1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отварање на сите ,,карти,, пред брак

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 30 мај 2017.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.859
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    Поттикната од некои дискусии овде, а и во реалниот живот воопшто, во смисол ,,што мислеше кога се мажеше,, решив да ве прашам:
    Кога со партнерот отворено почнавте да разговаравте за бракот, за тоа кај ќе живеете, со кого ќе живеете, како ќе ви бидат поделни обврските одкако ќе стапите во брак, како ќе се распределуваат финансиите, како ќе се грижите за родителите коа ќе остарат и нема да можат сами итн.
    Имаше ли воопшто муабет додека бевте во врка што потоа или се водевте со она ,,не сме земени, не смеам таму да се мешам, има време ќе одлучиме,,?
     
    На crazylady, CameliaMiller, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Спoред нaшиoт случaј , немaме ништo пoсебнo збoрувaнo , a верувaм и декa aкo збoрувaвме , немaше дa биде се кaкo штo сме збoрувaле.Кoгa пoчнувa зaедничкиoт живoт ,дaли сo пaртнерoт сaми или вo зaедницa сo негoвите/мoите рoдители , се ќе се смени ....
    Битнo е дa се имa рaзбирaње и слoгa , све се решaвa сo тек нa време .
     
    На Momichka и jasbi им се допаѓа ова.
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Јас се уште не сум во брак, но сме продискутирале и за ова и тоа често. Сме правеле муабет за финансии и за тоа дека нема мое твое, туку заедничко. Поучена
    а од неуспешен брак кој меѓу другото вклучуваше и криење финансии заклучив дека не ми смета ова. Имаме разговарано и за местото на живеење, се уште не е одлучено, планираме да не бидеме во заедница, со оглед дека се двајца браќа, или да бидеме краток период. Двете работи имаат нешто заедничко, во заедница ќе заштедиш и ќе шеташ повеќе, а насамо ќе си скратиш малце барем некој период. Со неговите супер се согласуваме, немам против и заедно да живееме, сепак некогаш личниот мир е најважен. Он нема ништо против ни да ми помага околу обврските, прекрасно готви и не му е воопшто проблем да раскрени и зачисти нешто, тоа и ми го има кажано. За грижа за родителите не сме разговарале ништо посебно, освен дека можам да ги посетам моите кога ќе посакам и да поседам кај нив. Познавајќи го ќе се грижи за родителите, а мене не ми смета кога го имам сето внимание од него.
    Здравата комуникација е многу важна и пресудна за успешна врска и брак.
    Не значи дека се ќе се одвива како си испланирал. Животот често знае да те бутне на дното, па никој не знае како ќе биде. Здрави и живи да сме само.
     
    Последна измена: 30 мај 2017
    На Tanjamm, cresa-jagoda и Pcelka94 им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.505
    Допаѓања:
    144.211
    Веројатно се стана спонтано. Се редеше едно по едно. Не одевме 10 години, ама 3 чинам, па се познававме доволно. Со тоа што маж ми живееше веќе сам, знаевме дека ќе живееме таму.

    Посериозните разговори беа кога веќе стануваше сериозно. Ама сепак доаѓале спонтано, преку некој муабет. Не било ај сега да седнеме и да се договориме.

    Почна да се стабилизира финансиски работата на мм, а со тоа веќе знаев на каде одиме.

    Веќе имам некаде пишувано ако не бевме на стабилни нозе не знам дали ќе се одлучевме на ваков чекор. Освен ако се случеше нешто непланирано нели.
    Ама дури и да е така. И да требаше да живеам во една соба со старите ако знаев дека со партнерот имаме исти цели и видици и таму сме со цел да заштедиме побрзо. Значи тоа е тој.

    Ама ако решил оти не сака никогаш да се дели од сукната на мама тогаш нешто не чини. А тоа се увидува уште во врска.
     
    На crazylady, La.loca, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Најверојатно од првиот момент кога стапнав кај него во куќа и видов каде со кого и во какви услови живее. Сега барем е лесно се иде по гости, се преспива, се седи на поседок по неколку дена па тоа е доволно во врската да сфатиш и да видиш дали ќе живееш во двособен стан со уште тројца луѓе или има надеж за нешто друго.

    Во принцип не се ослонувам на неговото бидејки имам и мое на страна за пристоен живот и покрив над глава како и некоја почетна заштеда така да живеалиштето не ми е проблем да морам да се секирам доколку треба да се притесњавам со севекор свекрва и девер/золва.

