Основни слободи и права на човекот за време на вонредна состојба

Discussion in 'Коронавирус' started by BoaVista, Apr 13, 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,803
    Likes Received:
    274,726
    Не сум мед.лице и имам ограничени познавања од медицина, од тоа што јас го знам, реално, доколку сме заштитени и јас и продавачката, шансите да се разболеме една од друга се скоро никакви.
    Освен тоа, треба да сме навистина блиску, буквално да и' дишам во лице или пак да кивнам или се накашлам.

    Мое мислење, кое не мора да е точно секако, е дека луѓето префаќаат едни од други буквално на ваков начин - непосреден контакт.
     
    Tan4ence and BoaVista like this.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    Не ги врти работите како на тебе ти одговараат. Ти поставив конкретно прашање како тоа твоето право на приватност е побитно од моето право на живот? Кога ќе одговориш ќе видиш зашто не се глупаво поставени законоте и правилниците.
     
    fana, buba4e89 and mkdvesna like this.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,909
    Likes Received:
    36,745
    Gender:
    Female
    Ти ги вртиш, не јас. Еве пак ќе те прашам, како се одредува дали лажам за контакти или просто не сум се сетила на сите контакти? За кој временски период се работи? Кој одредува и проценува дали лажам или не?
    Ова е тоа што е глупаво и глупаво поставено, за кое што и јас се бунам. Наместо да се оди со фин и културен пристап, се оди со закани и сеење страв.
    За твое инфо, јас секако би кажала контакти, да не ме мислиш неодговорна де. Ама не затоа што морам законски, туку затоа што сметам дека е исправно ;)
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,803
    Likes Received:
    274,726
    Комшијата Петре се сретнал и со други, не само со тебе, ако било каде одел со лифт :)

    Ако убаво ја разбрав Боа, се мисли на настани кои реално само ако сакаме да ги заборавиме - ги забораваме.

    На пример, јас да "заборавам" дека сум била кај комшиката на кафе, на баба ми сум и' однела намирници, ама и сум поседела со неа, со другарка ми на клупа сме седнале на една цигара. Тоа се ситуации кои би требало да ги паметиме, е сега, не верувам дека може некој да докаже дека другаркава баш од мене се заразила (може и со други на клупа седела нели).

    Мислам дека е казниво намерно да одиш и да шириш зарази, како копитата што киваа и кашлаа во лице на рандом луѓе, или да знаеш дека си болна (а во дадениов случај ако си болна казниво е што воопшто си во контакт со некој) ама намерно не се изолираш.
    Ако не е вака поставено, ќе треба сите болни да бидат лишени од слобода додека оздрават, што е незамисливо.

    Зошто луѓето би криеле контакти уште не ми е јасно, бидејќи за доброто на сите е да ги кажеш ако си веќе болен.
     
    1209, DAngel and An-na like this.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,332
    За апликацијата се зборува?
    Нема врска океј.
    Мене не ми е јасно едно.
    Океј ќе ја симнам еве. Нека ме следат, ајде ќе прифатам.
    Ама јас можам да одберам дека не сум заразена, а да не знам дека сум и да заразам друг несвесно, а на него да не му покаже телефонот зашто јас не сум стиснала дека сум заразена. И што фајде тогаш?
    Ако веќе знаеш дека си заразен не треба да се движиш воопшто, а не да кликнеш на телефон дека си позитивен и да шеташ и на другите да им титкаат телефоните.
     
    Just.do.it likes this.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,909
    Likes Received:
    36,745
    Gender:
    Female
    Се согласувам со се што пиша, затоа и на Кондратенко им пишаа кривична (со право)
    Ама, да ме казнат кривично затоа што не сум се сетила на сите контакти просто ми е “смешно” Тоа ми е целава поента. Правилникот или законот (ако ги има) вриштат од можни злоупотреби.
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    Кога на прашање се одговара со прашање ондак асоцира дека се сака да се избегне одговорот. Милион прашања одговорив низ темава, мислењата стојат и во двете теми, се гледа кој цело време ги извртува постовите како му одговара.
     
