1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осумчасовна диета

Дискусија во 'Канта' започната од rici.aaaaa, 14 август 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Преземено од stipka.com.mk
    Јадете колку што сакате[​IMG] и jадете што сакате![​IMG]

    Осумчасовната диета е план за слабеење на Дејвид Зинчек и Питер Мур, која ја имаат претставено во книгата „ Осумчасовна диета: Гледајте како килограмите ги снемува, додека го јадете она што сакате“.

    Оваа диета се има појавено пред релативно кратко време – пред само неколку месеци – а членовите на светски познатите нутриционистички кругови, чекаа да стивне возбудата која ја следи секоја нова диета, па да мирно ја тестираат.

    Со оваа диета, авторите ветуваат дека може да загубат цел куп килограми и да јадат се што ќе посакаат. Зарем ова не е сонот на секој љубител на добра храна?

    Но, постои еден мал трик – Можете и смеете да јадете само во еден временски интервал кој трае точно 8 часа – надвор од него нема јадење!

    Пример за мени за еден ден:

    После будење: вода, чај, какао или кафе.

    Појадок во 10 часот: 1 мусли, чаша млеко, една овошка или 2. кајгана, тост, кафе/чај.

    Ужина (кога сакате): Благо од житарици.

    Ручек: (кога сакате): 2 парчиња пица, пржени или варени компири, салата, 1 јаболко.

    Ужина (кога сакате): 1 парче колач или 1 сладолед или овошје по избор.

    Вечера во 18 часот: Пилешки стек, 2 варени компири прелиени со лажица путер, брокули, сладолед.

    Ова не изгледа ни малку лошо, зарем не?

    Само 8 минути вежбање.

    Авторите на диетава препорачуваат 8 минути вежбање секој ден. Ние лично мислиме дека станува збор за фазон – сé да биде во знакот на бројот 8, но ете, да не ви го изоставиме и овој факт од официјалната диета.

    8saatdieta5

    Инаку, луѓето кои до сега ја тестирале оваа диета, тврдат дека поминала успешно – сите тест субјекти ослабиле просечно за 2 кг, во период од 5 дена. Негативните коментари воглавно се однесувале на големото временско растојание на пост, од цели 16 часа, кое на многумина им паднало доста тешко. Но оние кои ја применувале диетата подолго, за кратко време се навикнале и за 3 недели загубиле и по 8 килограми.[​IMG]

    Се на се, ова е навистина интересна диета, која вреди да се испроба.


    Јас не сум ја пробала но што знам :!: ми го привлече вниманието.
     
  2. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.