Па одамна веќе никако не практикувам, мажена сум јас и не сум во отворен брак. На времињата како и сите останати. Bare minimum ми беше да има привлечност, да ни оди муабетот, да е коректен со мене....за да пробаме како би ни одела врската, нели? Потоа работите си течат природно. Јас па сметам дека треба одлично да познавам некого, подолго време, да не речам може и години, за да си дадам право да се распрашувам во детали за неговата интима, работи кои ги делел со други особи, и со кои таа интима му била заедничка. Точно така. И деталното распрашување за минатото ми е баш чиста спротивност на градење врска на цврсти темели. И никогаш нема да знаете дали ви била кажана вистината, а не е ни обврска на другата особа да ви кажува детали од сопствениот живот. Па ќе дознаете нешто што не ви било кажано због мир у кучи, или просто зошто било толку небитно и е веќе заборавено и ќе сте разочарани дека сте излажани. Па ќе си правите филмови дека којзнае уште што се ви се крие, а може врска да нема. Имам пријател кој истиов муабет го правеше, се распрашувал тој детали за девојките, па проверувал колку точно ќе му кажела. А неговото минато колку е бурно е друг муабет. На овој начин си ја уништи и врската што имаше многу потенцијал. Зошто го меша минатото и му сметаат некои одлуки кои девојката ги донесла кога не го ни познавала. Јас не сум за да не знаеме што правиме, но пронаоѓањето на вистинскиот партнер за нас, некогаш подразбира и човек да биде изгорен, да згреши. Да се научи што не му одговара и не сака. И најважно, да се влезе со чиста сметка во новиот однос. Тоа се отворени карти, а не со кого сум имала првпат односи пред години и зошто тоа не успеало. Па крај краева некои работи ме повредиле и мене и не сакам одново да ги доживувам. Грубо запознавање со минатото, ок, може, ако позади себе сум имала некоја или неколку посериозни врски или па ете можеби брак. Но, детали споделување, ама ич не гледам потреба. Дури и како голем недостаток на личноста и несигурност во себеси го доживувам тоа, ако некој го бара.
Не ми прави разлика историјата на сексуални искуства. Се додека е со мене коректен, ме почитува и цени... ич не ми е гајле колку партнерки имал.
А за какви детали правиме муабет? Бројност на сексуални партнери, не е детал, дел од карактер е. Да речеме имал 20, 30 сексуални партнерки. Од ова слободно можам да заклучам дека се работи за животно, кое сака само да ги задоволи своите инстинкти, без размислување, емотивна приврзаност. Што е најбитно, не внимавање за сопственото здравје. Кога спиеш со некој, спиеш и со неговото минато. Колку сакаш кондом користи, факт е дека не штити од се, а може и да се скине. А има и такви што не користат. Ако сакав да бидам во врска со микробиолошка подлога, ќе бев. Не е дека ме интересира потенцијалниот партнер и неговите сексуални приказни, ме интересира сопственото здравје. Епа за истото да го одржам во една нормална состојба, ќе прашам што ме интересира, за себе сум најбитна.
Ти разграничи еднаш дека ова не е твојот личен живот, туку форум составен од различни мислења. Ќе имам осет ако те видам во живо. До тогаш, смири страсти.
Мислење е едно, навреда е друго. Имаме богат речник. Сигурна сум дека си доволно паметна да најдеш друг збор, за да изнесеш мислење.
Се сложувам со се. Инаку, јас со мојот бивши промискуитет немав секс. Толку од него. Не сакам. Тоа прво е недоговорност кон самиот себе. Секој треба да помножи, ако тој имал секс пријателка која имала претходно 20, и тој имал 20 партнерки, па колкав ризик е тоа, И не сите луѓе секогаш користат кондом и тој може да пукне. И што ако затрудни некоја која му е само секс пријателка? Катастрофа.
Аххахахахха ако има некој повеќе од мене што пази на ова. И единствено тоа ми е и важно од неговото минато. Дали имал заштитен секс? Исто, не сакам да плаќал некогаш за секс. На таа тема би разговарала да, ама секако нема да се ослонам на она што ќе ми го каже, туку ќе си се заштитам. Ама вие по дифолт сметате дека ако не сака некој да каже бројка, е висока. А, не е тоа поентата и не, не е секогаш така. Стандард се на форумов е секогаш црно или бело, нема средина, нема нијанси.
