1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осаменост

Дискусија во 'Психологија' започната од Primavera, 11 мај 2011.

  1. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Насловот е ваков затоа што не знаев како да го именувам проблемот.
    Некој ќе рече дека се типични тинејџерски бубачки и дека секоја втора го има истиот проблем.
    Девојки се чуствувам навистина осамено,празно... Немам другарки,немам личности на кои би можела да се потпрам кога ќе ми е тешко.Имам дечко но тоа не е тоа.Се трудам да се вклопам во кое и да било друштво но едноставно бегаат од мене.Изгледа како да носам нешто во мене со кое ги бркам луѓето...
    Ведра сум и навистина сакам да се дружам,не ни зборував за проблемов,го потиснував длабоко во мене но не можам да го негирам повеќе...Имам една "другарка"( која е со мене само нашколо) и некогаш со нејзиното друштво излегувам,но тие не ме прифаќаат.Имам пробано неколку пати да одам со нив и на кафе и на вечер но едноставно ме игнорираат... :worried:
    _________
    Кога се чувствувате вие осамени?
    Што мислите на што се должи тоа чувство?
    Што правите за да не се чувствувате така?
    Што значи според тебе зборот осаменост?
    Сте биле ли во ситуација кога сте се чувствувале сами во 100 други луѓе?
    Раскажете ни некоја случка
     
  2. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    :/

    Имаш 17 години и стварно е грозно чувството кога знаеш дека немаш другарка со која би илзега, на која ќе и ги кажуваш тајните и слично... доколку имаш поголема сестра излези со нејзе на кафе, навечер или пак со некоја братучедка велат крвта не е вода таа нема да те одбие така ќе можеш да запознаеш нови другарки и ќе се претставиш во најдобро светло... не збори многу пред нив (да не помислам дека си досадна)... така полесно ќе можеш да се вклопиш во нечие друштво ... незман колку ќе ти помогне мојот совет но вреди да се потрудиш


    со среќа :)
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    :/

    На твои години може да се работи и за љубомора од нивна страна...еве пример јас,во основно во класот па и од повеќето други, имав средства да си дозволам најк,бенетон,...одмор на море-што навистина тогаш беше поим-значи зборувам за некое време од пред 10,12 години...татко ми беше на функција и сите така завидно се однесуваа кон мене...за другарки имав ама касно сфатив дека не ми биле.јас нели во пубертет,и доверба во нив 100посто,све им кажував :doh:
    Сега е подруго времево,не велам дека нема љубомора,но денес гледаат луќето со тие што се на функции да прават лице-па може затоа изгледа дека има пријателство.....да не забегувам,значи само пишав мое искуство,што не мора да значи дека е работава и со тебе....
    ако имаш брат,сестра и тоа би било најдобро решение...полека ќе се уклопиш со нивното друштво или прва братучедка...
    п
     
  4. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.177
    Пол:
    Женски
    :/

    Немој да се грижиш тоа се само моменти биди трпелива ке помине сето тоа,пробај да се дружиш првенствено на пример со некои твои братучеди или ако имаш брат или сестра излегувај со нив дружи се и биди природна немој да се трудиш да се преправаш нешто што не си...со тек на време ке запознаваш нови луѓе и сама ке си осознаеш кое друштво ти одговара,а штом велиш дека тие со кои излегуваш те игнорираат значи тие воопшто не заслужуваат да си во нивно друштво бидејќи не те знаат каква личност си а не се ни трудат да те запознаат,такви луѓе не ти требаат.. биди трпелива и само напред сигурна сум дека со тек на време ке најдеш право друштво и прави другарки,само биди своја :) поздрав
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    :/

