Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осветлување на коса

Дискусија во 'Коса' започната од omorfo89, 31 јули 2010.

  1. smesko.s

    smesko.s Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    jas znam eden mn efektiven nacin se sto e potrebno e malku svinski sapun i mlecen hidrogen moze 9 postoten i 100% vi garantiram deka osvetluva.prvo se renda sapunot pa potoa se nanesuva hidrogenot samo gledajte da ne bide mn tece otkako ce go nanesete na kosata go ostavate dodeka ja dobiete potrebnata boja jas imam probano i deluva za 10 min mi se psvetli samo ne fakja na crna kosa.
     
  2. Milica145

    Milica145 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    ^мојата природна коса, не фарбана не чепната *речиси на денска светлина,
    е сега
    јас сакам вакво нешто
    [​IMG]
    :angel: Што ми препорачувате женски? Фарбање или...
    Ве молам шо е можно побрзо одговорете ми, нестрплива сум :talk:
     

    Прикачени фајлови:

  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.749
    Допаѓања:
    23.270
    Пол:
    Женски
    Моше малку подетално да ми објасниш :)
    Колку сапун се става (колку грама од прилика)?
    И после се меша и одма се нанесува на косата како фарба или....?
     
  4. smesko.s

    smesko.s Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    pa se pravi smesata po tvoja zelba zavisi od toa kolku ti e dolga kosata mozes da kupis 2 sisencinja hidrogen i posle stavas sapun(svinski) i da ne ti bide farbata tecna mnogu po toa mozes da gledas:D
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Девојчиња да ве прашам нешто.
    Ова со лимонот за осветлување на сонце, што не бива - не бива.
    Пробав неколку пати, ама сонцето ме убива, ради глупата алергија на сонце не поминувам баш најдобро со кожава, ем ракче биднувам покрај сите креми со висок фактор, ем ми излегува се и сешто на мене. |(

    Во план имам викендов да одам да ми ја осветлат за неколку нијанси, веќе и закажав за во недела, и имам едно прашање до оние што ја осветлувале нивната некогаш. Имам кафена коса, сакам некоја медова боја, како сликите подоле, и ме интересира дали е доволно со фарба да се постигне ефектот или потребни се и други церемонии и тракатанци, затоа што не сакам да ми се оштети многу, едвај ја доведов во нормала со масла, третмани, маски... Немам живци пак да ја оправувам.

    Еве ми ја природната боја, значи кафена.
    [​IMG]

    Еве како сакам јас да ја осветлам.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  6. vale.96

    vale.96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    10
    имам кафеава коса, но сакам малку да ја направам плава. дали некој знае каде можам да купам фарба, но не за цела коса, туку само на врвовите сакам да ја осветлам
    како dip dyed да дојди
    дали се продава, или треба да одам на фризер да прашам? :) еве на сликите видете на шо мислам :D
     

    Прикачени фајлови:

    • tumblr_m67366lcMx1qgyggko1_400.jpg
      tumblr_m67366lcMx1qgyggko1_400.jpg
      Големина на фајлот:
      275,4 KB
      Прегледи:
      199
    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      78,7 KB
      Прегледи:
      198
    • large.png
      large.png
      Големина на фајлот:
      299,9 KB
      Прегледи:
      195
    • large (1).jpg
      large (1).jpg
      Големина на фајлот:
      51,4 KB
      Прегледи:
      197
    • large (2).jpg
      large (2).jpg
      Големина на фајлот:
      91,3 KB
      Прегледи:
      198
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.198
    Пол:
    Женски
    Анабелке, мислам дека ваква боја ќе постигнеш успешно како што си замислила, со мешање на неколку посветли нијанси. Само немој да ја бланшираш, прекрасна коса имаш, не дозволувај да ти ја уништат во два потези и гледај да го извлечеш најмалото зло - да поминеш само со фарба без бланширања и глупости. Така да, распрашај се убаво што како, дали бива вака ал не бива. :D
    Ако нема друго чаре, пробај, ма да мислам дека не би имало проблем воопшто. :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    А знаеш Мишела правам со фризеркава муабет на телефон за закажување, и ја прашувам нормално според кој принцип ќе идеме, со бланш, фарба, како поточно за да си знам и планирам, и ни две ни три ми вика - ај сега ти ли си фризерка, ќе одлучам тогаш. |( пута 1000000000!!!

    Да не ја фалеа толку и да не ми беше првенче со фарбиве, немаше да ме види таму гуската.

    Фала ти за одговорот, ми влеа доза надеж.
    :D
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Анабел-а, кога те гледам на првата слика, колку убава боја на коса имаш, не знам зошто да си ја оштетуваш !!! :x
    Знам дека сакаш промени, сите сакаме, ама косата и бојата ти се најпрекрасни и многу убаво ти стои. :inlove:
    Не за џабе Господ те создал со таква боја. :$

    Да ја осветлиш е лесно, ама после ќе ти се прават портокалови, црвеникави прамени, ќе треба многу да ја тинтриш за да ти е убава.

    Јас порано ја осветлив така што ставив директно плава боја (без бланш), а имав како твојата коса. И самата излезе медова. Потоа на сонцето се направи златеста. Многу ми беше убава, ама и многу се изгори и почна да ми паѓа.

