Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Абе не сум јас шалтер за брачни прашања, јас па мислев кој знае колку конструктивна дискусија ќе се отвори во ситни саати кога тоа кај лежел зајакот:D

    И има и нема врска, делумно те поддржувам за ова, делумно @Tanjamm @Munchmallow20
    Еве јас сум била во врска со насилник и изневерувач и по мене со другите бил и е се уште таков, тоа се обидуваат да ти го објаснат членкиве некои личности имаат оштетен внатрешен компас кога станува збор за влегување во стабилна врска, брак. Ај не е до толку до влегувањето ќе влезат туку толку се емотивно оштетени и неспособни да одржат на долги стази. Ама да верувам како и тебе дека секој заслужува шанса, ама ако имам предзнаења од него лично кажани или дознаени на најмала грешка без око да ми трепне си заминувам.
     
    Последна измена од модератор: 11 јануари 2022
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па зошто си измислувате работи само за да пишете нешто?
    Ниту во матично, ниту од општина се мешаат во брачни односи.

    Едит: дури и црквата не се меша, само си ги цитираат песните, кои ни најголемите верници не ги почитуваат.
     
    На Nikolina35, elimkd и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Себеси си го поставуваш првото прашање, епа слободно одговори си го:lol:
    Ахам, сега се уверив си била во матично венчавана, ич не се мешаат, онака на кафе пиење им идеш испивате се потпишувате и ај со здравје ви викаат, а за плус пари може и да ви погледаат на кафето да ви ја предвидат иднината, на бракот де:D
     
    На christinnn, Tanjamm и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не знам ти во какво матично си потпишала, во моето никаде не ми поставија услови што се може во кревет.
     
    На elimkd, WildMk и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не зборам за што се може во кревет за матично, за друго наведуваат во матично што и те како е мешање т.е. насочување во брак. Јас во златна сала со дијаманти опточена бев во такво матично ако толку те занима да знаеш сега каде потпишав и со Сваровски кристали пенкало пишував]:) :D
    Дополнително за локацијата на мтичново во лп ако толку инсистираш да знаеш детално, се шалам заклучено ми е:rofl:
    А за едитот во црква и те добро кажуваат што е духовно исправно, а што не, затоа пишав погоре колку е лицемерно од вакви лица кои се во отворена врска и стапуваат во отворен брак да идат во црква, али ако нив не им е ок. Јас ќе се препотресам да сум у таква ситуација и да треба да дакам на секое во црква, е пред се не го ни мислам ни применувам.
     
    На tina2018 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Атеист беше сопругот, му реков дека сакам венчавка во црква.
    Иначе јас сум агностик.
    Не го молев... само рече: “Добро“
    Да не требаше да ве прашаме вас дали да се венчаме во црква, или не?
    Си се договоривме, оти така ни беше ќеф и си го направивме чинот.
    Спиритуалноста е индивидуална.
    Не веруваме сите исто и во исто.
    Кој-како сака така треба да си толкува.
    Сам да си го најде патот до Бога, или што и да е...
    Не ти треба црква за да веруваш во нешто.
    Во нашиот случај, сум агностик, ама сум спиритуална.
    Не знам дали има Бог или што има, ама мислам дека има нешто 'поголемо' од нас, нешто универзално.
    И ми беше ќеф да ја направам црковната церемонија, исто како што ми беше ќеф да си сошијам невестински фустан.
    Тие две работи ми беа интересни.
    Свадбата во кафана, не ја пречекав со раширени раце, ама пак, баш убаво си поминав.
    Ко да бев гостин на туѓа свадба.
    Матично... мех.. исто како кога чекам да заверам или извадам документ, во било која институција.
    Бирократија, за да сме правно 'врзани'.

    Иначе.
    Ич не ми е гајле дали мислиш дека сум спонзоруша.
    Нека бидам и најголемата спонзоруша на светот.
    Мене ми е убаво, на маж ми му е убаво.
    Сите останати ... небитни...
    Ни ви барам да ме раните, ни живеам со вас.
    Глејте си ја манџата.

    Нема никакви клаузули за тоа каков секс практицирате.
    Апсолутно е оставено да одлучи на парот.
    Исто како што на поединец не смееш да го ограничиш правно, каков секс ќе има и со кого.

    Не се чепка во тие работи.
    Треба да се бориме против тоа.
    Поради истава глупост и нетрпеливоста кон ЛГБТ заедницата постои.
    Треба сите да го извадиме носот од туѓите кревети и да си посветиме внимание на нашиот.

    Ама... сеирџиски народ
    “Па како изгледа тоа?“
    “И? Се сакаат?“
    “Кој е 'машко', кој е 'женско'?“

    Ни фали сексуално образование и образование за родова рамноправност... О-ЧАЈ-НО!
     
    Последна измена од модератор: 11 јануари 2022
    На Nikolina35, elimkd, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Минатото секако игра улога во тоа дали ќе бидеш со некој или не, ама не во однос на бројот на сексуални партнери. Секако, за бројот секогаш може да се излаже, ама карактерот и однесувањето не лажат. Така што не мислам дека некои работи идат заедно по дифолт.

    @Peanut Butter па и да се вонбрачно родени, таткото пак ќе си ги признае, во изводот ќе им пишува кој е татко. Не значи ништо за децата дали се родени во брак или не. Ништо не менува дали се родени во брак или не ако родителите живеат заедно и заедно ги одгледуваат, имињата им стојат на изводот од матичната книга на родени.
     
