исто ти е. Ако вниманието на сопружникот му го одземаат во тој период, повеке некои други особи од вас или пак вие се чуствувате запоставени и отфрлени на некој начин и предадени, мислам дека најдобар начин е да му се каже тоа на сопружникот. Кажете му дека не сте задоволни од односот негов или нејзин кон вас и дека мислите дека заслужувате повеке внимание. На тој начин ке избегнете многу недоразбирања и непријатности покасно предизвикани од евентуално раскинување на таа врска или брак. Ама да гледаме позитивно на работите(тој период обично е минлив- минува и не вреди било која избрзана одлука која би резултирала со иницијатива за некоја "Bad Romance" вон брачна авантура-особено не ако имате деца заедно.
Kreditot e na moe ime, a ima i mm na negovo. Jas krenav kredit zatoa sto majkamu zapna za svadba a jas nesakav, ama cel grad dozna kako jas ne sum sakala svadba, a ne ja kazuvase pricinata. Babami pocina 3 meseci pred svadba i mi bese tesko zosto posle smrtta na majkami taa mi bese gopema poddrska i svekrvami na toa samo rece ajde stara enema da odlozuvame svadba. Vo red i mene mi bese jasno toa, no umre isto taka edna nedela posle babami i tatkoto na svekrvami pa togas pochna da kuka kako ke pravime svadba a tatkomi ne e ziv, kako ke igram i jas na toa i rekov star bese vada nema da otkazeme, isto kako nejzinite muabeti. Nema zal za drugite, bitno ta da e zadovolena. Nie imavme mnogu troskovi kaj moite. Tatkomi ostana bez rabota, nie na faks,mahkami mnogu se zrtvuvase, se razbole, parite otidoa po bolnici, pa pocina, pa tatkomi posle krediti za da ne doizvadi na pat i za svadba ne ostana nisto. I koga rekovme so mk deka skromna svadba ke imame odma muabetot kako sramota, jas si sakam sinmi svadba. A bratmu ripna dma, vika, jas 2000evra ke vi dadam(ni denar eden ne mu dade, a mazmi zaradi toa prifati). A da, ke zaboravev i me nateraa zlato da si kupam, kao kupi ti nie ke ti dademe pari a im vikav nemora zlato zaglaveni sme so kukjata. Radi toa i mazmi ne sakase svadba zosto i toj zaglavi, samo toj za kukjava vlozuva. No, kupiv zlato itoa me teraa podebelo nekoe, ama jas znaev kako e situacijata i gledav poeftino nekoe. I parite ostanaa nevrateniii, jas si go plativ zlatoto. Ama skoro im rekov i tie mutavi se pravea, mislele mm mi gi dal parite. Za se mutavi se pravat. Namesto so mm da kreneme kredit sprat da si pravime, nie zaglavivme so svadbata. Od poklonite plativme pogilem del, drugite otidoa za pokukjnina, taka da ke si svirkame sega. I zatoa najveke se lutam shto mm nema gz da sedne i da zbori.
