1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останување во брак поради децата

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Мислам дека македонската жена трпи бидејки ретко која е финансиски способна да расте деца сама. Полесно е ако има поддршка од родителите. Дали знаете колку пари се пелените, млекото, градинките, нова облека и чевли секоја сезона бидејки децата растат? Да не ги споменувам сметките, кириите и сл. И како што најчесто се случува кај нас, децата се доделуваат на мајката а таткото има повремени средби со нив (барем во случаите кои јас ги знам). Таткото си е беќарче повторно, си шета и без исклучоци наоѓа нова фуфица а мајката е таа што не спие со ноќи поради температури, носи по лекари, училиште, помага со домашни, пере, пегла, чисти итн. Познавам неколку случаи каде таткото се ожени набргу после разводот, додека мајките имаат проблем да си најдат партнер поради нашиот менталитет: никој не сака да расте туѓи деца. Секоја чест на разведените парови кои се толку свесни да ги делат обврските и сметките подеднакво но јас за жал не познавам такви.
    Не велам да се остане во брак поради децата, но првин треба да се разгледаат сите аспекти на разводот. Исклучок за жени кои се жртви на насилство, бидејки во тој случај најважен е сопствениот и животот на децата.
     
    На eloves, srcekrsacka, ANGEL1 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Те цитирав бидејки се пронајдов во твоите зборови, тотално си во право...
    А за темата би рекла дека јас сум секогаш повеќе за добар развод отколку за лош брак .
    Моите родители имаат многу лош брак , да не навлегувам зашто ако почнам ќе ми треба саат време за да изнапишам се ,јас секогаш сум ги молела да се разведат :tmi: . Можеби звучи себично но не можам да ја поднесам таа нивна комуникација и атмосферата која ја прават ...
    Како дете мој сон ми беше да имам среќно семејство, гледајки други сложни семејства, не се замислував како некоја многу амбициозна жена иако имам амбиции, не знам зашто , на прво место ми беше тоа, сликата јас, саканиот мој и дечињата како си живееме во хармонија и љубов....
    За жал потфрлив во тоа што ми значеше, морав да се соочам со реалноста, оној кој го избрав излезе дека има многу различни ставови од мене , или пак му се променија во меѓувреме, ставови кои се од суштинско значење за начинот на фунционирање на едно семејство и за правата на членовите во истото...
    Го сакав , но поради тие непомирливи разлики морав да се откажам од таа љубов , која стана напорна и која почна да ни ја трга насмевката од лицето :( .....
    Планот за мојот живот никогаш не ми беше да бидам разведена, но ете, прифатив дека така требало да биде.... Па јас имам сега деца за кои сум одговорна , и не сакам да растат во такво лажно семејство, да слушаат секој ден кавги и да се нервираат за нешта кои немаат врска со нив :shake: ...
    Откако го оставив еве веќе една година ако не ги рачунам контактите и неколку видувања со некои дечки кои никако не можам да ги претставам дека ми се партнери , јас сум сама....
    Мм бивши ниту еден ден не остана сам, и кога ќе помислам на тоа малце е депресивно бидејки јас го оставив верувајки во подобра иднина , а сега ја гледам реалноста....
    И иако јас побегнав од тој брак , не знам зашто но често се чувствувам како да сум јас искористената.....како крпа фрлена :x ...
    Kако и да е , треба да се размисли од повеќе аспекти зашто некогаш во лошиот брак децата многу повеќе страдаат отколку во нормално семејство само со еден родител.......
     
    На eli25, Nine25, slavica999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    И понатаму веруваш во подобра иднина само можеби некогаш се чувствуваш осамено. Нормално е тоа.
    Можеби потешко ќе си најдеш партнер ама ако најдеш ќе знаеш дека тој е ,,тој,, кој е за тебе и ќе те сака без предрасуди. Можеби бившиот маж не останал ни ден слободен ама дали го направил вистинскиот избор и до кога тоа ќе трае знак ? и не треба тоа да те оптоварува воопшто. Реалноста не треба да ти значи дека не можеш да најдеш партнер, туку баш напротив.
    Нема потреба да се чувствуваш искористено, зошто? И самата велиш дека е подобро добар развод отколку лош брак. Не треба да чивствуваш вина воопшто, а најмалку што имаш и дете. Ти треба уште малку време да расчистиш со минатото а потоа ќе се смееш за што си губела нерви.
    ,,Живот пише романе,, а ти ја пишуваш иднината на твоето дете, на твоето сонце во животот.
     
