Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    Погоре се дискутираше дека се потпишувале за некакви административни бенефити.
     
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    21.993
    Пол:
    Машки
    Значи со овие бенифицииве шо ги кажувате итн, ваљда вие се осеќате како цимери по дома и ваљда се задоволувате сексуално ако е потребно?


    Пример ме интересира еве мажот или жената ти речи не сум задоволна од моменталнава ситуација, дали сексуално, дали си исчистиле дома, дали сте се ислушале доволно за некои проблеми итн, дали детето е нахрането, дали вие би го одјебале партнерот што сте во брак, само да излезите и се онадите со некоја друга личност?


    Хипотетичка ситуација оти сметам ако си во брак одговорностите се поголеми и мислам.. значи ви се восхитувам како наоѓате време за нешто повеќе.
     
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.368
    Пол:
    Женски
    Не ми е никако сфатлив овој концепт. Самиот термин отворен брак ми личи на оксиморон. Дури си млад сфаќам да сакаш да експериментираш со повеќе од еден партнер без обврски кон никој со цел да дојдиш до она што те привлекува. Но отворениот брак ми е како договорено неверство. Според мене. И не сакам некој да ме разубедува дека не е така.
    Не можиме да се правиме дека сексот и емоциите не се во тесна врска, бидејќи се. Додека имаме односи се лачат хормони што нѐ прават да се осеќаме поблиски со партнерот. Така да, ако не ти е доволен партнерот и мора да одиш и со други настрана за да си комплетно задоволен/а, нешто не штима во врската.
    Ако сосема можат да се одвојат љубовта и сексот, во смисла можам да имам секс со повеќе а да сакам еден, зошто да не се појди чекор понапред и да се речи дека можам да сакам повеќе од еден истовремено? Ама на тоа веднаш би се рекло "ее тогаш значи првиот не го сакаш". Епа за мене исто е и со сексот.
    Нека си прави кој како сака на крајот на краиштата, но моето мислење е тоа.
     
    На Martka, Tanjamm, Касија и 7 други им се допаѓа ова.
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Ако сакате да знаете некој каков е емоционално и какви размислувања има, треба да поминете повеќе време со него и да се запознаете. А не детективи да станувате, да не ви се промакне некој во животот со "неморално" минато.

    Разговоров за бројот на сексуални партнери (којшто зависи од толку многу фактори) го правите пред да имате односи или отпосле? Зошто такво ниво на блискост со партнерот, за да му раскажам се за себеси, може да постигнам после години, не после некоја недела. Не знам како ги замислувате овие работи, па уште и очекувате дека некој ќе ви каже се точно како што е, а штотуку ве запознал. Башка тоа ми се иживеани работи, слика на едно друго време, други сфаќања и друга возраст од животот. Може да има двајца, ама да имала вкупно шанса за 3ца, а може да има и 10, а да имала шанса со 100. Која е полабилна во случајов, која сака повеќе забава? Или еднава имала врска петгодишна, ја раскинува и за нецел месец започнува нова врска. Важно е дека има двајца вкупно и е мн почесна од некоја што е сингл 5 години и во тие 5 сменала да речиме еве петмина. Зошто може некој ghosting и направил, излегувале месец, два, па имале односи и исчезнал дечково, како што често бива во последно време. И таа сега треба да седне и се тебе да ти објасне, ако штотуку се запознавте, а утре може и ти истото ќе и го направиш.

    Јас разбирам ти што сакаш да кажеш, има поманипулативни луѓе, има полабилни, има посклони на авантури од нас, има луѓе кои сакаат помирен живот. Ама бројката како бројка тебе нема да ти каже доволно за самиот човек, зошто позади секоја бројка стои приказна. И само проблеми си правите кога копате по минатото на другите, сосема непотребни.

    Во животот немаме гаранција за ништо, така е и за љубовта.

    Накратко може да се сумира се: познавам мн "пречесни", "чесни" и мн "нечесни". И единве и другиве си го направија ќејфот кога запознаа некој што ги привлекува.