    JuLleE, buba4e89 and mkdvesna like this.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,803
    Likes Received:
    274,726
    Апликацијата е дел од муабетот.
    Општа дискусија е за нашите права во ситуацијава.
    Дел од нив важеа пред неа, а ќе важат и после неа, па убаво е да си знаеме :)
     
    Tan4ence likes this.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,803
    Likes Received:
    274,726
    Па нема да те казнат за што не си се сетила дека си мафнала на комшијата :)
    Ама ќе те казнат ако лажеш и замајуваш како господинот сељак Кондратенко или како и да се вика.
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,909
    Likes Received:
    36,745
    Gender:
    Female
    Па коа не ми одговараш директно на прашањава, туку правнички ми вртиш одоколу |( Ги знам тие финти ;)
    Жално е што ти како правник поддржуваш вакви правилници или закони кои мноооооогу лесно може да се злоупотребат :(

    Ама различно е ако заболен шеташ и намерно заразуваш луѓе и ако не се сетиш дека со некого си имал контакт. А @BoaVista вика дека и едното и другото се казнува кривично т.е се изедначуваат по одговорност.
     
    zhap4e and Bridget like this.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,083
    Likes Received:
    188,422
    Демократијата значи да си ги знаеме правата ама и слободите. Вообичаеното функционирање е сега нарушено речиси секаде, ама тоа не значи дека сите права автоматски се суспендирани. Да, постои усогласување на нови правила и прописи во од, ама од државата или од властодршците зависи колку од постојните права и слободи ќе претрпат измена. А од државата и властодршците зависи и каква кампања ќе водат во конкретнава ситуација.
    Како што наведов погоре, разбрав дека вонредната состојба во мк завршува задутре. Познавајќи го менталитетот, никој не мора ни да продолжува вонредна состојба оти мерките може да бидат на сила додека не се отповикани. Или може да прогласат воена состојба иако не е војна. А тоа може затоа што:
    - граѓаните немаат демократски капацитет да си ги знаат и побараат правата
    - граѓаните се владеат со страв
    Во овој случај, анархијата произлегува од власта, оти си прават како што ќе им текне и тоа има проџа, оти никој не се буни.
    Во демократско општество нема ни да им падне на памет да ти засегнуваат во елементарни права, како нарушување на приватност, слободно движење на пензионери или право на фрлање ѓубре (и тоа се испостави дека било право(facepalm)) баш оти е демократско. И граѓанството е свесно за правата и правниците си ја знаат работата, а тоа е да го толкуваат и бранат правото, не да и се поклонуваат и додворуваат на власта. Пензионерите се на пример советувани да останат дома, не им е забрането. Забрането движење, како и досега- за осуденици, тие што се во затвор и притвор.
     
    mimiiiii and An-na like this.
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Joined:
    Dec 30, 2011
    Messages:
    2,682
    Likes Received:
    88,174
    Баш така ...
    Тие што свесно имаат давано невистинити податоци во епид. анкети, се највиновни за лесното ширење на вирусот, особено во првите денови. Тоа се парот од Дебар, овие говедава Кондратенко и слични на нив.
    Дел од умрените до сега се токму од нив заразени.... и не треба никаква милост или разбирање за такви, треба да одговараат за одземање на човечки живот...
     
    LiliBoz, Estranged, JuLleE and 2 others like this.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    Кога немаш одговор на едно единствено прашање кое ти го поставив, а успат ти одговорив на милион, вртиш тема со друго прашање. Кога немаш аргумент што држи вода, тогаш нападот ти е најдобра одбрана.
    И не, не е жално што јас како правник подржувам почитување на закони или прописи, жално е што ти, како совесна единка, барем така се декларираш, ги толкуваш правото и законите само како што тебе ти одговараат односно дека правото е измислено само тебе да те заштити и да ти овозможи само ти да уживаш права и слободи. Правото не е воспоставено само за тебе, туку за сите. Во недостиг на основни познавања, ме обвиниваш дека јас подржувам демек недемократски методи, а уствари цело време муабетите ги вртиш за твоето право па твоето право. Од кога демократијата значи заштита на една единка незнам. Или ти за да си го оствариш твоето право може да газиш и по лешови? Те прашав убаво, што е со моето право кое е одземено или ограничено од твоето право.? Не бегај од одговорот, зашто ова што упорно го пропагираш не е демократија. Сакаш да излезеш као демек модерна и либерална личност, поборник за човекови права, ама ако е така треба да седнеш и да прочиташ малку поопширно од наслов или статус на фејсбук.
    И просто ме чуди како вака еволуираш низ деновиве. Од член кој бараше карантин и на кој му беше краток полицискиот час, до член кој одеднаш пропагира ,,демократија,,. Се ова ме наведува да мислам дека нити ти е битна демократија, ни слободи и права, туку цело време е твојот интерес пред другите. Е да ми простиш, ама тоа демократија не е.

