Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Основни слободи и права на човекот за време на вонредна состојба

Дискусија во 'Коронавирус' започната од BoaVista, 13 април 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.048
    Ај сега да се вратиме на вистинската тема, дали заштитата на приватноста е право или бес.
    Дури и во една таква, однесена од виорот Америка, некој го покренува прашањето на легитимност и регулација на податоците собрани во име на борба против ковид.
    https://mk.voanews.com/a/us-coronavirus-big-data/5371833.html
    Значи само во мк верувате на жими мајка, за наше добро, одговорни граѓани, и немате екстра прашања?
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Па јас не знам дали некој не го покрена прашањето на легитимност и спушта апликација на жими мајка.
    Убаво пишува во текстот од твојот линк - секоја употреба на лични податоци мора да биде проследена со заштита на приватноста. И кај нас објаснија дека приватноста ќе биде заштитена, а приватни податоци не се споделуваат. Секоја апликација прибира податоци и се согласуваш на тоа. Во овој случај јасно е објаснето какви податоци се прибираат и како ќе се користат, и треба да се согласиш пред да ги споделиш. Претпоставувам дека користиш апликации на телефон.

    Секој има екстра прашања. Работата е што се одговорени. Наместо да чекаме изџвакано од линкови или форум, да прочитаме услови на користење. Можеби е досадно, ама ќе најдеш одговори. А може да произлезат и навистина корисни прашања од тоа. Досега такви не видов, искрено. Само претпоставки на жими мајка. Ако има конструктивни и конкретни критики, само тогаш ќе може да се подобри производот.
    Во тој линк и во сите други слични, исто е спомната и користа од апликацијата. Нагласена е потребата од силна заштита на податоци, а со тоа не знам кој не се согласува.
     
    На Yowannty, mkdvesna, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Апликакција направена за ич денови каква заштита може да има? Плус, одговорниве (миснистерот и компанија) шират кампања како сме неодговорни граѓани ако не ја инсталираме. Нешто слично како ВМРО со абортусот. Ова во ред е? Ти го оправдуваш?
    Еве јас не се чувствувам сигурна со апликацијата и воопшто не и ја гледам целта т.е целта е минорна во споредба со штетата која може да настане и не сакам да ја инсталирам. Неодговорен граѓанин сум? Кој е следниот чекор? Казни?
    А за сигурноста на податоците воопшто кај нас, читни за случајот во Куманово и споделените информации, па после ќе правиме муабет за сигурност кај нас.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Според некои информации имаме една од поголемите бројки на полицајци по глава на жител. Ќе морам да го проверам ова, а ако е точно, толку од немањето ресурси. Плус војска... Вчера една членка пишуваше дека на секоја раскрсница полицајци сопираат за возачки, а по паркови нигде ги нема. Логика во ова?

    Што се однесува до вакцините, не знам како не ја соочуваш разликата?
    Да се донесеше вакцина сега, ќе вакцинирав. Може не одма, додека не стане сигурна, ама ќе вакцинирав. Ако си читала на темата, јас на почетокот бев против, па после неодредена, за да на крајот станам за вакцинација, откако ги разгледав сите опции. За градинки незапишување невакцинирани бев за, ама за училиште бев и уште сум против, бидејќи се сосема различни работи. Исто како тука, не може и не смее да се изедначуваат по одговорност и да се казнуваат исто ликови кои заболени свесно шетааат и заразуваат луѓе, ликови кои прекршиле законска одредба и не седеле во самоизолација. Ова е лесно докажливо. Како ќе докажеш дали јас лажам ако не кажам некој контакт или сум го изоставила оти едноставно сум заборавила? Еве кажи ми? Ова е лудоста на правилникот или законот (доколку постојат) да се казнуваат ваквите лица. Лесно, ама многу лесно може да се злоупотребат.

    Што се однесува до лични дискредитации... само ова ќе ти кажам. Колку и да успееш да ме дискредитираш (ако успееш де) мислењата со самото тоа нема магично да станат неточни :^) Оваа практика беше на ВМРО, ама гледам и вие сте ја усвоиле. Дали јас сум сменила мислење за одредена тема или не, е прво мое лично право, а второ со годините ставови и гледишта се менуваат. И не само со годините, јас од почетокот на пандемијава до сега прилично го сменив мислењето кон одговорните. Или не требаше за да бидам доследна на себе? Нема врска тоа што донесуваат глупави одлуки, јас на почетокт сум ги поддржувала и така треба да остане. Извини, ама ова се вика глупавост.
    Толку за лични класификации и дискредитации. Во иднина можеме да дискутираме само за темата за која сме засегнати, без да мешаме други теми. Сигурна сум дека ако јас ти ги прочепкам мислењава на форумоф ќе најдам еден куп кои се спротивни со ова што го тврдиш, ама што со тоа...

    едит:
    Еве да видиш дека сме во првите 30 земји во светот по бројност на полицајци на 100 000 жители. Од Европа, само Србија, Црна Гора, Бугарија, Ватикан и Монако имаат повеќе од нас. Ако ги оставиме на страна Ватикан и Монако, другиве се бивши комунистички земји и јасно е зошто е толкав бројот. Исто како кај нас. Бирократска полиција и тотално неефикасна. Како може Германија (мислам со 300 и нешто полицајци) да спроведе ред и да ги контролира граѓаните, а ние со 564 не можеме? Така што, паѓаат во вода почетните тврдења на надлежниве дека немаме ресурси. Не ќе да е до ресурсите ;) Е сеа, да бев “доследна" на тоа што го зборам, пошто нели според тебе не треба да смениш мислења и ставови, ќе требаше да го игнорирам овој факт и слепо да им верувам се што ќе ми сервираат? Извини, ама не сум таква. Ко ќе видам дека некој ме лаже, не се правам дека не гледам за да си останам доследна на тврдењата и ставовите :)

    Screen Shot 2020-04-15 at 13.33.26.png

    https://www.worldatlas.com/articles/countries-with-the-most-police-officers-per-capita.html
     
    Последна измена: 15 април 2020
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Никој не рече неодговорен граѓанин, никој не спомна казни. Зошто се преувеличува и што има врска со пропагандата против абортус?

    Ги разбирам грижите за податоци. Само не ми е јасно тоа - кај нас. Затоа што со сите апликации што ги користиш на телефон споделуваат податоци. Читни еве за Кембриџ аналитика... многу беше актуелно и сигурно си информирана, ама и покрај тоа си продолжила да користиш ФБ и инста.

    Има реални прашања за тоа како ќе се користат податоците после кризава. Пример ако си нелегален емигрант, не сакаш мвр да има пристап и да докаже со ова дека си се движел тука долго време. Ете тие прашања се опфатени со условите на употреба, кажано е точно за што се користат податоците и е прилично јасно.
    Ако е доволно за Гугл мапа и било која друга апликација во твојот телефон, кој е проблемот тука?

    Има многу отворени прашања со биг дата, го разбирам тоа. Со секое користење на интернет си изложена на ризик. Кога гледаш таргетирани реклами, тоа е затоа што твои податоци на локација и интереси биле прибирани.
    Има корист и ризик, те влече накај корист па продолжуваш да користиш интернет. Мое мислење е дека од апликацијата ќе имаме корист, но само ако ја инсталираат што повеќе граѓани. А ако ти не сакаш да ја инсталираш ок е, никој не те казнува. Само добро би било да не обвинуваме за злоупотреба ако не сме добро информирани.
    Ете кога ќе излезе сличната услуга на Гугл, можеби повеќе ќе и веруваш. Дека не е од кај нас.

    Патем, во државава има одлични програмери што никако не треба да ги потценуваме.
     
    Последна измена: 15 април 2020
    На JuLleE, Yowannty и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Па министриве шират кампања биди одговорен граѓанин, инсталирај ја апликацијата? Ова според мене се изедначува со кампањата за абортус. Тоа што тебе оваа кампања ти е ок, а таа другата не, не значи дека не се слични. Мене и двете ми се булшит.
    За сигурност, јас секогаш внимавам што инсталирам и гледам да направам баланс сигурност в.с потреба од апликацијата. Во овој случај не гледам потреба од истата. Ќе отворам на гоогле плеј за апликацијава да се информирам ако пишува нешто околу употребата и функционирањето, па подоцна ќе се произнесам со повеќе информации.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.048
    Инфо од пред две години- број на полицајци per capita
    [​IMG]
    Не знам кое е точно, дали ова или она погоре.
    А може и не е вистина, ништо не е за верување. Освен она што е очигледно.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Може не се 100% прецизни бројкиве. Тоа погоре мислам од 2018 е. Небитно... Муабетов ми беше дека не сме баш за жалење со бројот на полицајци како што не уверуваа ;) Комунистичките остатоци, лошото менаџирање, бирократската полиција и нефункционалната држава се главна причина, а не недостаток на полиција. Имаме и повеќе од што ни треба. Уште да работат сите |(
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Откако го воведоа полицискиот час од 16-05ч. и викенд цел ден, забележав дека гужвите и редиците се зголемиа пред супермаркетите и аптеките а токму тоа би требало да се одбегнува, па мислам дека ефектот може да биде спротивен.
     
