1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останување во брак поради децата

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Во последно време се повеќе слушам, останаа во брак само поради децата. Спијат одделно, не ни функционираат заедно, ама ете, поради децата... Ама дали е за децата подобро така? Да слушаат секој ден карање, да не гледаат слога и љубов меѓу родителите, на што се учат така? Дали некогаш не е подобро и за децата да се стави крај, па да живеат во мирна куќа и без расправии?
    Што мислите за ова, дали го оправдувате или сметате дека се создава вештачка и нездрава атмосфера во домот?
     
    На anggell, Nightwish11, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Прво пред да се направи нешто што може да го уништи бракот, треба да се размисли на децата, а не да се размислува себично.
    A да се остане во брак поради децата, мислам дека не е во ред, пред се затоа што колку и да се трудиш да направиш некоја "нормална" атмосфера, секогаш ќе биде извештачено, а тоа не е добра средина за никој, а најмалку за растење на детето.
     
    На Mother of 2boys и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Едно од најглупавите оправдувања евр. Епа баш за да си ги поштедам децата кревам раце од тој неуспешен брак и си продолжувам со животот. И мн. ме интересира зошто поради децата, зошто? За да не доживеат трауми? А нели е трауматизирање да бидеш дел од нефункционално семејство и да ги гледаш твоите родители изолирани меѓу себе, ни се карат ни зборат. Посебно за мала главичка тоа е многу лошо. Нема ни да се чуди него одма прифаќа таков режим во животот.

    А пак ако почнат да се карат и да дигаат галама, полесно да не и биде? Во која глувчешка дупка да се пикнат за да не ги слушат нервозните мама и тато. За моето дете да биде психички и физички здраво и морално и ментално непропаднато би го водела подалеку од секаков извор на негативна енергија и од секакви кризни жаришта.
    Мада не само на детето, така и на родителите и е потешко.

    Разбирам да трпиш поради финансии, да немаш доволно за адвокат, да немаш каде да се сместиш, но заради децата не! Така никакво добро не и чиниш.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    на залост морам потврдно да одговорам на прасањето дали го оправдувам зивеењето во оваква нездрава атмосфера.
    Како и се во зивототот, така и за оваа ситуација не моземе да гледаме се црно или бело.
    Постојат слуЧаеви кога е неизбезно родителите да останат заедно поради финансиски приЧини.
    не оправдувам никакво насилство или зивеење со психиЧка тортура, но постојат ситуации кога родителот се одлуЧува на ваков вестаЧки брак поради финансиската немок. Целосно ги свакам овие зени кои на залост го зртвуваат сопственото добро за доброто на своите деца.
    Сите знаеме како е добро, како е идеално.
    ова се ситуации кога родителот, најЧесто мајката мора да го бира помалото зло.Да го оставис партнерот и да се преселис во нов дом знаЧи нов поЧЕток. Не сите ја имаат финансиската мок и мозности за тоа.
    убаво би било кога мајката работи и мозе кирија да си плака и да обезбеди храна за децата, или има помос од своите родители, или ке добива издрска доволна за да ги покрие неопходните тросоци...
    мегутоа секогас постои една група за кои сето ова е далеЧно и нереално.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :D ако се бгати и имаат посебни соби да ама ако се сиромаси ке си се стуткет пак во креветот ха,ха,ха

    еј бес смеење ова е страшно измачување за сите ама дали сме доволно социјално обезбедени за да се расипит таа рапсодија на кавги за тоа не сум сигурна ! ;(
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Работата е кога имаат каде да одат, ама не одат поради децата. Не било убаво за децата да живеат со разведени родители. Ќе имале трауми. Да, и тоа го слушнав. А ќе немале трауми од викање и карање нон-стоп.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    За жал сведок сум на едно вакво исто семејство како што го опиша Rainbow.
    Во брак се, одделно спијат со години, едниот родител работи, а другиот па уште се инаети и си се излежава по цел ден буквално а не се сложуваат за ништо, ама буквално за ништо, некогаш дури изгледаат и како да се инаетат и од инает не се поднесуваат. :^)
    Дури и едно од децата секогаш вика подобро да се разделени отколку да живееме вака.
    Често се случува да поради караниците и инаетот на родителите децата да ги извршуваат домашните обврски и да се грижат скоро за повеќето работи околу домот.

    НО да бидам искрена се приметува по децата дека не израснале во хармонично семејство иако веќе се возрасни, имаат некои чудни размислувања, посесивни, лесно потпаѓаат под туѓи влијанија, молчеливи, (ама испод мира триста вира :!: ) а во случајов можам да кажам дека девојчињава не се прибираат дома по цели ноќи, промискуитетни се, не бираат ни време ни личност со кого и каде излегуваат , а родителите не им ни текнува да ги побараат да се вратат дома...
    Жално е да гледаш едно вакво семејство. И од овој пример се гледа дека тука има вештачка атмосфера во домот...

