Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160

    Јас ќе ти дадам линк од еден македонски сајт штом си толку љубопитна - http://www.sexbook.mk/

    Јас само едно ќе додадам ; тие што најчесто се прават светици ко да немале згазнато на мравка, ко бракот да им цвета од убавини, е баш се најголемите љубовници. Не го зборам за 100 % од жените , но за голем процент и не го зборам од ракав туку од искуство. Пред тебе и вака на социјалниве мрежу ќе се прави аххх миличка, душичка , како за неа бракот било свето нешто , а во реалниот живот партали се прави.

    Ништо против тебе, само дадов мое реално мислење во кое ќе се пронајдат едно 80 % (а откако ќе се пронајдат, ќе пишат коментар дека не било така за сами да се утешат дека животот е фантазија, абе убавини, кој ? јас да го варам мажот ми или он ме ? ма нееее, верни сме си еден на друг, се заколнавме на вечна неуништлива љубов )
     
    Последна измена: 5 август 2018
    На Роберт 7, m.i.g, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    А не ти е тоа страшно лицемерно?
    Мене ми е одвратно до крајна мера.
    Повеќето од мажите кои знам дека вараат/варале знам со сигурност дека доколку и жената го направила истото спремни се за многу драстични мерки. И јас со такви личности не сакам муабет да имам а тек нешто повеќе. Но не ти судам напротив, кај тебе е сосема различна приказната. Не сум никоја да те оправдувам или па да се дивам (многу смешно ми падна коа прочитав дека ти се диват). Секој го живее својот живот онака како што сака...или барем се труди нели.


    Лично за мене брак е институција, како правна така и духовна. Не би влегувала во брак ако сакам да имам отворена врска, со повеќе или различни мажи. Лично за мене е ова страшно себично. Не спрема мажот (очигледно и него не му смета, напротив) спрема децата. Зашто не гледам ништо лошо во тоа да имаш деца а да не си во брак. Сепак бракот е конзервативна заедница. Сакале ние/вие да признаете или не. Не ја разбирам потребата за склучување на брак кога постои желба за понатамошна потрага по авантури. Не дека бракот мора да е страшно досаден, и не треба да биде, но сепак има одредени граници. Вашето нема. А најискрено мислам дека овие (отворениве) бракови се склучени заради стравот дека еден ден, во староста кога сексуланиот нагон, физичкиот изглед, кондицијата ќе избледат ќе има секогаш некоја златна резерва до себе си. И но ме густа.


    Да не сакам да склопам брачна заедница би останала сингл цел живот. Барем денеска е тоа многу полиберално и поприфатено. Без стегии од општеството за брак. Пошто не мора да бидеш во брак ако си заљубен во некого, барем ја така ги перцепирам небрачните заедници.

    Гледав една серија со ваква тематика, таму врската нивна не заврши среќно. Не ме зачуди зашто човекот во сршта е себичен, или порано или подоцна ќе се јави љубомора зашто едниот ужива повеќе него другиот. Не ти посакувам да завриши твојот брак, да се разбереме.

    Храбро од тебе да ја отвориш темава, иаку анонимно, сепак искрено (се надевам дека не си трол). Па и да си убаво си разменивме ставови за нешто што е реално и присутно.
     
    Последна измена: 5 август 2018
    На Leat, sofi2107, sorbet и 23 други им се допаѓа ова.
  3. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    И јас го мислам истово осоебено по една книга кога прочитав деновиве.
    Можеби па дека нејќу да верувам во нешта кои не ми се блиски и познати и не ми делуваше убедливо тематиката.
    Ама знам за случаи во подалечна фамилија со кои моите биле дење-ноќе и знам по сеќавање од мала дека им беше маче-бебо, па потоа таа мачори настрана тој милфици по пат и така...изгубивме контакт сите од нив.Среќни дип се со две деца,па им и пораснаа децата. И така некако одат тие работи.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160

    Мене знаеш што ми смета ? Дали некогаш ќе дојде крај на фејк коментарите како бракот да е ист сега и пред 50 години ?
    Времињата се сменети, јас не знам зошто им е тешко на некои да прифатат дека во денешно време браковите за жал се нестабилни.
    Секоја чест на неколку членови кои пишуваат реални коментари иако многу се противат и никако не можат да си го сварат во глава постоењето на отворени бракови и швалерајот кој цвета во секојдневието, морееее за пусто зголемување на плата , не само нозе да шири и друг третман ќе прави швалерката на бившиот мој.