    На темава отворен брак не знам што да кажам, има мн да се зборува, комплексна тема е. Јас лично не би можела зошто не би можела да одделам физичко и емоционално.
     
    Последна измена: 11 јануари 2022
    На Касија, boo3, Nikolina35 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    И кај Мормоните.

    *Ухууу... имало еден куп каде што се практицира полигамија

    Countries Where Polygamy Is Legal 2021

     
    Последна измена: 11 јануари 2022
  6. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    3.967
    Пол:
    Женски
    Како бе вака го релативизирате животот, имало многу да се збори, нивно право било, ама на крај па не го поддржуваш отворениот брак. Не знам што толку имате да зборите на таа тема. И све релативно. Сфативме дека тие ќе си прават како си сакаат, нема нас да не прашаат. А дека постоел швалерај, постоел, и така се викал. Па ако ја дознае, ќе мора да се разведе. Ова што е, промоција на луѓе отворени за секс ама се во брак? Ок, сфативме, може да си најдат секс партнери на форум, и она и он. Не мора да се објаснува нивниот живот. Нема потреба.
     
    На Tanjamm, Idedemja, prashinka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Не би се сложила со болдираното дека е поарно.
    Замисли дое детето дома од школо и каже дека на петра мајка и рекла дека таткото (на таа што кажува дома у моментов) го видела со друга жена.
    И ова го кажува на мајката.
    Мајката фактички дознава од ќерката дека цело школо знае дека маш и иде на страна.
    Може и обратно да е ок, сеа така ги поделив половите, ама упм заебано е.
    У секој случај е заебано.
     
  8. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.491
    Пол:
    Женски
    Другари, со целосна почит ама ја ебавме темата.
    Скроз сме оф топик, и јас и повеќето од вас...
    Фали нешто ко магична метла, зошто на крајот од денот нема ниту овие во отворен брак да го променат мислењето и разведат, ниту ние "неморалните" што сме биле во отворени врски, а ниту пак вие што сакате да го присвоите партнерот. :doh:
    Саде патологии сме, арно што други држави не ни го разбираат јазикот, па не можат да прочитаат за што сВе се расправаме. Читај: малограѓанштината да ни ја видат на дело.
    Се надевам не се лутите, и би било добро да се забришеме, едно 10 страници на назад, оти ко што кажав, нема поента веќе.
     
    На Роберт 7, Snowflake97, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    21.993
    Пол:
    Машки
    Прашав неколку прашања и не ми беа одговорени...
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Ако читаше со ред, ќе видеше дека и на ова имам одговорено.
    Не знам за другите, ама ние не практикуваме секс надвор од брачниот кревет, кога имаме проблеми.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    21.993
    Пол:
    Машки
    Сакав повеќе одговори од повеќе личности, оти гледам овде доста има со отворени врски. Сепак фала ти.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Кои 'повеќе'?
     
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    21.993
    Пол:
    Машки
    Па повеќе личности оправдуваат отворена врска/брак, ваљда и тие имаат мислење да дадат, ако ништо друго како го замислуваат нештото.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Е како ќе ти кажат, кога немаат искуство?
    Изгуглај.
    Побарај исповеди од парови кои се во отворен брак, ќе најдеш се' што те интересира.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.491
    Пол:
    Женски
    Сега те читам.
    Од моја перспектива, врската функционираше едноставно.
    Имав слобода да одам каде сакам, правам што сакам и кога сакам.
    Имаше по осум месеци не ми текнуваше на секс, му реков да "брка" работа и да не ме замара.
    Партнерите му ги "бирав" по следнава инерција.
    Ти се свиѓа типкава?
    Да?
    Не?
    Мене ми изгледа ок, излези вечер со неа, поминете убаво, пиши кога ќе се вратиш да не те мислам.
    Не можам да кажам дека во поедини ситуации не бев љубоморна, зошто тоа би било лага.
    Ама никогаш не сме правеле скандал околу тоа.
    Ниту тој ниту јас.
    Во ретроспектива моите партнери за петте години едвај се броеа на една рака, и со нив немав секс со пенетрација, додека неговите се броеа на три раце, и стварно немав против бидејќи немаше emotional attachment со нив.
    Кога замина во друга земја со одредена личност сфатив дека го сакам, ама не му реков ништо, го оставив да живее.
    Знам дека и тој ме сака, ама не можевме веќе да функционираме зошто тој купи стан, сакаше да склопиме брак, дете а јас не сакав.
    Јас не можам да бидам мајка, зошто јас не сакам брачна заедница.
    Тоа е, simple како грав.
    Уште некое прашање да не имате? :)
     
