@Lady Phoenix затоа и пишав дека има луѓе кои имале тешки моменти и не се справиле со нив. Значи има и такви кои се справиле. Не значи по дефиниција дека секој кој имал тешки моменти, е созреан човек. Старите викаат, секоја планина своја тежина. Можеби за мене, твоите животни проблеми се мачја кашлица. Јас не можам да ја одредам твојата созреаност по твоите проблеми, туку по твоето делување во одредена ситуација. Немањето финансии за мене е една пречка од многуте во животот, ама не пораснав или созреав поради тоа. За мене таа беше најмала пречка во животот. Затоа, ако ти мене ми кажеш, јас немав пари за леб и заради тоа се сменив, за мене тоа ќе биде прашалник, како тоа за таква ситна работа се смени? Затоа, не сметам дека созреаноста е резултат на проблемите, туку на животното искуство, кое не е секогаш само проблеми. Тоа е и убави работи, едуцирање, снаоѓање, сакање, мразење, буквално се што може да се случи во еден живот. Моја блиска созреа кога забремени. Дотогаш се и беше забава. Значи убава работа направи промена кај неа.
Паметни луѓе, во години, со разни искуства позади себе. Одговорни, промислени, сигурни во себе. Дека некој е зрел оти многу сака да филозофира за светот околу себе, имал една или две потешки ситуации во животот, останала трудна, родила, се омажила, служел војска итн итн и одеднаш демек нов, зрел човек станал, ахам. Се сменил можеби да, малку позрел станал од порано и тоа можеби да. Но во глобала треба време, требаат разни животни искуства, треба памет да знаеш што битно да извлечеш од тие искуства...многу работи требаат.Годините можеби сами по себе не даваат зрелост, но сигурно треба да ги имаш за да се наречеш зрел човек. Колку? Не знам, за секој различно, ама сигурно 20 или 30 не се.
Zrelosta ne e povrzana so godini tuku so iskustvo. Zrel covek spored mene e onoj koj mudro i pametno znae da se spravi so situacii,koj znae da se "ponese"i so ubavi raboti ama i so neubavi. Zrel covek e PROFILIRAN karakter koj znae tocno sto saka i ne luta i ne "talasa" niz zivotot. Zrel covek e onoj kojcsi ima prioriteti i koj znae da si go podredi zivotot kako TOJ saka.
неможе да се дефинира 'зрел' маж/жена затоа што непостои длабока реалност туку се е споредба на искуства/перцепција, а мапата не е територијата туку само упростен и уразмерен приказ на неа. порано/у некој племиња постоеле обичаи како право на премин после чие извршување единката (најчесто од машки род) се здобивала со право на брак/титула како и обврски кон племето (од храна до војување и одбрана на територија). меѓу последните ритуали што изумре беше задолжителната војска, што ги учеше младите на квази машкост набутана у тесен ограничувачки фрејм што потенцијално ја ампутира можноста за развој у одредени полиња. замарањето со 'зрелост' у овој 21 век е сизифова работа и еднакво на бркање на опашка (гуглај за confirmation bias) подобро би било кога сите би се заинтересирале за приспособување/флексибилност кон ситуацијата(фрејм на ако тоа неработи пробај нешто друго, со намера да се оствари истата крајна цел), и.е. доколку девојката со која си искочил се гледа со повеке машки ти гледај се со повеке женски (приспособување преку копирање на дејтинг стратегии, како начин на намалување на фрикција и диспрезија на незаслужено внимание) ...
Според мене зрел човек без разлика на полот е некој што: - има било какви амбиции, планови, желби за иднината. Оние што живеат од денес за утре и што се служат со клишеа од типот „ќе мислиме кога ќе дојде“ не ми се баш зрели личности. - има сопствени ставови. „јас сум вмровец оти татко ми е“- браво. Возрасни луѓе треба да си создадат сопствени мислења и гледишта на работита и според тоа да се раководат. - не мора да се согласуваш со одредени работи, ама почитувај го мислењето на другите. Не треба да му ги копаш очите на оние што мислат различно од тебе за религија, хомосексуалност или било што и не мора да ги убедуваш луѓето. Не се согасувај, ама почитувај. - И нешто најбитно според мене е силата на личноста. Ова е она што ги созрева луѓето. Кога минуваме низ тешки моменти во животот и сме силни и ги пребродуваме, стануваме се позрели. Знаеме подобро да се носиме со тешки ситуации и повеќе веруваме во себе.
Боже ме сачувај од сите овие изнесени критериуми за зрела жена. Поплукај си под пазува, фрли сол позади рамо и сврти три круга околу црква. Знаете што се добива со овие ваши мерила? Канцер во 40тите години, ако имате среќа срцев удар за да не се мачите долго. Ете тоа се добива.
1. Способност за себеспознание. 2. Одговорност за своето постоење. 3. Компитабилен за давање помош. 4.Отворен ум и здрав дух и тело. 5. Сексуално експресиран.
Една од особините, според мене, која зрел маж треба да ја поседува е да си биде тоа што е. Подобро е да не ве сакаат за тоа што сте, отколку да ве сакаат за тоа што не сте.
Јас под оформен/а маж/жена подразбирам, една индивидуа најпрво да знае што сака од себе си и животот. Годините не се никакво мерило врз нашиот памет, туку напротив тоа што е важно се доживеаните искуства и предизвици со кои што една личност се судрила низ животот и успешно ги пребродила, се издигнала врз се и знае умешно да стои цврсто на свои нозе, и да има свој образ. Да има цврсто изграден карактер и да стои зад сопствениот став и донесена одлука. Пред се, да се однесува зрело, културно и пристојно.
