1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осветлување на коса

Дискусија во 'Коса' започната од omorfo89, 31 јули 2010.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    има еден препарат кој има за функција да ја измие предходната фарба и наново на природна боја да се работе не е бланш да се разбериме скапичок е мене отприлика до кај рамената и малку подоле ми е должината а ми земаа 1200 ден за миење на црната а после 2-3 дена отидов со природната моја боја и ме направија плавушса со прамени бели и црни а за тоа плус уш те 1500 ден ми земаа отприлика околу 3000 ден ме фати ама за 3 дена од црна станав плава изнијансирана многу е ама си вреди за парите сега барем 5-6 месеци ке си бидам средена во главата и си рачунам 6 месеци по 500 ден фарба за секој месец пак околу 3000 ден пошто густа ми е и ми требаат 2 фарби чаоо
     
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Јас женски еднаш се исфарбав со лешник и ми дојде посветла кафеава,сега еве сум со бојата на коса,плава,па да видам до каква нијанса ќе стигнам :D После ко ќе е готова ќе ви пишам шо бидна :lol: ДАли морков,дали пола коса таква пола таква или нешто нормално :wasntme:


    Едит:
    Епа ми излезе горе во коренот малце посветла и надолу се прелева и долу малце е потемна сепак...Чисто кафеава излезе надолу.

    Шо велите,нареден пат што ме советувате да и направам?
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Дечки, тоа слабиот хидроген што го фалевте дека ја осветлува косата, делува на нефарбана коса?
    Ме спука филм за уште посветла коса, па ме интересира дали би делувало, зашто косата не сум ја фарбала никогаш. Ми беше шатирана еден период, ама сега е скроз паднато. :)
    И колку нијанси отприлика осветлува, една, две - да не излезам морковка некоја на крај, дека плава сум ? :?: :D
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Девојки јас сум фарбана црна.. по грешка така бидна, сакав кафеава ама некако ептеен ми потемни бојата :worried: мислите дека тоа со хидрогенот ќе ми помогне? предходно имав златно плава нијанса на косата, сега сакав кафеава.. па барем до кафеава да ми ја осветли сакам.. мислите ќе ми фати само хидроген на косата дека фарбана црна ми е ? :worried:
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Од неколку ставања посветла нијанса ќе ти дојде


    Не , едини начин да ја осветлиш ти е со деколорант , или на фризер да ти направат одмивка
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    И мене ме спопукаа бубачки да ја осветлам косата со хидроген.
    Очите ми паднаа во 3 сабајле листајќи на нет.
    Таму обично се препорачува многу послаб хидроген - 3 или 6 %, растворен со вода во шишенце, се прска директно на косата и се поминува со крупен чешел, веројатно за да се создаде ефект на вадење прамени, односно шатирано.

    Тука читам се препорачувам 9 или 12% млечен хидроген.

    Ни мое ни твое, јас би земала 6%, според рецептот на девојката со малку маслиново и чичково масло и една жолчка од јајце.
    Само се надевам дека нема да ја направи косата метла и премногу да ја оштети. :^)
    Единствено од тоа ми е страв, за бојата и не ми е.
    Дури и да е утка, ќе ја префарбам, се немам фарбано месец и повеќе.
    :)
     
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам, 9% или 12% хидроген се користи само со фарба. За осветлување на коса имам истражувано многу на нет и секаде пишува дека треба 3% или 6% хидроген. Читав исто за некои преливи за плава коса, за кога е малку подраснат коренот да се замаскира, и секаде пишуваше дека се прави со 3% хидроген, зошто тој најмногу осветлува (ама ова е друго, се става и малку фарба и шампон, па се масира косата, само не знам кој беше соодносот. Нејсе, не е ни битно).

    Значи, колку помал процент е хидрогенот, толку повеќе осветлува. А од лично искуство, бидејќи се фарбам плава, можам да кажам дека со 12% хидроген бојата излегува многу пожолта отколку со 9% или 6%. Мислам дека со 6% или 3% хидроген би требало убаво да се осветли косата, некако во глава си замислувам дека би излегла како осветлена од сонце, некои прамени посветли, некои потемни (ако се исчешла косата со крупен чешел откако ќе се нанесе хидрогенот, што рече Трендафилка) :)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Бидна девојчиња, чмаам со смесата на глава. :D
    Купив млечен хидроген 6% и го помешав со една жолчка од јајце, малку чичково, рицинусово масло и цеден сок од лимон.
    Теткицата во аптека рече да не берам гајле, нема да се оштети косата.
    Па и по некоја логика кога ќе размислам, хидрогените во фарбите се 9 и 12%, а сите знаеме колку ни се оштетува косата, така што 6% нема и да направи некоја белја.
    Едвај чекам да видам колку и како ќе осветли, пишувам импресии. ;)
     
