Јас мислам една истрага да отвориме за членот @WildMk и нејзиниот интимен живот, одлуки, проблеми, лични ставови итн... Значи, претеравте секоја граница. Тоа е нејзин живот, нејзини одлуки, нејзин брак кој опстојува повеќе време , а е заснован на вакво нешто. Во ред е, мислам, без осуди и вперување прст кон некој " чудак" кој различно размислува од вас. Што сега , детално ќе испитувате од каде потекнало ова? Чудак , напишав од причини што така ја гледате членкава. Јас, лично не би можела да се пронајдам во таков однос. Јас сакам човек со душа и срце, тој е моето се, не сум способна да го делам со друга. Тоа е мојот одговор на темава. Друга персона, еве во темата Вајлд , воопшто не ме интетесира како живее и каква интима има. ДА НЕ СУДИМЕ! Човекот се цени по други критериуми.
Чекајте малку другари! Знаете колку вашите затворени бракови се у ствари отворени? Да ви кажам колку пораки на ФБ добивам од скриени профили? Знаете дека додека вие пишувате домашна со децата во спална вашите мажи „ кои немаат фб “ си договараат средби ? И што е полошо? Ова што го пишувам или отврорен брак каде што и двајцата си знаат за тоа кој што прави. А бе све девици и светици на форумов!!!
Toчно е тоа што го напиша. И мене секојдневно ми се пуштаат мажи со деца во раце, кои не разбираат што тато зборува низ шифри. Секако дека е полошо такво лицемерие, отколку искреност,ама темава не е затворен вс отворен тип, туку исклучиво за отворениот дискутираме. Кога би требала да бирам помеѓу отворен брак и оној што ти го опиша, би одбрала развод.
Го напишав ова за светициве што ја напаѓаат @WildMk зашто има храброст отворено да зборува. Кој како сака нека си тера во брак.
Никој не ја нападна Вајлд за нејзиниот отворен брак, туку што иде со луѓе од 'затворени ' заедници. Али сепак, сувишни се навредувања, омаловажувања, нема потреба до таа крајност да се иде, кога може фино да се дискутира.
А зашто да ја напаѓаат за тоа? Пиштол им става на глава за да бидат со неа? Ако не е она ќе е друга. Тој од “затворениот “ брак си решил да си шврља. Она си е чиста пред нејзиниот маж, туку таа неговата нека му ја мисли.
Јас па мислев темава е “Отворен брак” , а не моралот, карактерот и животот на @WildMk , ама ете, може грешам Абре се душебрижници, врвни психолози, месии, светици. И се запнавте на женава, ќе ја менувате и готово Штета што повеќето теми кои може да развијат вистинска дискусија во сосема поинков правец се сведуваат на малограѓански преписки.
Уште на психијатар што не ја пратија. До тамо дојдоа . Пре би давале совети ( долгометражни) него да почитуваат некого. Лицемерие на нивоУ.
Јас мислам дека ова се практикува многу, мноооогу повеќе од шо имаат храброст луѓето да коментираат за истото. Барем од она јас шо го гледам околу мене. На вакви теми нема точно и грешно мислење оти сме сите различни личности со различни карактери и сфаќања во животот. Мое лично мислење барем засега, понатаму не знам шо ќе мислам, е дека би се нафатила на отворен брак. Како жена шо дозна дека била варана во 5 годишна врска од човек шо мислев дека не е способен на такво нешто, би преферирала во иднина да знам претходно и да се збора за тоа и да се пробаат работи. За мене сексот и љубовта се две различни работи и не мора секогаш да одат рака во рака.
Не дека не ги разбирам луѓето во отворен брак, ги разбирам сосема добро, но не ми се допаѓа тоа што се прави и не го поддржувам. Сепак, искреност и разговор е далеку подборо отколку набивање рогови зад грб.
Грешка си малце. Тие што се во ОТВОРЕН брак не кријат дека одат со други. Затоа се вика ОТВОРЕН. Се умеша со швалерај ти
Епа на тоа и мислев. Затоа викам, подобро е кога двајцата си ги знаат намерите и си разговарале за тоа, отколку да живеат во заблуда незнаејќи што се прави настрана.