    На srcekrsacka и sweet25 им се допаѓа ова.
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Во право си , ама се нервирам кога ќе помислам колку ми е мене животот ограничен а за мажите колку е полесно... На пр. фала Богу што на изгледот не ми се познава дека сум мајка на две деца, не сум се променила така, но кога гледам како е за мажите полесно, во смисла , целиот товар е на мене, тој повторно живее ко дечко, и и он вика дека не му е таа некој прав избор , ама му одговара секогаш да биде со некоја, мажите изгледа не пребираат многу, само стално да имаат нешто на располагање...
    Најмногу си ги сакам децата , и не се каам што ги имам , но си се нервирам како сум си го упропастила животот со изборот на тој што ми ги направил, бидејки еве сеа сретнувам само слободни дечки, со кои колку и да си одговарам со некој од нив, јас морам да го откачам, бидејки имам некоја (луда) замисла да немам деца од различни родители а ако тргнам во врска со некој таков се знае дека тој ќе си сака негово дете...И така си станав сама строга и си поставив некои критериуми, да мора да биде разведен, со дете, ваков, онаков, а и таков никогаш нема да ги сака моите деца како што треба, не знам , некако се осеќам како да сум ја утнала најважната работа во животот...
    Како и да е, сум оптимист, и си викам па и сама можам да бидам среќна :)
    а некогаш си викам
    ( ебати среќата штета за младоста вака што ќе ми помине)
    ама тоа е........
     
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    уфф ич не сакав вака да звучам, извинете :tmi:
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Sweet25, ни твојот бивши маж не е баш како дечко. Тоа што не ги чува децата и има помалку обврски да, но како и да гледаш, сепак татко е, и која и да се замисли сериозно за него ќе го зема тој факт во предвид дека и тој има „багаж„ исто како и тебе.
    Во ред инаку ако не сакаш да имаш деца од различни родители, но ако твојот бивши посака еден ден дете со некоја друга жена, сакала несакала, твоите дечиња ќе имаат полубратче и полусестричка од него. Сепак, разбирам дека може има разлика ако не се децата под исти кров.

    Но сепак ќе ти речам вака. Ти грешиш ако ја гледаш ситуацијава со идеја дека бараш нов маж и нов татко на своите деца, тие веќе татко си имаат. Ако сретнеш човек со кого си одговарате, тој твоите деца ќе си ги сака на свој начин(како тетин да речеме), како негови можеби не, што и не е нешто ненормално нели, но сепак ако веќе решил да биде со тебе значи и нив ги прифаќа, како деца на партнер, а не како нивни татко. Во вакви ситуации ќе речам важно децата да знаат кој е кој уште сега, а додека се помали полесно ќе се навикнат на нова личност и ќе ја прифатат многу полесно. Те охрабрувам да не ја фрлаш идејата за нова среќа со некој друг, и можеби пред да ги откачиш некои дечки, прашај ги што сакаат, кажи им што сакаш и што очекуваш, од кај знаеш, можеби некој од нив и ќе те изненади на што е спремен.
     
    На eloves, srcekrsacka, sesilija и 5 други им се допаѓа ова.
  7. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Јас мислам дека не е добро да се остане во брак поради децата. Не е добро ни за жената, а ни за децата. Ако веќе дошло до таму, подобро е да се разведи човек, а и децата полесно би го истуркале разводот на родителите отколку секојдневното малтретирање, караници. Не е добро за детето да гледа такви работи. Имам гледно такви случаи, пр. прв брачед мој кога имаше само 5 па се до 15 години беше сведок на малтретирање на мајка му. Ја гледаше секој ден потсината или во крв од ќотекот што и го дал татко му, и тоа поради пијанство и преголема љубомора. Сега братучед ми има 18 години, полека се гради себеси но е полн со омраза. Затоа велам, нема да му направите добро на детето ако останите само поради него во брак. Трауми се тоа..
     
  8. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    Ако нема изразено психофизичко малтретирање можен е доживотен соживот,секако во интерес на децата,но ако и тоа не е возможно решението е само едно...прекинување на таа врска.
    На мажот му е ,,полесно,,да оствари врска бидејќи тој во повеќето случаи нема обврска да биде со децата и често се случува да смета дека ,,на децата им требаат само пари,!!?,..апсолутно погрешно нели.
    На жената животната состојба максимално и се комплицираа..таа мора егзистенција да брка и не може,,врска,,туку така да тера..на крајот на краиштата со кого врска..кој јунак безусловно ќе ги прифати нејзините деца...ептен тешко да се поверува па и да има некој од ,,малограѓанштинава,,не се бега..
    ќе го ,,изедат,, добронамерните пријателчиња кои ќе го советуваат само ќеиф да си прави,ништо озбилно да не планира....така мислам..така пишувам...
     
