1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останување во брак поради децата

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Многу луѓе само заради децата остануваат во брак. Дури некои се фалат со тоа дека “сочувале“ брак само заради децата.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Teona-s

    Teona-s Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки :hai: !Јас сум нова на форумот.Би сакала да слушнам ваше мислење во врска со мојот проблем.Имам 20 години.Во брак сум скоро една година.Се се случи така на брзинка и сега гледам дека тоа е голема грешка.Бракот ми е катастрофа ;( маж ми додека ми беше дечо беше :angel: а сега е :devil: во буквална смисла на зборот.Нон-стоп нешто ми префрла, ме р'чка.Секако пробав со него и никако не бива само на полошо оде.Се е тој во право јас незнам ништо како ќе каже он капак на се и мајка му е иста како него нон стоп ни се меша во се јас во таа куќа сум Гиле.Си заминав еднаш тој ме врати ми вети дека нема да биде повеќе така.И пак се по старо јас не мозам повеке да издржам. Сакам да се реазведам ама ми е страв да не ми го земе бебчето.Ќе умрам верувајте него го сакам најмн.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Tеона,бори се за теб и за бебето,подобро развед се сега отколку да трпите со тоа детенце трауми заради маз ти кој и онака не ве сака и поЧитува доволно ,кога дозволува мајка му да командува :x .
     
  4. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Мислам дека ти е рано да размислуваш за развод, ако се разведувале сите после пет- шест кавги, до сега никој немаше да има нормално семејство. Секаде има караници, само почни тактички ти да играш. Имаш дваесет години, претпоставувам тазе породена, малку повеќе од вообичаено си емотивна и ткаа биднува се. Неможеш одма парталите и кај твоите. Полека размисли малку, најди начин како да го играш маж ти. Не е разводот купување леб во продавница. Се најдобро и помалку нервози! :*
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Teona-s

    Teona-s Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Фала на советот :* не ни очекував дека некој ќе ме прочита :) чисто онака напишав да ми олесне барем малце.Тнх уште еднаш
     
  6. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Dusicke...mnogu mlada si zaplovila vo bracnite vodi i za tolku kratko vreme si ja uvidela gorkata strana.Sto i da kazam znam deka nema da ti pomogne.Go molam Bog da te prosvetli i da ti go pokaze vistinskiot pat!
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Сакам да дадам мислење за оваа работа од две страни:

    1. Не ги оправдувам оние кои остануваат во бракот единствено поради децата. Ми нема логика. Како одеднаш после разводот на детето ќе му се сменат гените и нема веќе твое да биде и не можеш да се грижиш за него...постојат други, подлабоки причини зад тој изговор...некогаш тоа е кукавичлук, срушена самодоверба и конформизам, лицемерие (сите комшии да видат каков брак сум сочувал/а заради децата :удирањевогради:), а најмалку размислување за среќата на децата затоа што тие сето тоа го гледаат и чувствуваат и сопружниците се свесни за тоа.

    2. Исто така, тврдам (од искуство, од тоа што го гледам секој ден околу мене) дека има друг тип на луѓе, пред се', незрели кукавици кои бегаат од одговорности и тие со самото напуштање на бракот целосно ја отфрлаат одговорноста и грижата за детето, користејќи го разводот како изговор за тоа “неизбежно“ разидување.

    Сум пишувала на други теми за ова, оној кој сака да мисли на детето ќе мисли и во бракот и вон бракот, нити некој му брани, туку баш напротив, законски е должен тоа да го прави.
     
    На Annath, imelda и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    235.015
    Во описот на мојата работа, а и професија влегуваат и разводите, кои верувајте се најтешкиот и најемотивниот дел, особено ако се има деца.Јас, пред да почнам да присуствувам на вакви сцени, да бидам сведок на вакви бракови, имав сосема поинаков став, поинаку гледав на оваа прашање и по секоја цена би побарала развод и никако не би останала во брак само поради дете. Ама праксата ме научи на друго.

