1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останување во брак поради децата

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.198
    Допаѓања:
    235.293
    Партнер кој постојано мрчи, навредува, кој не е заинтересиран да мрдне, не ветува дека со еден разговор ќе се смени.
    Некогаш како бајки да кажувате.
    Бракот отишол упм веќе. Што ќе спасуваат?
    Имаш две опции и тоа или разведи се или фати си швалер.
     
    На Oneo, thelittle17, Biljarkata и 13 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Неретко, децата се користат како изговор заради слабостите на возрасните.
    Личност која се сака себеси и своите деца, никогаш нема да ги заклучи нив во тој ист кафез во кој се наоѓаат и самите они, ама кој да разбере.
     
    На SexiLy, Oneo, thelittle17 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Мила5

    Мила5 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Ова е целата вистина. Сеа ќе се одам малку да прочитам каде и како луѓето наоѓаат храброст да се разведат.
     
    На thelittle17, WildMk, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Многу точно.
    Во најголем број случаи е прашање навике или страв од останување сам.
    За да не остане сам прифаќа да е со личност која унесреќува и се срами да го признае.
    Пак ќе речам, не секогаш. Не ме сфаќајте погрешно, јас самата на неколку наврати потенцирав дека се чувствувам многу привилегирано оти ми се посреќило да немам деца во бракот кој остана зад мене. Не викам лесно е.

    Два примери од луѓе што не живеат у Мкд.

    Имам пријател, на почеток на брак имаа криза втората година, овој никако да ја остави.
    Изговор, ќе растуриме куќа не оди утре деца ова она.
    После 9 години со три деца ја остаи оти се заљуби мил на мајка.
    Јер вака не растурил куќа нејсе.
    Ја мислам на почеток оти се навикнал претходно 4 и пол години заедно, по мое, страв од останување сам му беше причината.
    Еве 99% од причината нека се деца ако треба, децата никад не се 100% причина.

    Друга жена шо ја знам. Во брак се можда 11-12 години. Го мрзи значи. Се избришале еден со друг од социјални мрежи, има периоди коа не праат муабет по две недели. Ама за оставање не сака ни да слушне. Фамилија да не растурела, мижи да ти баам.
    Типов богат, оваа не работи, од прв ден му ги јаде парите, од кога стави прстен даде отказ значи намерава ептен апла ѝ беше.
    Кога му се прошири фирмата летоска, ама ем она ем нејзините тинтрење ова она, втор меден месец па не знам шо, нозе искрши пак трудна да остане да не ја остави.
    Му простува неверства ова она.
    На неколку пути ја оставаше оваа се онесвестуе, до болница доаѓа скандали прави нејзините му се јавуваат, вриштат пиштат. Му се окоми на богат зетко цела фамилија, млад чоек за чс обеле у косите. Да не ти дае Господ со зинато за пари да си имаш работа.

    На таа стресна работа што ја има чоекот, уште и да нема нешто на страна па не знам.
    И никој не може да ме убеди дека 100% е ради децата.
    Живее у палата, не работи, дури ни децата од градинка и јасли не ги зема (пази у јасли при жена дома).
    И она вика да не ми се дечињата.
    Морее, знам ја.
    Тоа е.
    Се надевам ми ја сфативте поентата.
     
    Последна измена: 11 јануари 2020
    На thelittle17, Nightwish11, happygirl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. betiboo

    betiboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    62
    Тој брак не е брак тоа е мачење, брак во кој го мразиш неможеш да го гледаш пред очи партнерот што брак е тој? Парите денес ги има утре можеби не, децата денес се тука но утре ќе имаат свој живот, вие сте тие кои ќе останете заедно со некој што мразите некој што не сакате покрај себе, и каков живот ќе е тој? Двајца душмани на една перница.
     
    На Осе, thelittle17, sunrise_123 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Kakov zivot e toa macenje toa go imam iskuseno na svoja koza I nikogash ne bi vi go posakuvala toa.ne ostanuvajte vo brak poradi decata po nikoja Cena spasete se I sebe I decata!
     
    На crazylady, thelittle17, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Не знам колку на дете ќе му направиш услуга ако останеш во нефункционален брак со мисла дека си во брак поради детето/децата. Боље разделба одколку да си во брак поради дете. Значи ако брак не функционира што фајде да дете да живее во таква средина?
     