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Имам ваков случај во мојата близина. Парот има 3 деца, прекрасни, мили, душички. Но, пред пола година и повеќе жената го изневери сопругот со друг, дојде до оставање, ама поради притисокот од нејзините родители, и заради децата највеќе, решија да останат во брак. Според мене, поголема грешка не можеа да направат. Сега, секој втор ден кај нив има кавги, расправии, висок тон, непријатна и напната атмосфера. Пред некој ден дури дошло и до физичко малтретирање на жената од страна на сопругот, и тоа пред децата. Најголемата ќерка има само 10 години и е пречувствителна. После огромната расправија меѓу родителите сакала да си ги сече вените, и се онесвестила. Овие двајца се прибрале малку, дека не се сами и дека децата се знаат и чувствуваат, и се смириле демек. Денес отидов да ги видам децата, жал ми е за нив. Подобро ќе беше за сите да се разведеа нивните родители. Вака, никој не е среќен и се е вештачко дур трае.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Доколку некој се наоѓа во лош брак, кој нема среќна иднина, најдобро е на тој брак да му се стави крај.Најчесто луѓето остануваат во несреќен брак, за доброто на своите деца, но дали на тој начин тие навистина им помагаат на своите деца?

    Од една страна, сите знаеме дека разводот најмногу влија врз децата, дека емотивно може силно да ги погоди и дека тие не би сакале да живеат на две адреси. Но кога ситуацијата во брак станува неподнослива, веќе не треба да се бира помеѓу две добри опции, туку помеѓу две лоши, а целта е да се избере онаа помалку лошата опција. И разводот и останувањето во несреќен брак ќе ги повреди децата.Прашање е само кое од нив е поболно и подлабоко.
    Сите знаеме дека децата се како сунгери и впиваат се околу себе: зборови, звуци, но и емоции и мисли. И секако родителите, особено кога децата се мали, имаат пресудно влијание во нивниот развој.Родителите практично имаат статус на божество кај своите деца - тие одредуваат што е нормално и посакувано,тие ги одредуваат првите сфаќања за животот и каков тој би требало да биде.Децата можеби не сфаќаат, но чувствуваат, а со тоа што родителите ќе одлучат да останат во лош брак, своите деца ги хранат со чувство за животен пораз.

    Ако сме уверени дека животот е патење, тоа наследство ќе им го пренесеме на нашите деца.
    Ако сме уверени дека животот е Одисеја на откривање на својата љубовност, ќе им го пренесеме тоа наследство.
    Ако сме уверени дека вистинска љубов помеѓу двајца возрасни не постои, ќе им го пренесеме тоа наследство.
    Ако во својот живот покажеме дека не се бориме за себе, ќе им ја пренесеме идејата дека е во ред да се откажеме од животот.
    Животот на родителите влијае врз животот на нивните деца, без разлика каков и да е, среќен или исполнет, згрчен или тажен.
    Со нашите дела им праќаме порака на децата.

    Помудро и поздраво е да се замине од лош брак, бидејќи со останувањето во него, на децата им порачувате дека е во ред да не се борите за себе, дека е во ред да прифатите непочитување, дека е во ред да се биде во однос во кој нема љубов, дека е во ред да се откажат од креирање на подобар живот, а тоа наследство понатаму низ годините само ќе им го отежнува нивното опстојување.
     
    На eloves, slavica999, Palchica и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mama29

    mama29 Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас сум сеуште во брак заради децата, кога и објаснував ма мојата тогаш 7 годишна ќерка дека мама и тато ке се разделат и веќе нема да живеат заедно ќерка ми ме праша А КОЈ КЕ МИ БИДЕ ТАТКО????
     
  12. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Знаеш што и тоа не ти е нешто ти треба некој богат што неможе да има деца а скака да има . Се шалам :D . Да те насмеам. Знам како ти е мајками исто така мислеала и остана сама со мене се разбира единица сум. И на нејзе и го кажав истото ;) Ама сега ми збори глупости неам попаметна работра . Од една страна правилно дека останала со мене од друга пак јас се омажив добро живам со нејзе пошто сум една ама тоа не го прават сите деца . Незнам стварно незнам а такоми пак се пежени други две деца и се разведе пак како тинјџер е иако има 60 год.

    Леле бе сите сте многу малди зашто вака.
     