    Во голем број, за жал, разводите се како последица на хирови кај двајцата партнери. Па и неверството ќе го вклучам овде. Не можат да се согласат околку работи како што се свекрвата, бабата, готвењето, излегувањето.Се жалат дека се несфатени, игнорирани од страна на партнерот, па неретко едниот се осудува на прељуба. Вистина, за прељубата игра фактор и изневерениот партнер. Друго, неможат да најдат компромис за една обична работа, која таа понатаму влијае врз останатите, и доаѓа до колуминација која резултира со развод. Во средината се секогаш децата. Тие страдаат, и во нехрамоничен брак и при развод на родителите. Јас овие луѓе неможам да ги сфатам. Имаат дете/деца и воопшто не се ни обидуваат да ги средат односите. Себични се и мислат на само на себе. А децата страдаат, со свои очи секојдневно го гледам тоа.

    Во овој случај никако не го ставам и семејното насилство, тоа е друга тема и апсолутно нема друго решение освен развод. Семејното насилствео е најчесто поврзано со алкохолизмот, коцкањето, наркоманијата, и овие појави сами по себе се деструктивни и за општеството и за сопствената фамилија. Во овој случај, од ваквите луѓе се бега, се останато може да се реши. Затоа разводот, во сите останати ситуации е последното решение за кое треба да помисли еден родител.

    А родителот е жртва за детето. Барем јас вака го доживувавм поимот на родител. Не сум сеуште, ама еден ден ќе бидам, и детево ќе ми е приоритет. Не знам што ме чека, ама знам дека ќе дадам се од себе да не дојде до развод. Повеќето од вас кои ги давате советите да се разведат немате деца, или сеуште не сте во брак, па вака гледајќи од страна лесно е да се каже остави го. Ама не е, и нема да биде. Затоа, најпрво во вакви ситуации, седнете, разговарјте, ако не сте во состојба сами да го надминете проблемот, вклучете психолог, брачен советник, што и да е, ама разводот нека ви биде последна опција.
     
    На MargaritaD^2, jasna83, Vetruska и 12 други им се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    За жал денеска се почести се разводите ,посебно кај младите брачни парови кои што веднаш после првата кавга се решаваат на развод.Влегуваат во брак сосема неподготвени или пак со некоја илузија дека се ќе биде идеално и токму таа илузија кога ќе влезат во институцијата брак се претвора во реалност на која што не се надевале.
    Најчесто во ова ситуација страдаат децата кои што не се воопшто виновни поради тоа што нивните родители не се согласуваат.Лесно е да се каже,се караме,немаме заеднички јазик па ај да се разведеме.Друго е кога еден пар е во врска и да кажеме некому доколку не оди или не сте среќни раскинете,а друго е да им кажеме на некој кои што биле во брак да се развадат.Тука има милион тематики и прашања кои што мора да се разгледаат и да се решат пред да се одлучи некој пар на развод.
    За секое дете е подеднакво тешко кога ќе дојде до развод на родителите.Тука доаѓа прашањето кој ќе добие старателство на нив,па ако се две деца едното може да оди кај мајката другото кај таткото,тоа би било голем шок за нив ,уште повеќе кога ќе видат дека нивното семејство целосно се разведува.Караниците на мајката и таткото пред нив и тоа како ќе има последици врз понатамошниот развој на децата.Секое дете е преосетливо и кревко,па многу зависи како ќе им се објасни тоа дека родителите се разведуваат и дека еден од нив ќе гледа само за викенд.
    Замислете каков шок за едно дете е да го однесат на суд каде што ќе се решава со кого ќе биде тоа понатаму и го прашат со кого сака да биде,со мама или со тато?Сигурна сум дека тоа би било конфузно и премногу тешко за било кој.
    Како што кажа и Julie многу од родителите поади свои каприци не помислуваат на своите деца и по секој цен се разведуваат.Секој пред развод треба да се обиде да се реши проблемот и разводот да биде последното решение.Постојат брачни советувалишта и стручни лица кои што се занимаваат со ова тематика со кои што може да се зборува.
    Секако дека ако и покрај сите обиди ништо не се менува,ситуацијата се влошува и ако се има психичко и физичко насилство,караници и навредување пред децата опцијата развод е најдобра ,но мора претходно да се разговар убаво со децата и да им се објасни највнимателно каква е ситуацијата и што ќе следува.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Само една година си во брак..Премногу малку и премногу млади.Првите години се секогаш најтешки..Тоа е најверојатно фаза во која се навикнуваме еден со друг, и каде што мораме да научиме и на компромис, и на толеранција..Доколку нема насилство од страна на твојот сопруг , Ако не е коцкар или алкохоличар, друго се се решава.Разговарај едноставно, кажи му ги чувствата, твојот проблем, проблемот со неговата мајка..Мораш да најдеш начин.Разводот е најлесен чекор, но зошто толку брзо кога можеш на мудар начин да си го сочуваш семејството , кое тукушто си почнала да го градиш.
    Моја колешка од работа пред две години имаше исти проблем.Караници, несогласувања, мешање од страна на родителите и се тоа дојде до поднесување тужба за развод.Пеколот траеше повеќе од 6 месеци. За малку не се разведоа.Недостасуваше секунда.Сега се повторно заедно, мислам повеќе се сакаат од пред да стапат во брак.Едноставно тоа им беше лошо искуство кое можеше за секунда да им уништи се.Ги отргнаа работите кои им претставуваа проблем.Увидоа дека и во двајцата е вината и си го спасија бракот.Сега се среќни и планираат уште едно детенце.
    Тоа се случи и со мојата најдобра другарка која е мажен анадвор од македонија.На почетокот од бракот, со едно бебе исто помина низ пекол.Башка сама, без никој свој таму.И со слични проблеми, караници, несогласување, мешање на родтели, финансии.За малку ќе се разведеше.Сега се среќни.Еве имаат и трето детенце на пат.
    Затоа размисли си и разговарај со својот сопруг.Среќно...
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Луѓе, бракот не е тинејџерска врска па на секоја расправија да се прави прекин. Од друга страна останување во брак само поради децата е голема грешка. Си ги носите на душа и нив. Јас никогаш не би сакала татко ми и мајка ми да се "трпат" меѓусебно само заради мене. Во тој случај сум причина за нивната несреќа а тоа не може да ме направи мене среќна.

