Девојки, од што може да ми се осветлува косата. Не ми е фарбана природно ми е црна, ама почнува од врвовите нагоре да станува кафена. Вака ко шатирана да ми е. Инаку ја мијам на два дена.
Види во Белеца, Кисела Вода, карши Бас кафе, продаваат препарати за фризерници но можеш да си купиш самостојно што ти треба.
Zdravo.devojki mi tteba sovet kosata mi e sredno kafeava sakam edna nijansa posvetla dali e mozno so garnier farba da se isfarbam.doma So nude garnier...da ja farbam.dali.ke fane farbana e mojata kosa
Сакам да прашам дали некој пробал да се бланшира со бланшот растворен со вода не со хидроген и каква нојанса се добива.
Девојки, здраво, нова сум овде. Сакав да прашам дали знаете каде може да осветлам коса? Црна, фарбана. И која цена се движат. Ви благодарам
Јас извадов црвена фарба пред некој ден. Презадоволна сум од резултатот, а како ќе биде со тек на време, допрва ќе видам. На фризер бев во Прилеп, ако ти одговара, пиши ми лп, ќе ти кажам подетално. Во однос на цена, веројатно зависи од тоа колку работа и колку материјал за работа се троши.
Не можам да ти пишам, инаку од Скопје сум. Кога ќе дојдам накај Прилеп, летово те барам. Искуство со Бубе Студио Ин, за деколорирање коса?
Истото ми се случи и мене Сега ја скратив скроз А се исфарбав со фарба 4.8 мислев нема да фати толку темно врз шатираното ама испадна пак катран црна
Сакам да правам прамени на косата пред одмор 10тина дена бидејќи како на пола различна ми доаѓа сега од последен пат што ја правев. Кажете ми какво искуство имате дали се оштетува косата повеќе или исто е? Сепак планирам користење маска на плажа со цел да спречам сушење.
Јас да сум на твое место откако ќе се вратам би ја средувала. Барем јас така правам секогаш. Од сонцето и таа се гори, па така после одмор поубаво ќе ја освежиш.
И јас го делам истото мислење. После одмор малце шишање за да се освежи од сол и сонце и можеш да си направиш прамени
Kosata pocna da mi e bez sjaj.Ja farbam kosten boja.No neznam kade gresam,zosto nema sjaj.Nekoja preporaka ,sovet?