Барав ваква тема, и не најдов, па ја отварам, со цел повеќе да се информирам, за самата болест, и со што и како да се превенира или лечи истата, посебно кога веќе е во 4-ти стадиум ( иако незнам ни ова што значи)... Кој знае било што, што помага да се лечи или ублажи нека пише...
Остеопорозата претставува метаболичка болест на коските. Се карактеризира со намалена количина на коскено ткиво во нормално минерализиран коскен матрикс. Причина за настанување на остеопорозата Постојат три главни типа на осеопороза: идиопатска (непозната причина), која е присутна кај децата и адолесцентите, постменопаузална (тип I), која се јавува обично меѓу 50 и 75 година од животот, и шест пати е почеста кај жените. Сенилна остеопороза или инволуциска (тип II), која се јавува претежно кај постарото население над 70 години, и два пати е почеста кај жените. Клиничка слика Болните можат да заболат од остеопороза и со години да немаат симптоми. Фрактури на ‘рбетниот столб, кои се една од најчестите компликации на болеста и кои предизвикуваат болка во грбот, се јавуваат без или после минимална траума. Најчести се на лумбалните и долните торакални прешлени. Локално се развива акутна болка и обично попушта после неколку дена или недели. Со тек на време фрактурите предизвикуваат дорзална кифоза со вратна лордоза и хронична грбна болка, посебно во долниот лумбо-сакрален дел. Болната чуствителност често се забележува по должината на ребрениот раб на соодветниот спинален нерв. Со напредокот на болеста, епизодите на фрактурите на прешлените се повторуваат, висината на телото се намалува, исчезнува физиолошкиот облик на ‘рбетниот столб, додека торакалната фисура се продлабочува до тој степен што ребрата налегнуваат на илијачната коска од карлицата. Останатите видови на фрактури обично не настануваат спонтано, туку како резултат на механички повреди, на пример при пад. Дијагноза Кај 20% од женската популација е присутна хиперкалциурија (зголемена концентрација на калциум во урината). Останатите биохемиски наоди се уредни. Ренгенската дијагностика е корисна во текот на подоцнежните фази на болеста, кога се губат повеќе од 30% од коскеното ткиво. На рентгенските снимки се гледа намалена густина (дензитет) на коските. Терапија Најважна е превентивата активност од различни аспекти. Така на пример, жените во постменопазуа може да примаат естрогенска хормонска заместителна терапија или да земаат зголемени количини на калциум и витамин Д со исхраната. Ваквиот надомест е осеобено корисен кај жени кои инаку конзумираат храна со ниско ниво на калциум. Превенција - Калциумот треба да се користи в оисхраната во доволни количини - Препораките за дневниот внес на витамин D во северните земји и земји со умерена клима - Физичката активност може да превенира остеопороза и фрактури на колкот. Активноста е важна за време на детството и адолесценцијата...
^^^ Ти благодарам многу...но она што ме збунува е тоа што, се повеќе истражувања укажуваат на тоа дека внесот на млечни производи, во поголеми количини, а со тоа и на калциум било и една од причините за појава на остеопорозата, и дека не треба да се лечи со калциум ... А за калциумот и јас знам, мислам како и сите, тоа го повторувавме секоја година по биологија нели, затоа и ми е чудно... и сега гуглам, и со секоја добиена информација, сум се позбунета...контрадикторни се една со друга, во крајност... Мислев ако некој има искуство, со класична, алтернативна медицина, чаеви, билки, храна, да пише...
На мојта цимерка мислам дека сестра и имаше остопороза ама не сум сигурна баш.. А бидејќи калциумот е потребен за коските и нивната цврстина секоја терапија го вклучува него. Е сега незнам зошто некаде пишува лекување НЕ со калциум. Ако дознаам повеќе информации ќе пишам обавезно
Јас би ви пренела искуство од свекрва ми Остеопороза всушност значи намалување на еластичноста на коските а зголемување на минералите во коските што резултира до кршливоста на коските (значи при најмала повреда коската се крши затоа што не е еластична). Па поради тоа не се препорачува лекување на база на калциум (млеко, сирење, урда..) - нели тоа е минерал. Освен регулирање на внесување на калциум во организмот таа пие и Јоинтас или Остеокер апчиња. Ако добро се сеќавам сум прочитала што содржат, освен што го регулираат внесувањето на дневната доза на минерали во организмот има и неколку вида на заситени-незаситени масти кои ги има во ајкула и некои др. риби а исто така и Д витамин. Некои посебни билки, чаеви и сл. мислам дека нема освен при големи болки кој ги има, се масираат со еден лек кој го прават од ракија и невен цвет. Има рецептура на 1 кг ракија колку цветови невен се ставаат и тоа стои 21 ден и потоа се масира.