    Како и да е, секој со своите сфаќања и убедувања , постоењето на вакви теми за дискусија можеби од една страна е и позитивно.
     
    На Leat, Mari*, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Јас пишав на некоја страна понапред убаво е што се подига превезот зад тематика женска еднаквост со маж ми се сака ми се може да се се*сам.
    Секој има право на мислење и слободна воља и избор како ќе живее на секое поле во животот.
    Убаво е да се сврти муабет но дека некој ќе те тапша по рамо и вели браво и магично се преобрати во жена со отворен брак тешко,а за муабетење онака е ок,зошто да не,за што се се муабети.
     
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    За мене отворените бракови се само еден вид карикатура на љубовта.
    Огромен denial од страна на двајца партнери, кои не можат да се помират со фактот дека целото више не е цело, нешто недостасува,дека љубовта преминала во навика, неосудување за ставање потпис за крај, па ајде последен очајнички обид продаван кроз призмата на модернистичката полиаморија, наречен отворен брак.

    Пс Интересно..Во денешното општество за сочувување на бракот како институција најмногу се борат токму оние кои немаат право на истиот, т.е им е негиран како право, како на пример истополните бракови.
    А вие што веќе го имате тоа право, не знаете што со него. :)
     
    На Leat, jacqueline.s, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    5.143
    @WildMk Ако не е тајна колку години имаш?
    За темава секој си има право да прави со животот што сака. Ама волкаво искажување на форум мене лично не ми е за верба. Незнам, ако си толку отворена за сексот дали пријателите ви го знаат начинот на кој функционирате? Дали ако ти се свиѓа некој колега на маж ти, би спиела со него и после да излегувате во исто друштво, дали би ви било сеедно?
    Некој не го може ова, ама еве ТИ конкретно оставаш впечаток на особа која сака да е по нејзино, и ако некој оди контра на твоето мислење одма рециплираш како ТИ си во право, а другите не.
    Смешно е
     
    На GirlLove и zalosna им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    42.998
    Сума сумарум да не ти се влажни коа некоја е со муж ти, никад не би ни била у отворен брак.

    Нема тука никаква филозофија и тоа дека никој не поседува некој као стока, па затоа.

    Ако е така, и ја би била у отворен брак, или врска сеедно, али мене ми е понижувачки тоа ( оти не ме пали ваљда ) , па не фала.

    И не, неам нишо против оти е ствар на договор и поштување од една страна, али да не сe праиме дека главна причина не е сексуалниот фетиш.

    Фмп.
     
    На Leat, DAngel, GirlLove и 13 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Лицемерно е, да. Затоа и повторувам, по не знам кој пат, ако си човек, биди искрен со тој што си и дај му шанса да одбере дали сака или не сака да остане со тебе.

    Страшно себично би било, она што предтходно го напишав: Да му дадеш лажна слика на партнерот за себе, и да не му дадеш реална можност да одлучи дали се согласува со твоите преференции и желби, туку да му го правиш нештото позади грб. Исто повторив повеќепати.

    Повеќепати пишав и дека ние сме во ваква врска уште од првиот ден, и тоа што сме искрени еден со друг, во денешно време е многу чудно. Скоро сите нешто кријат од партнерите, калкулираат што, кога и како да им кажат на партнерот, што според мене е исто себично, а воедно и лицемерно.

    Не знам каква улога имаат децата во целиов муабет? Децата (треба да) се производ на љубов помеѓу двајца, и тука завршува муабетот. Деца и сексуални преференции не треба да бидат во иста реченица, освен во случај да си педофил. И ова повеќепати го напишав.

    Во Македонија е чудно да не е 'традиционален' бракот, исто како што онаму им е чудно да не фаќаш врски за да одиш во јавно вц преку ред. Но тоа не значи дека кај нас, а и секаде во светот е така. Нашиот избор е овој, и овој избор не е за секого. Што повторив повеќепати на темава.

    Не наидов на ниедно дивење од некој за тоа дека сум во отворен брак, туку луѓето 'ме потапшаа по рамо', заради искреноста, и храброста. Сите знаеме дека во затворено, конзервативно општество како нашето, различностите се осудувани и ретко кој има храброст јавно да каже некои работи, па макар и анонимно.