    На Роберт 7, crimson, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.763
    Допаѓања:
    21.468
    Пол:
    Женски
    Според мене отворениот брак како таков, ја валка светоста на институцијата брак, посебно ако е црковен. Сфаќам дека има луѓе со различни апетити и желби и дека не сме сите исти по калап правени, ама ова ми е некако ту мач.

    А тоа дека имало многу швалерај и дека сите меѓусебе се изневерувале, не е никаков изговор. Се’ си оди на нивна совест.
     
    На Martka, Tanjamm, Dream-Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Каква 'светост', какви црни камења.
    Не веруваат сите исто
     
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    40.960
    Пол:
    Машки
    Не знам како ти практикуваш, ама јас практикувам прво да ја запознаам особата, па после да легнам со неа. Не можам тек така со непозната личност, оп, ај ќе легнеме, па после ќе се запознаваме. Не го практикувам тоа. Мора да ми исполни некој bare minimum за да сакам да дејтам со неа, сфаќаш? Мора да ја видам прво големата слика и дека првично ќе ми одговара. Кога ќе сум сигурен дека има потенцијал со таа личност да сум заедно, тогаш дејтам, легнувам итн. итн.
    Сакам ризикот да го сведам на минимум, а не по 2 месеци да раскинам.
    Секако, никој не може да знае што и како ќе се случи, ама ете некој првичен клик да има, да ми го има тоа нешто. И тука временски е небитно. Може со некој години да не кликнеш и да не може да се отвориш, а со некој се запознаваш и одма гледаш подлабока конекција, можеш да си свој на своето, можеш да си отворен, да разговараш за се, знаеш дека е тоа тоа и има потенцијал да прерасне во нешто поозбилно.

    Е сега ако не сакам озбилна врска, тогаш, пак треба некој bare minimum да ми биде исполнет, ама веќе сум видел некои red flags и знам дека нема да излезе ништо повеќе од тоа.
    И јас, не преферирам такви friends with benefits отворени врскички само за физичко задоволство, па затоа и не ги практикувам баш.

    За останатото се согласувам со тебе, и како што реков бројка како бројка не значи ништо, затоа е битно подлабоко да се запознае некого, да се видат причините за одлуките, реакциите во одредени ситуации итн. итн.
    И секако, чим со некој сакаш да градиш врска, ќе ја градиш на цврсти темели и на доверба. Ако го нема тоа, чуму ти е таква врска?
     
    На prashinka, tina2018, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    137.181
    Пол:
    Женски
    Некои мислења се избришани. Ве молам продолжете со дискусија на темава без навреди.

    Доколку некој ве навреди, пријавете, не реплицирајте.

    Секое кршење на правилата ќе биде соодветно санкционирано.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.263
    Допаѓања:
    189.606
    Оф-топик- ако е ова вистина, претпоставката ти е грешна. Можеш да бидеш мајка и без брачна заедница, и да имаш брачна заедница без да бидеш мајка.
    Едно чудо луѓе знам, што живеат заедно, моногамно, со деца и без брачна заедница. Ама не се во МК.
     
    На riba79, Snowflake97, Annath и 4 други им се допаѓа ова.