    Проблемот е до тебе девојко мислам дека. На 17 години млада згодна ова е време за шетање дружење, а ти имаш една школска пријателка и толку.
    Неможе да те прифати некое друштво од прво излегување.
    Не може да те прифати некое друштво ако ти си намуртена и со никој не правиш муабет и седиш на страна. Нормално дека не се очекува на прво излегување ти да се смееш, да збориш со нив и да се однесуваш дека сте другарки 100 години, ама разговарај, смеј се, дружи се, биди весела.
    Претпоставувам дека ти со нив излегуваш ради реда, за да не седиш дома, а човек со сила кога ќе излезе не е среќен никогаш.
    Добро може навистина не ги бива девојчињата и не се твој тип. Ама зашто од 30 луѓе во твојот клас ти само со една комуницираш? Што е со другите?
    Верувај никогаш не е доцна. Земи седни со нив, ако те викнат на кафе па и ради реда оди, збори смеј се нека те запознат навистина, а не да молчиш на ќоше. Нормално така никој нема да те викне друг пат.
    Па и што е со девојките од маало.
    Со девојките од основно.
    Пријателствата прифаќајги добронамерно, дружи се со секој, а не да пребираш премногу. Никој не е совршен, и пријателите и партнерите се прифаќаат со нивните доблести и мани.
     
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    :/

    И јас се чувствувам слично.Иако имам две мали друштва, сепак ни во едното, ни во другото не се чувствувам убаво.Само излегувај со било кој од децата што ги знаеш и ќе запознаеш некој кој ти одговара, а до тогаш, би можела да пишуваш дневник-хартијата ќе ги истрпи сите твои проблеми ;)
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    :/

    Девојче, проблемот можеби и не е до тебе. Ок, не дека сто посто не е до тебе, имаш тука и ти малку удел во целава ситуација, како тоа на 17 години си се оставила без друштво? Никогаш не си го имала?

    Изгледа си била од оние типови на девојка што ќе фатат дечко на 15 и ги забораваат другарките, мислат дека веднаш треба озбилно, како во брак да се однесуваат.
    Не знам. Претпоставувам само, со оглед на ситуацијава.
    Друго, можеби друштвото е такво, да не речам љубоморно, прибирливо... верувај има такви личности кои не сакаат да се дружат со голем круг на луѓе, си се сакаат само тие што се, и толку.
    Од искуство ти кажувам, имам такви исфрустрирани другарки, кои не сакаат да запознаваат нови луѓе, на кои се живо и диво им пречи.... ако некоја пријателка (на одредена другарка) излезе со нив, тие преметкаат очи и намерно и ствараат немир за да се почувствува вишок и повеќе да не и текнело да излезе со нив. |( Свашта.

    Е сега, сигурно имаш школски другарки во клас.
    Организирај една школска забава, сите соберете се.... и полека, полека ќе го добиеш тоа што го сакаш.
    Ќе почнете почесто да си се собирате, да се дружите.... кафиња, мафиња.... мада не знам што си правела до сега (веќе трета година средно си, ако не се лажам.)
     
    На lovely91 и maca99 им се допаѓа ова.
  8. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    :/

    Можеби малку грубо ке се изразам! Познавам девојка која нема другарки и дечко, но и знам дека ја избегнуваат само заради тоа што таа оговара и затоа што смрди на пот! Не велам дека ти имаш некој таков проблем ама ако е нешто во врска со тоа потруди се да го решиш пролемот! Не е убаво на твои 17год да немаш друштво. Тоа не е нормално! Ако мислиш дека е нешто до тебе среди го проблемот и се надевам дека ке успееш. Позз
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    :/

    А си имала ли порано другарки па си престанала да се дружиш или цел живот си без некоја поблиска другарка? Не се сите девојки цветови, можеби некому си му грешела па не се дружи со тебе. Мислам објасни ни поопширно да знаеме што поточно да ти кажеме. Подобро да бидеме објективни отколку работите да бидат во твоја корист :)
     
