1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Особини на зрел маж/жена

Дискусија во 'Психологија' започната од Marick14, 6 јануари 2016.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Прашањето е многу јасно, кои особини треба да ги поседуваат зрелите маж и жена?

    Моето мислење е следново:

    1. Не покажувај емоции претерано - покажи дека си смирен. Што би рекле Англичаните: "When life gives you lemons, don't throw them on ground and scream at them". Наместо тоа, вдиши длабоко и засукај ги ракавите за да го решиш проблемот. Исто така немојте премногу да се смеете и не се лутете кога не оди по планот.

    2. Се слушај и се прави што ти кажуваат, али терајте по своја воља - сослушај ги родителите, девојката, пријателите, другите луѓе. Слушајте што ви зборуваат но без емоции. И без лутење, инатење, нестрпливост. Ако не ви се чини тоа добро, ондак идете по свое.

    3. Секогаш биди припремен и спремен - секогаш биди на штрек. Немој да покажуваш нешто што неможеш да го направиш, туку пред тоа да го направиш добро припреми се и потруди се да го направиш.

    Дали вие би се сложиле со моите ставови и доколку не, кои особини мислите дека треба да ги поседуваат зрелите луѓе?
     
    На LollySky, rose60, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.998
    Допаѓања:
    11.117
    Смирен, стабилен човек за мене е зрел човек. Човек што не е наивен, човек што десет пати мери и еднаш сече.
     
    На crazylady, VladeMila, IamSexyAndIKnowIt и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Кои се особините на зрелост. Според мене, општо зрел човек, без разлика на полот, може да се нарече тогаш кога ќе почне да мисли посериозно за својата иднина, да сака самиот да се избори и да постигне нешто а не веќе да зависи од некој друг, кога цврсто ќе згази на земја знаејќи кој е, што сака, каде оди. Зрел е кога нема да паѓа под туѓи влијанија а ниту па ќе го интересира што ќе речат другите. Кога ќе престане да се споредува со другите и да биде љубоморен, да си гледа само за својот живот. Да не ситничари. Да не се натпреварува со другите. Да сфати дека нема потреба да мрази некого бидејќи тоа само му создава немир. Наместо тоа, да се оддалечи од луѓето кои не му одговараат и да се опкружи со оние со кои се чувствува добро. Да го надмине стравот, храбро и решително да чекори и да граби од животот.
     
    На Cold.E, optimal, meganbaby и 18 други им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Individualno, periodichno... i relativno, nekoj mozhe da se odnesuva zrelo vo dadena situacija, vo druga da izgubi umstvena kontrola.
    Gi nabljuduvam povozrasnite lugje i sfakjam deka koj povekje, koj pomalku, nikogash ne sozreale celosno. Povekjeto se golemi deca.
     
    На VladeMila, Priroden, Hristov и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    И јас некогаш мислев дека со годините човек созрева ама не било баш така, зависи од човекот, во целост се сложувам со Bitter sweet. А за тоа што внатре си носиме деца е, јас ми се чини сум една од тие и не го сметам тоа за маана, таа чистота на енергија, сила, верба во нас е убава работа, често можам со децата да си играм и убаво ми е :) камо да можеме секогаш живееме и да се радуваме на ситници како децата.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Se zavisi od toa kakov zivot ziveat.Ako ziveat tezok zivot mn brzo sozrevaat bez razlika maz ili zena,ako ziveat raskosen zivot togas ne se znae za maka i ne se sozreva taka lesno.A zenata pobrzo sozreva od mazot toa e dokazano i e taka.A za osobini gi ima mn poveke marick,no ti si gi napisal samo najbitnite koi igraat golema uloga vo sekojdnevniot zivot pozz
     
    На VladeMila, ku4ence, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Анкетата нема смисла, бидејќи не постојат идеални години кои го определуваат стадиумот на зрелост. Созревањето е индивидуална работа, која не може да се определи според старосна граница. И иако, не постои универзална дефиниција за зрелост, честопати социологијата, психологијата и педагогијата како клучни фактори ги набројуваат семејното воспитание, влијанието од околината, и степенот на образование.

    Јас па би рекла дека не постојат правила, и дека многу зависи од самата индивидуа, како и нејзината волја за себе надоградување и вешто справување со животните околности. Зошто кога нема волја, се` оди во спореден план.

    Едит: Да не испадне дека ситничарам, ама мислам дека можел и насловот да се поедностави. Па, така наместо маж/жена, можело да стои човек, но во ред.
     
