1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останување во брак поради децата

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.174
    Пол:
    Женски
    Познавам многу вакви примери.
    Некои од нив уште живеат во заедница, спијат во различни соби и сл, не само заради децата туку и од финансиски причини, а надвор од домот двајцата си имаат нова врска. Веројатно не се толку сериозни тие врски, а доколку станат тогаш ќе му ја мислат за целосно одвојување.
    Други, за да не биде олку проблематично, го продадоа станот, ама купија два помали еден до друг, и ем се одвоени ем се блиску за децата. Трети живеат во иста куќа, на различен спрат.
    И мн слични ситуации.
    Би се изненадиле колку луѓе функционираат вака.

    И искрено многу подобра и попрактична опција, отколку со глава у ѕид да се иде и да се остане во брак без љубов само поради децата.

    Ама за вакво функционирање треба многу трпение и зрелост од двете страни.
     
    На Осе, Mother of 2boys, mira.mira и 12 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    на истово и јас мислев.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.174
    Пол:
    Женски
    Со заеднички смирен разговор и договор се е можно и изводливо.
     
    На marchi-cool и WildMk им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.775
    Допаѓања:
    242.616
    Ова би функционирало само ако нема љубов меѓу двата партнера. Без чуства. Ако има барем од една страна, ќе биде пекол.
     
    На Осе, mira.mira, H.VAGA и 7 други им се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.433
    Допаѓања:
    5.338
    Пол:
    Женски
    Ова ми се допаѓа и е идеална опција според мене, така им се олеснува контактот на децата со двата родители и ја прави транзицијата минимална. Или доколку постои можност во куќа секој на свој спрат.

    Ова другово едино ако планираат цел живот да си имаат врскички, ама никогаш не знаеш што може да биде понатака и кога/дали ќе се појави потреба за заедничко живеење/евентулно брак со друг/и партнер/и, поготово ако сеуште постојат чувства од едната/двете страни и ако се деси љубов и желба за заедничко живеење/ брак со друг/и партнер/и не долго после разводот, ова само би ги закомплицирало работите уште повеќе отколку развод и одделено живеење.
     
    На MandyLane и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.246
    И мене многу ми се бендисва опцијава.
    Не мора развод... ама две станчиња едно до друго... шубо...
    Ко ќе ти се скурчи, да има кај да избегаш :inlove: :D
     
    На mira.mira и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ме изненадува, спомнав веќе.

    И немање грам емоции еден за друг, ама спомнаа веќе претходно.

    Мене ме зачудува како би функционирале и како би се одразувало тоа врз детскиот развој и поимање на овие нешта. Особено оние што живеат заедно ама стан до стан, во различни соби или катови, мислам децава не пијат нафта брзо ќе укапираат дека мама и тато немаат емоции еден за друг како порано или во однос на родителите на другарчињата.

    Многу едноставно звучи и делува во однос на случаи за кои знаеме, ама одвнатре колку е комплицирано и како навистина им се одвиваат нештата во брачната и семејна заедница може само да се запрашуваме или претпоставуваме.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.266
    Ќе научат дека со сила убавина не бива.

    Во секој случај подобар развој и детство ќе имаат со разведени и цивилизирани родители отколку со несреќни и исфрустрирани недозреани возрасни луѓе.
     
    На mira.mira, MandyLane, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам.

    За другово за кое што пишав претходно повеќе ме интересираше како размислуваат околу ова и како сметаат дека би профункционирало и делувало врз детскиот развој тие што ги гледаат како подобро и попрактично решение ваквиите примери.
    Ај прочитав погоре пишано беше дека подобро е во период на транзиција ова, ама таа транзиција колку би траела, па божем децава нафта ли пијат нема да укапираат?
    Потоа транзицијава на ваков живот од транзиција вечност ли би се сторила или би траела се додека едниот не најде девојка/ дечко за везден, па компликации до бескрај.

    Пишав јас многу е покомплицирано отколку што на прво читање личи или ни беше презентирано дека е попрактично и едноставно.
    Сметам дека воопшто не е така во реалноста.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.391
    Пол:
    Женски
    Еве мајка ми постојано труби како останала во брак поради децата. Кај повеќето тоа е лага,нека си кажат дека го сакаат творот и нека не ги спомнуваат децата како изговор.

    Мнолгу добро "старите" знаат да манипулираат ,за да си го оправдаат останувањето во лошиот брак.
     
    На Осе, Mother of 2boys, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    2.796
    Пол:
    Женски
    Не, нема да се поднесувате ќе биди токсично, кога тогаш некој ќе посака друг шо после? Ако не се сакате подобро разделени и среќни него заедно па несреќни.
     