Imam sloboda so tatkomi. Moite sekogas mi bile gilema poddrska i za se sum kazuvala, no sega sakam da go poostedam zosto se poslednive godini loso mi se desava edna ubava rabota se nema. Abortus imav i toa toj da ne bese neznam kako ke izdrzev, radi toa sakam barem malku da postedam, ako uspeam da sredam, ako ne ke mora rqzgovor
Сузии овај те музи! Извини вака, знам дека не ти е до шала ама стварно, те музи бе, буквално. Работел кај другар му за беспари? Се срамел да побара плата која уствари (по закон!) му следи? Знаеш и сама зошто е така срце, не се срами он верувај, туку знае дека си има дома финансов директор па затоа си кулира. За другите не се замарај, батали свекор што се мрштел девер кој се луксузира итн, ај настрана они. А чизми под итно да идеш и да си купиш! Ти р'мбаш за тие пари, и мулево да ти вика нема потреба од чизми? ЕКСЌУЗМИ Врати се наназад, колку пара чизми ќе купеше наместо издршка да им бидеш на амебиве? Ајде нареден пост да те видиме во "Што последно си купивте" и да биде чизми . Во врска со другото, ако испадне на крај да се разделите а те боли што ќе рече околината, глава горе женче, јас да ти кажам. Нема од што да се срамиш оти повише муабет ќе падне таму каде што си ги издржавала си им изигравала подвижна банка. А говедата ако знаат за срам ќе веднат глави и ќе тераат како и пред тебе, ќе си делат сметките итн., ама се си мислам дека ќе те бараат назад да не умрат од глад и да седат на свеќи оти ќе мора да го мрднат газот нали. Твое е Сузи, размисли си, ама запомни, ТИ си на прво место и не си ничија слугинка, ни подвижна банка. Само убавини да имаш во Новата Година и ДАЈБОЖЕ да ти се реши проблемов што е можно побрзо. Поздрав
Фала многу за желбие и искреното мислење.Се надевам дека во нареднава година ќе ми се зголеми почитта кон себе и нема повеќе да се прижалувам.Среќна нека ви е и тебе и на твојата фамилија а воедно и на сите феминки.
toa mora so nego da go re6i6, ne moze cel zivot da se krie i da mol4i. da bide igra4ka na majka mu...
На кој јазик е ова пишувано? Сарче, не ме сфаќај погрешно ама барем латиницата ја испочитувај ако не можеш кирилица. Зошто 4 и 6 ? Се извинувам за офтопик ама од кожа ме вадат овие работи
@suzimuzi рече куќa нoвa прaвите или нaпрaвивте, тaкa? Твoјoт кредит зa свaдбaтa бил, a куќaтa кoј јa прaви?
мојот кредит за свадбата беше ама испадна и дел за куќата.а од мм кредитот беше исто и за свадба и за куќата.Го делат кредитот од мм на пола,ама мм ја продаде и колатадека не стигнаа парите,мене ми должат околу 1000 евра што знам дека тешко ќе ми се вратат.и така.врти сучи,никаква е засега работава.Заради овие работи јас несакав свадба,зошто знаев дека ќе заглавиме,ама нееее,муабетот од свекрвами е дека сме биле итоа како во плус од свадбата.Ние вистина 5000 евра собравме поклони ама од нив поголем дел отидоа за покривање поголем дел од свадбата долг,а дел отидоа за покуќнина,требало ова требало она.Ми останаа уште малку евра од кои братми ми зеде со изговор му требале одма и ќе ми ги врател,а јас таква сум,ако ми побара некој сакам да помогнам.Тој си доби пари после,од тамо кај што чекаше итоа убава пара,јас си останав со празен џеб,не ни спомнува да ги врати,а знае дека ми се кнап и му напоменав да ми ги врати зошто последните му ги давам.Реална сум ,не гледам само девер ми не чини или некој друг од мм,туку и ете брат ми е,па не е фер,без разлика што го сакам.Ама и со него ќе седнам после празнициве и ќе си зборам.Ама некако после свадбава сите како да гледаат корист.Знаат дека ни останале од поклоните( а незнам зошто не сфаќаат дека ништо не остана).
Сaкaте и нoвa куќa, и свaдбa и пoкуќнинa, и сите сметки плaтени, и нoви чизми, и пaкетчињa зa сите внуци oд 300-400 денaри, и се пo ред, пa и пaри дa oстaнaт зa aкo некoј ти пoбaрa дa не се срaмиш дa дaдеш, a не ти се дaвa плaтaтa. Велиш нa мaж ти му кaсни плaтa сo месеци, пa имaј рaзбирaње. Или требaлo дa гледaш некoј сo веќе oтплaтенa куќa и пoкуќнинa, штo дa ти кaжaм, пa плaтaтa дa си јa чувaш личнo зa себе a не зa глупoсти дa јa дaвaш кaкo сметки, хрaнa и кредити. Тaкa се грaди нoвo, сo стaри чизми и прaзен фрижидер. Акo мислиш декa имaaт сите и те искoристувaaт пoнекoгaш, чувaј си некoј денaр зa себе, oдвреме нaвреме вели-немaм. Амa дa oчекувaш гoлем дел oд плaтa дa ти oстaнувa нa тoлку дoлгoви, немa смислa.