Особини на зрел маж/жена? Моментот кога си толку стар што им солиш памет на внуците што треба да прават во животот, на пример дека треба да си ја избричи брадата оти тоа значело дека не води грижа за себе во моментот кога си помислил дека почнал да изгледа кул. Јас никогаш не би се нарекол зрел, како што не би се нарекол ни паметен.
A okolu osobinite: Stalozhenost Indiferentnost kon provokacii Sposobnost za grizha kon drugo zhivo sushtestvo, bez da go povredish na nekoj nachin. Inaku, stojam na toa deka ne postoi celosno zrel chovek, nitu chovek koj se odnesuva zrelo vo site zhivotni okolnosti.
Зрел човек е секој кој физиолошки ќе ги исполни условите за тоа. Но мислам дека во темава уште во насловот е настаната забуна. Физиолошката зрелост често не е во корелација со зрелото одлучување и свеста и совеста, двата поими според кои треба да се преименува темава: „Особини на совесен и свесен (зрел) човек“. Наједноставно и обично, ситуации како кога дете свесно за скромната финансиска ситуација ги убедува родителите дека (на пример) нови патики не му се приоритет иако знае дека старите веќе се за во канта и дека приоритет треба да се даде на нешто побитно, и ситуација кога возрасна зрела личност по цена на се мора да добие парче облека, технологија и сл., покажуваат дека зрелоста не може секојпат да се поврзе со свесно и совесно делување. А многу посериозни и радикални примери од овој сигурно знаеме сите. Не постојат зрели одлуки од зрела личност ако истата личност не е реализирана барем на некое од многуте полиња од животот (образование, религија,.. ) и ако таа личност уште одамна не направила обид прво за себеспознавање, а после и спознавање на опкружувањето, формирајќи ја и надградувајќи ја на тој начин својата свест. За жал, искушение е човек постојано да биде совесен и свесен, па знаат и да постојат „збогом памети“ ситуации и одлуки, поради кои секому радо би му дошла една временска машина. Лесно е, па дури и неизбежно е човек да стане зрел, но тешко е да биде и остане човек кој зрело постапува и одлучува.
Колку е само неточно дека е лесно и неизбежно еден човек да стане зрел во текот на неговиот живот. Има луѓе, возрасни и со фамилии кои се толку непрорачунати и со замрзнат мозок како што знам да кажам јас, што ниту една животна состојба, ниту еден животен прелом не може да ги натера да созреат туку напротив со годините и стареењето нивната незрелост се повеќе се манифестира. И не е тешко ако веќе созрееш без разлика дали како тинејџер, адолесцент или покасно да останеш таков. Баш напротив, тогаш тоа е дел од твојата личност и нема како да не делува на твоите постапки и одлуки. Не дека таквата личност ќе биде перфектна и безгрешна, ама сигурно нема да е како оние првите кои несозреани си умираат.
Не разбрираш. Зборев за анатомски, правно, физиолошки станување зрел човек. Ситуација после пубертет. +18. Станување возрасен маж, жена. Нешто што секому сакал-нејќел му се случува и од што не се бега и што е неспоиво со способноста за донесување зрели одлуки. Не си во право. Колку само искушенија или па ситуации има во животот кои можат да делуваат на свеста на еден свесен и совесен возрасен човек за во таа дадена ситуација неправилно да одлучи и постапи и целосно да ја променат неговата личност. Со болдираниот текст и самата го потврдуваш тоа.
Тоа е мое мислење базирано на секојдневни контакти со луѓе од различни возрасти и не мораш да се сложиш. Созревањето на една личност после 18год. е неизбежно да, ама морфолошки, ментално е индивидуално кај секого. За болдот не знам што не е јасно... Секој жив човек греши, не е логично да биде спротивно. Ама од грешка до грешка има разлика и тоа е тоа.
Зрел човек за мене е оној којшто си има зацртано цел во животот и со чувство на одговорност самостојно прави сѐ што е во негова моќ да си го поплочи патот кон истата. Човек кој е ослободен од љубомора, споредби со другите и се труди да е подобар само од вчерашната верзија на самиот себе, кој е ослободен од предрасуди и знае да прифати туѓ став и различен начин на живот. Знае да прифати и да даде конструктивна критика и отворено мислење, да се пошегува или прифати шега на своја сметка, но и во секакви ситуации да се исконтролира од кажување на зборови кои ќе повредат нечии чувства. И не, зрелоста НЕМА врска со годините, ниту пак зачувувањето на детето во себе, искажувањето на чувства и опуштената смисла за хумор значат незрелост. Добро е што сега ја нема небулозната анкета од некни кога првпат ја отворив темата... а суштината на темава си е на место, изземајќи го првото мислење во кое наведениве точки немаат никаква допирна точка со зрелост, ниту пак покажуваат било каква човечка доблест... ама со оглед на тоа кој ја отворил ич не сум изненадена
1.Карактерен 2.Стабилен,смирен да не биде избувлив да знае да се справи со секаква ситуација 3.Да не биде лажго 4.Господин во секаква смисла на зборот од однесување па се др.
Личноста треба свесно да расудува, да се постави соодветно во било која ситуација, да знае што НЕ сака, да е самокритична, да си има свој став и морални вредности, да не потпаѓа под нечие влијание, да знае да стои сам/а во најтешките периоди.
Одговорност, лојалност, искреност, стабилност, самокритичност т. е. прифаќање на сопствените грешки и недостатоци и најстојување тие да се подобрат.