Заборавив да ја споменам Мила Кунис, сега беше во кадар. Каква убавица Дина 4 оскари до сега има така?
Мила е прекрасна, се сложувам. Иначе зошто некои категории додедка најават, веќе им ги даваат наградите? Ептен несвечено некако.
Истото и јас го помислив, ептен избрзано некако, па и сцената ми е чудна, мала и негламурозна…ова кругчето напред. Ја гледам Никол Кидман напред седи и кога има луѓе на бина од што е толку блиску врат ќе искриви, ми се чини дека не и е удобро, мене не би ми било.
Зошто даваат стари настапи? На секој настап дремнувам по две минути, предосадни се. И ме интересира зошто песнава на Били е номинирана годинава, кога излезе уште пред пандемијата? Најверојатната Кода ќе го земе и Best Picture.
Да. Што е најтрагично он се смееше на шалата, не знам што му се уврте во глава во рок од три секунди. Ич не сакав да земе наградата... Честитки за Кода, не е лош филмот. Оскариве никогаш не биле подосадни.
Може recap да направи некој со победниците? Толку ми се спиеше синоќа, а баш сакав да најдам некаде онлајн да следам. Штета, последниве две години некако не е тоа тоа, немам време ни да следам ни да ги гледам сите номинирани филмови. The power of the dog ми беше најдобар од тие неколку што ги погледнав. Сега ќе побарам нешто повеќе, вие што сте гледале пишете, стајте некоја слика од ред карпет. Нашиве воопшто немаа пренос? Ај може негде ќе најдам снимка да изгледам поручек на раат.
МРТ 1 ги пренесувале оскарите и би требало да емитуваат снимка некоја вечер претстојнава седмица, таква барем беше праксата минатите години. Едит - Утре во 20.45, така пишува во програмата.
Еве листа. Јас искрено не би ти препорачал да губиш три и пол саати на цело шоу. Освен настапот на We Don't Talk About Bruno, кој мислам дека повеќе заслужуваше Оскар од No Time To Die, друго ништо интересно не можам да издвојам. А да, и крајот кога Лејди Гага на Лајза Минели ѝ шепна: I got you и Лајза ѝ возврати со: I know. Ептен ми падна жал за Лајза. Другото, overall, ептен скромно, да не речам бедно.
Секоја година се помалку популарност има околу Оскариве, а искрена да бидам и мене што обожавав да ги гледам ми стануваат досадни. Па дури и тука се помалку се коментира... Издвоив неколку слики од аутфитите Како топ 1 ми е Zendaya оваа година. Kristen лошо. Alana ми е многу симпатична. Jessica солидно. Regina ми е многу симпатична како актер, креацијата ми се допадна освен бојата. Мислам дека класична црна, или било која друга боја ќе беше подобар избор сем кафена. Ariana чинам носеше една од подобрите креации. Mila ми е многу слатка, ама мислам дека креацијава и е промашена, оти некако прави да изгледа пониска од што е... Venus & Serena воопшто не ми се допаднаа. Ваква розевка наметка без потпунки на рамена, носам на плажа. Uma никогаш не ми била омилена, ама имала далеку подобри излагања. Знам дека се што носат е брендирано и скапо, ама овој аутфит ми дава вајб на оние што ги носеа жените на побогатите семејства во Македонските народни приказни. Maddie класика. Знам дека Don't look up, беше еден од хитовите од самото излагање, ама мене лично ми беше страшно предолг, предосаден и нереален и мило ми е што не зема Оскар за најдобар филм. Веројатно и сите ја видовте шлаканицата што прелета на сцена оваа година, или барем прочитавте за неа. Вил никогаш не сум го сакала, сеа не го ни почитувам. Нема оправдување за тој инцидент, прво оти на невкусна шала не се одговара со насилство, второ оти и сам зајде од смеење дур не виде дека жена му превртува очи. Шегата беше скроз невкусна и апсолутно нема оправдување за Крис, ама Вил ќе го почитував многу повеќе ако откако го прими Оскарот ќе побараше јавно извинување. Покрај тоа имаше и други доста невкусни шали на сметка на гостите од страна на презентерките. Она вчера повеќе личеше на ефтин обид за стенд ап, отколку на Оскари. Секоја година се победна организација, па и не е чудо што популарноста паѓа.
Шлаканицата живи мизерии беше Не знам зошто не го отстранија од церемонијата. Испадна ‘јака’ мажетина Бруки живи
Филмов што зема оскар не го изгледав, ако го гледал некој нека пише дали да се троши време на него. Модата генерално не ми се допадна, ама и се е некако веќе видено и досадно... Ништо конкретно не ми се истакна. Да, досадни се и само подосадни стануваат. Којзнае дали воопшто ќе се оправат. За шлаканицата од Вил немам коментар, никој да не изреагира, да не го отстранат, ништо... Дали тоа значи дека на секој еден што не му се допаѓа шегата, или го здоболи, може да стане и да му влепи шлаканица на водителот? Мене некако така ми стои со ова, па ќе се извини после и ајт, никому ништо. Можеше многу попаметно да се изведе сетоа тоа и да се осуди шегата подоцна, да се стави на тапет фактот дека не е во ред воопшто да се шегува некој за болест и тука да се повлече граница. Ама не, ќе се шамараат во сред Долби, на Оскари и никому ништо.
Дали јас видов тоа што видов? Ниту следев Оскари ниту знам кои филмови и актери се номинирани, дојдов само за сеирот. Веќе некое време се приметува дека Вил Смит забегува, на сите последни интервјуа или ватевер кога сум го гледала на тв ми било некако очигледно дека нешто не е во ред со него, ама ова врв. Конечно треба да му заврши кариерата пошто и онака му се влечи по земја плус драмите приватни по дома, од најомилен пар и фамилија во Холивуд станаа одвратни за гледање и слушање. Нека ги снема тотално, заслужуваат. И дали на крај добил овации од публиката? Да се знае дека селандра до селандра собрани.
Еве, да не се повторувам. Ако го гледаш, обавезно со превод на знаковниот јазик. @Bridget, што им се дешава по дома? Јас ич не ги следам нив ко фамилија. Вчера на твитер читав коментари дека сигурно вака и по дома се тепале.
Филмот е супер, го гледав уште летоска кога излезе и од тогаш само се жалам дека нема асален филм, сè што излезе во меѓувреме ми беше катастрофа. Ама ова филмче... прекрасно! Не ни знаев дека е номиниран, супер штом доби за најдобар филм. А удар... смешки. Можеше да искористи прилика после тоа кога се заблагодаруваше за наградата да каже што мисли и да го срамни од земја Рок, ама јбг, сељак.
Па целата сврха усвари беше во тоа. Се наместено за да се збори и пишува, инаку никој не ги гледа ни оскарите веќе.