1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останување во брак поради децата

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Ми се свига мислењето на една форумџина погоре за оние кои купиле 2 стана близу еден до друг за да можат одвоено да живеат а воедно и децата да им се блиску.
    Ова мислам дека би функционирало во целост.
    Моите се разведоа пред скоро време а за останатите години бев принудена да слушам викотници, лумпување, кршење, дури и насилство.
    Бев психички исцрпена, чуство кога немаш воља за живот, ете баш тоа чувство го имав и да не набројувам.
    Во секој случај родителот треба да се стави на местото на детето, да размисле малку што му се случува нему додека тија двајца се во конфликт и каков стрес му се нанесува.
    А потоа нека планираат дали и како ке го оддржуваат бракот.
     
    На MandyLane, elimkd, simply-red и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    17.529
    Пол:
    Машки
    А јас па од друга страна слушав невротично викање во стилот ЗАРАДИ ТЕБЕ ОСТАНАВ ВО БРАК ТИ МЕНЕ ВАКА МИ ПРАЈШ?


    Врежано ми е во глава и толку припекува некогаш си велам што ме казни сио универзум вака шо се реинкарнирав и да доживувам вакви работи. :)
     
    На Tanjamm, Bebence29, MandyLane и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Koga veke dvajcataa nemozat da se podnesat,dzabe e se.
    Jaa bremena si otisov so edno dete.nikogas ama nikogas ne bi ostanala vo brak zaradi decata skraja da e.zivotot prodolzuva decata ke prodolzat ke odat po svoj pat a nie sto sme napravile cel zivot vo nervozi i stresovi.
    Kolku pomali deca tolku podobro
     
    На riba79, cresa-jagoda и anggell им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    8.852
    Пол:
    Женски
    Така е , подобро да имаат слика дека мама и тато се тука за нив иако се разделени отколку секој ден од животот да им биде пеколен да се пренесе таа негативна енергија на нив во бракот ,страдање плачење стресови и да им се одрази на успехот во училиштето, кариерата или личниот живот понатаму ако се повозрасни личности децата.Нашето општество наметнува погрешен став дека се може да се истрпи за децата да имаат семејство,за слика пред околината а проблемите да се туркаат под тепих цело време .Да се трпи неверство зошто полошо било лош татко или мајка ,полошо било пиење,дрогирање или коцкање .Здрав однос треба да се гради ,а децата кога ќе пораснат ќе сфатат иако се случил развод додека биле мали.Двајцата родители треба да се совесни за доброто на своите деца и да се договорат разумно за иднината на тие деца да соработуваат еден со друг .
     
    На cresa-jagoda и Bebence29 им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Едно нешто ме интересира, дали децата се инволвирани во разговор, дали нив некој ги прашува што сакаат што мислат? Или разведи се и ајт, битно ние родителите да се спасиме еден од друг.

    (Чисто ме интересира мислење, да не помисли некој нешто дека сакам да потенцирам)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.089
    Пол:
    Женски
    А што, детето треба да се прашува дали да се разведат родителите или грешно те разбрав?
    Нормално дека децата ќе кажат дека нејќат да се разведуваат, ама крајно неодговорно е од родителите да им наметнат таков товар на децата, тие да донесуваат такви одлуки.
    Како да одлучи дете дали да се разведат родителите кога не ни разбира што е тоа брак, кои се проблеми меѓу брачни другари и така натака.
    Ко да му речеш на дете, немаме пари месецов за струја, земи подработи нешто.
    На исто ниво ми е, има работи за кои што децата не треба да се замараат додека се деца.
    Ако се донесе одлука за развод, само се соопштува на децата и им се помага да го надминат периодот на промени.
    А не се инволвираат во разговор за развод.
     
    На Clear, cresa-jagoda, neno0o и 9 други им се допаѓа ова.
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    16.703
    Пол:
    Женски
    Многу е нелогично да го прашам детето дали сака да се разведам од татко му.Нормално дека не.Освен во екстремни ситуации кога има насилство постојано дерење карање кршење.Тогаш децата молат Господ родителите да се разведат.
     
    На cresa-jagoda, marchi-cool, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.386
    Пол:
    Женски
    Случај во поширока фамилија: мајката ги прашала двата сина дали да се разведе, не биле баш мали, постариот рекол да, помалиот не и останала во брак. Збориме брак во кој имало неверство, кавги, па и насилство, ни денес не е среќна, а маж и е на нејзин товар бидејќи не работи.
    Жртвата што ја направила секако им е потенцирана на синовите, само на помалиот не му е нешто гајле бидејќи се во иста куќа и му ги чува децата. Така да ако првично останала поради децата, сега седи и ради внуците и тоа довело до ситуација каде што жената е константно во улогата на жртва.
     
    Последна измена: 7 февруари 2023
    На cresa-jagoda, marchi-cool, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.924
    Допаѓања:
    158.481
    Пол:
    Женски
    Бракот е партнерски однос и улога и се вклучува меѓу две возрасни индивидуи. Децата немат збор во то, и не треба да бидат вклучени во разговори на возрасни иако често то е случај кај нас. Родителите се родители и во родителска улога и да не се партнери и то е делот кој е значаен за детето.

