Секако е решение. И таа ќе добие внимание и детето ќе има родител. Проблем солвд. На 90% од лошите бракови ова им е компромис. Другите 10% се разведуваат.
Кој те плеска? Ти кажувам дека ако така му зборува на детето, а ти велиш за детето да му е арно остануваш.. Тогаш, не си во право. Само лошо му правиш, што дозволуваш да порасне во женомрзец, како татко му.
Не мислам дека вниманието е проблем. Непочитувањето и немањето заедничка оска е проблем. Компромис во лош брак, не го прави бракот помалку лош. Не мислам ни дека детето ќе стане женомрзец. Некој го поткопува авторитетот на мајката, или нејзиното однесување или што и да е. И во таков брак, детето е растргнато, скоро исто како кога би биле разведени.
Детето е големо за да сфати или види дека одат по друг пат родителите. Дали Мила ќе му каже или сам ќе увиди тоа е башка.
Сум го кажала ова и друг пат на форумов.. Имаше еден пријател... (значи пријател-пријател, не сексови-мексови, да не ми се испозанесите! ) ... шо ме учеше да не се чудам за тоа зошто толку девијации од 'нормалното' има, и зошто има екстремни бехиверијонални појави... со една, единствена реченица: 'Зависи од ќошот, во кој некој е стеран' Мислам дека тоа беше најголемата мудрост која сум ја чула, и која ми помогна, уште толку да почнам да ги разбирам луѓето.
Ако те разбрав правилно (пошто ептен филозофски му пристапи на проблемот)... жената не е во ќош. Не е задоволна од бракот, во него е само заради детето, прашањето е- дали им е на повеќето засегнати страни (значи таа, дете), подобро во оваа ситуација или во некоја алтернативна?
Да, непочитувањето. А инаку ние живееме колку толку нормален и лагоден живот благодарение на мојата плата, имаме кола поради тоа што јас имам службена кола, одмори, реновирања, организирање на домот е нормално се' на мене.
Па за швалерот се фативНе. Не за детето. Гледаш вика сите трошоци на нејзин грб биле, мака има, не и е до сескање.
И? Мислам, секој сам за себе проценува колку е во ќош, колку е во аут, ама независно од позицијата, што е решение?
Не е битно дали е на двајцата, или на тројцата, или само нејзин. Чим пишала на форум за проблемов, а кажува дека таа е главен финансиер во браков, ич не и' е проблем, да стане уште сега, и да си отиде.. Друго ја плаши... Повикај се на погорново