1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останување во брак поради децата

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Е ова е страшното(facepalm)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Познато ми е ова,кога мажот ми и неговиот брат ги разделиле,баш во судница:((facepalm)
    А последиците се трајни:(
     
  3. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав цела тема и искрено многу ме погоди.
    Моите родители беа 12 години во брак само ради мене. Единствената причина поради која не се разведоа се до тогаш бев јас, а мајка ми не користеше прилика а да не ми го плесне в лице дека да да не сум била јас таа одамна ќе се собрала и ќе се отишла.
    Се зеле доста млади на 20 години и причината секако сум била јас,мајка ми останала бремена со мене, баба ми и дедо ми разбрале и го натерале татко ми да се ожени со нејзе.
    Од кога паметам за себе тие секоја вечер се караа, навредуваа, пцуеа, бркаа меѓу себе и на крај татко ми ќе си ја земеше перницата и ќе си легнеше во дневна. Тој работеше по цели денови, мајка ми седеше дома, беше тотално незадоволна од својот живот, немаше со кого да се дружи, со кого да конрактира освен со жената која доаѓаше да чисти кај нас повремено.
    Исто и наутро уште во 7/8 тие викаа, се караа, место добро утро и добра ноќ јас викотници и караници слушав. Не внимаваа дали ги слушам и како ќе се изразат, напротив. Беа тотално различки карактери, тотално разлчни ставови, никако не можеа да се погодат и за најмалата ситница викаат и урлаа.
    Кога ќе кажев има родителска тие и за тоа се караа кој да дојдел, не сакаат да доаѓаат кај мене на родителска. Никогаш не можев нешто да ги прашам, да им кажам, никогаш не ме слушаа, не ме прашуваа ништо се однесуваа како да ме нема и да не постојам, како да не се родители.
    Имав слушнато разни муабети, дека татко ми имал швалерки излегувал со нив по кафеави, дека мајка ми имала швалери ама колку се точни тие работи не знам.
    Се сеќавам една вечер многу се скараа, мајка ми плачеше се јави дојдоа нејзините родители моите баба и дедо, уште пред да дојдат таа веќе се спакувала и беше спремна да си оди. Седев немо во дневната, исто како сега и молчев, Уште пред да влезат таа се симна со куферот и ми рече дека си оди, дека јас од денес ќе живеам со татко ми и да не сум смеела солза или глас да пуштам зошто ради мене го трпела сиве овие години. Дојдоа баба ми и дедо ми ја молеа да се врати, да не ни се растури семејството ама не таа си замина. Во социјално кажала дека нема услови да гледа дете. После некое време си замина да работи во странство, одеше и доаѓаше а и денес кога е овде многу ретко ми се јавува и тоа кога е таму баба ми, најверојатно таа ја тера.
    Татко ми се прежени со друга жена, со која не комуницирам никако само службено. И денес не е ништо подобра ситуаицјата, само што не се караат и не урлаат со маќеата моја. Имам мир и тишина.
    И тој се однесува како да ме нема, сеуште до доцна работи, некогаш со пола уста ќе ме праша како сум или што има ново и тоа е.

    Сакам да кажам дека откако се разведоа, мене лично барем ми е подобро. И да не се караа пред мене, се чуствува онаа непријатна атмосфера во куќата, оние погледи наопаку и сето тоа дека не е нешто во ред. Тоа што 12 години се трпеа ради мене е најлошото нешто што мене ми го направија. Јас станав повлечена, мирна, тивка личност имав проблеми да се социјализирам, немав друштво, си мислев кога родителите не ме сакаат како друг да ме сакаа.

    ОСтанување со брак поради децата е најлошото нешто што можете да им го направите на тие деца. Тие деца јас знам дека ќе бидат посреќни да растат со еден ама нормален родител, отколку секој ден да бидат сведоци на непријатни ситуации.
     
    На jasbi, Mari*, senza.parole и 33 други им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    https://docs.google.com/forms/d/e/1...vL1-nGiV5lg42SFsnmAFbVlpOeNg/viewform?c=0&w=1

    Почитувана, доколку сметате дека во вашиот дом претрпувате семејно насилство од страна на сопругот/партнерот, Ве молам пополнете ги следниве податоци. Вашиот идентитет е потполно анонимен, а податоците кои ќе ги внесете ќе се користат за научно истражување од областа на психологијата.