    Во поглед на другиот дел од постот и фамилијата од Скопје која свесно заразила. Еве кажи ми ти по што ќе се разликуваш од таа фамилија ако си во самоизолација и ги сокриеш контактите? Излезаш позитивна, твоите свесно сокриени контакти(поради ненарушување на твоето право на приватност) веќе прошириле зараза кај стигнале. Што си ти помалку виновна од Кондратенко? И што сме ние другите должни да ти со твоето право на заштита на твојата приватност, нам ни го загрозиш правото на живот? Во кривичниот законик има две кривични дела за ова, ширење на заразна болест, кое може да биде со умисла или од небрежност. И двете се казниви. И уште едно кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

    Далеку сте од демократи и либералисти какви што сакате да се претставите, за жал.
     
    Last edited: Apr 14, 2020
    Yowannty, JuLleE, buba4e89 and 2 others like this.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    Ми е глупо веќе да се повторувам по сто пати, едно па исто. Демократија не е само да си ги знаеш слободите и правата, туку и да ги почитуваш слободите и правата и на другите. Ова што вие тука упорно го пропагирате од што се натпреварувате која ќе излезе поголем демократ, е уствари анархија, безредие. Ти уживај во своите права, слободно и непречено се додека со тоа твое уживање не повредиш некое мое право или право на некој друг. Пошто нели демократија, па исто сме и исти ни се правата.
    За вонредната состојба, се знае и јасно е дефинирана што истата значи. Ок е да не ти одговара полицискиот час, и мене може не ми одговара. И мене ми е ограничено правото на движење. Во контекст на ова, не постои право на фрлање смет |(, туку поради ограничување на правото на движење автоматски ти се ограничува излегувањето, а со тоа и фрлањето смет, одење у продавница, шетање во парк. Ама едно е да бараш да нема полициски час или да реагираш дека е долг полицискиот час, а сосем друго е свесно да прикриваш контакти заради заштита на лично твоја приватност, а од другс страна да загрозуваш нечии други права и слободи.
     
    JuLleE likes this.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,083
    Likes Received:
    188,422
    :shake:
    Не се разбираме. Јас не реков ни дека ќе прикривам контакти ни дека ќе загрозам некои права и слободи.
    Или не ме прочита или незнам.
    Слободата на движење е право кое не може да биде туку-така суспендирано и не е тоа никаков хаос. Потреба е, да се испазари, да се исфрли ѓубре. А суспендирање на тоа право, па само за викенд е ништо друго освен- МилеМиТекна импровизација:|
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    Па се надоврзав за контактите, зашто од сам старт на темата беше полемиката со Ана која во другата тема почна дискусија дека не е обврзана да ги кажува контактите за да си го заштити правото на приватност. И цело време за тоа пишувам. За ограничување на фамозното право на приватност, со кое се повредува право на некој друг. Пошто правото на другиот е небитно, живееме во Ана демократија.

    За правото на движење конкретно, и мене не ми одговара. И јас сум со мало дете затворена цел месец дома. Сум да се олабават рестриктивните мерки. И никогаш не бев поборник за вонредна состојба или карантин, како што некои упорно бараа, а сега станаа поборници за демократија, иако сега се обидуваат да ја извртат ситуацијата.
     
    JuLleE likes this.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,971
    Oдгoвoри штo ќе биде aкo сум билa вo мaркет и сум пaзaрувaлa? Требa дa се спoмнaм нa сите луѓе сo кoи сум се рaзминaлa?
    Ок сега прочитав и колку што сфаќам, апликацијата ќе лови телефонски броеви на уреди што ќе бидат во твоја близина и ако ти си заразен здравствените работници ќе побараат податоци од твојата апликација, ќе им ѕвонат и ќе ги предупредат дека биле во близина на заразено лице? И што после? Треба да седат сите со самоизолација? Боледување можеш слободно да си земеш 2 недели?
     
    Last edited: Apr 14, 2020
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    На првата страна ти одговорив ;) за апликацијата незнам, и јас не сум во тек, ниту пак сум пишувала за апликацијата.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,971
    Цитирај ми ако не ти е тешко, конкретно одговорот што го барам, многу одоколу збориш и јас не најдов тоа што ме интересира.
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    И не зборам за апликацијата. Муабетот почна во другата тема од Ана, дека ако била ставена во самоизолација не била должна да да каже со кого била во контакт, зашто и се повредува право на приватност.
    293A7B8A-4AC2-4CE3-AE98-1B506834C058.png
    Избришано е најверојатно твоето мислење зашто ти уствари си пишувала за апликацијата, а ние за друго. Малце непрегледно дека од друга тема се надоврза дискусијата.
     
    Last edited: Apr 14, 2020