    Мислам дека подобро е да бидат разделени родителите а да им обезбедат поубав живот на своите деца и барем секој засебно да ги научат децата што е добро а што лошо во животот,( доколку имаат воопшто што и да ги научат ако барем едниот родител е посвесен) а понатака откако ќе пораснат и ја сфатат ситуацијата на родителите ( каква била и дека така морало да биде) да научат какви не треба да бидат и тие самите да си се изградат во една нормална личност која ќе изгради едно хармонично семејство во иднина.
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    За едно дете да се развива нормално потребно е да живее и во нормално, хармонично семејство. Но, доколку хармонијата во семејството ја нема, преовладуваар расправии, навреди, па и тепачки, подобро би било тоа семејство да го нема. Јас верувам дека детето ќе биде посреќно ако родителите не му живеат заедно, но се среќни и спрема него се однесуваат со многу љубов. Кога во семејството има караници нема љубов.
    За многу бракови од мојата околина ќе кажам дека еподобро да се разделат, него децата да го трпат тоа што го имаат дома, нервозни родители, кои при првиот збор викаат, наместо добро утро добиваат викање.
    Оние кои остануваат во брак, не остануваат заради децата , туку заради тоа што немаат храброст.
    Имаме блиски пријатели кои имаа катастрофа брак. Таа не го напушти затоа што мислеше дека нејзините нема да ја подржат, но и заради децата- како ќе растеле со еден родител? Па и често вели дете од еден родител, не може да е добро дете. За сега кога нејзините деца се веќе возрасни да и речат- Подобро ќе беше кога бевме мали да го оставеше, ние ќе те подржевме.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Вакви бракови постојат многу.

    Претпоставувам дека најчесто е поради тоа што се плашат од промена, се надеваат дека бракот ќе се спаси(и чекаат и чекаат години, гледаат дека нема напредок, ама пак остануваат во брак), но често е и немањето финансиска независност и тоа особено жените.

    Ваков брак не е здрав за никого, ниту за парот, а уште помалку за децата.Тие нервози, измачување, несреќен живот баш влијаат на здравјето.

    Искрено мислам дека децата се користат само како изговор, а вистинските причини се тие што погоре ги наведов, ама тешко им е да си ги признаат.Кога ќе размислиш, себичен потег на родителите :|
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Да не се лажеме,остануваат ради себе,овие себични лицемери.
     
    На okcenzi, Palchica, verica81 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Ама зошто? Зошто би останал во таков брак ако имаш кај да се тргнеш? Не можам никако да го разберам тоа. Не си среќен, се расправате, а упорно се држиш до бракот. Нели, ради децата.
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Затоа што не знаат да бидат сами, независни и да се соочат со вистината.Претпоставувам.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Затоа што повеќето жени се учени дека бракот мора да трае, па каков сакал бил. што ќе речат луѓето? Па како ќе го правам ова сама, како сама ќе чувам деца? затоа што немаат храброст да застанат цврсто и да се држат до тоа подобро разделени и среќни.
     
    На crazylady, Nightwish11, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Оф, го заборавив тоа што ќе кажат луѓето. Испаѓа дека е поважно што ќе кажат луѓето од среќата на детето. И после немало себични родители :)
     
    На eloves, srcekrsacka, JoxyTheFreak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Нема да го заборавам муабетот на другарка ми кога се разведоа нејзините родители. Рече дека едвај чекала да дојде неделата кога е 2 смена само за да биде цел ден во школо за да не мора да ги слуша караниците на нејзините родители. Замислете да не сакате да си дојдете дома, место каде треба да се чуствувате најсмирено и најсигурно.

    Епа НЕ, не е здрава таквата средина за растење на децата, а ни за самите родители. Вреди да се обидат, да пробаат, но ако не иде, не иде. Нема потреба да се измачуваат.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    јас мислам дека децата се само изговор во оваа ситуација.
    самозалазување, леЧЕње сопствени комплекси...не знам како да го нареЧАм, ама у никој слуЧај ради децата.

    доколку тоа е навистина ради децата од некоја луда приЧина сто само они ја знаат, тогас ке се потрудат да делуваат функционално и хармониЧно барем пред децата.
    т.с би биле барем добри глумци, ке ги остават сопсвените недоразбирања и проблеми на страна, и децата нема да поЧуствуваат дека несто не е во ред.
     