јас не очекувам ,но мене ме боли што мм нема разбирање и за се друго има решение а јас кога спомнав за чизми одма размислил дека немало да работиме во фабрикава можеби зимава па неморало.Ама и на секоја жена да нема 1 и повеќе година ниедно стварче купено за себе си а за тоа нема разбирање од мм ќе ја боли.А за него имав,но повеќе неможам да имам разбирање ,бидејќи не планира да напушти од тамо работа,го жали газдата.Убава работа му најдов и ја одби само задари него,а на тој негов газда и другар воопшто не му чуе,за сите има плата ама за мм нема, тој можел да го сфати дека немал пари за да му плати.Повеќе мм се секира за другарму што немал пари за плата(а незнам како постига секој месец шетање и пазарење од ситница до најголема работа,да вози 3 коли) ,него за тоа дома ситуацијата.Не ми е мене толку за чизмите,ќе издржам се,но се нервирам дека несакав ништо од ова да биде,ни свадба,ни нова куќа,зошто знаев дека голем товар е.Му реков да почекаме со куќата ,или парите што го имавме да си земеме стан и готово,барем знам за себе ќе земам кредит и посебно.а вака ,нит спрат направен ,долгови до гуша,тој нека се секира за другарму ,а ние дома за леб ќе трепиме уште малку. Не ни можам да очекувам голем дел од платата да останува, само сакам тој да се освести дека редно е да седне да збори со газдата и да ги прифати другите работи што му се нудат со поубави услови,а не да се плаши да не му се налути другарму.и тој да зема редовно плата,нема да се нервирам толку,колку толку ќе се тргаат пари настрана барем да имаме за спратот да го почнеме да со правиме,зошто ништо пари не стигнаа и остана само пола направена куќата.А највеќе е болно ,што досега можеле скромно да живеат и да каснат со сметки ,а сега неможеле и се мрштат.Па ваков бил кашкавалот,онакво било сирењето,уште мани да кажуваат.Подобро барем ќути.Јас реков за старите може и не мие криво ,бидејќи немаат финансии од никаде , но мразам и тие кога презборуваат. Како и да е од сега ,благодарејќи и на советите од тука,ќе се трудам да бидам постегната и ќе седнам со сите ќе правам муабет
Бриџит, го изоставаш делот каде што таа го полни фрижидерот за сите и им ги покрива сите сметки. Дали е фер сама да буа како крт и на крај едно муле да не и дозволува едни ебени чизми да си купи оти зимово можеби ќе немало потреба па ајде нека оди со искинати? Каде е логиката едни чизми од 2000денари да се споредува со покривање на трошоци храна и се по список? Да нема мир во сопствен дом и да биде искористувана на ваков суров начин? Бидејќи тоа и е, во случајов. Кое разбирање за мажот, две готови работи места, добро платени па нека бира на тацна сервирано, разбирање за што? ДА, и јас сум за тоа најди некој веќе ситуиран среден, можеби во таков случај и јас ќе размислував поинаку.