    Последна измена: 7 јануари 2016
    На Hristov, galapce, anel и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Jaс не се слагам со твоите ставови. Според тебе, зрел е човекот кој не покажува емоции или ги нема. Тоа не е зрелост, тоа е бесчувствителност или интровертност. Зрелите луѓе имаат емоции, единствено добро знаат да ги канализираат или да не дозволат да ги водат во моментот. Зрелите луѓе си ги преиспитуваат емоциите, па се раководат од резултатот на истите.
    Зрелите луѓе ги слушаат другите и прифаќаат совет. Зрелите не викаат, кажи што сакаш, јас терам по мое. Они ги слушаат другите и се коригираат ако е потребно, оти не патат од комплекс - ете не е по мое.
    За бидувањето под штрек цело време, не верувам дека е добар избор. Повеќе би рекла, спреми се за се што ќе се случи, ама немој да бидеш дење ноќе под штрек, ќе одлепиш.

    Исто така, анкетата со години... Не значи дека некој е зрел ако има 30 или 50 години. Зрел е тогаш кога ќе почне да носи самостојно правилни одлуки и истите да ги реализира.
    Не се согласувам ни со ова. Има луѓе кои имале тешки моменти, и не се справиле со нив. Станале затворени, емотивно уништени, неспособни за живот, плашливи и неподготвени за нов проблем. Ако имаат нов проблем, некои од овие луѓе ќе потклекнат и толку ќе биде. Затоа, лошото искуство не знамчи зрелост, начинот на справување со истиот значи зрелост. А не значи дека ако некој немал лоши денови, не може да созрее.

    За мене дефиниција за зрел човек е делување, размислување и реализирање на сопствените одлуки и планови, кои долгорочно излегуваат дека се добри за него и оние околу него. Секако зрелост не е живот со родителите до 30 години, немање образование, никаква амибиција за било каква заработка на сопствени пари...Ама веќе тоа е друга тема.
     
    На Priroden, <Глуварче>, Hristov и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    Зaвиси дo чoвекoт. Некoј ќе сoзрее уште нa мaли нoзе, некoј цел живoт ќе се oднесувa детски. Тaкa дa вo aнкетaтa немa дa зaoкружaм ништo.
     
    На VladeMila, honest girl, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  10. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    За мене зрел човек маж/жена е кога работите ке ги гледа на смирен начин без разлика колку е тешка ситуација...Гласав дека од 26 па нагоре се станува позрел но не ми е некое мерило тоа ама ајде нека е..Јас по природа сум избувлива со краток фитил но како што ги наполнив 26 год мислам дека стаив некоја кочница за тоа.Некако се смирив ,бројам до 10 пред да направам нешто или да кажам.И секако може во некоја ситуација да се однесуваш бетер и од мало дете ама сетотоа зависи од ситуацијата во која се наогаш.Зрел и изграден човек за мене е кога ке престане да ги гледа другите со потсмев,потценување кога ке има разбирање за секоја ситуација.
     
    На cresa-jagoda и butterfly* им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Потребно ни е да стекнуваме искуства за да можеме да созрееме. Некогаш не оди тоа пропорционално со годините, иако и учењето од туѓото искуство значи повеќе отколку ич. Значи сепак со возраста доаѓа и искуството. Ако си дете во душа не значи дека не си созреал.

    Една важна одлика е контрола на емоциите. "Ладно" примање на работите па соодветна реакција е тоа што го прави зрел човек. Младите обично не знаат да ги каналираат емоциите па "рипаат" на се што ќе ги возбуди.
    Потоа наивноста која е одлика на децата треба да ја нема кај еден зрел човек. Јас сеуште повремено на мои 32 се борам со наивноста, немам некое огромно работно искуство, така што сеуште учам и се борам самата со себе ова да го искоренам :) Светот на возрасните знае да биде многу суров.

    Значи ги делам мислењата со Чка, и јас не би се сложила со Марик14.
    Зрел човек е еднакво на стабилен човек во секој поглед.
     
    На eloves, Sky-butterfly, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Прво, да кажам дека не се согласувам со твоите ставови, @Marick14.

    Второ, за малку ќе се сложев потполно со она што го пишала @Cka, ама не е се' така црно-бело и не е се' така едноставно. А конкретно мислам на овој дел:

    Зошто не се согласувам потполно со ова? Затоа што не мислам дека тоа што после толку животни проблеми, човекот кој ќе излезе емотивно уништен и неподготвен за уште ср*ња е незрел. Едноставно, зависи од видот на животните проблеми со кои некој се соочувал, од нивниот интензитет, од нивното времетраење, од издржливоста на самиот организам и психа на човекот, механизмот на справување.