    Се пополнува анкетава и на крај ви излегува ова

    Ви благодарам! Вашата соработка е од големо значење и како знак на благодарност, Ви овозможуваме 3 бесплатни консултации (во траење од 30 мин) со психолог-психотерапевт. Доколку сметате дека ви се потребни, јавете се на следниот тел. број 078-404-074
    Со почит,
    м-р Весна Блажевска - психолог и психотерапевт

    Јас ја пополнив иако немам таков проблем, пополнете и вие за да си помогнеме себе си
     
    На Evripigi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.543
    Пол:
    Женски
    Не треба да останувате во брак заради децата. Мое мислење. Моите родители се пример...
    Воопшто не се поднесуваат. Секој ден слушам како зборуваат лошо еден за друг, ми се лоши од она што го слушам. Им викам, зошто не се развеле кога виделе дека не им оди. Кога виделе дека не се еден за друг, дека не можат да живеат во иста куќа. Останале заедно заради децата... Епа фала ама мене ова не ми треба. Во секој случај, пример ми се за тоа каков партнер јас да одберам во животов и да не ја направам истата грешка.
     
    На Askopje, LollySky, Evripigi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Не сум вo брaк уште, aмa никaкo и пoд ниеден услoв или причинa не би oстaнaл вo брaк пoрaди децaтa. Сметaм декa пaртнерите aкo уште oд сaмиoт пoчетoк увидaт декa сè пoчестo се кaрaaт и вo дoмoт нaместo хaрмoнијa влaдее хaoс, тoгaш требa бaрем еден oд нив дa кaже "стoп" и нaвреме дa си ги рaсчистaт прoблемите, a aкo тoa не успее тoгaш спoгoдбенo и смиренo дa се рaзделaт и секoј пo свoј пaт. Дa, тешкo е зa децaтa кoгa стaнувa збoр зa рaзвoд, aмa уште пoтешкo им е кoгa дoмa слушaaт сè и сештo и oд мaли нoзе сoбирaaт фрустрaции, стрaвoви и трaуми вo себе кoи пoдoцнa вo живoтoт им пречaт вo сoцијaлизaцијaтa сo други луѓе и се несигурни вo себе.
     
    На LollySky, Evripigi, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Jenny22

    Jenny22 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Jas go popolniv seto toa, i sega treba da dobijam nekokov odgovor ili poraka?

    Jas go popolniv seto toa, i sega treba da dobijam nekokov odgovor ili poraka?
     
    Последна измена од модератор: 10 септември 2018
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.369

    Се надевам ќе ми дозволиш да плеснам во лице со моите реални коментари на форумов - ветувам нема да спомнувам никови, иако секогаш има по некој што се наоѓа во тоа што го пишувам. Имам осет, само да допишам , па ќе се тргнам од темата.

    Мое мислење е дека уште на почетокот поради недоволно искреност дошло до ова.

    Нели некои веруваат во вистинска љубов, ами нели од љубов се направени тие деца ? Е како тогаш наеднаш не можат да функционираат партнерите и да не се трпат ?

    Како некој да се наметнувал на некому ради реда да се земат во брак, без постоење искреност . Нели кога си со некој заедно, му ги знаеш неговите маани, си го прифатила и он тебе каква што си. Нели се знаете доволно пред да стапите во брак ?

    Поради таа проклета искреност која фали во комуникацијата со тек на време штом не си кажуваат партнерите отворено и не разговараат за се што го опфаќа нивниот заеднички живот - џабе им е се.

    Што мислеле ? Ќе направиме деца па може ќе се ублажи ситуацијата ?

    Јок, уште од почеток тоа треба да се осети , а не да се избрзува, правење деца ради реда......

    Воопшто не го оправдувам останувањето во брак заради децата...... Жив пример е една од комшивките, шивачка, го трпи мажот и поради децата , а мажот и менува швалерки ( не само што менува, туку и сам се фали дека жените го посакувале ) тоа до душа го знае и она, свесна е, ама упорно ради децата е со него.
     
    На SV1911, WildMk и Milobebence им се допаѓа ова.
  9. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Ме уби чоече :(
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Изгледа и мене ме чека ова :((((
     
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Заради децата е можда дел од приказната, зошто некој останува со некого. Дел е и економска зависност, недоволни примања за самостојно со деца да се живее, потоа навика, новото е пострашно од навиката, депресија кај еден партнер, и на крај , не се сите луге довилно зрели за да напуштат брак, а да останат посветени родители. И јас растев во хронично лош брак на моите, и сфатив како не сакам и не можам. Од надвор се изгледаше многу порозево, и ако не побараш помош, помош едноставно нема. И јас како дете се плашев да не се разведат, а потоа знаев дека мајка ми ке крахира ако се разведат. Денес..искрено не ми е гајле повеќе , ама како дете и тинејџер патев. И денес се заедно бтв, нефункционални како и секогаш, пари имаат, внуци имаат, рает и разбирачка-не. И нема еден кривец. Мене така не ми се живее, па избирав внимателно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    Тебе те чека или твоето дете го чека ова?
    Ако е второво не го дозволувај тоа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ако некој одлучи да остане во брак ради децата... нека.. нема што јас да му судам.
    Ама немојте да дозволите децата да го знаат тоа, и уште поважно! немојте ним да им префрлате за тоа што вие сте одлучиле.
    Ако не ги почитувате овие две правила, џабе сте останале во брак 'ради децата', тоа ви е само изговор, а децата немаат никаков бенефит од вашата 'жртва'... едноставно - кукавици сте.
     