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    :/

    Јас познавам девојче,поточно моја соседка која е срце од човек и убава и паметна и се , ама ете и таа по цели денови е дома и без другарки. Причината пак поради која таа нема е тоа што е ученичка на генарецијата, со сите можни награди и огромна желба за учење. Во клас ја нарекувале бубалица и било срам да се дружиш со таква. Ова малце офф топик е , ама само сакав да доловам дека денес е тешко да бидеш поразличен, макар и по убави нешта. Е сега за тебе и твојот проблем убаво те советувале девојките пред мене. Мора да се опуштиш и не мисли на тоа дека ете никој не те сака и сите се против тебе. Не очекувај да бидеш веднаш прифатена, ами труди се да се здобиеш со нивното пријателство. Биди срдечна и ако треба во прв момент сама сили се, и кога ти е срам кажи нешто, труди се да се вклопиш. А пак ако толку не оди со ова друштво, излези со некое друго. И кај нас дојде другарка на 18 нејзини години и ете од тогаш 6 години си се дружиме екстра. Значи не е касно за нови запознавања, само немој да се затвараш дома. Запиши се на некој курс, јазик, фитнес, танцување, било што, едноставно движи се секаде каде се движи твојата генерација и ќе видиш дека ќе си најдеш некои кои ќе те прифатат. Само без депресии и мрчење и се ќе се среди. ;)
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    :/

    јас во основно бев ист случај. имав две-три школски другарки од маало со кои одев заедно на училиште и со кои си играв по цело лето но денеска не си кажуваме ниту едно здраво. тоа беа девојчиња кои не ми одговараа, беа секогаш скитнани по град, почнаа да излегуваат уште во 8 одделение по дискотеки и јас се дружев со нив само за да си го исполнам времето. другите кои учеа со мене беа сосема океј, и одлични ученички, и од добро семејство, но тие се дружеа сите заедно бидејки имаа далеку повеке пари од мене, јас не знаев што значи одмор во грција, најк патики, или мобилен телефон. Затоа не почувствував дека можам да се вклопам во тоа друштво.
    во средно запознв многу нови другарки и се оформивме големо друштво од 5-6 девојчиња и се беше добро додека една не не скара сите и се распаднавме.
    сега на факултет е сосема друга приказна. научив да му покажам на секој каде му е местото и веке ја нема онаа девојка која неможеше да се вклопи заради финансиската состојба. сега сум она што сум поради мојот карактер. сега јас бирам со кој ке се дружам со кој не, и кој ми одговара а кој не. на факултет имам 3-4 другарки со кои одиме на кафе, со кои се дружам на факултетот. но имам само ЕДНА која можам да ја наречам најдобра другарка во права смисла на зборот. со неа сум од 3-4 годинки заедно но бидејки во основно беше во друго одделение не се дружевме толку, во средно бевме во ист клас и многумина ни љубомореа бидејки од 5-6 девојки колку што бевме во друштвото јас и таа одевме заедно во пакет. сега таа не е во мојот град на факултет но тоа не не спречува во никој случај да бидеме најверни другарки и да се смееме на глупости кои само ние си знаеме што значат. :D

    ова е офтопик знам но мојата поента е да не се грижиш воопшто, што е твое ке си дојде, некогаш друштвото се стекнува на факултет или на работно место. воопшто не се секирај ако не те сака друштвото на другарка ти, некој ден се ке дадат за се дружат со тебе верувај. Оние од основно кои се фуреа поради нивните пари сега ги гледам како ме гледат во град кога сум скоцкана и излезена со дечко ми со кој одам долго време. вријат од љубомора но тоа е. не се секирај се ке биде во ред. :*
     
  12. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    :/

    Moжеби проблемот е што се трудиш премногу да се допаднеш и со тоа го губиш своето јас,или можеби на некој начин си напорна. Единствен совет што можам да ти го дадам е да бидеш своја, да не се наметнуваш, онака да бидеш опуштена,сигурна во себе да си имаш свој став и сигурно ќе си најдеш другарки кои ќе сакаат да го поминуваат времето со тебе. Еве и едно клише, сакај се себеси и верувај во себе за да можат и другите да го направат тоа.
     