    Понекогаш, да не речам многу често (и конкретно во нашиве услови), луѓето знаат да се најдат во бесконечните вртлози од проблеми, најчесто од финансиска природа. И сакајќи да решат еден проблем, влегуваат во друг, па за да го решат тој, влегуваат во трет и така додека работите не излезат од контрола. А лесно излегуваат, зашто овде секој ден нешто се менува во штета на народот. Освен тоа, тука се и некои права или финансии кои му следуваат на некој човек, но поради бесконечните процеси кои ги креира државата за тој да го добие тоа што му следува, животот му оди само во надолна линија и заглавува во уште поголеми проблеми.

    Многу пати сум кажала и пак ќе кажам: Јас сум една од тие кои поминале низ гадни животни проблеми, кои почнале откако помнам за себе и сеуште траат. Се борев со тоа додека можев, но сега сум толку таква каква што ме опиша: емотивно уништена, неспособна за да се справам со некои идни проблеми ако наидат. Но сметам дека тоа не ме прави незрела. Напротив. Бев принудена да созреам многу рано, да не се лигавам кога ќе ми се рече дека нема за нешто, да не кенкам кога треба да преживеам со 2 кришки леб во денот, да не правам сцени кога ќе ми се рече дека нема пари за искачање или за на екскурзија. Почнав да работам на свои 19 години за да допринесувам колку што можам дома. Работев и студирав во исто време. Различни работи, кои ме исцрпуваа премногу. Ги потиснував сите работи, иако психички успеав да потклекнам неколку пати. Но станував. Ама се' има свои граници. Да земеш човек да го тепаш, после некое време ќе попушти и ќе испушти душа. Исто е и со психата и емотивната (не)стабилност. Ќе те тепаат проблемите извесен период, ама се' има своја граница. На крај или некоја болест ќе те снајде или психички ќе попуштиш. Значи организмот или ќе се предаде или ќе влезе во некој мод на одбрана.

    За мене зрел човек е оној кој е способен да ги разбере работите и моменталната ситуација. Оној кој ќе даде колку што може повеќе од себе за да го смени она што е во негови раце. Зрел човек е оној кој е рационален со се' (емоции, финансии, односи со луѓе). Зрел е оној кој нема бесполезно да се кара и расправа за се', туку ќе размисли добро и ќе се обиде да го најде најдоброто можно решение. Зрел е оној кој не се однесува како малите деца - скар, па смир, па сакам ова, па не сакам она. Зрел е оној кој собира искуства и тие му служат како животни лекции. И конечно, најзрел е оној кој се чувствува подготвен да создаде уште еден живот и да ги сноси сите одговорности за истиот, ама тоа е веќе една друга зрелост. Зрел е разумниот човек, со еден збор. И тоа може да биде на било која возраст. А често пати и од таков зрел, знае да се претвори во незрел. Тоа, според мене, повеќе се случува со мажите во поодминати, позрели години. Се раѓаме, деца сме, потоа млади, зрели и некако повторно во староста како да се враќаме во детството. Затоа според мене, најзрели (обично) се луѓето помеѓу 30 и 60 години. После тоа... Зависи животот што ти сервирал...
     
    На eliesaab, Elena69221, VladeMila и 34 други им се допаѓа ова.
  13. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    @Lady Phoenix најдобар пост. Многу убаво напишано. :hug::f:
     
    На ku4ence, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Целиот тој процес на созревање е индивидуална работа која не се случува на одреден временски период туку тогаш кога личноста сама ќе реши. Јас имам сретнато и 17-18 годишни со особини на „зрел“ маж како што е наброено погоре, а имам видено и 40 годишни луѓе кои се однесуваат како деца.
    Плус сето тоа зависи и од моменталната ситуација во која е ставен човекот и според тоа мислам тешко е да се дефинира каков му е карактерот на човекот и дали е зрел или незрел. Многу голем ефект тука има и состојбата на човекот т.е во каква средина пораснал и со какви искуства се соочил во животот, ако минал низ тешкотии секако дека ќе се однесува зрело, тоа се добрите лекции што го прават човекот таков.

    Не сакам да се повторувам со предходните мислења, се' е кажано и разграничено.
     
    На VladeMila и Priroden им се допаѓа ова.
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Јас па баш со тој дел се сложувам најмногу. Мислам... целата тема е малку... детска, ама океј, на форум сме, па ќе дебатираме. :)

    Се сложувам најмногу со тој дел на Чка зашто зрелоста како равенка е збир од искуството и наученото од истото искуство. Многу луѓе никогаш не учат од постапките водени од своите негативни особини. Коцкари не престануваат со коцкање после тешки долгови, алкохоличари пијат до смрт, женкари губат секакво богатство под флертот на друга жена, така што, искуството само по себе не значи и зрелост, туку искуството проследено со способноста да се научи од грешките би значело зрелост.