    На WildMk, theowndemon, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.963
    Пол:
    Женски
    Па и не мораш да се потпишеш.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.154
    Допаѓања:
    188.890
    Повеќе?:o Колку повеќе? Во кои држави? Каков е овој брак, мулти-клеточен?:wasntme:
     
    На Peanut Butter, tina2018 и Shia им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.576
    Допаѓања:
    13.966
    Да, секој заслужува шанса, и јас дадов, и на старт ми беше онака „што има врска, луѓе сме, да го стрелам ли сега што имал повеќе женски од другите машки“, НО, тука почна да ме гуши, да ми се фали со своето минато, кое во суштина е тешка патологија. Типот имаше пари, семејно богат. Можев и јас да бидам денес во затворен брак, со малку подотоворена врата од негова страна, и да му ја користам колата, да му ги јадам парите, да не работам ништо, ама сфатив дека човекот е партал, тој партал се сторил низ сите тие врски, глупости, и тоа мене не ми треба. Дека ќе се смени некој за 360 степени, мали се шансите. Тоа е исто како да сретнете алкохоличар, насилник, и да речете „ај бе ќе се смени, ме сака“, и на крај ќе поминете бетер од тие пред вас.
     
    На Nikolina35, tina2018, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    Јас споменав права, не знам дали се однесува ова на мене. Мојот случај е секако офтопик за темава. Не сум во отворен брак само сакав да потенцирам дека во мојот случај беше олеснување да се венчаме бидејќи беше проблематично од повеќе аспекти; јас како македонски државјанин и тој како странец да живееме во Мк невенчани. Со регулирање на престој, л.карта и работа му ја дадоа таа можност да живее овде без проблем. Можеби се изјаснив погрешно претходно но секако не гледам никакво искористување. Го кажав ова како пример затоа што сметам дека бракот помага и олеснува одредени ситуации; веќе набројав пример за актерот кој е во отворен брак, тој кажа дека сака да има легитимно право на посета доколку неговата сопруга заврши во болница. Права и бенефиции не значат искористување.
     
    На Nikolina35, WildMk, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Кога се рамноправни или еве скоро еднакви во се, не значат искористување во секој друг случај значат и тоа си е тоа.
    Е сега дали партнерите се свесни дека се тим од провајдер и искористувач, па провајдерот диктира темпо или како год и да е и не им смета или не се свесни ама тераат така нивна работа. Убаво не удостоија погоре да не им се мешаме во манџата нашата да си ја гледаме и така нека им биде, ако нив душичката им е помирна така.
    Во тема за отворен брак на само една личност што си ја има отворено и узурпирано темава ќе велам браво, само напред, вие сакајте се со кого сакате во вашиот отворен брак, се најубаво.
    Иначе и ова го мислам ама не вреди веќе ништо на оваа тема да дискутирам ќе ми извратат зборови и нахранат со ај да не кажам што.
     
    На GrimTheReaper, Tanjamm и tina2018 им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ти клетка си?
     
    На Waverly Raven и Shia им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.154
    Допаѓања:
    188.890
    Семејството била најбитната општествена клетка:D

    Какви се тие бракови со повеќе од двајца луѓе, озбилно немам чуено за такво нешто.8-|
     
    На Peanut Butter и tina2018 им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.162
    Допаѓања:
    175.221
    Пол:
    Женски
    Прај смисла. Не дека е „полу отворена“ врската туку секоја отворена врска не е исто отворена. И не мислам само една страна да шврља туку колкава транспарентност постои. Можи имаат луѓе кои се офлимитс ( блиски пријатели и роднини), можи сакат да знат кога некои шврљаат ( неќат да е постојано со секој туку да е со договор во смисла „еј сакам со ова“ и другата страна да речи „добро“) па прекршвање на овај договор е прекршвање на правила воспоставени во отворена врска и од таму - изневервање.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.371
    Допаѓања:
    90.415
    Пол:
    Женски
    Во муслиманските може има,како на пр. Саудиска Арабија,Мароко,........еден маж да има повеке жени.
    Може на такви мисли:?:
     
    На WildMk, Tanjamm, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    А што убаво се знаеше порано. Само немојте со "и порано имаше вака". Гнасно е да го делиш партнерот со други. Колку сакате потенцирајте разлика, сепак сексот и чувствата се тесно поврзани. И да, спаѓа во еден вид на изневерување без разлика колку сте се договориле со партнерот. Оваа темава прерасна во убедување колку е убав отворениот брак, од страна на тие што го практикуваат.
     
    На deskarada, tina2018, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.576
    Допаѓања:
    13.966
    Те сфатив јас. Го разбрав твојот пример, туку општо кажав, ако некој живее со некого, за да има дом, храна на маса, платени сметки, и утре да му ја наследи пензијата, а при тоа не може цел век да биде со еден партнер, тоа на некој начин е искористување. Семејна пензија може и мажот да наследи од жената, а не само жената од мажот на пример.
     
    На Idedemja, tina2018 и BlackAndWhiteSwan им се допаѓа ова.
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    @Annath знам, пак ќе ти кажам, потписот ништо не ми значи. Се потпишав оти сите се потпишуваат. Мојата појдовна точка не беше некој да ме издржува или да наследам стан, туку е разликата.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Е па сите се потпишуваат оти е некое правило да се потпишеш за да си официјално во брачна заедница. Оти сите истото го прават. Така и тие во отворен и тие во затворен брак.
     
    На WildMk и Snowflake97 им се допаѓа ова.