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    :/

    Јас пак во основно бев најголемиот аутсајдер и уживав во тоа, да ви кажам искрено. Пишував, слушав музика, правев работи што ме исполнуваат, бев пријатна и фина со сите. Секако бев и осамена, но тоа не го сфаќав како нешто лошо. За среќа, секогаш бев блиска со мама и тато.
    Е дури после си најдов вистински другарки, кога се пронајдов самата себе и кога ми беше угодно во моја кожа. И сега тие пријателства уште траат.
    Биди она што си, прави го она што те исполнува и биди пријатна за друштво. Секогаш имај насмевка на себе. И јас сега имам многу пријатели, но најголемите тајни ги споделувам само со една најблиска и со мама.
    Научи да уживаш во животот и да се сакаш себеси, тоа другите ќе го забележат. :)
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    :/

    Лесно е да и речете дека од 30 души никој не и чини, ама понекогаш, ете така, баш никој не ти чини. Посебно ако е во мал град, еве кај мене, за во средно, сите ги знаев од кое основно беа, само се извртевме по класови - нови фаци јок. Јас се дружам со тие што сум дружела и во основно, иако имам 25 други девојчиња на располагање. Ама ете, не секој секогаш ти одговара. Ако испаднеш со некој таков, тоа ќе биде на сила и не е тоа тоа.

    Еве во втора година, почнаа да се групираат по тоа кој пуши или не. Бидејќи не пушам, останав и заживеав повеќе со тие што не пушат.

    Со тие другарки што ми се бффффф :rofl: се знам... Па, со едната се запознав на еден роденден, немаше со кого да седи, немав ни јас. Бевме мали, 12 години, си седнавме заедно и скроз случајно си се најдовме. Подоцна се запознав и со другата.

    Сепак, да бидам реална - речиси секогаш секој си е сам крив за своите проблеми. Можеби ти си се оддалечила од другарките, може си ги навредила несвесно за нешто. Да ти речам пубертет, ќе мине - речиси ти поминал. Не знам, почни дружи се со сите, не пребирај , не си во позиција да пребираш. Гледај генерација - две, поголеми помали... Ќе се најде некоја и за тебе. :)
     
  15. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    :/

    Имав другарки најдобри и друштво ама моите таканаречени другарки ми извадија секакви муабети и се разделивме и со нив и со друштвото.Јас не сум била ни дел од она што тие го кажаа но останатите им поверува.Тоа покажува дека воопшто не ме знаеле

    Да ме знаеше веднаш ќе сватеше дека не е така,јас со дечкото се гледам поретко,тој е во ск овие неколку месеци.

    Такви се и овие затоа и се чуствувам отфрлена.

    Иначе гледам дека сите имате ист став дека јас сум виновна,да бидам искрена не сум.Се трудам претерано многу,како нивни потрчко бев едно време само за да ме викаат да одам со нив.А и со другите,градот е мал нема со кого,девојките од класот си се групирани и се од село и поретко излегуваат.Другарки имам за другарки ама не онака на некоја да можам да и кажам работи во сигурност,да и се исплачам без да ме исмее...
    Како и да е фала на советите

    ќе замолам да темата биде избришана
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    :/

    Секако дека не си само ти виновна за ова што то се случува. Можеби до сега не ти се погодило друштвото, не е ништо страшно, и не значи дека секогаш ќе биде така. Можно е уште утре да си најдеш другарки, само те советувам да не се откажуваш, да не се затвориш дома никако, биди самоуверена и своја, биди позитивна и насмеана. Запиши се на некој курс, можно е таму да си најдеш другарки со кои ќе имаш заеднички интереси. Ти посакувам среќа!
     
    На Primavera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    :/

    И јас исто сум сама и многу ми е тешко :( Се тешам со тоа што сум уште основно и дека во средно може ке запознаам подобри деца....може е до мене проблемот ама мене тие деца стварно не ми одговараат многу се некако пораснати а јас уште нејкам олку...ке кажете добро па од толку деца ниедно ама сите се исти верувајте...до пред некоја година не беа до толку па повеке се дружев ама сега немам ниедна...не дека не зборам со нив, зборам и искачам некогаш со некои но неможам се да им кажав, што и да им кажам они тоа го злоупотребуваат против мене и ме зезаат дека сум бубалица заради оценките а јас искрено учам максимум пола саат, но учам редовно , а и сега материјалот не ни е тежок , па затоа имам добри оценки...најдобрата другарка која е како мене може да си најде другарки затоа пто има такви , па ај да кажам нормални во нејзино школо и сум искачала со нив и стварно ми било многу интересно, сум се дружела смеела, ај да не кажете може намќор си и се чини како да ме прифаќаат, но не учам со нив и многу ми е тешко затоа што, на екскурзии и часови обично сум сама, освен нели пред тест и за време на тест :^) ...А и не ме викаат толку често за надвор, ок со другарка ми почесто искачам ама не е исто :(
     