    Иначе, од неколку жени на форумов, добив пораки, со исповед дека и тие се во некој вид отворен брак и дека не би пишувале овде за тоа, бидејќи знаат дека ќе бидат осудувани. Затоа е и чудно сето ова, луѓето не признаваат јавно, бидејќи се плашат од осуда. А да не се лажеме, ние сме народ кој обожава да осудува, се' со ред...

    Поголем дел од нашите пријатели знаат за ова, имаме и неколку парови пријатели, кои се исто во отворен брак, како и нас. Исто и ова го напишав повеќепати.

    Еден пример од серија, не е референца за сите такви бракови на светот. Глупаво би било и јас да речам, дека гледав една серија, каде што брачен пар (кој не е во отворена врска), се разведе и поради тоа да мислам дека сите брачни парови ќе завршат со развод.

    Немам секс со пријатели и колеги, затоа што не сакам да ги мешам тие работи. Исто и ова го кажав повеќепати.

    Не знам дали опфатив се' од постовиве, но и ова е премногу, и се надевам дека се изразив убаво, и ќе ме разберете што кажувам

    Исто, би било убаво, да ги исчитате моите постови на темава (не се премногу), пред да поставите прашање, за во случај да ако веќе сум одговорила, не морам да се повторувам, па после да бидам и обвинувана дека убедувам некого, цитирам секого итн итн...
     
    На Reja, 1209 и zuto им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Иако децата и сексуалните преференци велиш не одат во иста реченица, сепак не можеш децата скроз да ги одделиш од овие настани. Децата има шанси да дознаат, а уште поголеми и да почувствуваат дека нивниот родител има "врска" со некој кој не е дел од нивната фамилија (најблаго речено).

    Овој факт за децата е многу погубен. Влијае многу негативно и навредувачки (исто благо кажано).
    Не знам за другите, ама јас како дете сум го осетила тоа неубаво чувство, секојдневно ми било пред очи и повеќе отколку што треба, а како родител многу пазам пред децата и тие ми се пред се'.

    Најпластичен пример, дури и кога сакам да спијам со маж ми, ако децата сакаат да спијат со нас, јас ја почитувам нивната желба повеќе отколку својата. Таман работа моите желби и нагони да ми се на нивна сметка.

    И по не знам кој пат, живеам во "брак" многу поразличен од другите, досега го сметав за отворен, ама после темава морам да му најдам друго име.
     
    На thelittle17, zalosna, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Не е убаво за дете да дознае дека еден од родителите го повредил другиот. Детето ќе страда ако едниот родител е несреќен поради тоа што другиов му направил зло, го изневерил, го лажел, го повредил, навредил.. Во такви бракови има многу кавги, а децата и кога се мали, и да не знаат што точно се случува, знаат дека нешто не е во ред и тоа ги прави несигурни во себе и светот околу нив... бидејќи првата слика за (не)стабилност, ја добиваат од родителите.

    Кај нас не е таков случајот. Ние немаме кавги поради нашат сексуалност, лажење, изневерување, повредување и навредување еден со друг. Детето, доколку некогаш дознае за нашите сексуални преференции, може нема да се чувствува убаво, но тоа е случај и за секое дете кога ќе разбере (воедно и ќе му се вреже во главата), што мама и тато прават во кревет.

    Затоа и сите совесни родители, не зборуваат со своите деца за она што го прават во кревет, за да не им го приредат тој 'стрес', да размислуваат за сексуалноста на нивните родители. Како што впрочем и самата кажа...

    Освен ако некој намерно не му каже на нашето, твоите вака и вака прават, јас не гледам друг начин да дознае? А секако, и да не е ова нашево, неубаво би било за било кое дете, некој од страна, од злоба да му зборува на нечие дете, за тоа што неговите родители прават во кревет. Знам дека има злобни луѓе, но се обидувам да го заштитам од такви... колку што можам... како и секој родител што се обидува да го заштити своето дете.

    Не би ми било проблем, да дознае кога е возрасна, кога и сама ќе има сексуални односи и ќе може да разбере дека луѓето имаат различни преференции кога е сексот во прашање. Се трудам моето, уште сега, да го учам да не осудува луѓе кои се различни од него. Тоа има многу голем удел во тоа како во иднина тоа ќе гледа на светот околу себе. Исто како што го учам да не осудува луѓе од различна раса, сексуална ориентација, пол, религија, националност итн итн...
     