    Ова лето ја осветлив малку со лимон. (од иштаф. :lol: )Ставаш лимон на коса и си седиш на сонце неколку саати. Е, бавно и досадно, ама е поздраво демек.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.198
    Пол:
    Женски
    ^ Да, се согласувам дека природната боја си е најдобра за секого, но никогаш не можеш да знаеш дали ти стои или не ако не си пробаш. :)
    Јас пред неколку години правев нијансирање, шатирање - како сакате, со фарба. Бланш никако, плус многу вештачко ми изгледаат прамените со бланш дури и на природни плавуши, вака со фарба една нијанса посветла од мојата природна боја стоеше преубаво и не делеше речиси воопшто кога порасна косата.
    Како и да е, мислам дека на Анабела ќе ѝ стои медова нијанса зашто има блед тен, ама мааалку потемна од онаа на сликата, само за нијанса. :)
    Пробај си, па и р'жни и малку на госпожата фризерка - па ти си плаќаш бре, да не забушава многу многу. :D
     
    На OmniaVanitas и careless123 им се допаѓа ова.
  11. careless123

    careless123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Vaka bev farbana crna pred okolu 5/6 meseci ..pochnuvam da se obiduvam da ja izvadam crnava boja,znam deka kje bide teshko no nekako probuvam ... otsjajot pochnuva da mi bide kafen ..ama korenot i 3 prsta podolu mi e bash ona kafena boja a dr..nadole se mi e temno ..pa sakam da ve prasham kako mozham da go osvetlam barem do temno kafena nijansa da dojdam ama bez upotreba na blanz bidejki imam dolga kosa do polovina i nesakam da ja oshtetam .. fala vi odnapred se nadevam imate nekoj sovet da mi dadete
     
  12. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Девојки ми треба совет..
    Во мојов случај се работи за осветлување на омбре. Пред 1 недела ми ја правеа на фризер со фарба и ми испадна светло кафена,мед боја и не дека не ми се свиѓа туку сакам барем врвовите 2-3 нијанси посветло. Дали би можела со хидроген да ги осветлам и како би била постапката ме интересира? :)
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.399
    Допаѓања:
    42.142
    Пол:
    Женски
    И јас нешти во последно време размислувам за промена.Е сега во живот се немам фарбано или шатирано или било што, последен пат кога бев очајна за промена од огромна коса се ишишав боб и сега немам намера пак, ама ми треба промена.Размислував да ја осветлам на врвовите, да го испробам фамозниов тренд омбре, арно ама не можам да се одлучам која варијанта би ми била најдобра.
    Еве ви слика од сегашната состојба во спојлер(малку ми е подолга сега, некаде до градите) и од она помеѓу кое се мислам, па поискусните ако може нека ми дадат совет.

    [​IMG]
    [​IMG]


    Инаку косата ми е права, ама немав соодветна слика каде најмногу доаѓа до израз, но ја носам често вака.
     

    Прикачени фајлови:

  14. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Vcera se isfarbav plava ama nekako mi izleze zolta/portokalova inaku imav kafeava kosa sakam da ja osvetlam da ne mi bide zolta sto da i stavam ?? ne sakam pak da ja farbam ili da stavam prameni nesto sto mozam jas sama da go podgotvam aj pomos :)
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.089
    Пол:
    Женски

    Колку и пати да се исфарбаш плава нема ништо да се смени, ке удира на портокалово , оди си на фризер , многу е тешко дома да се фарбаш плава јас се зезнав така 14 пати се фарбав за да добијам плава и ништо не се смени и баталив се и си се вратив црнокоса :) не си играј со косата и никако сама да ставаш бланшеви сама дома, на фризер знаат колку врме и да стои бланшот и колку се става зависи каква ти е бојата итн
     
  16. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Епа девојки и кај мене е истата приказна како кај 1209 само што јас не планирам омбре него да извадам посветли прамени околу лицето. Формата и природната боја на косата ми е иста како на Лејтон што и е на сликава , а и прамениве сакам таква боја да ми бидат како кај неа. Е сега јас веќе закажав значи истава слика ќе и ја покажам и на фризерката само ме интересира пред да отидам да знам, дали ќе може така само со фарба да се постигне таа нијанса или ќе треба и бланширање?
    [​IMG]
     
  17. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Да ви кажам мене како ми се осветли косата.. Бев на море и ке ја намокрев косата со солената вода,ке седнев на најјакото сонце,ем се сончам ем косата ми се осветлува и така барем саат-саатипол седам на сонце.. Косата ми се осветли за 2-3 нијанси и повеќе си ја сакам.. :)
     
  18. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85

    И јас така ја осветлив, но и ставав и сок од лимон па си ја вратив бојата од детството на некои прамени црвенкасти што ми се, сега уште да ми остани така цело време :lol: не сакам да ја фарбам :)
     
  19. Daisy10

    Daisy10 Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Што ја оштетува повеќе косата, бланш или хидроген?

    -Мислев онака само хидроген да ставиш да ти се осветли косата.
    -Мислење?
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Здраво

    Како ја извади црната фарба па ја обоја плава?