    На Chantal, Mari*, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира зошто сметаат дека е подобро да се остане во брак ради децата?
    Ве молам само без зборот финансии, зошто тоа е нешто што не можеме да знаеме... може едниот родител да почине и пак ти доаѓа една плата(еве како мене, татко ми почина, а мајка ми остана без работа).
    Што мислите дека децата се глупави и не разбираат? Дека не ја осеќаат негативноста по дома?
    Моето е 15 месеци, па ни ги зима главите ни ги допира за да се бакнеме и се смее, па таа не бацува...
    Замисли да не гледа како се тепаме и урламе? Нема да стане и она таква? Ќе трпи насилство, навреди, само зошто мама трпела.
    Само правите да страдаат повеќе.
     
    На hermosa, Snowflake97, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.252
    Пол:
    Машки
    Јас ако зборувам искрено откако се разведоа водам многу подобар живот отколку кога беа заедно и често имаше расправии и се. Сето тоа ми влијаеше негативно, и секогаш си велев на самиот себе дека нема да бидам како нив и ќе бидам со подобри разбирања и сфаќања и дека можеби ќе ја ценам многу повеќе жената дури и повеќе од што треба.


    Друга работа, пред да се разведат често мајка ми ми зборуваше како тоа да не сум бил јас, ќе се разведеле одамна (веројатно планираше да станам полнолетен па да се разделат, и тоа го стори). Многу е тешко кога треба после тоа да студираш и да чуваш братче (помало и аутистично).


    Уште една друга мноогу поважна работа е како пак татко ми ме обвини дека јас сум виновен што се разведија и едно 3-4 месеци имав расправии по дома, но се се среди. Хм, делумно.


    Како и да е да не должам со оглед на тоа како сум израснат во основно скоро и да не учев многу не одев на школо, се тепав, едноставно бев како ги викаат мангупи?
    Средно бев меѓу најдобрите во класот, а во 4та година и прв во класот со 5ка поминат.

    Еве ме дипломирав, и мислам дека сум задоволен од себе до каде стигнав со оглед на моите услови.
     
    На jasbi, x.Daisy.x, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.543
    Пол:
    Женски
    Многу ми е драго за тебе. Дај Боже сите да се спасат од ваквите семејства. :)
     
    На WildMk и Stark им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ова не треба да го зборува на дете, ни еден родител:

    Децата не ви се ни пречка, ни се виновни за вашите промашени животни одлуки!

    п.с. Старк! Секоја почит за тебе :hug:
     
    На hermosa, cresa-jagoda, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Одгледување дете во токсичен брак трајно ќе го оштети. Ако едно дете расте во заедница би требало по некое правило да ги земе за пример негуваните меѓучовечки односи. Со останување во брак заради децата единствено ќе добие искривена перцепција како изгледа бракот, семејството како заедница.
    Неминовно ќе пати од синдромот "што ќе кажат луѓето" и е веројатно дека ќе се однесува по примерот кој го добил.

    Делење старателство тука исто може да биде сложено, зато што недоволно зрели луѓе се способни детето да го третираат како оружје за меѓусебно препукување преку уцени.

    Лично не мислам дека е правилно и не би останала во брак заради децата. Чудно е едно, како тоа никој не го одобрува, а на крајот на денот повеќето бракови овде опстануваат токму заради децата.

    Друга работа е што изразито мајките кои се жртви на семејно насилство, остануваат во бракови заради децата под изговор финансиска немоќ. Ги учат децата дека насилникот треба да се толерира додека носи леб дома. Дека законот никого не го фаќа и алиментација не е задолжителна да се плаќа. Дека жената е неспособна сама да се справи со предизвиците на самохран родител. Дека насилството е во ред, и кога во идина и детето ќе крене рака на мајката по пример на таткото се чудат.
     
    На Sejfullai, elena.mak, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Мила5

    Мила5 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Хелоу.
    Јас нова на форумов па да си ги кажам маките. Во брак сум 13 години, едно дете и уште првата година знаев дека направив грешка што се омажив за тој човек. Еве така со години живеам во никаков брак, со сопруг кој не ме почитува, со навреди без физичко малтретирање, тотално сме различни, немаме заеднички интереси, јас сум амбициозна он е во својата комфорт зона од која не мрда, се караме скоро за се' и така. Немам храброст да пресечам, највеќе заради детето а многу сакам. :(
     
    На SevenHeaven, Роберт 7 и TeonaZ им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Кого многу сакаш?