Цел живот се осекјам осамена во смисла на тоа неможам да склучам пријателства со луѓето. Порано ми пречеше многу али јбг во такво општество живееме се е фејк, реалноста е матна.
Порано имав проблем со ова, но некако научив дека и кога сум сама не сум сама, се имам себе си и тоа ми е најдобриот пријател кој некогаш можам да го посакам. Ако некогаш се приметам дека сум баш down, знам што може да ме расположи. Некако стигнав на место во мојот живот каде добро се разбирам себе си и своите постапки, знам кога ме фаќаат будалите и како да се извадам од тоа. Мислам дека најважната инвестиција што можеме да ја направиме е да работиме на самите себеси.
Сите другарки што им верував се многу далеку од мене...Една имав така повозрасна едно 5 години...И по 2 години дружење се омажи...И уште многу такви случки сите си заминувале...Имало едно што ме оставаа намерно и не намерно... По извесно време запознав една другарка која ме научи, да не молам никој..И да ги баталувам по прва грешка.. Па така..Другарката од детство и се налутив, ама реално бевме 24.7 Заедно..Последно време се понашаше од корист, а јас кога и пишувам не враќа..Мислам дека и мајка и не и дозволува со мене, бидејќи сум постара 3 години, и мисли на лошо ја учам..Нејсе не должам..1 година уште не ме бара, не ми пишува а само здраво си викаме кога ќе се сретнеме ама многу ретко 3 пати ја видов само.. Најмногу се дружев со неа сега веќе од мојот крај немам никој, многу би сакала да сме пак заедно Уффф сакам да си ја вратам помошшш!! Во депресија сум
Не се сметам себе за осамена личност. Дури и кога поминувам време сама, знам дека во секој момент има некој што мисли на мене, некој на кого можам секогаш да се потпрам. Самотијата е избор, осаменоста не е. Човек може да ужива во самотијата, но во осаменоста - не верувам дека некој би уживал.
Сама обожавам да сум ,но осамена не сакам да се чувствувам... Сепак моментално иако сум опкружена со луѓе кои наводно ме сакаат јас се чувствувам многу осамено. Единствена светла точка ми е ќерка ми
Искрено не знам што е тоа да си осамен. Колку и да звучи чудно, никогаш ама баш никогаш не сум имала бурен живот со полно луѓе околу мене, другарки, пријатели, комшии. Колку и да звучи лудо јас сама на себе сум си најдобар пријател. Имам семејство, сега омилено другарче ми е син ми . Јас не сум тип на човек кој осаменоста ја дефинира со полно раце луге околу себе. Ако и тогаш се чувствувате осамени, тогаш има некаде проблем. Или не се цените доволно самите себе, или сте во лош круг на луге. Јас најмногу си го сакам семејството од се , за син ми нема потреба да зборувам колку е душа на мојата душа, маж ми, родителите, брат ми се мојот свет ама сепак си сакам ,, осамен дел од денот",откако имам дете го немам тој луксуз за ,, осамени денови", и искрено тоа е дел од денот, кај мене ноќта кога уживам во друштво на самата себе. Знам дека звучи глупо, и не сум личност која треба да насочи ама сите вие кои сте осамени научете да уживате самите со себе, а потоа и со останатите. Самите себе сме си најважни
Никогаш не сум се почуствувала осамено, коа живеев со моите ја ќе тргнам накај соба и татко ми секогаш ми велеше не иди у соба што ќе праиш сама седи ваму со нас најлошо е кога си осамен а јас не можев да го сфатам што сака да каже со тоа осамен, мене топ ми беше и до ден денес не сум се почувствувала осамено. Според мене тоа е некоја духовна димензија, затоа што некој може да е опкружен со луѓе а пак да се чувствува осамено...
Почнав на работа, конечно, и се прилагодив, комуницирам на работа, но не се пронаоѓам, кога ќе дојдам дома се чуствувам толку осамено што не можам да опишам. Плус ги гледам останатите како се дружат и се друштво, а мене никој не ми остана од друштвото, со никого не успеав да станам близок. Сите пријатели ми се преку телефон, а тоа не се сигурни пријателства, веќе имам 26 и тешко ми е што деновите кога бев слободен никаде не излегов, сега немам со кого да се дружам после работа и така си плачам, сфаќам колку сум сам. Одам и во теретана, но со никого не сум се спријателил. Еден од телефонските пријатели ми вика најди си некој за во живо, кога ќе речам дека не можам, никој не ми останал, вели па значи во тебе е проблемот. Па, да можеби во мене е, премногу вложувам кога сакам некој да ми биде пријател, се давам себе си, секогаш достапен, секогаш тука, без граници и сигурно тоа е тоа што ме прави одбивен. А огромна желба ми е тоа, ништо не ме исполнува толку многу како пријатели или љубов. Инаку и цел живот сум интроверт и повлечен, само еден период бев целосно свој и исполнет со себе, а тогаш, не ни барав пријатели, имав низа активности кои ги правев и ми го исполнуваа времето, сепак се појавуваше потреба да поразговарам на теми блиски до моја возраст, но поминуваше. Тоа што сум педер и во мало место ме уништи, сега сум можеби во најдлабока депресија, вистинска депресија, чим толку се жалам и по форумов и самодовербата ми е на 0, осаменоста на највисоко можно ниво и огромно кааење, жалење, зошто не се погоди да излегувам, да шетам, да имам некој кој секогаш ќе биде тука за мене. Историјата на пријателства ми е следна: - кога бев мал имав другар, но не се дружиме бидејќи се задружи со други, а и сега е во странство - потоа тинејџерски години имав некое си друштво во кое воопшто не ме прифатија, до толку што цело време се понижував и сега секаде се понижувам и пред сите - потоа пробав да се спријателам со еден од средно со кого седев во клупа, потоа бевме и цимери, но тој едноставно одбиваше, не сакаше да се дружи со мене, имаше можеби одредени предрасуди - последно дојде короната и преку допишување и такви работи се спријателив со неколку луѓе со кои се слушам повремено, но знам дека не е реално, не го зајакнува другарството, со еден и во се се согласуваме, но кога ќе кажам ти си ми другар се нешто негира, се нешто не било така. Така да јас ете се обидов многу пати, не успеав, можеби треба да ја прифатам самотијата која полека, полека ме убива. Може ќе се спасите од мене ова лето.