Оставка на Државната пописна комисија

Discussion in 'Политика и настани' started by girl.23, Oct 11, 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Скандалозен расплет во врска со Пописот, кој е со проблеми уште пред да почне. На само четири дена пред законски утврдениот рок за завршување на попишувањето, Државната пописна комисија (ДПК) рано утринава се распушти, а сите нејзини членови си поднесоа неотповикливи оставки и со тоа ја прекина целата операција.
    Ова претставува кулминација на недоразбирањата внатре во Комисија меѓу членовите Македонци и Албанци, за различното толкување на Законот и примената на методологијата. Иако многумина беа скептици дека Пописот ќе успее успешно да се одвива, сепак се покажа дека различните толкувања на делови од Законот се непремостлива пречка, за успешно одвивање и завршување на целиот процес.

    ДПК утринава преку соопштение констатирала дека пописот не може да резултира со релевантни податоци. Сега се очекува итна седница на Владата, која би требало да резултира со нова пописна комисија, но и најверојатно со предлог за ургентна законска измена, со која попишувањето ќе се пролонгира.

    А, јас чекај ги секое утро да не` попишат и нас дома. :worried:
    Стварно ситуацијава излезе од контрола. Срамота! Еден попис не можеме да направиме, а не па нешто повеќе! :x
     
  2. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Joined:
    Jun 7, 2010
    Messages:
    88
    Likes Received:
    20
    Се случи тоа што го очекував.Иако,нерегуларности има само во одредени реони од земјава,не секаде,во поголемиот дел пописот успешно е спроведен.
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    и јас ова го очекував исто
    па боже мој никаква организација никакво најавување дека ќе дојдат отприлика кој ден и какви дукументи да се спремат ако некој не е дома и моментално е на работа преглупави прашања уште да прашаа која одите на мочање да ми простите тие попис на населението прат или домашен извештај треба да му се поднеси безвеза нула чиста нула слободно можам да кажам дека за ништо не ги бидва
    Имале право да дојдат до 3 пати несалам работа јас нив ќе ги чекам немам друга работа немам оврски во денот абе организација никаква па се слушна и во Тетово како пописник нападнал тинејџерка страмота нисамите незнаат какви луѓе работат за нив педофилија на ниво и што кога ќе дојде попишувач јас дома треба дасе тресам резил...
     
    nena2010 and Masnoli01 like this.
  4. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Joined:
    Sep 13, 2011
    Messages:
    65
    Likes Received:
    9
    голема срамота,ништо во државава не функционира како што треба,дури и еден обичен попис не го направија како што треба,срамота