Штом те интересира сопственото здравје, што и треба, може да предложиш да се испитате и двајцата пред да се впуштите во нешто повеќе. Велиш кондомите не се најсигурна опција, можат да се скинат, па така само на овој начин ќе си сигурна. Да не повторуваме дека и да имал една пред тебе може да има закачено нешто. Не можеш да генерализираш дека некој кој имал повеќе сексуални партнери по дифолт има некоја спб. Има луѓе кои се грижат за сопственото здравје, имаат заштитен секс и редовно одат на прегледи. А има и такви кои иако со мал број на партнери, никогаш не посетиле гинеколог/уролог. Вторите се поризични. Исправно е да го прашаш партнерот колку се штител во минатото, за да се заштитиш себеси. Да прашуваш за бројка, со изговор дека сакаш да се заштитиш е глупаво.
Како тоа тебе те афектира? Јас бирам партнер за себе, по свои стандарди. Моето размислување е тоа. За мене има темел, за мене е релевантно. Тебе ако ти е глупаво, не прашувај, не прави.
Абе и плата е само бројка ама луѓе раскинуваат ако едниот зима мала плата. И дебелина или висина е само физичка карактеристика, ама и за тоа не се погаѓаат луѓе. И за све можеш да речеш дека е "само" нешто, ама сакал или неќел, не можеш све да прифатиш. Не е минато само, кажува за негови ставови за врска, љубов, секс итн. Ете не сакам да сум со некој што легнува со девојка на прв дејт, не сакам да сум со некој што БИ имал one night stand. Значи реков БИ зашто не е тука само минато, него уште важи и откако сме се фатиле. А чим порано имал све ова, значи уште би имал, така да, не е минато. Сакам личност со исти ставови и практикувања (не знам како точно да речам) во врска со овие работи. Слично ако дознаам дека некоја бивша ја изневерил. Минато е, ама он Е изневерувач, има потенцијал да изневери. Тука е минато, ама кажува за него. И тука не продолжувам со него. Минато можам да игнорирам кога се работи за работи кои му се случиле без негова вина, не кои сам ги направил. Па и не мора бројка еве. Ама ако БИ имал секс со непозната, или некогаш имал, и тука пресекувам.
Откако почнав врска со него, во рок од 2-3 недели, скоро секој ден добивав коментари „ааа, тој ти е дечко, па тој со таа и таа се муваше, а таа и таа му беше пријателка за секс“. Прво мислев дека лажат, со цел да ни наштетат, а потоа кога ќе го прашав, тој едвај чекаше да се пофали. Си кажуваше самиот, се фалеше. А тие се лица кои јас ги знаев, и знаев какво минато имаат. За една ако прашав „си имал ли нешто со таа и таа„, одговараше со да, и кажуваше за уште една, две други од исти калибар. Тоа не се крие, и тие под око ме гледаа, веројатно се чудеа што бара тој со мене, колку ќе издржиме, и кога раскинавме пак ме гледаа со омраза. На едната од нив и требаа години да престане да ме мрази. Ја сретнав пред две години, ми правеше човечен муабет, а потоа си мислев „оофф мори Тање, што им правиш муабет на овие, кажи едно „здраво“ од култура и повлечи се настрана“.
Колку сфаќате се буквално. Сите отприлика знаеме со кого и со каков човек си имаме работа. Да, има такви коишто мн добро знаат да изиграат, ама баш од нив сигурно не ќе добиете "точни" одговори. Значи, знаеме отприлика кој е женкар, кој изневерува, кој се впушта почесто во односи со непознати итн. Некои работи се проценуваат, се знаат од околината итн. Ако ви смета да сте во врска со таков човек, не почнувајте воопшто. Ама тој ако седне мене да ми раскажува со која девојка имал секс, за мене значи дека мн зборува и нема почит кон своите претходни партнерки, како овој од Тања што се фалел.
Така едноставно. Читајте меѓу редови кај некои во постовите. Партнерите ги третираат како свое поседство.
Затоа те прашав, бидејќи не е така. Иначе, сфативме, сакате да сте отворени за швалерај, али да ги имате сите бенефиции на бракот, плус деца.