Вие ме напаѓате мене, па по сто пати ме препрашувате исто-па исто, одговарам на секој посебно, по сто пати, па после јас сум наметнувала мислење и сум тврдела дека мојот брак е најпаметно решение. Ако ве мрзи да прочитате 10-15 поста мои на темава, воопшто не прашувајте. Друга работа. Секоја тема за секс на форумот, е анатема за вас жените. Сите имате секс, никој не зборува за тоа. Сенкир некоја ултимативна тајна е сексот. Онаму на темине за секс, коментираат само мажи и млади девојчиња, кои и самите, најчесто завиткано во хумор реагираат. Каде сте сите вие искусни жени кои сте во брак? Како ги зачнавте тие ваши деца? Безгрешно? Се додека се срамите и ја криете вашата сексуалност, ќе има осуди, и кон мене, а и кон вас. Не постои жена која не била наречена 'курва', барем еднаш во животот од некого, дури и тие што ни еднаш немале секс. Тоа е производ на вашето молчење, лажење и глумење. Па кажете им еднаш за секогаш на мажите во државава, дека сите жени имаат секс, и дека уживаат во сексот. Наредни прашања, исклучиво со изјава за лично сексуално искуство и/или преференција. Овде испадна, дека само јас сум имала и други партнери освен сопругот (во животот воопшто), а и единствена сум што има некоја неконвенционална сексуална преференција.
Го пишав ова и во другата тема кога почна да се развлеква муабет за отворен брак. Отворениот брак не изневерува, едноставно партнерите се договориле да имаат слобода да бидат со некој надвор од брак ако им се присака. Самата Валјд пиша дека во толку многу години три пати излегла. Маж ѝ знај, и тој излегва со други, и пак таа знај. Значи не е изневерување. Изневерување можи да биди за секоја активност направена зад грб, на штета врз еден од партнерите, не мора да значи секс надвор од брак. Ако ним им одговара овој тип на брак, зошто побогу, вам ви смета? Прајте си како сакате. Тоа што мене лично не би ми одговарал ваков брак, не значи дека не е правилен и дека некој не треба да го применува. Многу повеќе би почитувала човек кој се изјаснува дека е во отворена врска, него човек кој се изјаснува дека изневерил, зошто према мене не треба да го изневеруваме партнерот на било кој начин, дали било со таен излет од врска/ брак, или да го прелажиме и манипулираме на некој начин. Ама, ако бракот е отворен, излетот од брак не е изневерување.
А да, и мнгумина напишаа: Не оправдувам, ама... Никој не ви бара да ме оправдате. Не ми треба ваша дозвола, исто како што вас не ви треба моја дозвола за да имате секс. На толку осуди кон мене, најголем проблем е, меѓу возрасни, сексуално активни жени, да напишеш вулгарност. И после.. имало предрасуди.. ами сами си сте криви.
Мислам дека комплицираниот дел е што си на чисто со себе, со својот партнер и имаш брак според заедничката преестава за среќа на истиот... но за другата особа си учесник во прељуба. На другата страна не и е гајле дали си ти среќен во сопствениот брак, дали е отворен или швалерај... бидејќи нејзиниот партнер изневерува и нема отворен брак. Едно гледиште е дека секој е одговорен само пред својот партнер и ако не бил он другиот ќе си нашол друг за изневерување, другото е за некаква одговорност и за подалеку од сопствениот партнер. Зборувам општо, на темата отворен брак, не конкретно за твојот Вајлд.
Последната реченица се дополнив, дека не е за тебе, но ме превари со цитатот. Точно, воопшто не моја одговорност или гајле туѓите бракови. Општо гледиште и размислување за темата е.
Знаеш што ? Може да звучи ко умилкување и преправање како да си ми прва пријателка на форумот ко што глумат некои а не можат да се трпат едни со други, ама жено ти си ми пример на модерна жена. Блазеси ти, си живееш во отворен брак, со отворени карти , си имаш фамилија, слободно без влакна на јазикот пишуваш, не се срамиш да признаеш за нешто од твојот живот. Браво, сите што те искритикуваа може само вода да ти носат. Од мене ќе имаш секогаш поддршка, секоја чест на искреноста и на мудата да си признаеш. Дефинитивно за пријателка би избрала некоја ко тебе отколку некоја што ќе ми прави лице , а ќе се дупи зад грб со мажот ми , во крајна смисла на зборот. Тоа што јас остро реагирам кон спонзорушите е поради искуството што ми расипаа (другарки на векот подмукли )долгогодишна врска од толку умилкување.
Ама еден куп, лично мене ми рекоа дека сум била крива. Колку од тие што ме окривија, знаеле за нечие неверство во брак кој не е нивниот? Колку од нив отишле да го предупредат изневерениот и да им помогнат во бракот? Никој!