  18. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    :/

    Такви случаеви постојат многу, тоа можеме да го видиме и од коментарите погоре. Така да, девојчето што ја отворило темата не е единствена со таков проблем (кога веќе се смета за таков). Точно дека постојат различни случаеви заради кои луѓето може да те избегнуваат (повеќето се веќе наброени во темата). Но ќе се согласам со еден коментар кој вели дека не треба толку да се осудува девојчето.

    Бидејќи некогаш навистина е невозможно да се вклопиш во едно стабилно друштво, особено кога бараш вистинско другарство (а кое денеска ретко може да се пронајде), стабилност, искреност, а од друга страна не сакаш да изиграваш потрчко само за да те прифатат, туку едноставно сакаш тоа само по себе да си дојде.

    Секоја чест на оние кои успеале да изградат едно такво вистинско другарство, но секогаш трудот треба да биде взаемен.
     
    На Primavera и maca99 им се допаѓа ова.
  19. preubavatageisha

    preubavatageisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Сакам да кажам...

    здраво на сите, прилично нов член сум на форумов
    ви пишувам оти ми е навистина премногу тешко
    од која насока да тргнам во зивотот, се наопаку ми оди, и незнам како да си помогнам
    студент сум (така се водам) со факултетот ептен заглавив, а немам финансии да продолзам
    невработена сум,сум била до сега на многу интервјуа
    имав две другарки(ако мозат така да се наречат(едната почна да бега од мене, незнам зошто, а незгодно ми е да разговарам со неа што и пречи кај мене, ништо не казува, а додека се друзевме бев главен иницијатор за излегување, другата се посвети на својот зивот, речиси батали и другарство и се
    (пред малку ми пиша дека уште подарок за роденден не ми купила, а помина месец и нешто од таа дата)
    за дечко не станува збор(од толку промашени врски, си реков е доста е веке) и си создадов еден зид околу срцето, и најчуствителна тема ми е таа (како на рана сол да си додавам, па затоа одбегнувам комуникација со мозни додворувачи) и за да се релаксирам почнав да пешачам сама ко забегана и по кеј и низ центар(а кога ми е тешко, знам и да си промрморам сама со себе во центар или на кеј, сигурно лугето што ме гледаат се прашуваат што ми е :lol:
    се чуствувам ко најсамото суштество на светот, и незнам што да превземам да се смени тоа,
    и заборавив да казам дека кога ке се обидам да запознаам нови другарки, бегаат од мене(ко не дај бозе да имам шуга) а сон ми е да имам друштво како и сите девојчиња. Инаку, во Петок треба да ми вршат едно специфично снимање на дебелото црево(со анестезија ке биде)и многу ми е страв,па кога ке закрепнам, би сакала нешто да сменам во својот зивот-да ми тргне на некој начин дајте ми совет од што да почнам(не знам ни јас) не мозам да поверувам дека ова мене ми се случува, инаку сум била на психолог, и добив совет-клучот е во тебе(пред да тргне вака со "другарките"), и мислев дека ако најдам работа, барем нешто ке се смени-никако да се вработам инаку, и :!: се обидувам постојано за обновување на стари контакти што ги имам на ф.б. од факс, од средно, од осмолетка, ретко кој прави муабет со мене, незнам зошто, се чуствувам ко фалична ;( секој совет е добредојден :)
     
  20. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Неправедно е запоставена темава. Оваа статија навистина треба да се прочита

    http://off.net.mk/links/nabrzinka/12181

    Betablockers, which reduce the physical effects of stress; anti-inflammatory medicine; or even Tylenol—since physical and emotional pain overlap, it turns out that Tylenol can reduce the pain of heartbreak. |(

    И за скршено срце имало лек??? :?: