Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Основни слободи и права на човекот за време на вонредна состојба

Дискусија во 'Коронавирус' започната од BoaVista, 13 април 2020.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не знам со Ана што сте збореле, мене ме занима апликацијата.
    Прво, не можам да знам точно со кој се' сум се разминала во последната недела дена пример, друго, зошто би ме прашувале? Нели апликацијата служи сама да "лови" заболени или да се најдат податоци на оние што биле во контакт со заболените преку тел? Даваш тел, отвараат апликација, ѕвонат на сите што биле во твоја близина? Какво гонење и казнување?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Епа еве погоре ти пишав за што збориме ја и Ана, нема врска со апликацијата. За апликацијата никој не може да те гони ;) Уживај.
    Зборевме ако си потенцијално заразена и си во самоизолација и одбиваш да кажеш со кого си била во контакт.
     
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Нели си постојат епидемиолошки анкети и мапирање каде заразените кажуваат со кој биле во контакт. Секое прикривање треба најстрого да се казни, ризик по јавното здравје е тоа а и не знам што ќе постигнат ако прикриваат со кого имале контакт
     
    На theowndemon и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ете ќе си го заштителе правото на приватност, кое никој не смеел да им го ограничи. А тоа што ќе загрозат права на можеби 100 други луѓе, небитно. Дефиниција за демократија.
     
    На Angie1432 и John Snow им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Принципиелна сум. Воспитана сум дека има орган над мене кој мора да се почитува. Во ваква криза сум за ограничување на правото на движење, ограничување според возраста итн.
    Од неправди кои не ги подржувам се многу да ги набројувам.
    Тешко е да се контролира недисциплиран народ кој е несовесен па така да сметам дека сите мерки се во ред.
    Не сте во нормална состојба па да имате забрани за движење туку во вонредна пандемиолошка состојба.
    Немој да дозволите човечките животи што згаснаа да се превртуваат во гроб ради вашите каприци.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.803
    Повеќе беше друго прашањето, за ненамерно "криење".
    Тоа го разјаснивме.

    Намерно криење си треба кривична, и те како.
     
    На zhap4e и An-na им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Нормално ако се работи за швалер/ка, ќе ризикуваш да испозаразиш луѓе ама не смееш да си го откриеш швалерскиот нарав:D
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кривична, абе бегајте таму, за сида нема кривични или се многу ретки, слободно можеш секс да имаш без да кажеш но да си заштитен, за корона ќе ловеле луѓе и кривични ќе пишеле оти не кажале. Ај докажи дека не сум заборавила? Се остава на свест и секој со заштита.
     
    На sj *O* и An-na им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Ама, како ќе знаеш дали сум прикрила или едноставно сум заборавила на секој факинг контакт со кого сум била изминатите колку дена...? Ја сфаќате ли поентата и глупоста на кривичното гонење во вакви случаи? Злоупотреба може да се случи многу лесно. Аман!!!! Сте запнале јавно здравје, та јавно здравје! Никој не ја спори важноста на истото, ако ме читате низ темиве ќе видите дека и јас сум за тоа. Ама вакво паушално делење правда и казнување ништо добро нема да донесе. Цело време тоа зборам, ама ај...

    За апликацијата... како е конципирана знае ли некој? Дали ако еве комшијава до мене ја има инсталирано и случајно заболи јас ќе треба да седам во самоизолација иако не сме се виделе цел месец? Дали функционира на ограничено растојание, на пример препорачаните 2 метра? Во тој случај што е со маркети, каде што (според една симулација што ја видов) од климатизацијата капките може да се шират многу подалеку, итн... Или и ова е паушално, како казнувањата?
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Веројатно ќе детектира телефонот растојание до 2 метри, па тие што ќе добијат известување дека биле во близина...не знам? Дома ќе седат, на работа не смеат? Никаде основни податоци за апликацијата, одговори на прашања што секој би си ги поставил...битно апликација има.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.803
    Сериозно мислиш дека Цаца не заслужи кривична? Или Кондратенко?

    Нивното однесување е за казна, а не дали си заборавила дека леб си купила.

    Тоа го објасни и Боа.

    Инаку, доколку имаш ХИВ и примаш лекарства, и на тест искачаш негативен, немаш обврска да соопштуваш колку што знам.
     
    На emiliana, Yowannty, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Македонија има две опции:

    1 Да дозволиме природна имунизација и смрт на 1 до 2% од македонската популација.
    2 Вонредна состојба, полициски часови, блокирање на економијата и 30% зголемување на сиромаштијата.

    Што мислите? Која е подобрата опција и која опција ќе остави помалку последици? Рестрикции и ограничувања мора да има, но какви и колку? Тоа е дилемата пред која сме ставени сите.
     
    На 1209, zhap4e и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Па види Ана сеа немаш некој голем избор кај да одиш па да заборавиш. Ваљда нема да заборавиш со кого си имала близок контакт и постои ризик да си му пренела. Тука не збориме за случајни минувачи или комшии на кои си им рекла само добар ден.
     
    На Yowannty, BoaVista, mkdvesna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.803
    Па не е баш така Бриџо.
    Може не знаела дека е болна, ама важеа препораките.
    Кога веќе била на шетња, знаела дека не може да оди на семинар.
    Тогаш уште ги молеа да седат во изолација, и ради Цаца и на неа сличните се направи и државниот карантин и луѓево сега испаштаат ради неа.

    Кондратенко лажеше дека не мрднал од дома, па и уште нејќеле да го тестираат (што е лага, негов вработен прв појави симптоми, се пријави и го тестираа) лажеше дека никој нигде не идел, гости од Србија во фирма имале, на крај испадна дека син му уствари се шетал.

    И не се криви што се болни, туку однесувањето им е за казна, и тоа не е така само тука.

    Прочепкај кај и да си и види што се случува со ваквите ликови.
     
    На emiliana, Yowannty, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Колку е точно не знам, но со Цаца мислам дека врв над врвовите беше што се заканувала на колеги со откази ако ја пријават.
     
    На candy.cane, mkdvesna и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Полицискиот час е во ред.
    Она што не е во ред е што како сиромашна држава не се организиравме доволно добро за да биде ефективно спроведен за државата да биде во служба
    на граѓанинот како нeгов заштитник, наместо тиранин...

    Голема државна грешка е што требаше да се вложат финансии и ресурси во пунктовите на Црвениот Крст, кои покрај медицинскиот персонал, би работеле 24/7 за распределба на конзервирана или трајна храна, медикаменти и средства за хигиена бесплатно кон загрозените категории и луѓето со ниски примања. Колку може - толку. Еве јас лично давам согласност за волонтирање без надокнада, со можност за работа на смени, и верувам дека бар 50% од младината би се согласила на истото без проблем, доколку е тоа побарано од нас.

    Потоа, законот за комуналната хигиена. На некои од вас можеби тоа им се чини минорно и смешно, но вистината е дека не е пријатно ѓубрето да стои во двор или тераса преку 48 часа без можност за фрлање. И фактот што тоа се забранува е навистина дегутантно и беспотребно. Тоа е загрозување на личната хигиена, кое е круцијална во период на пандемија.

    Индиректното руѓање и ,,закани" од страна на полициските службеници на телефон исто така не е во ред и се коси со правниот поредок како и човековото право на самоизразување, бидејќи граѓанинот бива омаловажен.

    Одземањето пасоши за кои се поведе дискусија во темата вчера, (било која и да е причината). Пасош не смее без објективна причина и аргументирано образложение да се одземе повеќе од неколку миниту, дури ниту во вонредна состојба. Во спротивно надлежните прават престап, и тоа го гарантирам од правен аспект како некој кој имаше прилика да го простудира уставот пред седум ипол години! Прашајте правници слободно доколку ова мислење не го сметате меродавно.

    Транспортот на стока по возови на патот кај Мичурин после 12 исто така е нејасен. Освен ако не се во прашање основни егзистенцијални потреби, би требало некој да ја објасни потребата од ,,шверцање". И не, за ова не се шегувам, вчера видов со мои очи, а прочитав и од други граѓани кои не живеат во Скопје слични жалби и прашања.

    За крај реалноста е таа дека 70% од работите кои ги напишавте овде низ страниците, благо или сурово преминуваат во рушење права и слободи, но од некоја непозната причина и понатаму се продолжува со истото темпо со изговор ,,абе вонредна е".

    @BoaVista

    Вчера спомена да се пријави нерегуларноста со пасошите во внатрешната контрола или државниот инспекторат, но реалноста е таква што вработените таму се вработени по партиска основа, и ќе прогледаат низ прсти по врвна наредба. Тоа важеше за претходната власт, важи и за оваа.
     
    Последна измена: 14 април 2020
    На 1209, sj *O*, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Се тоа што си пишала @Nigredo Odor е во ред, никаде не напишав дека оправдувам малтретирање, дерење или било што слично од полицијата. И не само во ваква состојба, за да не речете дека секогаш покритие е вонреднава, во ниедна ситуација не оправдувам нехуман однос од страна на полиција, службени лица и државни органи спрема никого. Последно баш за тоа коментирав во темата за тепањето на девојчето од Штип, дека полицијата никогаш и никаде не смее да употреби физичка сила, навреди или било кое слично однесување, па ни таму каде што цела ,,демократска,, нација бараше да ги пребијат од ќотек осомничените.
    Сум за секогаш да се избере најбезболниот начин, па и ако мора нешто да ограничат да биде најбезболно што може. Ама не можам да останам имуна на милионите барања, на секој нешто му фали. Некој не можел да издржи два часа пат, па бунтува што не му било дадено да се измочка, друг снемал плинска боца, трет имал главоболка од затворен простор итн. Еве нека ги олабават мерките, и јас сум за олабавување на полицискиот час, нека остават одредено време за викенд за фрлање ѓубре, за кратка прошетка, за снабдување со намирници. Ама дали ќе е доволно? Пак ќе се јават некои на кои што ќе им се скрши нокт у 3 сабајле или ќе снемаат тоалетна. Реално, колку и да сме демкрати и да се правиме такви, некој од барањата се смешни.
    И на крај доаѓаме до тоа дека уствари поентата е да избереме, убаво пишала некоја членка погоре, или ќе трпиме одредени рестрикции или ќе дозволиме имунизација и смртност на 2 % од населението. А знаејќи го капацитетот на нашето здравство дискутабилно е дали ќе бидат само 2 %. Па кој е за, нека повели, нека стави на кантар што е приоритет.
    И за крај, ова не се однесува на тебе, општо пишувам, демократија и демократски права не се пропагираат само за време на вонредна состојба. Сведоци сме и сме биле сведоци на милион прекршувања на права и слободи секојдневно. Кај беа борците за права пред вонреднава. Вака да чита човек од страна ќе помисли пред вонреднава у Швајцарија сме живееле. И не, не можам да разберам да некој овде ми пропагира демократија, а во други теми се побива сам себе. Двојни аршини за демократија очигледно.

    И уште за Цаца, некој пиша не била свесна дека е заразена, што било страшно што шетала, не била свесна дека е болна демек да и се прости. Пишав претходно, и небрежноста е казнива за тоа кривично дело.
     
    Последна измена: 14 април 2020
    На emiliana, Yowannty и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    1.497
    Пол:
    Женски
    За Цаца , во никој случај не е да биде оправдана. МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ ПРЕД СЕ , ВЕ МОЛАМ !!!
    И некој да ја брани!!!
    Знаела што се случува во светот. Предавала пред невини студенти , колеги ...... и уште уценувала.
    Ма дајте ве молам , најстрогата казнена мерка да си добие. А не да се извлечи со пари.
    Зандана !!
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Просто е. Немаш полициски час, туку ангажираш и правилно ги менаџираш полицајците да внимаваат и да ги предупредуваат граѓаните за социјално дистанцирање. Како во Германија на пример. Или, целосен карантин или локдаун (како и да му е терминологијата) со можност луѓето да можат во било кое време да отидат до продавница, аптека, бензиска (по плин |() Вака ги избегнуваш гужвите кои сега се се само не продуктивни. Дали би се затворило се (со исклучок на есенцијални сектори) или само одредени дејности ќе се забранат (се остава на надлежните да проценат) Оваа состојба сега не е функционална, туку контрапродуктивна.

    Што се однесува до муабетите за обид за двојните аршини... Те молам! Па ти на темава се поби сама себе си неколку пати. За двојни аршини збориш?
    Сега викаш дека си против насилство итн... а од друга страна поддржуваш и пропагираш правилници, закони или постапки (решете се што се) кои се лошо смислени и истите можат многу лесно да бидат злоупотребени. Знам дека си правник, па ваквото однесување е десеткратно пострашно. Вие треба да бидете тие кои ќе ги застапувате правата и правилно употребување на законите, а не да поддржувате квази закони и правилници кои водат до злоупотреба и се практично бескорисни. Не сакав да мешам политика, ама... ова да се случуваше во време на МВРО прва ќе беше тука како борец за правата |( Збори ми за двојни аршини.



    И последен пат да појасниме... Цаца била надвор од државата, во високоризична држава за која што уште тогаш имаше препораки дека дојдените од тие држави треба да се самоизолираат. Она ем што одела на работа, туку и била болна и се заканувала да не ја пријавуваат. Ова заслужува кривична. Кондратенко исто биле надвор од државата (синот мислам) во време кога законски мораше да има самоизолација (мислам по вонредната состојба) Они ем што не седеле дома, туку и лажеле дека не биле надвор. Ова исто заслужува кривична. Лесно може да се провери кој бил надвор од државата и не ги почитувал правилата за самоизолација, ама... Да се казнуваат кривично заболените кои нема да ги дадат сите контакти со кои биле во минатото е нонсенс! Тотален!!! Просто оти е недокажливо дали личноста лаже или заборавила! Како ќе се докаже за да се казни? Простор за злоупотреба еден куп :rofl:

    Апликацијата... какви се податоци бара од тебе кога ќе ја инсталираш? Кој ги менаџира истите и има пристап до нив? Како да знам дека нема да ми ги злоупотребат? Како списоците во Куманово на пример?

    Зад превезот на паниката заради короната, може да се протнат еден куп неправилности, дискриминација, нарушување на правата итн... Не може само да речеме епидемија е и со тоа сме кажале се ;)
     
    Последна измена: 14 април 2020
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    А ние имаме полиција за сето тоа да се изменаџира како што ти си замислила. Кога беше полицискиот час од 9 навечер, видовме кога беше оставено полицијата да реагира и растура групи, парковите вриеја од народ. Шетачките патеки, Водно исто. Ама не, есенцијална и најбитна е потребата за плинската боца, што тебе ете реално може ти требала, ама не размислуваш колку луѓе ќе искористат ситуација за демек ,,основни потреби,, да шетаат. Кој ќе може да исконтролира толку луѓе кој кај тргнал и дали тргнал за основна потреба. Па кога ќе тргнат по гости навечер, ко што се затворени локалите. Ама по зејтин појдовме, не на гости. Треба полицаец пред секоја куќа. Никогаш не треба работите да ги гледаш само од една страна, од твојата. Тебе може демократија ти е да идеш и да си купиш плинска боца, зејтин, на тинејџериве може им е да ги отворат локалите, на пензионерите да идат у банка секој ден. Разбираш дека не си само ти и дека не може системот само спрема тебе да се модифицира?!? Мене конкретно не ми смета твојот предлог, дури и повеќе би ми одговарал од овој сега, ама познавајќи ја полицијата и луѓето, ќе биде исто ко да немаме мерки.

    Во поглед на двојните аршини, имаш двојни аршини и тоа се гледа од авион. Дури се прашувам дали навистина не разбираш или така ти одговара. Во темата за морбили прва беше и една од погласните да секое дете мора да се вакцинира, епа нели демократија, како мора? Или кога друг треба нешто да прави е приоритет јавното здравје, а овде кај си засегната и ти ќе барам влакно во јајцето за баналности? Дете не смее да се запише во градинка невакцинирано. Тоа не ти беше повреда на права, туку напротив тогаш пишуваше дека така морало. Невакцинирано дете мрш во планина, не е за у колектив. И оп сега, лажни моралисти и пропагатори на демократија, а уствари и не го разбираш терминот демократија.
    Ете ти ги двојните аршини на дело.

    За разлика од тебе, во ниту еден пост се немам побиено, препрочитај ако не си разбеала. Едно е нехуман однос, навикување или малтретирање од полиција, што во никој случај не подржувам и за што секад ќе реагирам, а друго е да ми се пропагираш демек си загрижен борец за права, пошто на некоја цурица не и застанале да се измоча по пат, или што ти не си имала плинска боца за викендот.

    Јас стојам зад секое едно мислење на форумот, мислењата стојат можеш да пребараш за какви ситуации сум реагирала, кога веќе сакаш да вмешаш и политика. За апсењата на Бошковски, Кежаровски, за постапката и начинот на кој се затвори А1 ТВ, што е вистина флагрантно кршење на човекови права за што постојат и пресуди од ЕСЧП. И сега ако има некое такво или слично дејствие исто ќе реагирам, зашто сеуште држам до истите принципи, за разлика од тебе, што принципите и ставовите ти се менуваат од ден на ден и од лична твоја засегнатост.


    И како сакаш врти ја приказната, вмешувај и политика и што сакаш, не си во право. Кога ќе научиш дека твоето право не е поголемо од моето или од правото на некој друг, тогаш може да разговараме. До тогаш оди и продавај ја твојата ,,демократија,, на некој што нема основни познавања.
     
    Последна измена: 14 април 2020
    На Yowannty, JuLleE, ForeverYoung и 4 други им се допаѓа ова.