Не мора да значи дека и е страв од ова, само дискутираме и си кажува мислење дека е против отворен брак. Еве јас не сум против отворен брак наведов против што сум јас лично, не дека сега ти ќе се затрчаш мене да ми угодиш, секоја си мисли и тера по свое низ својот живот. Точно ништо во животот не ни е загарантирано, освен она што самостално ќе го стекнеме, едукација, искуства, пријателства, познанства, надоградба, шетања, готвења...се може да се додаде на темава според преференци, која што сака. И затоа јас на секоја тема трубам прво независни да се, за било што во животов сите жени. За касиерка/ шоферка /фризерка /директорка/ додај по желба ја бива, ја бива. Работела пред брак си е обучена за тоа. Во брак ако сака нека тера со истата работа, ако не сака нека не тера, ама ако дојде до развод нека си има стаж, искуство пак за себеси, за детето ако го има. Иако за дете и мажот делумно е одговорен финансиски. Значи независност и еднаквост со партнерот се многу важни. Ама на таа тема може да дискутираме на долго и на широко. Јас за мене сум си обмислила и сум си се реализирала на тоа поле, за другиве не знам детално, не им се мешам, само кажувам што е едно од побитните нешта. @LiliBoz те прочитав да пофер е пред брак да и каже дека сака отворен отколку во брак да ја вара на секое. Ама многу мажи првично кога влагале во брак биле моногамни па отпосле станале поинакви и жени исто така, не само мажи. Поентата е баш тоа во животот ништо не ни е загарантирано, се се менува, совен она стекнатото со макотрпен труд и пот ете спомнав погоре што.
'Објектот' во случајов е субјективна, краткотрајна перцепција. Не (треба да) влијае на правата на личноста. Свичувам, ама мнооооогу ретко. *Слично како аналниот секс. И то сега ми текна... Кузнај шо друго ќе откријам за себе, ако збораме уште
Чисто его. Види! види погоре шо додадов во постот! Јас кажав што мислев, ти како разбра не зависи од мене.
Слободно И јас не сфатив се' што пишуваше. Шо има врска.. си прајме муабет За нејзе конкретно велев, не реков за сите.
Идев да видам дали се смена борбата курви вс изневерени моногамисти ама гледам сега дека има уште едно „вс“ - објекти без права и вибратори/ вреќи. Ќе велев шо е тешко да се сфати дека едното е ствар на договор и нема повредени, и дека вистина има луѓе кои не изневеруваат пошто стварно не сме сите исти, ама после новава категорија, мислам сувишно е да кажвам дека едно е секс без емоција, друго е да испревртваш збор дека некој е објект без права. Тудлс. П.С. Барем се надевам.
Лееј стварно, еднаш се погодив на семинар за правата на проститутките, јас носев деца со оштетен вид. Мене ми беше срам, а на организаторите не, рекоа дека сите имале исти права. Тоа само збори за нашето општество. На темава, не е поставена ко што треба. Отворен брак - швалерај или не? Иначе вака ќе збориме за и против, а нема поента. А каков бил сексот со тие другите, тоа е за друга тема, не е за брак. И дали биле проститутки или изневерени. Јас тука завршувам, фала на инспирација. А ствар на договор може да биде што ќе јадеме денес, каде ќе одиме на одмор. Ако ме праша дечко дали сум за отворен брак пошто друг и не нуди, немам избор тука, јас ќе се навредам, ама тоа сум јас. Другите нека си тераат како знаат. Се надевам само дека ова нема да стане нормално во догледно време. Фала на дебата.
Епа и јас за неа конкретно велев де, не за сите. што има врска муабет си правиме Лошо е кога ти кажуваат и ти си правиш лична проекција на себеси. Еве јас реков што не ми е прикладно кај тие со отворен брак, па ти oh well. Сите тргнуваат од своја перспектива и си велат како гледаат не значи дека ти или јас треба така исто да гледаме или правиме нели, си кажуваме како возрасни си правиме муабет, дискутираме. Јас знам мене што не ми чини, ти за тебе за други секоја за себе, па дали неа и било или не страв таа само најдобро си знае. За ова со вибраториве и другиов дел ај де де ќе ми се испушти кажа се што мислев @theowndemon кратко и јасно, па и сликовито
Да. Тешко дека ќе ги "убедиш" во темава во твоето гледиште или го промениш нивното, и онака дебатата тука е безначајна, само им се укажуваат слабите точки при дебатирање.
