Осветлување на коса

Дискусија во 'Коса' започната од omorfo89, 31 јули 2010.

  1. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    10.163
    Пол:
    Женски
    Најсветла нијанса, црна:D

    Тој хидроген во практика служи исклучиво за црна фарба. Но и таа во поголемиот дел од времето оди со 6%.

    Е сега, да те прашам.

    1. Која ти е природна боја (од 1-10, слика подоле ќе прикачам) и дали имаш бели влакна?

    2. Дали ја имаш фарбано (ако да, со која фарба) или бланширано?

    3. Каква нијанса сакаш да добиеш отприлика од сликава подоле?

    Screenshot_20250508_230043_Google.jpg
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pepsii

    Pepsii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Да но колку се трајни тие колор шампони? Сакам да не паѓа бојата при миењето веднаш, туку барем два три месеци да држи, инаку не, Не сакам да ја осветлувам косата, туку само да ги покријам белите влакна, немам многу бели но тие што ги имам.

    1. Природната боја според сликава ми е 4.0. :) имам бели влакна малку, кога би се фарбала би сакала да ги покријам белите влакна, сеедно ми е со која фарба не морам да ја осветлувам, но преферабилно би било со најсветлата нијанса што се добива од 3% хидроген. Можеби костенлива? Или како мојава природна боја некоја нијанса?
    2. Ја немам фарбано досега(пред 8 години последно се шатирав но од тогаш еве веќе 8 години не сум се фарбала ниту шатирала, имам малку бели влакна)
    3. Сеедно ми е за нијансата на бојата, но би сакала да ја фарбам со 3% хидроген зошто не сакам со јак хидроген осетлива ми е и ми паѓа од појаки хемикалии. :) фала на одговорот
     
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    10.163
    Пол:
    Женски
    Епа вака. Твојата коса би можела до 7 да оди без проблем. 8 и 9 се дискутабилни и би зависело само од твојата коса дали ќе фатат од прва.

    3% хидроген, ако сакаш да добиеш асална боја, не се користи. На било која да и ја ставиш тројката, ќе ти испадне драстично многу потемна боја од таа нијанса која е наменета да биде. Пример на 8-ца да и ја лупнеш таа, костенлива би испаднала.

    До 7 боите ќе ги работиш со 6% хидроген.

    Ако се обидуваш со 8 и 9, за нив се користи 6% или 9%. Да не ме разбереш погрешно, двата во исто време никако, или 6-ка или 9-ка. И повторно ќе кажам, зависи колку имаш намера да ја осветлиш косата. Ако сакаш на посветло да удира, тогаш со 9%.

    Вака е правилно, ти секако можеш да си експериментираш со 3%, но сигурна сум дека нема да го добиеш посакуваниот резултат. Ако си се одлучила веќе да се фарбаш со трајни бои, тогаш ти препорачувам истите да ги користиш со процент на хидроген кој е наменет за нив.

    Исто би додала, ако купуваш фарба со хидроген во кутијата, тој да го користиш.

    Ако ти осетлива косата, тогаш побарај си алтернативи на трајна фарба. 3% хидроген нема да ја спаси, само повеќе штета ќе направи.
    Ако сакаш само да ги покриеш, тогаш ќе ставиш фарба која ти е најблиску до природната боја. И не би ти препорачала да користиш 3%. Ако толку ти е желба да се фарбаш со толку низок процент на хидроген, единствена опција ти е црна боја.

    Со колор шампони немам искуство, но не ми делува дека би траеле повеќе од неколку миења, а прашање е и толку.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pepsii

    Pepsii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Не ми е битно мене да ја осветлувам косата, битно ми е да ги покријам белите влакна, ќе си пробам со 3% хидроген, да де нормално дека тој што е во кутијата со фарбата ќе го користам па што испадне испадне, можеби добро ќе ми стои црна коса,не значи дека посветла боја би ми стоела подобро, ќе си пробам. Прашањето ми беше дали некој знае кои нијанси на фарби се со 3% хидроген во кутијата, зошто на самата фарба на кутијата не пишува процент на хидроген туку морам да ја отворам кутијата па да видам.
     
  5. Zulejha993*

    Zulejha993* Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво, видов од членката во врска со фарбањето и споделивте искиство. Мојата е приближна на 06 на сликата што ја имате. Сега сакам да ја осветлувам постепено ама никако бланш бидејки имам ставано ама полека ја шишам да испадне сега сакам со фарба само. Фарба на еволушен 11.11 е сега незнам колку % хидроген ?
     
  6. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    10.163
    Пол:
    Женски
    Исклучиво 9%. За таа бројка во домашни услови не би ти препорачала ништо ни под, ни над тоа.
     
    На Zulejha993* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zulejha993*

    Zulejha993* Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу , одприлика која нијанса пи испаднало?
     
  8. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    10.163
    Пол:
    Женски
    До 8 без проблем би ти одела, од 9 нагоре зависи до твојата коса, ма да мислам дека е многу од прво ставање на фарба.
     
    На Zulejha993* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zulejha993*

    Zulejha993* Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Добро да не очекувам нешто уау, наредни фарбање постепено.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.