1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останување во брак поради децата

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не остануваат во брак само поради децата, тоа е само понекогаш изговор. Има безброј причини али прва и основна е неможност за осамостојување на едниот партнер (без разлика маж или жена во семејства од средна или сиромашна класа) и заеднички бизнис и поделба на капитал (можност како да се договорат). Децата се секогаш во втор план во овој случај. Во ваков случај се договараат да живеат заедно формално ама секој да си води свој живот.
    Развод се прифаќа поради неверство (ако неможе да се прости и надмине) ако еден од партнерот кој изневерил е решен да оди по друг пат со друг брачен сопатник. Тука веќе нема ни место за дискусија.
    Ако останеш во таков брак, свесен си за жртвата што ја поднесуваш а само се лажеш дека е поради децата, всушност е немоќност да направиш било што друго.
    На крај краева секој си има свој изговор т.е причина
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас ќе наведам неколку причини поради кои луѓето остануваат во дисхармонични бракови, притоа децата се користат најчесто како изговор за продолжување на заедничката семејна агонија или штит зад кој се кријат др.мотиви -

    1. Угледот пред заедницата - за некои луѓе е најнезамисливо нешто на овој свет да го извалкаат својот углед пред заедницата со тоа што не можат да поднесат да бидат споменати во негативен контекст поради професионален или приватен неуспех (развод). Тоа се луѓе кои сакаат да се нај-нај на било кое поле и кои оваа лажна слика за себе мора да ја очуваат по било која цена, таквите и на децата ќе им наметнуваат вакви „вредности„.

    2. Материјалната страна - годините поминати во брак носат и заеднички вложувања во заедничкиот дом, но кога тој дом бил наследство од родител на еден од партнерите или во брак е како подарок исто од родителот даден нема да влезе во делба на имот при развод. Луѓето некогаш не можат да се помират со тоа дека нивниот финансиски влог таму (кнауф или паркет кој не можат да го понесат со себе од разбирливи причини) треба во иднина да биде населен од наредниот партнер кој ќе го има разведениот сопружник, нешто во смисол - јас создавав, сега некој да се прчи тука.
    Исто, кај семејствата кои уживаат доста голема финансиска моќ и благосостојба не сака едниот да ја изгуби таа привилегија и од коњ не на магаре тука на земја директно да тресне, па се залажува како материјално ќе ја пополнува емотивната празнина своја и на децата со приказни од типот - па што ни фали нам, на скапи одмори на лето и зима, плаќаме квалитетно образование за децата, имаме солиден возен парк итн...

    3. Обид за враќање по старо - често кај едниот партнер сеуште постои љубовта и се труди да ја врати и после децении неуспех иако ова е Сизифовски труд. Многу луѓе не успеваат да се соочат со вистината и да си ја признаат - тој/таа повеќе не ме сака, за некои останува стратегијата на доживотно игнорирање полесниот начин отколку суровото соочување.

    Има веројатно уште многу др. мотиви и комбинации на истите зад кои луѓето се кријат како зад штитови и тоа за жал се повеќе ја урива цената на бракот на берзата на животот секојдневно :doh: ...
     
    На srcekrsacka, papilona, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Останувањето во брак (кога има проблеми) често навистина е во голем дел и заради децата, иако не се само тие факторот. Прво, затоа што во оваа средина „дете на разведени родители“ е како дијагноза некоја, не фактичка состојба. Јас долго работев во образование, и често се сретнувавме со изговор „Ама знаеш, тој/таа е дете на разведени родители“ :worried: . Или ќе дојде мајката и ќе каже „Разведени сме со татко му/татко и, знаете како е тоа...“ , демек, се подразбира зошто би имало проблеми детето. Потоа, имав случај кога родителите не ја сакаа девојката на синот затоа што родителите и биле разведени, како тоа да е заразно или како, не дај Боже, затоа што растела сама со мајка и мора да е распуштена... ЗНАМ дека станува збор за предрасуди, ама ова се факти. Сигурно има луѓе што не мислат баш така, ама во глобала, средината ни е малограѓанска. И мајките обично навистина се грижат како ќе биде тоа дете прифатено во средината понатаму. Да не зборувам една другарка што се разведе кога ми кажуваше како некои „пријателки“ почнале да ја избегнуваат после тоа, демек, еве сега разведена, да не им го врти умот на мажите нивни. Хорор, ама реалност. Од друга страна, друга другарка моја се разведе пред повеќе од една година, и знаете колку алиментација и додели судот? 1200 денари! Не дванаесет илјади, илјада и двесте денари! А само на кошарка на пр. да оди детето е илјада денари. Па да нема поддршка од нејзините, и финансиска и секаква, знаете кога ќе успее сама? Никогаш! Да не зборам дека на вработен татко на близначиња судот му определил алиментација од 3000 денари! Јас за едно дете месечно толку само за пелени давам. И затоа тој фактор (финансискиот) воопшто не е за потценување. Затоа што овде често мајката се третира „сакаше да се разведеш, трпи сега!“, не само од страна на мажот, туку и од страна на судот.
    Сум видела и многу несреќно разведени, со проблеми кои како опашка им се влечат по нив со години после разводот и во некоја рака можам да сфатам кога се прават очајнички обиди дури да се спаси бракот со надеж дека работите ќе дојдат во нормала. Единствено не можам тоа да го прифатам кога станува збор за физичко насилство, било врз жената, било врз децата. Е тогаш дури и јас сум убедена дека е бесмислено да се спасува било што, освен своја глава и децата.
     