    На thelittle17, crazylady, Annora и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Ете мене маж ми од кога ни почнаа кризите постојано ми вели дека заради бебето не ме оставил. Одамна ќе се разведел од мене ама жал му било. Децата оделе кај мајката, па ќе му било тешко ако ретко го гледа и не расте со него.
    Јас не сум тип што избрзува со одлуки. Иако звучам налудничаво, со сите мои проблеми јас пак не помислувам на развод. Не се разведувам се додека некој не ме донесе до таа точка да дигнам раце. Ги оставам луѓето да одат до крај и да ми покажат колку злоупотребиле и колку не им е гајле за мене, па само така нема да имам за што да жалам кога ќе си заминам од некој. И јас не верувам во тоа да се остане во брак заради деца. Децата може потешко да пораснат во дисфункционално семејство. Кога читам по групиве за женски домаќински муабети и овде во темите, жена ќе сподели проблеми, ќе си каже за тешки периоди и единствен совет кој го добива од 80% е да се разведе. Па бракот не е играчка, треба компромиси, треба внимателно носење одлуки.

    И да се разведени родителите има начини децата да не почувствуваат тешкотии. Подобро дете на разведени родители отколку дете пораснато во токсична средина и сведок на кавги и проблеми.

    Ми кажуваат примери демек ете разведени жени со деца не можеле друг партнер да најдат оти имале дете, никој не ги сакал, сите мажи барале слободна и сама жена. Утре сабајле.Ако некој те сака ќе дојде и 10 деца да имаш и ќе те дигне дома ќе те носи.
    Други изговори се демек срам да не бидеш за фамилијата ако се разведеш. Глупости. Тогаш таа не е фамилија ако се срамат ќерката да се разведе, а ја советуваат да ќути и трпи и да се нервира секој ден да трпи стресови.
     
    На Осе, marchi-cool, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    За компромис треба двајца. Не е компромис ако едниот цело време си ја поместува границата за другиот да биде среќен. Знам дека си свесна и нема да ти кажам ништо зашто не побара совет, но цело време те читам што маж ти сака, што му се свиѓа, уморен, излезен сам, мајкин син. Ете ти си го прифатила сето тоа, но време е да почнеш да размислуваш што му треба на твоето дете и тебе.
     
    На bertold, nevermet18, baby-star и 25 други им се допаѓа ова.
  10. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.142
    Допаѓања:
    25.091
    Пол:
    Женски
    Готово , болдираново се кажува
     
    На baby-star, CareTee, Youknow и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Во оревод детенцево кога ќе напрај 7-10години он дефинитивно ќе се разведе од тебе. Затоа што децата растат нема вечно да се со нас ќе тргнат по свој пат.
    Ако седи во брак со тебе ради детето не гледам зошто воопшто остануваш со него. Кога јас така би му кажала на мм би се развеле со сигурност
     
    На Осе, baby-star, Lavender4 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.426
    Мислиш дека твоето дете не го растеш веќе во таква средина? Ептен си контрадикторна...
     
    На danichap, baby-star, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.133
    Ако останеш у брак заради детето, никакво добро не му правеш, освен да расне во токсична средина, со кавги и се..

    Наидов на Инстаграм, мислење од психолог на оваа тема.
    Screenshot_20210227_165222.jpg
    Screenshot_20210227_165054.jpg
     
    На nevermet18, Осе, mira.mira и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки
    Осетлива тема ми е многу но ќе кажам искуство. Мајка ми и при обичен разговор ми велеше заради тебе сум со татко ти ваков таков никаков, а при расправија ми се закануваше во смисла дека ќе не оставела сите.

    Јас помал не мислев дека би отишла толку далеку, но се случи што се случи имав скоро 20 години и стварно не напушти, избега.

    Кога би подразмислил подобро порано да се разведеа отколку да седам во токсична средина. Цело време расправии, цело време ти полнат глава со разни работи итн.