    На Reja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Не е точно дека детето се чувствува подеднакво грдо ако се работи за изневерување, за интимност меѓу родители и за нивните сексуални преференци.
    Јас ова можам од искуство многу добро да ти го образложам од детска перспектива.

    Исто, не се согласувам дека кога детето ќе стане возрасна личност и ќе почне да го практикува сексуалниот живот ќе ги сфати сосем нормално сексуалните преференци на своите родители. За другите, па и за себе можеби ќе му биде нормално, ама за родителот малку потешко. Детето никогаш не престанува да му биде дете на родителот и родителот никогаш не престанува да му биде родител на детето. Барем така треба да биде, иако кај мене тоа не е случај ни со двајцата родители.
     
    На thelittle17, Leat, zalosna и 5 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Како прво, ова што ние го живееме, во никој случај не е изневерување.
    И нема да му пречи на возрасен човек да знае дека неговите имаат секс, без разлика каков е, се' додека е тоа во согласност на двајцата родители и не се повредуваат еден со друг. Пишав веќе, проблем е ако родителите имаат лош брак со кавги, психички и физички пресметки.

    Проблем би било, доколку јас, како родител, му ја полнам главата на моето дете со осуди и негодувања и предрасуди за различните сексуални преференции, како што многу родители во Македонија прават.. па дури и ги ословуваат своите сопствени деца со: ку*ви, распуштеници и не знам што. По темиве има многу такви примери.

    Како ќе си го воспиташ детето, такво ќе ти биде. Ако го учиш да осудува, ќе осудува, ако го учиш да не осудува, нема да осудува.
     
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Извини, ама повторно воопшто не се согласувам со тебе. Не знам дали имаш некакво претходно искуство на своја кожа, дали можеби си читала нешто во врска со детска психологија, или пак само онака од ракав зборуваш.

    Како и да е, многу ми е жал за децата кои се соочуваат со вакви или слични проблеми поради непромисленоста на нивните родители.

    Едит: Ние сме им пример на нашите деца. Тоа е најјак метод на воспитување на децата. Од нас зависи како ќе бидат воспитани нашите деца.
     
    На Leat, azelea, sofi2107 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Сум читала, многу.

    Со што се соочуваат децата? Со тоа дека нивните родители имаат секс?
    Тоа што тебе ти е невообичаен ваквиот секс, не им е на сите.

    Точно е дека децата учат најмногу низ примери и сигурно ти, како и ја, не им даваш пример за секс на твоите деца.

    И не гледам повеќе причина, да разговарам за деца, на тема 'Отворен брак'.
    Ако сакаш, отвори соодветна тема, па ќе дебатираме таму.
     
  16. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.941
    Пол:
    Женски
    @WildMk те читам подолго време веќе на форумот и твоите мислења по темите кога наидам на нив и решив да одвојам малку од моето време и да го напишам моето мислење на оваа тема.

    Значи жената е искрена и секогаш коректна и можам да кажам дека има голема храброст да пишува за некои работи за кои повеќето не би се осмелиле. Нивниот брак е еден вид на компромис помеѓу двата партнера и секој од нив знае за постапките на другиот и тоа е за почит:clap: Кај нас овој тип на брак кој го нарекувате отворен брак не е типичен и затоа на повеќето им е чудно дури и го осудуваат. Кај нас многу работи се чудни додека во други земји се и легални како што е полигамијата, трет пол, брак помеѓу ист пол, проституцијата итн. Значи таа може да ги одвои љубовта од сексот и тоа е тоа. Не мора да значи дека не го сака својот маж и дека не се добри родители. Секако некогаш постои можност некој да му поткаже на детето за сета ситуација, но сепак тоа е друга тема.

    Тоа што се среќава и спие со женети мажи и самата кажа дека ги запознава на дејтинг сајтови, а тие таму секако не се отидени за броење ѕвезди, туку со причина. Дејството е обострано и задоволството, а колку е тоа морално или не, не сме ние да судиме затоа што само Господ може да суди. Има милиони примери на изневерување (не дека го оправдувам), но не го ниту осудувам затоа што пред се сме човечки суштества, сите различни и со свои видувања на светот, па така и за сексуалноста.

    Луѓето во минатото биле осудувани за секакви работи кои денес се сосем нормални како што е бракот помеѓу луѓето со различна боја на кожа и вера. Секој љубовта и сексот ги сфаќа различно и тоа е тоа. Некои работи и јас не ги разбирам, но не ги осудувам затоа што не сум била во чевлите на тој човек.
    Постојат секакви бракови кои се многу полоши од овој тип, меѓусебно непочитување, тепање, омаловажување, а сепак бракот изгледа навидум среќен.

    Мој совет е да се сакате повеќе и да бидеме разумни едни спрема други, а да не го напаѓате секој кој има различно мислење и живот од вашиот.

    Поздрав до @WildMk, не те оправдувам во некои работи и не можам да ги разберам, но доколку тоа те прави среќна не мораш да се оправдуваш на никого.:)
     
    На zalosna, 1209, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Темава е од едукативен карактер :)
     
    На Jane.Birkin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    Wild, mi se dopaga sto si iskrena za vasiot brak.
    Jas vakov tip na brak ne bi mozela da imam zasto mm ne sakam da go delam so druga.
    Jas koga bi sakala so drug maz da bidam treba da custvuvam emocija kon toj covek taka da dokolku toa se sluci jas bi se razvela od mm.
    Mene me uzasnuva faktot mm da spie so druga, da i plaka da ja nosi po hoteli pa uste da mi raskazuva za toa. Mislam deka bi go udavila.
    Ama ne sme site isti..
    Pa uste da spodeluvame koja kako go zadovolila. Uf neee..
    Ne sum ljubomorna licnost ama ova ne bi mozela.
    Bi sakala da te prasam nesto. Kade gi naoga mazot ti zenive za sex, kade imaat sex i dali so tebe e ok parite koj treba da bidat zaednicki toj gi trosi na drugi zeni.mozebi im kupuva i podaroci, ruceci, veceri...
    Mislam deka nekade procitav deka si ti poskrzava od nego.
    Dali mt imal zena za sex so koja bil podolgo vreme kako sto ti napisa za sebe?
    Normalno dokolku ne sakas nemora da odgovoris na prasanjata.
     
    На edna_malecka и Milobebence им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.532
    Допаѓања:
    288.960
    @WildMk Дали постоеше некој клучен момент, сеедно дали шок/загуба на близок/болест...било што кое влијаеше на твојот карактер/здравје/размислување/психа кога после 15 години брак решивте да започнете со отворен брак?

    Доколку прашањето е преинтимно се извинувам однапред. Не мора да одговориш.

    Искрено, 3ца за 5 години не е многу. Бројот на партнерките на сопругот го знаеш?
     
    На thelittle17, Kija94, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    @WildMk повеќето од нас не те осудија, само не можам да те тапшам по рамо зашто за мене не си постигнала ништо значајно (зборам конкретно за ова, може си најуспешна во својата работа, ама тоа тука не е тема на муабет).

    Живеј си го животот како што сакаш не биде преоптеретена за тоа кој како ќе те перцепира. Па ја да кажам со колку дечки сум се гледала додека сум била сингл сигурно некој и за мене ќе изади муабет дека сум кур*а. Не те разбирам зашто се правдаш по форуми, си кажа став, твое си е го почитуваме ама не можеш да очекуваш сите до го прифатат и да речат браво, you go girl.


    А за бракот, не би рекла дека само во Македонија е традиционален бракот. Бракот е традиционален секаде, у Европа и у Америка и у Африка. Побогу дефиницијата е заедница меѓу двајца- маж и жена, жена и жена, маж и маж (каде е ова второво дозволено е така, некаде вклучувајќи и кај нас нели не е). И за децата, не би рекла дека на било кое дете би му било ова сосема јасно и прифатливо мајка му и татко му освен што се заедно се и со други. Каде сакаш, у најразвиената Шведска на дете од 3-4-5-6 години ми би било насфатливо.

    На крај на краиштата да постојат повеќе интерпретации на бракот, никоја не е најточна и најправилна. Само не смееш да наметнуваш упорно дека другите бракови кои не се отворени се конзеративни и сексуално неисполенети. Башка сексуални фантазии и фетиши се исполнуваат и со еден партнер, толку двајца сакаат и се согласни да ги прават работите што ги задоволуваат. Не дека секогаш е потребно трета особа у кревет за да ти биде зачинет сексот.
     
    На jacqueline.s, Yowannty, Annath и 6 други им се допаѓа ова.