    Кај нас често се порамнува да се биди партнер и да се биди родител. Децата имаат перспектива како го гледаат бракот на родители ама не се дел од тој брак. А ова порамнување постои зошто, барем кај нас, кај разведени родители не се разрешуваат конфликтите и не се работи на здрав однос после брак и се ставаат децата меѓу нив т.е. се блендира проблемот на ниво на пар, и се носи проблемот и на ниво на родителство шо да бидиме реални - е неприфатливо и на штета на децата.
     
    На cresa-jagoda и marchi-cool им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.089
    Пол:
    Женски
    Не останала за децата, иако таа така си мисли, останала за себе и ги прашала децата за да може нив да ги обвинува за последиците од одлуката.
     
    На m.i.g, Clear, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    4.137
    Пол:
    Женски
    Типично балкански - наметнување вина на некој друг осносно манипулација.

    Поради тебе останав у брак. Поради тебе ова, поради тебе она.

    Јас тебе те родив за ти вака да ми праиш. Јас те чекав хх години за ти мене вака. Јас сум ти мајка јас ќе ти кажам. итн итн
     
    На Clear, theowndemon, marchi-cool и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.965
    Допаѓања:
    38.903
    Пол:
    Машки
    Баш тоа.

    Нема подебилно нешто од тоа дете да прашуваш дали да се разведеш или не. И да глумиш "жртва" за детето, да го манипулираш и да ја префрлиш вината на него.

    Моите имаа проблеми во бракот, во период кога бев 10-тина години. Се случи сред ноќ да ме разбудат и да ми поставуваат овакви прашања, па со кој сум сакал да живеам итн. итн... ги испратив и двајцата кај што не треба и не им текна уште еднаш ниту да помислат да ме прашаат.

    Врв на недозреаност.
     
    На Clear, Lotus Girl, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.526
    Допаѓања:
    38.364
    Пол:
    Женски
    Останување во брак заради децата е само на штета на децата.
     
    На cresa-jagoda, Munchmallow20, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Tocno!
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Јас лично мислам дека некако ми е безвезе ко ќе ми здосади од бракот и сакам да не сум мажена или едноставно не го сакам мажот па да си се разведам а притоа да им скратам на децата да растат со двата родители. Од друга страна па, доколку се работи за нездрава средина на деца каде има насилство кавги притоа се гледа дека децата од тоа имаат штета во ред е да се пристапи кон развод.

    Има една блиска фамилија, мажот е заминат на "печалба" во странство а жената се пресели кај мајка и сосе дете. Мажот таму 4ипол години, иде два пати годишно, направи второ дете жената сама го израсна и кавгите со мајка и и татко и секој ден се зачестени. Бараат од неа да се разведе зашто не е фер тие да и помагаат за децата а тој да бега од обврски. Нејзиниот одговор гласеше : не можам да се разведам има деца.

    Затоа и си го поставив прашањето дали е во ред да се разговара со деца за развод и да се земе во предвид нивно мислење. Зашто како што наведов погоре како би реагирало дете кога од нигде никаде родителите им се разделат заради тоа што престанале да се сакаат или едноставно таka одлучиле.
     
    На Sunrise!!! му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.121
    Допаѓања:
    172.873
    Таа да се разведе од мајка и татко, нема поарно да биде? :wasntme: Мислам, и така нит гледа маж нит се кара со него, јас стварно овде не гледам проблем кој би се решил со развод:?:
     
    На anaja1 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    не знам кое би било право решение ама јас мислам дека 4 ипол години да одиш на печалба а да заработуваш само 50евра повеќе одколку овде кога би работел повеќе од очигледно е дека бегаш од обврски. од друга страна ако мажот е странство жената кај мајка и ли треба да се врати за да живее додека е таму? Ами зошто се мажела? Нели местото е во куќата кај мажот? Или така е најлесно за свекорот и свекрвата.
     
  18. David97

    David97 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2023
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Машки
    Mislam deka e bitno da se sedne so decata koga e vo prasanje razvod i da im se objasne deka oni se krivi zatoa sto roditelite im se razvodat.
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.121
    Допаѓања:
    172.873
    Јас не знам кој зошто се мажев и кој колку заработува. Исто не знам зошто отишла кај мајка и, или која била другата опција. Децата во оваа приказна, и вака и така не гледаат татко, или исто толку би го гледале и кога би се развеле. Што добива и што губи, во брак или надвор од него, таа си знае. Сдк. стварно не гледам што овде би сменил развод. А децата се деца со причина, не се тука да носат одлуки во име на возрасните.
     
    На anaja1 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    17.529
    Пол:
    Машки
    Мене без да ме праша во секоја кавга со татко ми, потоа со мене нормално че ми фрлеше во фаца заради тебе останав во бракот бла бла, најпрвин не ја сфаќав шо кажува, но со текот на годините ми стана јасно. :)


    Тешко на тие деца што растат во дисфункционално семејство, само то че речам да не ја ширам многу многу темава.
     
    На nevermet18, flower30, Pinkdust и 4 други им се допаѓа ова.