    На тема плата и пари секогаш сме разговарале колкава ни е заработката како со другарки така и со дечко па сме знаeле колку можеме да си ја пружиме чергата па макар и за банални работи станувало збор како излегувања или идења на одмор. Во принцип сум имала отворени муабети можеби после неколку месеци врска нормално ако ми значи и е нормален дечко со кој си ја гледам иднината бидејки не сакам да имаме нереални очекувања од типот идење секој викенд надвор од државава или одмори на егзотични места во хотел со 10 ѕвезди, кога секој од нас живее од плата.

    Лично најбитно ми е каде ќе живеам и тука не правам никаква отстапка. Научена сум на свое и на комодитет па ако он ги нема потребните услови да ми го пружи тоа а притоа не сака да дојде во мојот стан би имале голем проблем . Во заедница ни под разно не живеам, така сум размислувала цел живот така и ќе остане во иднина.

    За деца секогаш уште на сам старт сум наговестувала дека во моментот не ми се приоритет, првенствено сакам да остварам заеднички живот со него како единка а понатака ќе си дојде и потомството. Децидна сум и на ставот дека немам намера 10 години да живеам со него а да нема абер да ме бара, пошто ако е поентата да сме дечко и девојка тогаш тоа можеме да го правиме како до сега а на крајот од вечерта секој да си иде дома и да си прди во свој кревет.

    Со неговите секогаш сум имала супер однос, разбрани добри и несебични се и мајка му и татко му. Не се трипам дека ме сакат ко свое дете ама доволно е што гледам дека се луѓе на место со кои има разбирачка. На крајот од денот негови родители се не се мои, па какви и да се треба да се има некоја култура и почит према постари ако ништо друго.

    На крајот од денот колку и да имаш некој план за иднината секогаш излегува нешто непредвидено но доколку имаш човек на место до тебе и родители кои те поддржуваат за секој проблем ќе најдеш решение.
     
    На Tanjamm, H.VAGA, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.438
    Пол:
    Женски
    Кај нас имаше муабет кај би се живеело што како од проста причина што во 50 квадрати живеевме 8 души.Јасно ми беше дека ќе биде мн напорно па со време почнав да си зборувам дека таму би живееле највеќе година две.Ако не кажев пред брак дека несакам така ќе зборуваа како за јатрва ми знаела кај се мажи ако не и одговарало што дошла.Убаво е да се има отворени карти подобро да се прекине врска него брак поготово со деца.КОга ќе се направи муабетот ќе знаеш дали си на иста бранова должина.
     
    На Tanjamm, Ance-to, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.788
    Пол:
    Женски
    Далеку сме од брак, но често зборуваме за каков би ни бил заедничкиот живот и секој пат посериозно од последниот. Сметам дека е важно да се зборува за овие работи пред брак, дури и долго пред брак за да можиме да увидиме дали навистина сме еден за друг или сепак не. Едно е врска, сосема друго е градење на семејство и заеднички живот.
     
    На crazylady, orhideea и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.780
    Пол:
    Женски
    Ние си бевме во долга врска 10 години и за се си имавме разговарано пред брак. Скроз отворени карти и пред брак, а и сега.
    Пред брак живеевме две години заедно па бракот не би беше нешто ново и необично. Ништо ама баш ништо не смени во нашиот однос. Топло и искрено препорачувам заедничко живеење пред брак.
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Уште пред веридбата одлучивме да живееме сами. Бев против живот во заедница. Иако за него мајка му имаше други планови. А заедничкото живеење не е никаква гаранција за успешен брак.
     
    На Mr. Right, tina2018, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Тоа е гаранција за понеуспешен брак. :D
     
    На tina2018 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум во брак, но сме разговарале мал милион пати на секоја тема поврзана со заеднички живот. Заедно сме доста долго па разговорите ги има веќе со години. Дефинитивно сакав да ги знам неговите размислувања и желби за во иднина, со тоа што точно знам што е за мене прифатливо и баш ми е мило што ги делиме истите мислења. Ваквите разговори ги сфаќам многу сериозно, бидејќи тој е човекот кој треба да биде покрај мене цел живот. Секако дека не секогаш работите одат по планот, ама она што е најважно барем за мене е дека ме поддржува и мојата среќа му е приоритет, како и мене неговата.
     
    На Alisa22 и tina2018 им се допаѓа ова.