Цело време дебатира и тоа добро ама на пример мене ми смета не сакам млади што читаат да го прифаќаат нејзиниот став.
Нека не им дозволуваат родителите да читаат се' и сешто, ако им е проблем Тие порничи гледаат од 10 години, па на форум шо ќе прочитале. Поќе од нас знат... Некои поназад пишаа дека децата не знаеле што е отворен брак. Еве ќерка ми знае. Не и' го кажав јас терминот. Таа ме праша дали сме во отворен брак.
Јас бев околу 11, ќерка ми прв пат на 10 ми кажа дека гледала порно и беше усрамена 200. Па се објаснувавме што значи... бла-бла, зошто не треба да се чувствува виновна. Во предадолесценција почнуваат да се интересираат за сопствената сексуалност.
Не ме прашуваат за отворен брак. Лични проблеми ми кажуваат. Не знам од кај им е идејата дека можам да им помогнам. Сама на себе не можам...
Не сум баш за гледање порничи, поготово кај деца, оти ствараат зависност. Ама да, ок е да се објасни на дете ако видело порнич што значи. Да се објасни дека сексот не треба да изгледа така, и ако е девојче дека не мора толку да стенка, акробира и глуми лудило во кревет за да се задоволи себе и партнерот во иднина. И јас ја исчував братучедка ми, исто како тебе, само она на 8 го гледаше првиот порнич во школо, пуштале машките рече, ми кажа и кој сајт. Ова горе и го објаснив па одговорот знаете кој ѝ беше? Па, јас не ни мислев да правам нешто за нечиј ќеф. Yup, баш со овие зборови.
Абе знаеш како го гледам тоа. Дека ќе открие, ќе открие. Она што сакам е да ми каже, за да можам да и' објаснам. Оти никаде нема подобро да научи. На школо нема сексуално образование, да гуглаат нема ни да знаат што треба да изгуглаат (не знаат термини), меѓу себе-само измишљотини ќе си кажуваат, оти нема кој да им објасни... Сигурно нема да им текне самите, да се интересираат за зависност од порнографија. Ама јас ќе и' го кажам и тоа.
Не баш дебатира, рекла јас сум За, вие што сте против баш ми е гајле, сите сме различни. Тоа е дебата? Тоа е само нејзина желба да биде со различни во кревет, и на маж и, па се нашле исти во желбите, иначе не е нечив став или правило или не знам што. Швалерајот постои одамна, сега само го нарекле отворен. Нема сите да се прашуваме пред брак дали си отворен или затворен. Не е тоа идеологија, религија или некаква теорија, само желба за отворено шврљање.
Ама зошто упорно го нарекуваш 'швалерај', кога не е. Што е за тебе швалерај? За мене, имање секс со други, со знаење и дозвола од партнерот, не е изневерување. Ај сега ти....