    На princess5, Biljarkata и sj *O* им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Иако не излегувам никаде, нема да ја инсталирам апликацијата и да им дадам преглед во моето секојдневие.
    На страна што самиот телефон испраќа сигнали со ГПС кординати.
    Нека се обратат до Гугл... ќе им каже.
     
    На daylight, An-na и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.491
    Допаѓања:
    165.909
    Пол:
    Женски
    Полициски час има ради тие кои за Велигден ќе се собереа кај некој дома да прослават, деца кои се береа во вили од кога беа даени забраните за собирање и сите ги гледавме на инстаграм, луѓе кои не верваат во маски јер немале симптоми (а замисли, гротото се асимптоматски), ради оние глупите на нет шо во јавен превоз маски вадеа и плукаа наоколу, жена шо маска извај и нараквица за да плукни во парите за да ги изброј пред да ги дај на каса, ради оние пред Кам каде се влегва по 1-2-3 луѓе, ама тие надвор место на дистанца седат - си дишат во вратот. Да имаше населението свест тука, ќе бевме Германија. Ама мислам сите свесни сме кај седиме. Сега сем за викенди кога поќето не работат (и зато викенди се полициски, сите не работат и то носи до групирање кај несовесните, е по нив плукајте оти ради нив совесните се под полициски), други деној никој не ве држи да шетните, сами, со маска. Никој. Близок парк, продавница. Само не во друштво.

    Туку шо е со причесна од едно лајче? Е ради вакви работи џабе дома седевме зошто дотичниве се лигаат над исто лајче цел град. Шодека ред чекаш да влезиш ко земаш дел од телесните течности на тие пред тебе. Е ради ваквите има полициски час.

    Мерките скроз ги поддржувам. Над Индија сме, нема полиција да не тепа зошто ситуацијата ептен паметно се контролира. И секоја чест за сите преземени мерки, на начин на кој не мислев дека државава можи да се справи. А овој е един начин на кој можи. Оти можи јас и ти сме совесни и се осеќаме непотребно казнето, ама онаа групата онде ја гледаш? Е ради нив е.

    Подобро да издржиме пократок период строго, него подолг период да се тегниме и да не знајме на шо сме.

    Имам една другарка и од почеток на Март ја имам видено само еднаш и тоа на неќење се најдовме. И тешко ми е оти една ми е. Некни се видовме случајно во продавница и заедно шопингот праевме колку глас да си слушниме во живо. Ама радо ќе седам дома уште два месеци ако треба и по два месеци рает ќе шетаме песој него да седам дома уште 5-10+ месеци ама полабаво и под константен ризик.

    Така да пак можите да излегвате. Пак можите да шетните сами. И тешко е јбг нема чоек на кој не му е тешко, ама е исправната опција за се ова да заврши порано.

    И за апликацијата, одлична. Треба да напрам место за неа оти реално супер смислена е.
     
    На Angie1432 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Гугл не може да им даде такви информации. Координатите се само кај си бил, а не и до кого си бил во доволна близина и доволно време за да се заразиш.
    И не им даваш преглед во твоето секојдневие.
    Податоците ги споделуваш со епидемиолози само ако си заразена. На секои две недели се бришат.

    Еве пример. Се возиш во такси зашто немаш друг начин да одиш на работа. Вожњата е 20 минути, а таксистот иако носи ракавици сигурно пред да влезеш издувал нос, кивнал и се избришал. Си подавате пари и кусур. Излегува позитивен. Тој не може да се сети на сите контакти колку и да сака. Не би сакала ли да те известат дека си во ризик, па да се пазиш да не ги заразиш домашните и сите околу тебе?

    Или некој не кажува дека бил на причест, а створил цел кластер.

    Или да речеме стоматолог. Примил итен пациент, кој испаѓа заразен. Не кажува контакти, затоа што се плаши од измислени казни. Или е во тотална узбуна и не може да се сети каде бил пред две недели. Доколку епидемиолозите би имале пристап до овие податоци, би го известиле стоматологот и би заштитиле многу наредни пациенти.
     
    На ForeverYoung, WildMk, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.