@WildMk не се објаснувај за џабе, кај нас испаѓа дека поголем срам е да бидеш во отворен брак и да има искреност со партнерот, отколку да изневеруваш на страна. Иако никогаш не би била во отворена врска или брак, доколку некој одлучил да го практикува тоа, мене ми е во ред, поддржувам. Гледам и читам многу негативни коментари и осуди, ама подобро во отворен брак отколку во неверен и нефункционален.
Воопшто не си себична, само си моногама како и јас. И нема ништо старомодно во моногамијата, како што нема ништо модерно во спротивното од нејзе. Отсекогаш нѐ има секакви, само сега можеби поотворено зборуваме, и тоа е добро. Има толку многу нијанси на потреби кај луѓето и сите се сосема нормални и ок додека не наштетуваме и злоупотребуваме некого. Барем возрасните можат да најдат разбирање и решение за своите потреби со партнер со истите, и прекрасно е кога си функционираат како сакаат, а притоа си го негуваат нивниот дел и бенефити од односот. Не мора да сме во брак за да бидеме моногами и обратно. Бракот е општествено легитимен однос кој подразбира некакви привилегии кај една двојка (делење осигурување, поевтини сметки, поголема плата), а сѐ друго е исто. Љубовта и потребите не можат да се навигираат поинаку оти бракот подразбира такви правила. Браво за сите кои успеваат да се ускладат и да си го негуваат односот каков и да е тој, моногам или не. Взаемната искреност и цивилизиран однос секакви типови на врски поддржуваат. И полигамите подеднакво можат да сакаат како и моногамите. П. С Имам другарка која сака двајца мажи истовремено. Стварно нѐ има секакви и прекрасни се различностите кои не штетат никому. ❤️ Па нормално, кај нас секој дебилен и деструктивен однос е поприфатлив и третиран како нормален, него искрениот и цивилизираниот, како што е понормално и поприфатливо геј мажи или жени да се стапуваат во фиктивни бракови, наместо искрено да се живеат себе, за жал. Подолу напишав дека најдобрата другарка има врска со двајца и двајцата ги сака. Многу ми беше чудно на почетокот, но како сознавам колку различни нѐ има, а истите никому не штетат со нивните потреби и среќа, многу посреќна сум и јас што ми се отвораат нови хоризонти и совршено разбирам дека ако јас сум моногама и сакам еден, не значи дека тие помалку сакаат повеќе партнери или помалку уживаат во нивните потреби. Да живеат искрените и отворени различности што не штетат никому! ❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️ Верувам во "апсолутна" моногамија од аспект на нереализирање во дела возбудата која би ни ја причиниле други, а ми ја причинувале и пред бракот кога сум била сингл, па не со сите сум ја реализирала на дело. Во живот не ми текнало на памет да верувам дека само една особа треба цел живот да ме привлекува. Тоа е нереално. Имаме очи, феремони и во зенитот на нашата љубов и страст сепак сум се загледувала во згодни мажи по улица или ми годело згоден келнер, бирократ, доктор било што кога ќе ми посвети повеќе внимание, но засега сѐ останувало на тоа зашто не сакам тоа да го реализирам во дело. Поточно немам потреба. Дефиницијата за моногамија е нереализирање на дела -романтични/сексуални фантазии или потреби со други лица поради твои вредносни системи или емотивна исполнетост што ти носат чувство на мир и стабилност, и постојат особи како такви. Да кажам дека мојот сопруг е единствен кој ме привлекува и возбудува би се изнасмеала гласно, нити тој не мисли така, но двајцата делиме иста потреба, сексуално/романтично да бидеме и понатаму вклучени само ние двајцата оти до денес ни оди добро тој дел и едноставно потребни сме си како такви. Сигурно приметуваме згодни луѓе по улица