    На Shana, srcekrsacka, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сум дете на разведени родители и Фала му на Бога што се разведени иначе не би знаела што живот ке имав.
    Доколку веќе се нема некаква искра во бракот тогаш е најубаво да се растури. Односно секој по својот пат. А траумите на детето од разводот може да го има само доколку ни еден од родителите не му пружат доволно грижа и не се за него.
    Проблем е кога ке се растури еден брак двата родитела кога ке појдат по својот пат а да не се свртат назад и да не погледнат во детето што го оставиле, туку себично си го продолжуваат животот.
    Тука веќе детето ке има трауми ама не од разводот на родителите туку од недоволната грижа.

    И да, ко и другине што кажаа децата најчесто се еден “добар“ изговор . Како и да е на вакво начин родителите и те како се себични, затоа што не мислат на никаква хармонија дома, туку си мислат на самите себеси зашо така имаат покрив, имаат ’’цимер’’ имаат дете . Или пак станува збор за некоја надеж од нечија страна дека работите ке се сменат на подобро. Или пак дека детето ке има моќ да им ја внесе таа веќе загубена љубов ...

    Во секој случај најдобра најздрава опција е разводот. И секогаш би го подржала.
    На крај краева секој си има право на свој живот .
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Ако остануваат двајца партнери во брак поради децата, од старт е тоа чисто лицемерие.
    Каков живот ќе му понудат тие двајца?
    Караници, нервози, тензија, препирки за Нивните несогласувања, Нивните грешки, и сето тоа да го гледаат децата? А да не додавам дека сигурно и кога чкрипат односите, секогаш децата се главните предмети за истурање на фрустрациите. Ова од личен пример, не директен, го тврдам, зошто сум била сведок на такви ми ти самонаречени Родители, жртви на бракот, а всушност единствени жртви биле самите деца.
    Разводот е поразумно решение одошто живот во стрес.

    Познавам двојки што функционирале поради општествен атер, малограѓански, за да не бидат предмет за потсмев или неуспех. Во ред, никој не сака да биде очаен, осамен, да утне во тој поглед, сите сакаат идеален брак, но некогаш темпераментите, карактерите, финансиските кризи и несогласувања, не можат да овозможат здрава средина за да се зачува семејството во целина. А нашиот менталитет, вредоносен систем, не ги трпи понекогаш овие "нехристијански" одлуки, на она што Бог го споил, ништо да не го раздели.
    Е, па го разделува. Дали државата или нешто друго, се случува.
    Децата, никако не смеат да бидат брачни заложници.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.313
    останување во брак само поради децата, поради тоа што ќе кажат комшиите и ќе ни се смее народот се само замижување пред проблемите кој ги имаат. Децата како деца ќе си пораснат подобро е еден и стабилен родител отколку дисхармонија и немор во куќата. Ако се разведуваат подобро да се разведат отколку децата да го трпат тој немир тој дизбаланс што го нуди таквото семејство, за утре да мисли дека нормално е мама и тато да се караат, да летаат чаши, да се шета швалерот по дома и да се спие одвоено. Да детето треба да знае како изгледа едно семејство да биде среќно и насмеано, но никако да се жртвува било која само заради детето, да остане во брак и покрај тоа што од далеку се гледа дека тој брак оддамна пропаднал. РАЗВОДОТ ПОНЕКОГАШ Е НАЈУБАВО РЕШЕНИЕ ЗА ДА СЕ ПОСТИГНЕ СРЕЌНО ДЕТСТВО. Човекот е предодреден да опстане да расте и да се развива така да секој ќе си го најде својот пат и среќа
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Е добро еве ќе речеме остануваат поради децата ама што ќе се случи ако еден ден децата кога се веќе возрасни и заминат од нивниот дом по некои свои патишта?Која ке биде причината за останување во брак или на старост ќе се разведат ете има и такви случаи и ние се чудиме ,,е како се развеле на 50 години,,?
     
