Да де, и не би прифатила да бидам во таков брак бидејќи за мене тоа не е достигнување. Кој сака нека си бара различен партнер секој ден, не ти треба муда за тоа. Разбирам муда за признавање на наркоман или пијаница дека има проблем и да побара помош. Ова е смешно за муда. Да имаш муда па да леташ со падобран или параглајдер, како што немам јас. Муда за секс? Не е ни за тебе битно, а не па за другите. Сакаш, си најдеш. Ни муда, ни бутур.
Мислам рече ако разберат, ќе и се смеат. Ама тоа дете не е мало, па нема што да се грижат, чим до сега не се грижеле. Тоа дете си има свој живот, неповрзан со нивниот.
Отворен брак е чист оксиморон... ако е отворен тогаш веќе не е брак и тоа е тоа. и не е случајност најактивни теми тука да се - Развод и Отворен Брак
Работата не е дека детето ќе биди зафркавано, според мене отворен брак е тооолку табу тема шо на ниту едно дете нема да му текни да се закачи за тоа. Или пак ругање дека родител на некое дете бил тежок изневерувач. Се знаеше кој шо прави отприлика пошто нели, мало место, ама никогаш ниту едно дете не било усрамено и навредувано заради тоа. Сме коментирале само во кругот на семејството и уз трач, ама никако во лице. Друг е моментот шо ми боди очи. Која е таа доза на отвореност и либералност која треба да ја имам за да му соопштам на детето мое дека со татко му во слободно време легнуваме со други луѓе.. Мислам, се ставам на местото на детето. Јас, магарица од 22години моите да ми соопштат нешто такво никогаш поќе нема да ги гледам со исти очи, ќе ми се згади од самата помисла. Исто како и да ми соопштат дека да речиме татко ми ја изневерил мајка ми. Ма колку сака нека е добар како татко, инстант ќе го замразам и гледам поинаку, после тоа нашиот однос нема да е ист. Интимноста секогаш треба да се чува подалеку од децата, нема потреба како родители да им правите трауми со споделување на детали од сексуалниот живот.
Ама ТИ. ТИ не би прифатила. Треба да разбереш дека на некој тоа му е ок. И според мене не знам како би било ок ама нечиј начин на брак мене не треба да ме засега апропо тоа не гледам ни поента да го разубедувам.
Ама јас не гледам поента ни да се фали со тоа, уопште не ја разубедувам. Ако сака различен партнер за секс секој ден, нека најде. Не мора ни брак, ни деца да има. Ја не знам како до сега ова не било нормално, тек сега станало нормално да се прашуваат дали се отворени или затворени. Нивниот начин на живот е лично нивни, јас не треба ни да знам, а не да се промовираат на форум. Или во живо, освен ако не бараат партнери за секс. Мислам дека стварно се битни како ланскиот снег, затоа не сфаќам што толку значење им удривте.
А оти да нема поента да се фали? Нека си се фали ако сака. Ти ако не сакаш да знаеш нема да читаш, не можеш да го спречиш некој да се фали со нешто.
Детето дали ќе го вреѓале? Прво од кај да знаат децата. Второ ако некој решил детето да го навредува може 1001 причина да најде мајка ти е дебела, татко ти ѓубреџија, сестра ти се слика гола, телефонот ти е стар итн итн. Плус па децата ко што гледам и во секој "нормален" брак не се најсреќни, да не зборам за деца на разведени родители. Сте и се напнале на Вајлд дека призна што прави, а има еден куп што се кријат и мажи и жени и имаат профили на такви мрежи. Кажете си ваше мислење против ваков брак, зошто сте против и чао, што има да осудувате кој како живее. Не гледам друга причина да сте "наапани" на такви жени освен ако маж/татко немал таков двоен живот. 21 век, век на куп до скоро ненормални работи, од хомо и транссексуалци, до свашта. Ако е така и разводот е табу , зошто и тој брак пред да стигне до развод (ако е заради изневера) бил од отворен тип. Ако двајцата сопрузи се согласуваат така да живеат, не гледам ама ич никаква причина зошто да не се во отворен брак. Има такви луѓе што тоа ги пали и двајцата поубав им е бракот така.