и двајцата, но не си го кажуваме тоа зашто е нешто преприродно кај сите нас и ни во лудило не би ми текнало да бидам љубоморна ако загледал згодна жена. Загледувам и јас мажи и сѐ останува на тоа. Не ми текнало да кројам план да го реализирам тоа. Сѐ што ми треба има тој, до ден денеска, и истото го вели и тој за мене. Исто и многу битно, никогаш не сме си забраниле да мастурбираме кога сакаме сами, што е прекрасно. Да гушам некого дека мора да биде инволвиран во сѐ со мене, па тоа е убиствено додевно. Ова за мене е моногамија и постои додека двајцата си ја давате потребната слобода која прави да опстанете како такви. Ако за некого слобода е да мастурбира сам на порно, за друг е тоа да го доживее реално, и сосема ги разбирам ако и на двајцата тоа им е потребно и си функционирает како такви. Супер. Ама и мене вака како моногамна ми е исто супер. А никако не верувам, поточно и науката тврди дека не постои таков кој не се загледал во друг и не му светнала мисла како има секс или не го доживеал како привлечен. И нема врска тоа со моногамија. Веќе кажав што е моногамија. Човечкиот мозок на сѐ реагира, дури и кога нешто не нѐ привлекува сексуално, а истото е сексуално релевантно, добиваме одговор на препоните сите. Најголем доказ дека моногамија е можна се фантазиите кои многу од нас ги имаме додека мастурбираме или водиме љубов, но истите не би сакале да ги доживееме реално. Па колку од нас сме имале фантазија како не' силува некој, но реално не би сакала да ми се случи тоа. Е таква е моногамијата отприлика. Може сѐ да ми дојде во глава, но едноставно не сакам да го направам тоа во дело. Не ми е предизвик и потреба, оти засега сѐ што ми треба имам со него. Не' има секакви и убаво е кога знаеме што сакаме. Засега ваква сум. Во иднина не знам. П. С Чим постојат "отворени бракови" , постојат и моногамни. И ве молам доста со тоа клише "дур не пробаш не знаеш". Ако почнеме да пробуваме и со жирафи можеме да општиме ако до тој степен си го заборавиме платонското во нас, затоа и постојат толку фетиши и перверзии, иако пак ќе кажам нивен апетит додека не наштетуваат некому. Ме иритира она," немаш мадиња", за што да имам мадиња? За една потреба иста и едноставна како храната? Јас ја поистоветувам со љубовта кога сакам некого и сакам да ја делам со него. А тие кои умеат да се дистрактираат и да си лапнат еден хот дог по пат и да си го задржат нивниот однос и љубов пак, ок. Верувам дека е можно. Сѐ е до перцепцијата. Мојата е моногамна и опстојува како таква зашто како таква ми дава хармонија и радост. И ајде сега да кажам дека и за моногамија треба "мадиња" за да се одолее на сите искушенија. Не треба никакви мадиња ни за едните ни другите. Живејте си ги потребите ако не загрозуваат никому и хармонијата што доаѓа со нив.
Јас би влегла во брак исклучиво ако е отворен брак.. Можеби не ви е јасно, тоа не подразбира секој по својот пат, туку едноставно секој да си го живее својот сон Единствено сексот е секс, емоциите се друга ствар Зошто да не би можела да си излегувам по дискотеки па фала богу после 10 години брак мажот и жената се како брат и сестра т. Е цимери Мене брззо ми се здосадуваат сите работи па затоа и не сум дошла до брак, а и да дојдам во брак сигурна сум дека сакам со зезање да бидам во брак отколку да бидам очајна домаќинка што ке кука по цели денови и при првото неверство одма ќе поднесе документи за развод
Хм. Да, но, отворениот брак по тоа што го имам сфатено до сега, намногу го карактеризира сексот со други луѓе. Искачање во дискотека или кафич не би рекла дека спаѓа во таа категорија. Не дека сите што се мажени живеат со 8 заклучени катанци на врата.