    На srcekrsacka и girl.23 им се допаѓа ова.
  8. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Не знам колку имам право да се вмешам во темава, иако сите ние како деца верувам сме биле сведоци и на добри и на лоши моменти од бракот на родителите. Единствено сакам да изразам почит за храброста на тие што овде пишуваат за своето лично искуство. Темава ме потсети на Толстој: Сите семејства се среќни на ист начин, а несреќни на различен. Од еден до друг нефункционален брак има разлика, не може да се генерализира, за некои има надеж и поправен, за некои колку и да се трудат едноставно не иде и не само што децата се жртви туку и брачните партнери. Бракот не треба да се растура веднаш на првата пречка и недоразбирање, затоа постојат и брачни и предбрачни советувања. Само мислам дека кога ќе дојде до физичко насилство тука веќе враќање на доверба нема никогаш. Најчесто кај жените, дури и мажот да се смени и никогаш повеќе да не ја злостави жената, емотивната лузна останува засекогаш, секоја чест на тие што имаат сила искрено да простат и да продолжат со животот. И треба да се запамти дека децата, бидејќи се душевно чисти и имаат невидена емотивна моќ, проаѓаат низ се што проаѓаат и родителите, нив им треба максимална заштита и не смее никогаш да се дозволи да почуствуваат болка за родителот.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Колку и да сум против, сепак е мн честа појава, особено во земји со менталите како во Мк. И да речам дека најубаво е да си се види како би коегистирале заедно под заеднички кров, дури и на почеток на брак, пак би погрешила, дека ни тоа не е никакво мерило ниту доказ дека бракот би успеал. Е сега никој од нас не знае каков ќе му биде животот понатака, ама баш никој
    освен некој кој е преокупиран со предвидувачи на иднина па се им испланирано со бека ап планови
    . Ама почетоко е пресуден. И воопшто не треба да се занемаруваат мааните во раните брачни води, кои нема да исчезнат, туку ќе се тука. Важно е да се процесираа и да се постигне некој договор за хармонија во бракот.
    Може на пр се да е нај нај нормално и убаво, ама да се случи неверство. Е сега, или ќе продолжат понатака, те ќе си простат и ќе приминат преку тоа, или развод. Е тука е или-или.
    А иако гледат не оди, и мислат дека дете ќе им ги реши проблемите, па остануваат во брак, ама како да се две непознати со еден заеднички делител, е тогаш да им се плукнам на умот. Подобро среќно разделени, отколку нереќно омажени-оженети.
    И нема правдање никакво да се трпи тортура. Знам случај каде ама никакви ама баш никакви услови немаше жената, а со 4 деца, и си замина да трпи и они да не гледаат. Па еве ги сега пораснати живи здрави, среќни, не ее важно колку тешко и било и како немала поддршка ниту свој покрив над глава со скоро никој свој. Кога можела таа, секој ќе можи ако е доволно одлучен.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. polzela

    polzela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Јас го имам тоа осетено.Мајка ми долго време го трпела татко ми заради нас и на крај кога пораснавме јас бев 5то а сестра ми 8мо одд. се разведоа.И децата најмногу патат.Сега јас сум во брак со еден човек го сакам ама има некои работи што веќе не можам да ги поднесам.Едно време скитасе ноќе не доаѓаше дома на време а јас бев трудна со првото.Се смири,но сега пак почна да скита а сум трудна со второ.Сум правела муабет и со добро и со лошо ама некако не бидува.Се размислувам за развод и на него му кажав ама не ме сфаќа сериозно.Може ли некој да ми каже како оди процесот за развод и некој совет да ми дадете.
     
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    За процесот не можам да ти помогнам затоа што немам искуство.

    Но, од аспект за доброто на твоето емотивно здравје, немој никогаш да седиш некаде доколку си несреќна. Искрен муабет, шанса за подобрување... но сите си имаме граница на толеранција. Кај секој е различна. Само ти си ја знаеш твојата.

    А останување заради децата, комшиите и не знам си кој таму, воопшто не го оправдувам. Какво е тоа ментално здравје на децата кога родителите зрачат со негативна енергија... и да глумат, мислам дека детето се си чувствува, и дека не може толку лесно да се прелаже.

    Мислам дека подобро е еден среќен родител, отколку двајца несреќни.

    Тешко е, да. Но да се трпи заради малограѓанштината, нема поента.

