Понекогаш мислам дека онаа стара гарда батки што избегавате да ги дружите по барови се во право кога ви викаат дека само за био. функција - брак и дете сте. Толку ви е максимумот, за посложени мисловни процеси не се родени некои од вас, јеби га. Затоа уште држите полемики и се објаснувате зошто не треба да се вара, дур мажите ви пичат свој фазон и не се замараат со идилична љубов, (што год да ви значи тоа). Темава е активна веќе цела недела откако пишав, а тоа кажува многу за вас. Баби пред кооперација за трач муабет.
Јас мислам обратно е. Ги ставаат сексуални преференци и издигнување над основните инстинкти во ист кош.
Nope. На некои баш цел живот им е посветен на мажот и задоволување на неговите потреби, како и моралишање и оставање слика пред другите колку се среќни во заедницата. Досадно.
Тогаш зошто ти е толку голем проблем отворениот брак? Не очекуваш ваљда сите исто да размислуваме? Таквите обично се во затворен брак.
Не се пазам. Мене они не ме интересираат во ниту една смисла одамна. Нека се пазат тие на кои бракот и раѓањето деца им се. Не сум девојче, далеку од девојче, ама фала, ми ласка.
Себично е да мислам дека само јас ќе му бидам најубава, насекси, најпаметна, најинтересна, најзабавна 50+ години. Ќе има и други што ќе го привлечат. Ќе има и други што ќе те привлечат. Тоа не значи дека треба да бидеш во отворен брак, туку само да си реален.
Си кажала и дека не веруваш во моногамност. Значи башка и лажат тие. И да, замисли може некој 50 години само тебе да те сака и гледа и да си му нај. Додуша не можеш да замислиш.
Не сакам да замислам, оти не ми одговара. Сакам да можам да имам секс и со други. И да, не верувам во моногамност. Баш тоа е муабетот. Не размислуваме сите исто. Немаме сите исти желби и потреби. И нема ништо лошо во тоа.
Ајде пак. Си рекла не верувам во моногамност кај луѓето, не за себе само. Си рекла не е можно да очекуваШ. Значи за сите збориш, не за себе.
Затоа што damn ти смета кога за твоето зборат против. Ама онака си дозволуваш да наречеш некого себичен и лажго зашто не веруваш во неговите принципи.
Не знам зошто се лутиш на некој заради различно верување? Сум читала, сум дошла до тој заклучок. Затоа сме на форумов, да изнесеме мислење. Не го сфаќајте како личен напад.