Не е работата за подобро ситуиран феминки.Не го гледам тоа многу во луѓето,зошто има случаеви каде што се во многу поголема криза,но има разбирање и делење на работите,а не кога ќе дошла нова во куќата тогаш се на големо да се правиме,па не сакаме ова не она,купи ова купи она.Јас брат ми кога се ожени не си го тргнав гзот настрана ,туку гледав да им помогнам зошто и тие беа во криза,ако снаами нешто немала зготвено или поскромна трпеза смеимале,мене голем мерак ми било да седнам и да се најадам,а не да гледам напреку зошто не сум јадела тоа.Ради таа да се осети како дел од семејството ќе сум викала најубаво е. А тука ако се нема одма на мм му се ззбори и мене,а деверот е поштеден со истиот муабет како тој таков е и што да му правиме не му се лутите. Мене не мие гајле за нив веќе,јас сакам само мм да се смени и да се врати тоа што беше.И да седне да збори со газдата,зошто станува негова копија. Имам и сестра која се омажи во друг град,ама тамо како капка на дланка е гледана.Да , не е саможивна и таа учествува со мм во сметки и се што треба за дома,ама некако се тоа со компромис си го постигнуваат,а свекрва и не и вика никогаш кога ќе с екарате јас синчето ќе си го бранам,ако е крив
Suzi,abe ovoj tvojov da ne ja dava sluchajno platata na negovite m ,a od druga strana da te mota nema plata a???
Sum videla takov slucaj mazot ima razbiranje za site osven za zenata. Vsusnost ziveea zaedno vo vonbracna zaednica 3meseci, trebase da ima svadba, da se vencaat se bese zakazano a ta zaradi bremenosta otide da zivee kaj nego 3 meseci pred svadba. Niti eden mesec ne mozese da i go posveti vnimanieto koe taa go zasluzuvase. Tolku brzo i se naraduva so pocnal da razgovara so bivsata dodeka bil na rabota, sekoja vecer od rabota kaj sestra mu a ona sama so svekrvata monstrum. Znaci site zaedno kroele plan kako da ja iskoristat i da ja teraat da bara pari od nejzinite. Svekrva i postojano ja navreduvase a toj i sestra mu i zboruvaa sekakvi gluposti za nejzinite, nema čovek kogo ne go navredile. Devojkata ne izdrza pukna, od kotek sto go jadese sekojdnevno zatoa so nejkese da posluša i da bara pari. Go ostavi koga se bese podgotveno za vencavka, so bebe vo stomakot zamina bez da pogledne nazad. Sega e presrekna, zivee slobodno i normalno. Sekako bo meguvreme zapozna povekemina koi gi magepsa so svojata ubavina i iskrenost no mislam deka od strav da ne pogodi takov e zatvorena vo sebe i ne pokazuva emocii. Kako i da e se ke si dojde na svoe mesto. Zatoa ne se sekiraj previse razgovarajte kako luge treba da dobies poveke ljubov i vnimanie od nego, toj sto ljubi ja pocituva zenata i pravi se taa da se pocuvstvuva sakana.
Тешко е да немаш твои пари, да молиш за улошки 50 денари и да ти бројат залци. И свекрвати да ти каже дека памук треба да стеваш, не влошки со крилца. Ама ти имаш твои пари, твоја плата, и ќе правиш твои правила. Ако они заработуваат воопшто и имаат пари, треба и они да плаќаат сметки и да полнат фрижидери. На први, кога ќе дојде платата, не ја вади, кажи дека касни. По 3 дена празен фрижидер и сметки на масата (без да ги тргаш, ако го тргне некој, пак стави ги) кажи дека извршител те блоокирал ради кредитот. Оди цел ден шетај, врати се и кажи дека си одблокирала сметка, ама си платила за извршителот. Кажи, неам за сметките овој месец, 9000 е извршителот. Нека стојат. Следниот месец пак смисли нешто и пак не давај пари. Ако ти се јаде, а е празен фрижиделот, излези купи си кифла и врати се, не мора да знаат. Ќе мора да купат за јадење. Ако е гладена маж ти, однеси го да јаде сендвич, речи татако ми ми даде 100 денари. Дриблај малце, зезај ги, нека се освестат. Ако треба нека ви ја исклучат и струјата, можеш 2-3 дена без струја. Ќе видиш како девер ти ке најде пари. И као девојка му ќе прекине да те јаде. Парите се твои, ти ја имаш моќта. Зезај ги.