1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осветлување на косата со цимет

Дискусија во 'Коса' започната од fifiii, 5 ноември 2013.

  1. fifiii

    fifiii Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пред малку читав рецепт за осветлување на косата со цимет. Го испробал ли некој? Резултати??
    Тој рецепт што го сретнав јас вели вака:
    Измешајте пола шоља мед, шоља вода, 2 мали лажички маслиново масло, и 3 лажици цимет.
    Кога убаво ќе ги измешате состојките, (поубаво е да ставите повеќе цимет за поголем ефект), ставете ја маската по целата должина од косата. Оставете ја да делува четири часа.Косата ќе ви биде мека и нежна, а ќе го постигнете саканиот ефект.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MarryxD

    MarryxD Нов член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    :) Немам слушнато за овој рецепт,јас исто така барав и прочитав дека со лимон свеж да се натопи косата па потоа на сонце да седиш и ќе била посветла
     
  3. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Доколку сакате за нијанса да ја осветлите косата, а притоа не сакатае да ја оштетувате со хемикалии, треба да знаете дека постојат и намирници во нашата кујна кои ќе ни помогнат во таа цел. Лимонот и камилицата најдобро дејствуваат со помош на сонцето, циметот може да ја осветли косата и до три нијанси, а медот содржи ензим кој произведува мала количина на хидроген пероксид кој треба да се спои со маслиново масло. Летото е идеално време за природно осветлување на косата, а светлите тонови наједноставно ќе се постигнат кај косата со жолтeникав пигмент.


    Лимон
    Најпознат природен третман за осветлување на косата е оној со лимонов сок. Помешајте свежо цеден лимонов сок со топла вода во однос 1:1. Мешавината нанесете ја на коса, оставете ја дејствува 10-15 минути и исушете ја на сонце. Сонцето ќе го зголеми дејството на лимонот. Овој третман може да го правите само еднаш неделно.

    Цимет
    Освен лимонот, во осветлување на косата помага и циметот. Помешајте 3 лажици цимет и 4 лажици регенератор за коса, и смесата нанесете ја на косата. Оваа смеса треба да ја оставите да дејствува 4 часа, а косата може да осветли и до три нијанси.

    Камилица
    Направете појак чај од камилица и оставете го да се олади. Косата измијте ја со чајот, а потоа нанесете регенератор кој не се мие, а во кој ќе додаете неколку лажици од чајот. Косата сушете ја на сонце за да може камилицата побрзо да дејствува.

    Мед
    Медот содржи ензим кој произведува ниско ниво на хидроген пероксид кој може да ја осветли косата. Две лажици мед ставете во шолја вода и оставете ги половина час. Потоа додадете 2-3 лажици маслиново масло и таквата смеса нанесете ја на косата. Оставете ја да дејствува еден час, а потоа измијте ја со млака вода. Медот нема значително да ја осветли косата, па затоа можете да го комбинирате со третманите со лимон или цимет.
    :emo:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    Со лимон и цимет имам пробано ама јок , не успешно. :)
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ваууу! :o
    Фала, во иднина (15) ќе пробам. :lol:
    И ми реши еден одговор на прашање. :D
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Епа да ви кажам не се осветлува ни со цимет,ни со мед ни со лимон.Не 2,3 нијанси туку ич.Сум ја држела со саати,на сонце,на темно, на сијалица,абе ништо си остана кафена темна и тоа е.Единствено решение е да измешаш хидроген 9 %,маслиново и рицинусово масло,и кога ќе ти се осветли,да се мачиш да ја вратиш во нормална состојба :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Баш пред неколку денови го пробав тоа со мед,цимет,вода...очајно барав начин да ја осветлам косата природно и го најдов,пробав,таму каде што најдов пишуваше 2 часа да се држи на косата,а претходно еден час да стои смесата.Се направив ама не успешно,не ми ја осветли само ми ја направи многу многу мека. :)
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво јас го имам пробано овој рецепт само што количините беа малце поинакви. Рецептот функционира само што треба да бидеш упорна и уште од одма да нагласам не ја прави плава косата (значи ако природната боја ти е темна оваа маска само нежно ќе ја нијансира косата). Во зависност од природната боја и густината на косата првите резултати може да се забележат после 4 употреба. Дозата на состојките која јас ја имам направено е: 6 лажици деминерализирана вода, 1 лажица мед, половина лажица маслиново масло и една мала лажичка цимет или пак може и ѓумбир. Откако ќе ги помешате убаво сите состојки смесата треба да ја оставите да отстои еден час па потоа ја нанесувате на косата и ја држите најмалку 4 часа (а може и повеќе доколку сте дома и доколку не збудалите со кеса на главата).
    Зошто функционира...затоа што во овие количини медот во допир со деминерализираната вода создава хидроген пероксид меѓутоа во многу мала количина 2 3 % и затоа не го оштетува влакното како на пример хидригенот а згора на тоа медот ја храни косата. Меѓутоа како што напоменав реба да се има трпение затоа што резултатите се постепени и не е возможно драстично осветлување на косата.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и AnimalLover им се допаѓа ова.
  9. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Немојте со лимон да осветлувате коса. Има да се направи кршлива и сува.
    Еднаш пробав и ми требаше многу време да ја оправам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.