    На srcekrsacka и eli25 им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Не ли размислуваат дека за детето полошо е да живее во таква дисфункционална средина на пример :^)
    Тешко е сигурно кога родителите минуваат низ развод,но потешко е кога детето живее во таква нехармонија.Децата чувствуваат се,и ним им е лошо во тие ситуации.Им доаѓа преку глава и потоа доаѓаат еден куп проблеми-почнало да пие,да пуши...жедно за внимание.
    Искрено не оправдувам лично.И сметам дека за детето полошо е живот во таква средина отколку развод.Со разводот сите би можеле да бидат среќни.Детето нема да се чувствува лошо,несакано,нервозоно и тажно ,а партнерите можат да си тргнат по друг пат и да налетаат на друга среќа.
    Секако не сум доживеала,можеби друго би размислувала да доживеам,ама сепак лошо би било,таква средина и атмосфера-тивко убива :worried:
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Иако често е ради сопствена немоќ, нека е и себичност, но верувам дека се останува и заради децата...Рушење на семејство, нов дом, нова средина, одделување од мајка/татко, одделување од брат/сестра, ако се додадат финански проблеми, па покасно и маќеа или очув-кои би било идеално да се луѓе какви што секој би посакал за родители, но и тоа е непознато...малку ли е тоа за едно дете?
    Освен ако ситуацијата е крајно неиздржлива и нездрава и вистина нема друг излез-разводот за едниот или двата сопружници е благослов, а за детето и понатаму ќе биде помалото од двете зла...
    Жално во секој случај кога детето не може да им биде доволен стимул и желба да се средат односите и да се минимизираат штетите...Би останала доколку постои шанса да се средат работите, лично не можам да замислам моето дете да страда заради мене и мојот сопруг, би се трудела до крај, но ако вистина нема каде-разводот е најдобро решение...
     
    На srcekrsacka и eli25 им се допаѓа ова.
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Да пишам или не.. Мојата животна приказна..
    Ова е изговорот на моите родители. Не се караат секојдневно,во тој поглед си е мирно,ама не спијат заедно веќе.. повеќе од 5 години, се чувствува тензија секојдневно,па уште кога ќе почне мајка ми да кажува колку е разочарана од нејзиниот живот, што ми останува мене да чувствувам,освен грижа на совест дека сум причина поради која двајцата не можат да си продолжат со нормален живот,одделно..
    Комуникацијата им се сведува на две-три реченици и тоа површно,што треба да се купи за дома,такви слични работи.
    Размислувам како би се чувствувала да се разведат..подобро од ова секако, ама можеби, само можеби и не.. И тоа си носи своја тежина, ама да се живее на овој начин и тоа нема смисла..
    Не знам...
     
    На crazylady, pdb123, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Исто потполно, од кога памтам за себе до душа спијат одвоено, прво затоа што јас спиев со мајка ми неколку години имав некои фобии што ја знам, после веќе секој сам си продлжи. Спиењето е најмал проблем. Јас тврдам дека нема подобро решение од развод за ваквиот брак, еве јас лично.. сеа трауми не знам дали можам да ги наречам, ама делумно и се. Едноставно 20 години мене ми поминале во нехармонија. Не памтам кога заедно сме ручале, секој си е на своја страна, секој си има посебна соба. Контактираме нормално, ама не е тоа тоа. Памтам како мала дека мајка ми ептен размислуваше на таа тема и сега на пример стално кажува да имаше поголема плата би живеела под кирија и тоа мене ми смета што си збори за себе и што мене ме замара со тоа колку и е животот катастрофа со ваква БУДАЛА, како мене да ми е супер дома. Сега глупаво е да ги наречам себични сопствените родители, ама изгледа се. До некој степен би рекла и ненормални, поради толкава омраза меѓу нив. Мислам дури и за нормални работи, за прашање каде е лебот мора тоа со висок тон да биде кажано и со уште 2-3 реченици препирки. Што да ви кажам :) Више сум голема па друго е, сега само им урлам кога учам и ми сметаат, што сакаат нека прават. Порано бев секогаш на страната на мајка ми сега веќе ми е јасно дека за кавга и неслога се потребни двајца. И после јас ќе пишувам тука на темиве дека не помислувам на брак, а кое дете од таква средина не би се плашело од брак? Ете тоа веќе е траума. Ако на форумов има родители кои се во слична ситуација ни под разно да не размислуваат да го продолжат тој брак, мислам тоа е само малтретирање за сите дома буквално, верувајте.
     
    На crazylady, pdb123, Nightwish11 и 3 други им се допаѓа ова.