1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осаменост

Дискусија во 'Психологија' започната од Primavera, 11 мај 2011.

  1. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Многу сум осамена и многу боли-кој осетил знае.
    Другарки за излегување,за кафе,шопинг,муабет,оговарање,шетање,во парк/кино/пицерија...секогаш ке имам....Но сум осамена.Денес ми е роденден и со другарка од одд бевме во трговски,јадевме хамбургри,шетавме по бутици,оговаравме,се смеевме.Додека бевме заедно убаво си поминав,но тоа не е вистинско другарство со мене ги оговара сите од одд,а додека е со други мене ме оговара...Бев осамена.Ми фалеше другарка.Другарка со која што ке можам да бидам отворена и без глума да разговараме искрено да се смееме...Но тоа денес го нема,за жал.
     
    На Indiegurl и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Таа, знам како е. Опкружен си со луѓе, а сепак се чувствуваш осамено.

    Не знам што да те советувам освен да инвестираш малце во другарството. Во постот си напишала оговаравме. Не оговарала само таа. Престани да оговараш како прво. Проста работа со која не вреди да се замараш.
    Дозволи си, докажи дека може да ти се верува. Биди добар пријател, посветувај време на сите.
    Престани да глумиш. Зошто се правиш нешто што не си? Неможеш да очекуваш искрено пријателство кога ни самата не си искрена. Но, внимавај. Немој туку-така да се рафрлаш со работи за себе, бидејќи некој лесно може да го искористи тоа. Биди си порелаксирана. Биди си ти. Не си дозволувај да го изгубиш своето јас и својата личност во пријателството и не само во него, во односите меѓу луѓето. Вистинскиот пријател не го посакува тоа. А овие површинските пријателства, секако дека сакаат ти да се прилагодиш на нив.
    Ако знаеш дека таа те оговара пред други, зошто уште се дружиш со неа? Таа не е вистинскиот човек за вистинско пријателство. А тоа се стекнува. Неможе преку ноќ.

    Биди си тоа што си и обрни внимание на вистинските вредности кои го чинат пријателството. Ретко е денес, да, ама постои. :)
     
    На mihaela55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46

    До некаде си во право..но..дондекаде....Да не глумам? Да сум јас таа која што сум? Тоа не е можно.И не е само таа.Сите ние,луѓето сме такви.Треба од сите да се изолирам? Да не излегувам од дома? Со никој да не се дружам? Ако сите така правиме никој со никого не би се дружел.
     
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Добро цел живот под маска ли планираш да го поминеш?
    Не ти велам да се изолираш, ти велам да бидеш тоа што си.
    За споделување тајни неможеш да веруваш ни на другарка што ја имаш со години. Понекогаш и тие со кои сме се дружече цел живот ни забиваат нож в грб.

    Не, не сме сите такви. Да би биле сите без маска би било многу подобро.
    Сакај се себеси. Зарем сопствениот карактер, сопствената личност ќе си ги отфрлаш?
     
  5. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Да носам маска мој проблем,чао.
    Искрено,не побарав совет од тебе и кога не разбираш те молам не коментирај.
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    ^ |(

    Ова е форум, и нема ти да ми кажуваш дали да коментирам или да не коментирам.
    Си побарала совет - нормално дека ќе има повеќе мислења. Тоа што тебе не ти одговара е друга работа. Ама реалноста е тоа, ти се допаѓало тебе или не.
    Носи си ја, баш ми е гајле.
     
  7. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Не ти кажувам да не коментираш,но не ми требаат твоите совети.Кој рече дека мене не ми одговара?

    И сега,демек ти си светица,па тука солиш памет за јас да бидам јас.. |(
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    И јас бев во таква ситуација, затоа убаво знам. Не знаеш како било кај мене и како е сега и не ја чепкај таа тема.
    Да, не ти одговара да бидеш тоа што си бидејќи се плашиш дека ќе ги изгубиш и тие другарки што ги имаш.
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Хаххаа многу смешно.Си имам две-три другарки и се плашам да не ги изгубам |( .Ајде да плачам ;( ..Извини,молим те ама кој ти го кажа ова жити се? Јас се дружам со сите од одд,со многу од школо,од мое маало и од малото на баба ми.И со сите да се раскарам? Самата да се правам будала? Сите да уживаат,да излегуваат само јас да седам дома? Тоа да си го правиш ти ако ти е толку убаво,ама јас не планирам да се скарам со сите од одд и со пола школо.Со самото ова што го кажа се обиде да ме навредиш,но не ти успеа бидејки знам каков е суров и животот и луѓето.И јас не сум ниту злобна ниту слично како што ти ме нарече туку премолчувам многу работи пред другите и го кажувам тоа што треба да се каже,се однесувам како сите останати,па фала богу јас нема да бидам црната овца.
    Хахха да не ја чепкам таа тема? Ако сакам можам исто како и ти што правиш,но не сум до толку,фала богу.
     