    На Mother of 2boys и marchi-cool им се допаѓа ова.
  12. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Убаво што разграничуваш дека тоа е лага и чиста манипулација на ''старите'' , ама да не те подзачуди и колку млади прибегнуваат кон тоа, потоа удираат на швалерај.
    Aма тој менталитет тешко се искоренува, тоа го правеле и старите и некако нажалост го повторуваат и применуваат и помладиве. Па наоѓаат и попрактични решенија додека се или под ист или различни покриви да си имаат провод надвор од брачната постела и сметаат дека тоа нема да има никакви последици врз детската психа.
    Сметаат дека деца се па ништо не разбираат, а не е така, па уште полошото што може да ги начека е да слушаат вакви бедни изговори од родител.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.391
    Пол:
    Женски

    Под поимот старите мислев на нашите родители ,лошо се изразив . (метафорички)
    Исто е и кај млади и кај постари генерации.
     
    На Zorina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Убаво си се изразила, не се грижи, те разбрав, затоа ја начнав темата како би се одразило врз детскиот развој она што ни е презентирано како евентуално практична опција.
    Тие деца, помладите, научени од лични примери на родителите, постарите нажалост и некако многу често го впиваат и понатаму практикуваат ова видено од нив.
     
    На marchi-cool и Серотин им се допаѓа ова.
  15. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.391
    Пол:
    Женски

    Мака немаат ако лошо тоа се одрази врз децата (а ќе се одрази ) Таа мајка што гледа како детето и пропаѓа и не се разведува не е мајка.Пак ќе речам на таквите им е најбитно да не им избега творот,он е центар во нивниот свет,не се децата.Тешка психопаталогија е во прашање.
     
    На Mother of 2boys и MandyLane им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    ако има љубов нема да се дојде до таа крајна точка. Штом се дошло верувам дека нема чуства.
     
    На Zorina, JuLleE и MandyLane им се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.174
    Пол:
    Женски
    Како ќе се одрази на детскиот развој зависи од многу фактори, прво односот на двајцата родители спрема детето, а и меѓу себе и пред се нивниот карактер и дали има/нема огорченост. Ако двајцата се пак во друга среќна врска, искрено многу попозитивно, отколку кога би останале заедно, а би имало тензија и фрустрации.
    Ако едниот родител(или двајцата) не е среќен во бракот, таа фрустрација се пренесува на децата, на еден или на друг начин.
    Што дека моиве останале заедно цел живот, кога откако памтам за себе спијат у посебни соби и не се поднесуваат. Како ми е одразено мене тоа и на мојата психа и емоции, ја си знам.
    Вака хипотетички мислам дека би била многу посреќна јас, а и за нив доколку се разделиле на време и двајцата нашле нова љубов/среќа.
    Ама да, како што кажа, не е баш така едноставно. Ниедна опција не е лесна.
     
    На Harper, violetblue, marchi-cool и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Nade_SR

    Nade_SR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    decata se naj bitno nesto i pred niv treba da se veselo i nasmeeano a pozadi niv sto saka neka bide.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    На темава... Јас живеев во семејство кое и мајка ми и татко ми во поодминати години се зеле. Детство имав да не речам совршено, ништо не ми фалеше, не бевме богати ама имавме доволно за живеење. Никогаш немало караници додека бев дете. Мислев тоа е некој совршен свет. Како одминуваше времето почнуваше да се чуствува тензијата за на крај веќе кога бев возрасна да има и насилство. На темата насилство секогаш и велев на мајка ми што не си замина иако знаев дека таа беше психички иницијатор и манипулатор а татко ми кога веќе не се издржуваше вршеше физичко насилство. Мајка ми велеше како да заминам срамота е кај ќе одам... А ние веќе две возрасни деца кои секако ако одлучеше заедно ќе заминевме и ќе бидејќи работоспособни секако ќе се снајдевме. Бидна што бидна. Од друга страна ако моите родители се разведае кога бев дете навистина ќе се осеќав лошо зашто сакав да живеам со мајка и татко. Сакав да си се средат меѓу себе а не решението да го бараат со развод. Знаев дека едниот родител кој ќе си замине нема да го сакам а недај боже па да си најде друга особа како партнер. Вечно ќе ги мразев двајцата.

    Ова е многу комплексна тема. Секое дете сака да расте со мајка и татко. Никогаш не можеме да знаеме што им се врти во главата кога ќе видат дека едниот родител живее со и за децата а другиот си тера ќефови со нова личност покрај себе.

    Тоа е мое мислење, недај боже па некој да искуси вакви работи. Од секоја гледна точка е тешко за децата
     
    На MarijaMi90, Oneo, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.436
    Допаѓања:
    47.474
    Пол:
    Женски
    Одамна сум изјаснета и секогаш го викам истото знаете.
    Не за останување во брак ради дете/деца.
    Да трпам психичко или физичко насилство ради дете, прво ќе се изреметам јас, а ја ако се изреметам како ќе го воспитувам детето и ќе се грижам за него? Никако.
    Ќе бидам полна со бес, со енгр ишус, со траст ишус.
    Плус е токсично за децата. Не е здраво да слушаат караници, дерења, трескање врати.
    Или пак да иаме врска на страна и двајцата. Прво ќе е приметно. Така ќе треба почесто да отуствуваат од дома родителите
     
    На MandyLane, minne992 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.