  13. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Моите мама и тато се разведоа пред 11 години заради тоа.
    Зошто секој ден да се караат, тој има женска, таа има дечко, а ние да гледаме се и сешто со брат ми близнак??
    Единствено решение е разводот, тој на една страна, таа на друга страна, и толку.
     
  14. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :^) ..најголемата глупост е тоа... :!:
    . :!: .ако брачната заедница не е со слога,љубов и толеранција,ако има нетрпение и кавги,понекогаш и некој шамар да летни,пијанство и сл,поарно децата да растат со еден родител отколку да се сведоци на секојдневни трагични случки......родител како родител кој си е одговорен ќе си остани таков и ќе се грижи за децата и нивните потреби без оглед на се,,,а кој си накривува и е ..без осет и грижа на совест дали е во брак или не исто му се фаќа...сепак децата се нашето богаство и не заслужуваат да живеат и воспитуваат во нездрава атмосфера.... :talk:
    .. :yawn: ..најчесто се смета дека и не е поради децата туку позадинската причина е економската страна,и сигурност,мажот е глава на куќата има добра и сигурна заработувачка,ама во нашето секојдневие немаме храброст тоа да го признаеме,и така лошиот брак опстанува со години,децата растат во нездрава средина,која ненамерно и прави од нив идни насилници или агресивни личности,затоа што со години гледале и слушале само грди зборови и случки и мислат дека е тоа единствениот начин на однесување. во животот према другите...широка тема, ама генерално,не е фер спрема децата да се остани во брак кој е лош и не функционира добро.... :x
     
    На napominuvanje и Moira им се допаѓа ова.
  15. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    И што кога децата ќе пораснат и секое ќе си изгради сопствен живот?!?Ќе останат сами они двајца?Или
    на 60 години ќе се разведуваат?
     
  16. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Децата сакајќи ги и двата родитела молкум страдаат гледајќи ги секојдневно како се повредуваат со зборови нивните најсакани и дефинитивно сум против ОСТАНУВАЊЕ во брак поради децата-не трпам лицемерие а ни викање,вреѓање,така да сметам дека за децата е за нијанса полесно да се разведат нивните родители наместо секојдневно да си го прават животот пекол пред очите на децата(кои ќе имаат последици заради климата во која растеле).
     
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Останување во брак само поради децата дефинитивно не,тоа е солуција која само штети и на жената но и на децата секогаш ќе бидат под некој стрес што секако ќе има врска во нивниот понатамошен живот.Ако нешто не се трпи тогаш се потрудуваме да дадеме шанса за подобрување но ако и понатаму се има реприза и сегледуваме дека не функционира бракот тоа е тоа ставаме крај.Сепак се има свој почеток и свој крај. Децата ќе пораснат и ќе се одомат а жената која решила да се жртвува се разболува кога ќе треба да се радува на пример да го жени или мажи детето таа или ќе биде болна или нема да е на овој свет.Можеби свирепо звучи но вистината е таа.
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ама некои луге-најчесто жени се плашат да не останат сами(пример мајка ми) и наместо да се разведе од татко ми да се продаде овој и да се купат 2 помали, реши секој од нас да има право на свој дел од станот-татко ми највеке , а таа ништо-поголема глупост не можеше да направи :!:
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    во државава да има поголем број на вработување, ке видиш колку би се зголемил бројот на разводи, ама ете сиромаштија, па се се поднесува за пари-особено ако жената не работи или малку заработува
     
  20. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    И мајка ми никогаш не се разведе, не дека ја малтретирал некој, ама еден период немаа воопшто убав однос, обострано беше лоша релацијата и тоа не беше пријатно ни за гледање, ни за слушање.
    Денеска иако живеат посебно, не се разведени, ниту си ги решиле имотно-правните односи, ниту имаат намера да се разведуваат, едноставно си тераат така, кога им одговара се посебно, кога треба нешто да се прави, негде да се оди, нешто да се слави, тогаш се пар подобар од било кој.
    Денеска кога ќе каже мајка ми дека поради децата го трпевме тој период на нетрпеливост, не и верувам, сепак мислам дека беше нерешителност, несигурност, страв од непознато, страв од комшиско оговарање итн. А факт е дека не ни направиле услуга на нас децата со нивното терање на брак, бидејќи ние децата си памтиме лоши слики и примери до нашиот семеен живот.Така што останувањето во брак поради деца, го сметам за изговор за непревземање ништо, не за жртва за децата. ( Освен примери каде што жената ниту работи, ниту има каде да оди, ниту има било каква опција во животот, освен да седи и да трпи).