    На Mishela, Sexybaby86 и anabel-a им се допаѓа ова.
  9. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856
    Мене на сонце косава многу ми осветли,уште малку плавуша ќе станам :lol:
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.606
    Допаѓања:
    250.873
    Пол:
    Женски
    Почести не со некое сликиче да видиме како испаднала косата.
    Јас сум фарбана црвенокоса ама ми прават мерак светли прамени низ црвеново. Баш ме интересира дали со ваквата постапка можам да добијам некоја ваква нијанса
     

    Прикачени фајлови:

    • longcopper.jpg
      longcopper.jpg
      Големина на фајлот:
      12,2 KB
      Прегледи:
      742
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Мене па од сонцево косава ми осветли и сега ми се оствари сонот да сум полу-плавуша (ако не и цела плавуша :lol: )
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Еве ме со извештај, значи овој метод за осветлување со хидроген е дефинитивно за природна и нефарбана коса (или барем хемиски нетретирана неколку месеци наназад).
    Се осветли сосем малку, незабележително да не кажам :( а ја држев смесата точно 1 час.

    Можеби ќе има и повидливи резултати со појак хидроген од 9 или 12%, ама мене не ми стиска да ви кажам право.
    Во моментов се трудам да ја опоравам косичката, да има живот и сјај во неа, а хидрогенот малку ја спласна. Среќа што брзо се враќа влакното во форма, иако да ви кажам дека чудно мириса косата после хидрогенот, до третото миење.

    Така што јас не би ви го препорачала ова на фарбаните, нема некој вау ефект, го потсушува влакното, мириса чудно.
    Едноставно не се исплати, барем на мојата коса.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Trendafilka која цена е хидрогенот и од кај го купуваш? Не ми замеравај на прашањава, никогаш до сеа не сум се фарбала или шатирала, сакам да пробам со ова, веќе досадна ми стана косава вака.

    Имам посветла кафена боја на коса, на дневно светло има некои златникави тонови, и од сонцево дополнително ми се осветлува па се а имам некоја смеѓа нијанса, ама да си ја осветлам за две три нијанси супер ке биде.
    колку пати ке треба да го повторам?

    едит трендафилке има ваква слична тема, и во неа пишале дека со 6% хидроген ништо нема да се постигне еве цитат од форумџика користела 12% и ја осветлила уште од првото користење



    да пробам со 12%?
     
  14. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    ^^
    Ова горе нема врска.
    Јас ја имам осветлувано со 9% хидроген.
    Колку е поголем процентот на хидрогенот , толку повеќе осветлува. Прво пробав со 6% никаков резултат,али со 9 за две нијанси ми ја осветли.
     
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Мораш на фризер да одиш. Јас имав црна коса и сега имам темно плава ја добив таа боја што ја сакав и послем фризерката ми кажа каква боја да ставам кога коренот ке ми порасни ама ми е посува сега :(
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    A косата после тоа Талита каква беше на изглед и најважно - на допир?
    Мојата првите 2-3 дена беше бајаги дехидрирана, после се подоправи, ама со шампон, маска, капки, триста чуда.
    Па и си замирисуваше на хидроген така некое време.
    Убаво е да се осветли косата 2 нијанси одеднаш на така едноставен начин, ама не ми се упропастува косата уште еднаш.
    Сакам да имам добра нијанса, ама повеќе сакам да е здрава и сјајна.

    Стварно не ми е логично фарба со 12% хидроген да не ја оштетува толку, колку само хидроген од 6 или 9%.
    Ама кај мене таков беше случајот, комотно можам да кажам дека само со хидрогенот ја почувствував пооштетена, отколку со фарбање.
     
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    За болдираново, мислам дека и е нормално тоа, бидејќи фарбите најчесто содржат некои витамини, алое вера, масло од јојоба и слично, па поради тоа косата и не се оштетува толку многу. Овие состојки колку толку ја потхрануваат, за разлика од ставањето на хидроген само.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    на тие што ви ја оштети...многу ли ја исуши или? бидејки сакам и ја да пробам со хидроген али читајки некако се предомислувам.до сега ја немам фарбано косата ни ништо.сосема ми е природна и мека како свила.незнам дали вопшто вреди да ја осветлувам ако ми ја исуши.
     
  19. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    Имав прочитано дека колку појак хидроген толку повеќе мава на жолто. :?: Е сега колку е точно тоа незнам,па затао да си прашам тука.Сега незнам дали ќе ми биде доволно со 9& хидроген.Имам ваква коса,а сакам да ја направам плава,али ми е страв жолта да не ми испадне.А не сакам да ставам бланш дека многу ке ја оштетам. :worried: Па ако може некој совет.Која фарба,хидроген,колку да ја држам фарбата..?
     

    Прикачени фајлови:

    • lobaa.jpg
      lobaa.jpg
      Големина на фајлот:
      41,1 KB
      Прегледи:
      379
  20. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    ако сакаш да бидеш плава,ќе мораш да се офарбаш,а ако не ти фаќа добро дури и бланш ќе треба да употребиш,или пак постепено со плава фарба па тоа да трае подолго,со секое фарбање да се осветлува.А само со хидроиген нема да станеш плава.