Не дека следам и јас ама ми излегуваа по портали, ќе се разведуваат, не се разведуваат, се изневеруваат, не се изнаверуваат, ваков брак, онаков брак, филозофии ко да ми е гајле што им се дешава по дома. Него го гледав нешто ко спиритуален коуч сакаше да глуми, мочко. Не знам, антипатични ми станаа ептен.
Јас колку што знам, единствениот „проблем“ е што се во отворен брак, немам слушнато за насилство или некаква злоупотреба. Ама тоа им е доволно контроверзно на пошироката јавност, дури и споредуваат у стил како дозволувал да иде со други, а не дозволува шега на сметка на нејзината болест. Мене искрено ми е преку глава од вакви edgy комичари без никаков осет и граница за што се шалат, стварно треба некој да им покаже кај им е местото, ама сепак не на ваков начин. Што се однесува до филмовите, ги имав гледано само Dune, The Lost Daughter, The Tragedy of Macbeth и норвешкиот The Worst Person in the World, сега отпосле планирам да ги видам и CODA, Encanto и Spencer. Најголемо разочарување ми беше што The French Dispatch не доби ниедна номинација, мене лично баш ми ја одбележа годината.
И јас да сум на местото на Вил Смит исто би постапил Доста паметните попуштаја не изгазија едни глупи пицајзли
Среќа Џервејс не се нашол во иста соба со Вил, на интензивна сигурно ќе го пратеше. Не сте ми јасни со делот за хуморот и комичарите. Сите, апсолутно сите прават вакви шеги. Дали воопшто гледате стендапи? Арно не го собраа и нему и жена му од салата и Крис да им залепи дебела тужба.
Не би требало да се прави шала на сметка на здравствена состојба. Крис ја претера. Ама и Вил не требаше со тупаница да изреагира, доволно ќе беше коментар. Двете страни ја претераа мислам.
Да беше тоа во ред ќе бевме исти со животните.И тие не знаат како да го контролираат својот бес.Не знам од кога е дозволено кој што сака да прави па и на оскари шамари да се маваат.Вил Смит ми е фаворит и е добар актер ама ова не може да помине неказнето. Плус - шегата не беше до толку за тој да стане и да му лупне една. Јес да со нервите има проблем чоеков ама сепак, оскари се, една културна манифестација, барем требаше да биде културна.
Да али Џада е пропала актерка со огромно его која глуми Ројал фемили со маж и ради стара слава иако се свесни дека веќе долго време се тотално небитни. Егоманијаци со тапија.
Епа ај ако е така да го спукаме секој кој ќе каже заебанција што нема да ни се допадне Ниско. Многу ниско беше тоа.
Приватно не ги следам по социјални мрежи и не знам што и каков живот водат. Но, Вил очигледно си има некои здравствени проблеми, бар со ароганција и лутина. Битно и Фемина си објави како си пошле на забава после оскарите. Мене ме фати срам од неговото понашање, ама оние се толку надвор од реалност што мака немаат.
Едно непопуларно мислење. Оскарите ги гледам само поради црвениот тепих. Колку и да има модни грешки, се прашувам кога кај нас ќе дојди 21ви век? Толку природно и елегантно изгледаат и мажи и жени, од шминка, коса, се', ама се свои, без преправајнци. Во споредба со трендот овде на Балканот, сите исти како од еден калап, се надевам дека ќе научиме малку шо е кич. Колку и да не ми се омилени Американците, опасни се за вакви работи.
Ќе бевме исто ко животните??? Некои луѓе можат само да учат од животните, вакви што исмејуваат само ќотек и паметните се молат повеќе да не попуштаат
Да не беа глупостите околу шамарот, мислам дека не ќе имаше што да се зборува за овогодинешните Оскари)) И јас сабајле видов дека имало. Немав поима дека се. Добар дел од номинираните филмови ми беа лоши. Don't look up е катастрофа. Ефтина и глупа приказна, без никаква посебна порака, содржина, дијалози...било каква уметничка вредност. Баш, баш ефтина и глупа приказна со куп познати и скапи актери. Dune ми е уметност од аспект на кадрите, музиката, костимите... Иначе ми беше досаден. Кода.. не го ни гледав, а гледам куп Оскари добил. Видов трејлер и ништо не ме првилече. Drive my car го гледав и ми беше интересен. Не е нешто вау. Според книга на Мураками е. За шамарот.. и мене ми беше чудно дека Вил Смит прво се смееше, додека Џеда превртуваше очи. Помислив наместено е... И мене ама, преку таквото ми е од стенд ап комичари со тој тип шегички.
Мене не ми се верува дека се уште постојат луѓе шо оправдуваат, или наоѓаат било каква причина да оправдаат насилство, па уште и на национална телевизија. Дури и да беше staged, ептен евтин начин Академијата да привлече внимание и гледаност. Will наместо да се “спротивстави” на смешката преку поттикнување на свеста за алопеција и добро да го закопа Chris, тој најдобрата опција ја избра, дно дна е во последно. BTW, Chris Rock е комичар и на водителите на вакви манифестации цел им е да кажуваат смешки и вицови, дури и за сензитивни теми шо колку толку помага во дестигматизација. Увреџени, grow up. Инаку оваа година, можеби најслаба во однос на номинации за најдобар филм. Некако од ниту еден не бев импресиониран. Иако сите ги изгледав, не ги гледав оскарите.
Хмм...без порака . Баш на повеќе начини може да се интерпретира, со многу пораки. Инаку јас мислам дека делов со Вил е исцениран. Иако помислив дека беше заслужено, сега мислам дека сѐ си смислиле за да има малку драма и повеќе внимание(со оглед на тоа што паѓа популарноста како што спомнавте и вие).
Само жената знае низ што поминува со таа состојба. Воопшто не поддржувам шеги за здравствена состојба. Ниско, невоспитано и некоректно. Но и реакцијата на Вил е крш. Можеше да излезе и да каже 2 3 реченици со што ќе подигне свест за состојбата итн, а не да се шамараат на сцена. Во најмала рака е исценирано, ама невкусно