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Ниту те навредив нешто, ниту реков дека имаш две-три другарки. Никој не ти рече да се изолираш и да седиш дома. Ти спомнав за таа што зборувала. Ако не ти одговара - не се дружи. Никој не ти е крив што погрешно сфаќаш. Самата си рече дека немаш другарка пред која не глумиш.
    И не, не седам дома, имам другарки, но за разлика од тебе пред сите сум тоа што сум.

    Ова ти испаѓа ем сакам, ем нејќам. |(
     
  11. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Леле колку си искрена,душичка. |( Навредуваш.Јас така не глумам пред другите,а ти глумиш и затоа не си искрена :x :x .Господее....Дај те молам не се праи светица,демек ти не оговарш,не се смееш лажно и не лажеш кога ке кажеш добро сум.Јас не носам го правам ова затоа што сакам да правам злоба,но не секогаш треба да кажеш се што имаш на душа и не пред секого.
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Да, не оговарам. Која е големата филозофија во ова? Што е толку чудно што не оговарам? Ниту ми е гајле за некој, ниту сакам некој мене да ме оговара. Ако ми е до смеење, ќе се смеам, ако не ми е ќе си ќутам.

    Како некој да те кара да правиш нешто што не ти одговара. Боже сачувај.
    Бараш совет за нешто што не ни сакаш да го надминеш.
     
  13. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Побарав совет? :D Извини мила,ама јас совет не побарав,само пишав во темава,треба да разликуваш,што е барање совет и што е пишување мислење.
     
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Ете го делот за кој ти пишав јас.
    Прашање е.

    Немора да бидеш дрска спрема сите кои сакаат да помогнат, аман.
     
  15. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Не сум дрска спрема тие што сакаат да ми помогнат,а тоа не беше прашање како прашање туку одговор во вид на прашае.Разликувај малку.
     
  16. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Девојче ти ако глумиш пред другарки очекуваш тие да се искрени пред тебе? Е тоа така не оди. Факт е дека некои глумат да, ама тие и немаат многу пријатели. Затоа што глумата секогаш се приметува. Таквото пријателство воопшто не трае. Секако дека треба да се пази што да се збори посебно ако имаш некоја чувствителна другарка но сепак вистината секогаш се кажува. Вака со лаги не оди. Јас немам потреба да глумам пред другарки.
     
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Primavera,и сите останати осамени,секому му се случува,но се си доаѓа на крај на место.
    И јас имав исто мислење,па сега бликам од среќа,имам другарки,добри ми се,да,но како најдобрата,не е ниедна.
    Значи,покрај неа се чуствувам супер,најдобро ме разбира таа.
    Иако со другите комуницирам океј,сепак чуствувам дека не ме разбираат,немаат таков way of thinking,како мене.
    Но се трудам да бидам забавна,секогаш насмеана,си го искажувам моето мислење,па тие нека мислат што сакаат за тоа.
    Кога почнуваат да ми зборуваат,`леле,тоа,нееее!`,им велам `секој има свој вкус,свое мислење` и така,се согласуваат со мене и пак продолжуваме со будалаштините. :D :D
    Ама верувај,на почетокот и мене ми беше така,дур не се зближивме толку.Чуствував и јас некоја мала осаменост,ама сега се е супер.
    И запомнете,
    се што било поминало,и се што ќе биде,ќе помине. :)
     
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека може да се најде некоја личноост што може да размислува на ист начин како мене. Мајка ми е скроз контра, кога и да и побарам совет ме нервира се контра ми кажува од тоа јас што го мислам. Ни со другарка ми од средно немаме исто мислење иако веќе осум години ми е другарка ( ја знам од основно дури), немаме ист начин на размислување. А со другар ми, што знам и он понекогаш знае да ме изнервира ама тоа е луѓе сме, и јас пак кого немам изнервирано. Најмногу мајка ми ме нервира кога се нервирам за нешто знае да ми каже не мисли на глупости и толку, ништо друго само ја сум се многу замарала. Понекогаш ми фали некој добар совет од некој.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Naija

    Naija Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Мене осаменоста ми беше најголем страв. Сум се плашела да не останам сама без друштво или без да засакам некого. Со време се навикнав на овој страв. Едноставно не треба да се има големи очекувања од другите. Секој може да не разочара а за жал нема пријателство без корист. Сакам да се дружам со сите но денес се држам на дистанца. Не се отварам пред луѓето и не се зближувам ко порано. Искрено вака ми е поубаво. Најдов и мир во осаменоста. Не е така се црно и толку лошо колку што звучи. Не може да се надмине стравот но научив како да го контролирам и да не му дозволам да влијае на моите емоции. И не беше лесно потребно е многу време. Најважно е да се остане верен и искрен спрема себеси а потоа следи другото.
     
    На eliesaab и Indiegurl им се допаѓа ова.
  20. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Имам семејство но се чувствувам осамено отфрлено и незадоволно имам љубов(како фигура) но не ја чувствувам имам прегратка но не ја посетувам имам постела но во неа ми студи имам дом запуштен е ја имам слободата но се затворам живеам но не осеќам... Накратко несреќна во бракот:sweat:
     
    На Bille20 и *Amethyst* им се допаѓа ова.