Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осаменост во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од eleonoramardzieva, 1 октомври 2013.

  1. Sar4i 19 ;*

    Sar4i 19 ;* Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam da vo pravo si, no zosto da kupuva sendic na mazot koga toj e idiot sto namesto da razgovara i pobara od niv da ja pocitivaat zenatata koja toj ja izbral gi podrzuva i gazi po nea. Takov ne zasluzuva da go pogledne a ti zboruvas za hranenje...
     
    На Nausicaa, stilas7 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    132.683
    Епа ај нека умре. Маж и е, го сака. И да греши, си го сака.
     
    На Petar80, suzimuzi, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Исто размислуваме и истото го применивме и ние ама џабе е,со родители што него ценат сопствениот син нема ни снаата да ја ценат.
     
    На kuc и stilas7 им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    173.604
    Ma zema plata on,samo ne ja prijavuva,si trga pari na strana,garant.
    Lele,ovie ludje krvopijci bile,da ocekuvaat snaata ga gi hrani I smetki da im dava,cccccc....
    Prekini so finansiranjeto,neka crknat- grev li e,neli e...
    Se neka isklucat I struja,voda...gledaj isplati si go tvojot kredit pobrgu,da ne ti pravi nervoza...
    A mt,valkan igrac e...nemaj mnogu doverba vo nego po prasanje na finansii.
    I te molam,nemoj veke da vlozuvas vo kukata,vo tudja majka dete ne se pravi.
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda и Glasna им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.797
    Допаѓања:
    270.630
    Пол:
    Женски
    Сузи ,девојко тежок товар носиш за твојата возраст.Ама се гледа дека си јака личност.Иако навидум изгледа дека не се почитуваш себе си дека си слаба што те искористуваат јас мислам дека напротив ти си многу зрела храбра и јака особа.Само си се нашла да имаш работа со тешки луѓе.Кој не видел нешто слично и не искусил тешко ќе разбере.Не ти препорачувам веднаш да речеш готово е си одам.Обиди се како што повеќето те советуваат да ги промениш работите во своја корист,полека без кавги со смирена и ладна глава,Ова само доколку си сигурна во вашата љубов со сопругот.Многумина сме плаќале и плаќаме сметки и кредити и за другите членови во семејството оти сме едно семејство,ама се да има граница на издржливост а тие граници сега во старт се поставуваат а покасно се потешко .
    Нема лесно да се смени ситуацијата верувај треба години и години трпение и политичка игра со мажот да ги смениш работите во твоја корист барем до некаде.Ако имаш сила,трпение и толкава љубов кон сопругот пробај ,рескирај неколку годиниод животот(да години,со денови или месеци не се решаваат вакви проблеми)
    а ако не со време бегај од тој брак и барај си ја среќата оти за твојата среќа вреди да се обидеш не само по трет туку и по петти пат
     
    На katevvv1, suzimuzi, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sar4i 19 ;*

    Sar4i 19 ;* Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    sekako deka go saka samo golema ljubov moze da go natera covek da trpi takvi maki ama veke e dosta treba da stavi kraj na toa, da se zaprasa dali zasluzuva da bide sakan i dali taa barem malku e sakana od negova strana
     
    На suzimuzi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски

    Не знам каков е бракот,не сум мажена,ама како од жена ќе ти кажам дека за да бидам во брак како некој со твојот маж,подобро ќе бидам сама.Како прво маж ти не е прав маж.Нема свое јас.Не те заслужува,не те цени,не те брани,па се знае во куќата кој треба да носи пари бре.Ти многу лошо си се поставила,се трудиш за некои луѓе што не вредат,кој к*р извини вака ти дури и за деверот се трошиш ?? Немој бре жено,те гледат како банка сите во таа куќа,па дури и маж ти.И сега да одиш да си изнакупиш се што ти душа сака.И панталони,и блуза и најскапите чизми да си ѓи купиш.Веќе ништо да не си платела ако имаш малко мозок во главата ништо не плаќај.Сега си ја чукаш главата,како што минат годините уште повеќе.За деца сега во моментот немој да си помислила,чувај се.Некој не те гледал тебе за ти сега да гледаш други,греота ми е кога читам во душата тешко ми е,не па да се ставам на твое место..Господ (АЛЛАХ) е голем,никогаш не ѓи напушта добрите луѓе како тебе,само обиди се веќе за тебе да се грижиш,ти си најбитна запамти и го ова.Прво ти стави се на прво место па другите.А другите не ни мора да ги ставаш.Што си видела во маж ти јас стварно не знам.....
     
    Последна измена: 2 јануари 2016
    На Tanjamm, suzimuzi, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. suzimuzi

    suzimuzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Почнав веќе да ги применувам советите, гледам дека што повеќе имаш свое јас повеќе почитуваат. Свекорми и свекрвами цело време во уста им е како тоа снаами кај моите готвела во ладна кујна(а си има греалка и тоа е оривремено дека реновираа, а инаку таткоми 3 чумбиња пали за во секоја соба да им биде топло иако и тие не се нешто којзнае колку финансиски, ама, имало ѓоменти и скршен денар да немаме ама моите секогаш биле прво децата оа тие) за разлика од кај мене што едно мало собче е топло а кога чистам камен е цела куќа. Ама јас никогаш не сум пререкла за тоа, бидејќи знам како е ситуацијата и можам да се стрпам. Собава е буквално цела со влага, никој ништо не презема. Овде се бетер а во уста пред други кај ја дожалија снаами и од тоа изреволтирана што пред други кажува нереална слика за кај моите а за овде ќути(барем ич не збори), сабајле пред една комшика ми пукна филмот. Почна свекрвами со истиот муабет за снаами а комшикава оф греота оф греота само вила и јас на тоа,викам, а зошто греота, ради што готви еден аат во кујна кај што има греалка, а јас не сум греота што буквално поголем дел од денот во ладно го поминувам. И заќуте тогаш. Никогаш не би пререкла, најмалце сакам пред други, ама ме револтир кога знае да збори и да де прават поголеми домаќини а не се ич.Ај за неа ќе рече, мачена е. Ама се нервирам со свекорми, зошто до пред 2 години таа на - 15 степени надвор миеше садови, а не дека неможело чешма да се стави. Ама јас не ќутам, веќе и гледам дека многу е подобро и се надевам ќе има напредок, иако лоша можеби ќе испаднам во ситуации некои ама акоако незнаат да ценат подобро така.
     
    На MiloMalo, stefanija70, Sar4i 19 ;* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    955
    Abe sto se pravdas mila, Brigit samo saka da kaze naopaku, nisto drugo. Pa procitaj i gi drugite mislenja vo dr temi, ne se zamaraj da odgovaras na provokacii. Ti ja posakuvam celata sreka ovaa godina, ti si hrabra zena, i mislam deka odis vo dobra nasoka, ti stiskam palci. Samo edno nesto bi sakala da kazam, ke zvucam ko baba, ama aj, cuvaj go zdravjeto devojko, so vakvi stresovi sega nema da setis, ama se sobira i eden den ne udira kaj sto sme najslabi. Batali amebite, gledaj se sebesi. Edna rabota samo mislam deka ste zgresile mnogu, ubavo napisa i samata, poarno kredit makar i za garsonjera od 20 kvadrati, otkolku sprat so vakvi. a te razbiram podobro nego sto mislis. Sekoe dobro!
     
    На Depii, tina-63, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  10. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Проблемот на Сузи е нерешлив и комплициран.
    Ево зошто мислам така.
    Од една страна таа живее таму(нема свое).
    Од друга страна тие моментално немаат редовни приходи во фамилијата и ја користат нејзината плата на некој начин како за кирија што таја треба да ја плати.
    Како ке им објасниш на тие луге дека не се во право или пак на Сузи дека таа не е во право кога се работи за нејзини пари кои и не се толку многу.
    Искрено кажано не ми е јасно како и може да се преживее со толку мал приход во месецот.
    Многу ми е жал што овој случај е честа реалност во Македонија.


    Како за споредба само, овдека не е така...сметките буквално се поднесуваат подеднакво(билотоа дали се за кирија или пак за кредит за куќа).
    И затоа нема кавги и неразчистени ситуации од типот -се што е мое си е мое, но се што е твое е и мое плус.
    Многу комплицирано е кога се живее сиромашно.
    Ама уште полошо е кога лугето немаат кров над главата.
    А такви ги има многу повеке на запад одколку на исток.
     
    На suzimuzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. suzimuzi

    suzimuzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е, сега и мм вика подобро стан да си земевме ама бидна. Сега секој ден нова глупост слушам, ама поднаучив и да не премолчувам.
    Сабајлево ќе дошле комшии некои од странство па немале дрва, а свекорми се засекирал пс рече тој ќе им дал дрва(а ние не палиме во собата наша и седиме сите во една мала, само за да заштедиме, зошто помалку зедовме годинава). Мажми не беше тука и јас му реков, комшијата има кај да купи дрва, има полно пари и се продаваат со вреќи, за една недела доволно ќе си земе,јас овде неможам да запалам ќумбе некогаш кога сакам да си одморам или исчистам, се во ладно правам за да заштедам, ќе му ја мислам за комшијата. Ако толку си дарежлив земи и купи му ти вреќи. И ене го сега не збори со мене, на неколку пати го прашав нешто молчи и ја врти главата. Нека крши глава, ако сака нека не збори никогаш више
     
    На SV1911, okcenzi и babyblond им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    @suzimuzi разговарај со маж ти и најдете си компромис, договорете си се на само што понатаму за вашиот живот и за вас двајца.
    Другите од страна кој како пререкле ич да не те интересира, ваш живот, ваши желби и ваши правила. Ја имаш уздата во твој раце, превземај си мерки за твојот личен живот и среќа не мора и не си должна да полагаш сметки некому за твој лични пари.
    Седнете на маса и поделете, пресечете го ова што со години го живеете, ако не им одговара делба и компромис за финансиите, патот под нозе и барајте чаре некое. Јас сум сигурна дека ќе го пронајдете.
     
    На suzimuzi и MiloMalo им се допаѓа ова.
  13. suzimuzi

    suzimuzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Драги феминки.
    На оваа тема пишав пред скоро 7 месеци но тогаш бев во безизлезна ситуација,но вие со вашите совети ме убедивте дека не е така,применувајќи го секој совет добронамерен упатен од вас кон мене.
    Чувствував потреба да се приклучам и да пишам повторно во оваа тема со цел да ви се заблагодарам, бидејќи еве 7 месеци поминаа ,а кај мене работите многу се сменија во однос на самопочитта.
    Со сопругот сега е поинаку,се врати во нормала имаме повеќе разбирање,а на неговите малце по малце им покажав до каде им е чергичето.
    Сега ќе почнеме и спратот да си го креваме,зедовме кредит и фино ги седнав и свекорми и свекрва ми и им кажав дека од сега натамо да си бараат сите чаре за сметки и јадења бидејќи ние ќе си гледаме за спратот.Отворено им кажав дека здравје есенва ќе се делиме со господ напред и дека тие мора да почнат некоја работа ,бидејќи ние веќе нема да можеме да плаќаме и за нив. И со тешко срце свекрва ми прифати да работи на редовна работа . Иако се жали дека и било тешко, јас си молчам кога ми кажва или ќе и речам ниедна работа не е лесна сите се мачиме и јас имам факултет па не работам на столица седната туку р'бам шо било само да се снајдеме
    Проба еднаш д ами рече д аплатиме мајсторите и за двата спрата не само за нашиот јас и реков немам пари одвишок па да се расфрлам,како ние што се снајдовме може и другиот да се снајде.Таа на тоа ми одговори ако , јас ќе позајмам ако немате вие кај сестра ми за другиот спрат па ќе си и враќам.
    Иако грдо ми падна ,дека ги дели синовите,ако можела да позајми за едниот може и за нас ама ако, Јас си реков ако, мене господ ќе ми помогне и да не ме мешаат мене и моето ќесе.
    Ама им дадов веќе дознаење до каде може со мене.
    Среќа и маж ми се смени и сега малку по малку се си иде на свое место.А, голем удел имаа вашите совети.
    УШТЕ ЕДНАШ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ од срце
     
    На kuc, lans, MilaP и 13 други им се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Konecno nesto ubavo da se procita
     
    На katevvv1, kuc, Depii и 2 други им се допаѓа ова.
  15. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2016-08-05-13-37-31_1.jpg
     
    На Petar80, rose60, flowersss и 6 други им се допаѓа ова.
  16. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Незнаев каде да пишам па мислам дека овде е соодветно..Многу ми е тешко еве веке два дена само ми се плаче по цел ден плачам и јас незнам зошто тешко ми е некако да се привикнам на новите случки..Имам кнедла во грло грутка на гради некоја голема..Керка ми ја зедов спие со нас но се буди ноке и тааа и малиот па плаче па и тој плаче..Навистина сакам сама да ги гледам премногу е тешко..Се чувствувам дека не сум добра мајка..Сакам денот со неа да го минувам како порано чувствувам дека се оддалечува од мене по цел ден е надвор со мм свекрвата и игра..Мене ми пречи се што се случува ми пречи моменталната ситуација ми пречи кога гледам како си играат со керка ми како таа се смее со нив а јас не смеам да ја земам во раце..Се чувствувам многу осамено се мразам себе не сакам никого незнам зошто што ми се случува..Некој ако имал некој ваков сличен проблем нека ми даде некој совет што и како да правам навистина незнам..Ве молам помогнете незнаев каде да се обратам..
     
  17. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Pisisi vo temata majcinski muabeti :) mozi tamu ce dobies nekoj sovet :)
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Извини ама ќе мораш малку подобро да го објасниш твојот проблем.Вероватно и затоа никој не ти одговара оти не гледаме кај е маката, од каде потекнува твојата болка, причини не гледаме за твојата сосотојба за плачење:)
     
    На rose60 и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  19. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Kako sto tebe ti treba period za novonastanatata situacija, taka i na deteto.
    Mozebi osekja ljubomora zatoa sto go drzis bebeto, go guskas, presoblekuvas, a svekrvata poveke na nea i obrnuva vnimaie.
    Probaj poveke da si so nea, beve nahraneto, stokmeno, a pogolemiot del od vremeto pominuvaj so devojceto.
    Zboruvaj i deka nejzino e bwbeto, zaedno ke go porasnete za da ima so kogo da si igra, uklucija vo celiot proces.
    Maloto nisto ne razbira sega, zatoa poveke obrni vnimanie na nea.
    Potesko e so dve deca, no ke se naviknes, maz ti uklucigo vo seto toa, malku i toj vospitno neka deluva.
     
  20. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    @suzimuzi морам да признаам дека баш си музи, односно те музат хаха, прости ама морав да се насмеам, девојко, таква снаа нема да најдат нигде, тоа е чисто искористување, ги раниш свекор ти и свекрва ти и девер ти но не очекувај некој да ти рече фала, пак ќе речам таква снаа нигде нема. Ама според мене си голема будала зошто ги помагаш финансиски, одвој се направи си кујна и јадете си башка со мм, и не им го бери гајлето многу многу.