    И да, денес е некој нов западњачки режим, Маж ми повиши тон на мене чао чао. Не може тоа така, мора некогаш и да се премолчи, мене така ме учат уште од сега сите, почнувајќи од баба ми. Бракот не значи само љубов и бесконечна среќа, бракот значи и жртвување, како и љубовта нели. Треба некогаш да се ставиш во заден план.

    Не сум искусна со бракови нели сеуште сум мала, но толку гледам што се случува наоколу и од толку совети што слушам од луѓе кои минале низ тоа, така да поубаво да се научиш што и како треба пред да влезеш во брак отколку два дена после свадбата- развод.
    Не е реалити шоу..
     
    На Mikako му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    :shake:

    Треба да научиш како да го подметниш твоето мислење на мажот ти, без викање, без уцени и без кавги. Значи, НЕ да се ставиш во втор план, а ДА, да преќутиш некогаш, ама не оти си се откажала за „доброто на бракот и мажот“, туку дека си смислила попаметна тактика за освојување на територијата. Или што би рекле „Да си ја тераш водата на својата воденица“ :lol:

    Без интенција да звучам пресметливо, јас за жал никогаш не научив да го правам ова, ама научив дека тие што ми го трубеле ова толку време биле во право. Мажите се многу едноставни суштества, ние ги правиме комплицирани....
     
    На Espadrila, eloves, MargaritaD^2 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    I јас морам да кажам дека се согласувам со ова,точно многу малку време си во брак и млади сте(сега не знам колку години има твојот сопруг),освен тоа имате и бебенце.Mора малку да поработите на бракот на мегусебниот однос,затоа сто идеален брак нема верувај,во секој брак има кризи,караници и периоди на несогласувања но сето тоа поминува.
    Cедни и разговарај со сопругот,убаво објасни му како се чувствуваш,без карање и пробајте да ја решите ситуацијата.Cигурно се сакате не верувам дека чувствата ви исчезнале за само една година,
    и бебушот е тука кој треба да ве зближи уште повеке и на кој му треба сето ваше внимание и љубов.
    Zатоа не избрзувај колку што сватив не е ниту алхохоличар,коцкар или да е насилен,пробај уште малку време дајте си, види како ке биде е ако веке не се поправа ситуацијата тогаш преземи нешто..
    Tи ја посакувам сета срека на светов и дај боже да ви се среди бракот. :* :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум во брак само поради син ми. Само заради него. Се нервирам и сум многу разочарана од маж ми, сега да ми е овој памет никогаш не би го земала. До душа, он доста се промени во бракот, ама како и да е.. Не е лош човек, само многу е нетолерантен, не е посветен ни како сопруг ни како татко, јас внимание немам како сопруга ниту детето има нешто посебно внимание од него како татко (не го игра многу и сл.). Не се осеќам сакано и патам за љубов, ама никако не планирам да се разведам, сакам уште едно детенце за да не биде само моето синче низ животот, ама дефинитивно сум во брак само заради детето и гледам животот да си направам колку-толку поднослив.
     