    Но, глејте сеа што е проблемов, после година дена некако почнавме повторно да комуницираме и блиски да сме, и повторно се скара со другиот сопруг што е и ми велеше по телефони да сум прекинел факсот, да сум работел, за да сме зеле стан и да го чуваме така брат ми (аутистичен). Многу пати и велев дека зборува глупости, дури и ми се лутеше и ми го исклучуваше телефонот, на почеток чувствував вина, пред се оти не се борам за брат ми (ми го наби тоа уште од мали нозе, односно требало да сум лекар да го излекувам или во најмала рака да не барам ништо, ама и онака емпатичен бев и го сакам мн брат ми, па не бев ни љубоморен, ама тие секогаш тоа го кажуваат во смисла брат ми е крив што јас сум бил запуштен).


    Верувајте не секој човек може да биде родител или да бидат родители. Јас влечам многу трауми од минатото и ми се манифестираат на ваков или онаков начин. :)
     
    На Lolipop23, Осе, Nikolina35 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Јас не би останала во брак заради детето ни под точка разно.
    Во нефункционален брак е бесцелно да останеш, било тоа заради малтретирање,немање љубов или било како.
    Ако не оди има разводи фала богу и тоа е за луѓе.
     
    На crazylady, duffi, CareTee и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Извини ама, ти детето си го растеш во токсична средина.
    Штом нема љубов и почит, трудот е залуден.
    Често се лажеме дека децата се мали, не разбираат ама децата се како сунѓери.
    Никогаш не би останала со маж ми да ми каже дека само ради детето е со мене. Премногу се ценам самата себе за да дозволам такво нешто.
     
    На nevermet18, Осе, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Ете јас немам растено во таква средина, за мајка ми или пак татко ми, да ми презборуваат, дека заради мене и брат ми останале во брак, за среќа! Мислам дека тоа е сосема "набивање комплекси" на децата уште од мали нозе, психичко замарање, еве јас останав и ден денес со татко ти/мајка ти, само заради тебе/вас, што сега демек детето треба да осеќа вина, затоа што вие сте сакале да останате во тој брак?-глупости, никој не може на ништо да ве натера во животот, и многу се нервирам кога родителите си ги криват децата, или сакаат да ги сожалуваш затоа што останале во таков брак ради нив, абе како да не, да се грижеше за детето ќе се разведеше, напротив.
    На ММ мајка му, нон стоп му го збори тоа, јас ради тебе ова, ради тебе тоа.. да не беше ти ќе си заминев уште тогаш, ехее... абе како не, да сакала ќе се развела, а не цел живот да го замара психички со иста мисла, јас за тебе тоа, јас за тебе ова.. остај демек тие мајки се, претрпеле се и сфашта за децата, а другиве што граделе хармонија во бракот, и се посветиле на детето, тогаш што се?
    Вакви размислувања во кои се вклучени децата, страшно ме ваделе од кожа секогаш!
     
    На MissBreezy, Sexybaby86, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Тоа им доаѓа како оправдување.
    Свесни се дека се заглавени во брак без љубов ама од друга страна страв им е да се разведат. Страв од промена, како ќе биде, ќе најдам ли друг/ друга итн.
    И сеа фрустрацијата од заглавеноста во тој брак ја оправдуваат преку децата.
    А не дека е ради децата, туку ете, да излезе од тој брак значи да излезе од некоја навика, од некоја комфорна зона. Тоа е неподготвеност и несигурност за промена
     
    На crazylady, CareTee, jarec6 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Шо не им речите: Еве сега сме возрасни со свои фамилии, разведете се.
     
    На Осе, crazylady и thelittle17 им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Денес е такво време што од невнимание и понесени од саркастичната изрека “пет минути слатко цел живот татко” доведуваат до вакви ситуации во кои ниту двајцата партнери не се свесни за предизвици кои ги очекуваат.
    Самиот сплет на околности,подеми и падови доведуваат до разводи или пак согласност по секоја цена да седи во лош брак.
    Не е за џабе кажано “отворај четири очи” со кого стапуваш во брак и како ќе живееш затоа што брачниот другар не е само фигура на хартија туку има улога во сѐ.

    Најлошо е да се остане во лош брак каде едниот му мрда опашката,раката и устата и се тоа другиот мора да го трпи ради децата.
    Не си ставајте товар на душа сами, не си врзувајте косано железо околу врат сами.
    Не сте должни никому ништо освен самите себе.
     
    На Angie1432, deskarada, nevermet18 и 6 други им се допаѓа ова.