Ууфф ме утеши. Не реков дека сум била исмевана затоа што татко ми не е директор, туку сакав да кажам дека луѓето во нашево општество сепак имаат некој критериум, и не се сите да бараат мажи и жени на некакви си секс сајтови. Сите ок луѓе кои јас ги знам, внимаваат со кого пијат кафе, со кого ќе бидат виден и кого примаат во својот круг. Тие мажи што се сликаат и по сајтови бараат женски за забава, се обични копуци и пропаднати ликови за мене, а кој мисли дека се мистери, манекени, најпаметни на свет, нека си мисли.
И јас кога бев дете излегуваа муабети за мајки и татковци дека идат по други мажи/жени, а пола од тие муабети не ни беа вистина. А, како едно дете ќе му текне дека на другарка и таткото ја изневерува жена му, ако тоа не го слушне од возрасни како оговараат? Значи, на едно дете нема ни да му помине на памет да заебава за отворен брак (како би знаело за тоа уопште?), освен ако ти како мајка не го седнеш и му кажеш еј сине, слушај што прави мајката на Трајка. Се согласувам, има однесувања до кои еден родител треба да се држи во јавноста ради репутација на детето, ама сексуалниот живот? Најприватно нешто на свет.
Зашто не е нешто позитивно, тоа е само дозволен швалерај. Не дека нема развод и од таков брак, некој од нив двајца може да се наљути во одреден период од животот. И чуму фалбите? Ова е смешно бидејќи стварно луѓе веруваат дека некој е искрен ако сака отворено да шврља. Гледаш, нашле начин за секакви глупости да им пројдат. Порано ми беше жал за тие што остануваат во брак иако знаат за швалерајот на партнерот, сега не ми е, секако имаат некоја корист, во најмала рака да не бидат сами. Сега им е дозволено да шврљаат на двете страни, па не мора ни да се љутат, све им е рамно.
Уште исправате криви дрини за туѓи лични одлуки, а? Ко за врат да ве фатиле да имате отворен брак или било шо..
Не сите што одат со други се во отворен брак. Напротив, повеќето се во 'затворен' и ги лажат партнерите. Зошто ти е толку тешко да направиш разлика меѓу тие две работи? Кој споделува со децата детали од сексуалниот живот?
Скоро имав момент кога "осудив" таква врска, но само затоа што децата ќе страдаат. Имам другарка што е во врска со човек кој има отворен брак. Човекот има отворен брак со жена му цел живот, дури и децата му се од друга жена. Рекол со жена му поминале и добро и лошо, физички не си се веќе привлечни, но таа и понатаму му е најдобра пријателка и не би ја оставил за ништо на светот. Другарка ми што е во врска со него (фактички му е швалерка) има ќерка на 10 години. Ми се јавува да дошле на гости тие двајца, нејзината ќерка и плус детето негово вонбрачно. Тука спиздев, викам или само со ќерка ти ќе дојдеш или само со него. Ти може да менуваш мажи и на 3 дена ако сакаш, ама зошто секој да го запознаваш со детето. А и во мало место живеат, тоа вонбрачно дете сигурно пати што цел живот родителите не му се заедно, и во прва прилика во школо ќе ја навреди ќеркичката на другарка ми. А бе толку спиздев, што еве 2 3 недели не и ѕвонам. Среќа многу сме блиски па можам отворено да и кажам кога нешто не чини.
Да бевме сите во отворен брак темата развод немаше ни да постои. Чудно баш како онаа за неверство не е активна, а повеќето како глувци се кријат и ги вараат партнерите по секое ќоше.
Госпожа, дај не ја тупи. Делуваш ко најопседната со туѓи бракови на темава. Терај си го животот по свои правила и морал, никој не се спротиставува на тоа, за разлика од тебе за туѓите.