    Токму затоа, би рекол, на сериозни возрасти гледаме луѓе кои навидум делуваат возрасно, но кога ќе дојде осми март, предновогодишна забава од фирма и слични поводи, ги гледаме и мажите и жените како се претвораат во тинејџери кои ги ослободуваат сите маани на површина кои ги притискале цела година.

    Нам, „помладите“, ни делува како оние со повеќе години да знаат што прават и дека нивните постапки се исправни и зрели. Всушност, и тие како и ние, се исплашени, збунети и сакаат некој да им помогне во тешките и кризни моменти. Делуваат како да се семоќни, само зашто немаат избор, немаат мама и тато да истрчаат кај нив и да ги гушнат пред спиење.
     
    На Hristov, Sanjichka007, glosipgirl и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    @Captain-Omni, темава и не е баш детска, мислам дека на деца не би им ни паднало на памет да размислуваат за вакви работи. Темава е на место и е добра за дебатирање.

    И ј*би га, со некој ќе се сложиш, со некој нема, не можеме сите исто да размислуваме. Со тоа што не се сложив целосно со тој дел, не реков дека Цка воопшто не е во право, туку си дадов свое видување од еден сосема друг аспект. Сето тоа останатото си стои. Ете, ако прочита се' што напишав, ќе видиш дека и јас се сложувам со она што го пиша ти:

    А и за тоа како зрели луѓе стануваат незрели, ама да не се повторувам. ;)
     
    На honest girl, Captain-Omni и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    најпрво самоуверен! знае што сака, не му е гајле што некој зборува за него, храбар, покажува емоции само према драгите луѓе, да биде одговорен за секоја своја постапка. По мене тоа е зрелост.
     
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Човекот е социјално и емотивно битие, едноставни сме, а толку многу коцки се потребни да се склопат и тешко е да се стави се во една рамка за да се постави дефиниција на темава. Човек може да биде стабилен и сериозен, мрак што би се рекло од една страна, а од друга бетер од тинејџер хахахах Доколку се е во некоја зона на толеранција нема возраст која лимитира и не треба да има, секој човек има право да си игра (јас тоа така го нарекувам) и да се испразни и од грижи и немири, едноставно од се' што го оптеретува секојдневно. Речиси си сите мислења се сложувам сите имаат елементи на она што е потребно стабилно да се чекори низ животот.
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ставовиве не ми изгледаат како карактеристики на зрела личност, туку како правила за тоа како да бидеш „балканска мушкарчина“ од XIX век. :D Под 4. уште може да стои дека кога пие ракија не се закашлува, зашто тоа значи дека е слабак, туку само малце се намрштува - зашто па, ако не изреагира ич, тоа значи дека е пијандура. (facepalm) И секако, под 5. - плаче само на погреби, one tear at a time. 8)

    На анкетава не гласав, зашто според мене зрелоста нема благе везе со годините, па за жал, не можам да видам како другите се произнеле по прашањево.

    Него, да се надовразам на овие правила за „Како да станеш зрело мажиште, достојно за потомок на Александар Македонски“.

    1, Покажувањето емоции нема везе со зрелоста на личноста, туку со нејзиниот карактер - екстровертите повеќе ги покажуваат емоциите, интровертите - помалце. Криењето, потиснувањето и несоодветното справување со емоциите е баш знак на емоционална незрелост, а сосема можно и на некои други нерасчистени психички проблеми. А смеењето го продолжува животот, така да не знам дали вреди да се воздржуваме од смеење и бидеме tough guy, само за да бидеме зрели.

    2. Не знам како може се да слушаш и све да правиш како ти кажуваат, а сепак да тераш по свое. Малце ми е контроверзен муабетов. Башка, ако за некој сметам дека е идиот и воопшто не ни сакам да сослушам што има да ми каже - тоа ваљда ме прави само некултурен, а не незрел.

    3. Ја па викам - секогаш биди опуштен и релаксиран, од многу „штрек“, може на срце да те удри. Исто така, ако не знаеш нешто да направиш, биди човек и признај, зашто ако со сила се правиш сезнајко, порано или покасно, ќе ја укакаш работата. Ако нешто не можеш да направиш, кажи си, и побарај помош. Ако некој ти помогне, заблагодари му се. Ако не си у право - извини се.

    Да ја сумирам мојава анализа - зрелоста не е поврзана со годините, криењето на чувствата и глумењето Енглез кој прави лимунади, туку е резултат од животното школо кое го поминал еден човек и од тоа со каков успех го завршил истото.
     
    На sonce777, Elena69221, crimson и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Не сум напишал да немаат емоции, туку да немаат претерано многу емоции. А емоции нормално е дека секој жив човек има.