    На katalina, Glasna и mama31 им се допаѓа ова.
  15. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Како дете од таков брак велам дека не е воопшто во ред. Тоа е тортура невидена за децата. Во толку нездрава средина не може нормално да се функционира, па јас би рекла никогаш не останувајте во брак само поради децата оти ништо добро не им правите. Разводот понекогаш е најдоброто решение за сите, и партнерите а и децата. На тој начин детето ќе ги гледа двајцата родители ( зависно од ситуацијата) а нема да биде психички и емоционално оштетено, што најчесто се случува.
     
    На rose60, referentka, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека некој брак опстанал само поради децата, од икс причини може да опстане, материјални и тн. но, ниеден од партнерите дете не може да искористи да го задржи другиот. Ретко кој си признава зошто останал во брак ама реално така е. Така што да нема манипулација со децата е подобро зш и онака не вродува со плод на крај.
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.454
    Пол:
    Женски
    A што ке правиш во иднина кога децата ке тргнат на факс,ке фатат девојки,друштво и свој правец?
    Ке се разведеш тогаш?
    Ке продолжиш да живееш во самотија?
     
    На referentka и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Ова сум го слушнала повеќе пати, лошо е чувството претпоставувам ама ако е толку лошо второ дете не би раѓала ако е лош како татко. Можеби ти се чувствуваш запоставено малку ама не би раѓала ни размислувала за второ дете ако реално лошо стојат работите. Сличен случај на твојот, дури и полош, во брак се до ден денес, и кога ќе го ставиме ова како тема на разговор ја прашувам женава, да беше толку лошо и да немаше верба и љубов за него, сите кога ти викавме ќе го оставеше,а вие уште се заедно. И само ми одговори "знаеш не е се така едноставно, деца и се ама не се каам што не го оставив, си има и лоши страни ама и добри". Така што многу ме потсетуваш на неа, и што вели членкта погоре и децата кога ќе се на факс пак ќе бидете заедно затоа што бракот минува низ многу фази и мн очекуваат едно, добиваат друго, само тие што ја имат онаа нишка љубов измеѓу остануваат заедно во сите бури и убави нешта.
    Поззз и се најдобро ти посакувам, погледни во себе тој е истиот што си се заљубила само во поинакво светло е.
     
    На rose60 и Vetruska им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    @JuLleE се омажи? Имаш дете?
    Еве јас како мажена и со дете ке ти објаснам добро зошто воопшто не се сложувам со твојот пост иако е стар и може веке си го променила мислењето. Не знам дали си социјален работиник или адвокат, ама не можеш да бидеш во кожа на ниеден родител кој се раведува а најмалку пак да знаеш то тие носат во себе, Бракот не треба да опстои само ако нема коцка, дрога и насилство, а има се друго неподносливо.
    Одговори ми ти на моите две прашања, па јас ке ти одговорам каде грешиш.
     
    На rose60, Glasna и Outlook им се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Ај и јас да чкртнам на темава и како дете на разведени родители и како родител.

    Поддржувам развод во секој случај. Дури и без видливи проблеми, ако сопружниците така си одлучат. За децата се секако тешки и двата моменти: и лошиот брак и разводот. Според мене, иако тоа не беше мојот случај за жал, порелаксирани и попосветени би биле родителите без секојдневните брачни проблеми. Најважно е да се сакаат и почитуваат децата, а не да се трпи нешто заради нив. И тие на некој начин го трпат истото.

    Како родител, не сум во брак баш поради неуспешната брачна позадина на моите родители и проблемите кои ми ги натовари истата, па затоа и не би имало потреба од судска разрешница доколку дојде до развод. Децата мои си имаат двајца родители кои во секое време би си ги гледале родителите по своја желба. Не ми треба социјално или суд да одлучува за тоа.

    Иако 99,9% сметам дека нема да дојде до ваква ситуација поради специфичноста на мојот "брак", сепак ова е мојот став.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.