    На крај, ние живееме за себе, за најмилите, не за комшиите.
     
    На gjoker4e, srcekrsacka, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Јас мислам дека овие личности не остануваат во брак поради децата, туку поради себе. Зашто не сакаат да ги озборуваат „ене, онаа си замина, се разведе...“, затоа остануваат.
    А тоа е толку трагично, жалосно...
    Децата повеќе трауми трпат ако живеат во таква заедница, отколку ако живеат со еден родител т.е. со разведени родители.
     
  13. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    И моите родители останаа во брак поради мене и мојот брат. Искрено многу ми е криво што морам сеуште да трпам викотници и малтретирања... Дефинитивно потврдувам дека од таквиот брак се создава само една вештачка атмосфера,каде што нема место за мирот и љубовта.
     
  14. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    понекогаш и за децата е подобро ако родителите се разведат,ништо добро нема да излезе за детето ако живее во не здрава околина
     
    На srcekrsacka и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ваквото останување во брак поради децата, може да има спротивен ефект. Кога родителите не се согласуваат, едноставно во домот ќе владее негативна енергија, тензија, а децата тоа го чувствуваат. Нема да живеат во здрава средина и хармонично семејство, туку ќе бидат жртви на нивните караници и нервози. И уште полошо - децата можат да се почувствуваат виновно за она што им се случува на родителите. Не велам дека децата нема да страдаат ако се случи развод, но од двете зла подобро е да се одбере помалото.
     
  16. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Јас мислам дека не е важно дали родителите живеат заедно или не важно е какви се родители.и разведени да се ако се добри и го одгледуваат детето како што треба супер ќе биде нема ни трауми да има ни ништо најнормално ке се развива психички,а пак доколку родителите по секоја цена остануваат заедно а најнормално нешто им е дерење по дома тепање запоставување на децата тогаш тие деца во никој случај нема да порастат во нормални и психички здрави личности.
     
    На girl.23, srcekrsacka и imelda им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ако мене некој ме прашаше дали да се земат моите родители, ке казев НЕ оти се сосема спротивни карактери, дури и се прашувам понекогаш како сме дошле јас и брат ми на светов :D најискрено
    откако знам за мене не спијат заедно(прво јас бев ко малечка маза и доагав во брачниот кревет) ама од тогаш секој спие во различна соба, и мајка ми никако да се реши да се РАЗВЕДЕ од татко ми(а посебна приказна е тоа што е хроничен алкохоличар, и што сите тројца издрзуваме какви не ситуации по дома благодарение на него, дури и до тепачки дошло и ред други работи) и ете зошто јас не ни размислувам за мазење(што според некои луге ми е време :tmi:|( )

    лично мое мислење е дека во бракот треба да си прузат шанса двајцата партнери, ако не оди не оди затоа постои развод, иако се има цврст карактер и свое ЈАС не е вазно што муабети ми зборувале роднините, соседите, или некои други.
     
    На PetraPanka3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Премногу се согласувам со мислењето на Димоска.
    Во брак поради децата, ами од кога ќе пораснат децата(а тоа време многу бргу доаѓа) што ќе прават родителите тогаш? Ќе се испотепаат по дома, ќе живеат со вечни караници и расправии на секој збор? А и какво дете ќе излезе од тој дом после таков однос помеѓу двајцата родители?
    Грозно !!! Сум била дел од ова и сум почувствувала на себе како изгледа да бидат родителите во брак, а односот да не им е ок. Затоа секогаш и засекогаш ќе стојам на ставот дека доколку на двајца не им оди, веднаш да се разведат, никако брак со сила ради деца ! Ова и јас би го применила доколку би имало потреба понатаму во животот(не дај боже).
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Целиот акцент се става на децата,
    А, што е со самите родители?
    Што е со жената која мора да му готви, пери и пегла кошули на својот маж, а не го сака?
    Што кога мажот работи и вложува пари во тој дом, а најрадо со трчање би избегал оттука?
    Што кога и двајцата емотивно се празни?
    Што кога некој од нив бара љубов, дома ја нема, па ќе се изневеруваат? А, изневерување е тоа или оправдано е?

    Да се остани во брак поради главната причина - децата, ДА, се сложувам, но само со иницирање и самите маж и жена повторно да си дадат шанса себе си, пак да се зближат, да комуницираат без карање, пак да го оживеат бракот. Да се сетат на љубовта кога биле млади.

    Во спротивно, тоа е измачување за сите. Не само за децата!
     
    На srcekrsacka, Li0ness, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  20. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Апсолутно се согласувам
    Подобро , среќен развод , отколку несреќен брак.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.