Намерно не те цитирав, туку општо зборував. Кога е нешто лично и директно за тебе ќе те тагнам и цитирам. Нема што да те обвинувам, не е мојов еден од тие Претпоставувам дека јас сум една од оние кои проблемите ќе ги барам во својот брак и третата особа не би ми значела ништо. Верувам други се со спротивен став.
Поо какви глупави мислења се изначитав на темава. И тоа не од оние кои го бранат концептот на "отворен брак", туку од спротивните. Што ако детето дознае дека неговите родители биле во отворен брак? Молам? Дали вашите родители ги споделуваат со вас нивните сексуални преференци, искуства итн? Не гледам зошто тука би било нешто поразлично. Не знам зошто ви е толку тешко да разберете дека овој концепт се практикува само поради сексуалното искуство, а нема никаква врска со некоја емоционална поврзнаност. Сите чекавте емоционално да се поврзете со вашите мажи/дечковци пред да имате секс? Прво, да разјасниме околу моногамијата. Постојат два типа моногамија, социјална и сексуална. Сексуалната моногамија на човекот е всушност полигамија. Во природата, многу мал дел од приматите се сексуално моногамни. Ние не сме исклучок. Прочитајте малце историја, не толку одамна,во античка Грција и Рим, браковите биле полигамни ( со тоа што само на мажите им било дозволено мрдање со газето наоколу ). Социјалната моногамија, односно одржување врска со еден човек за задоволување на социјалните норми, како брак, живеење заедно, создавање потомство заедно, итн, ни се на еден начин наметнати и се очекувани. И се релативно лесни за одржување, со вистинската личност до вас. Но, сексуалната моногамија .... потешко. Не дека е невозможно, но е потешко. И тука не ме цитирајте со "Ама јас сум во среќен брак x години притоа задоволувајќи и социјална и сексуална моногамија". Да, секоја чест на тие кои навистина го практикуваат тоа. Не викам дека го нема, но секој втор муабет кој го слушам е за простени неверства, дилеми околу тоа дали да се прости неверство, па дилеми околу тоа дали да и кажете на познаничката дека сте го виделе мажот и со непозната жена. Ама тешете се со тоа дека не ви се случува вас. Голем број од "неверствата" се само паѓање под искушение под силна сексуална желба за некој. Што според мене е ок, фала богу дека сексуалната енергија е нешто скроз поинаку и тотално неповрзано со емоционалната поврзаност со некој. Доволно е мал флерт со некој за да се осети енергијата, и или ја има или не. Не може да ја создадете. И ја имате со повеќе луѓе. За разлика од љубовта кон еден човек. Верувам дека искрено и од срце се сака само еднаш во животот, и само еден човек. Така да, водам љубов со една личност, се сексам со повеќе. Прашање до авторката на темата, како заклучивте дека сте во отворена врска?
Пак ми го редактиравте постот. Ај прашање до сите вас: Зошто кур*а или оро*пија, не го заменувате со друг збор, а влажна пи*ка го заменувате? Не се инаетам, се обидувам да ви кажам дека проблемите со женската сексуалност самите жени ја предизвикуваат, не мажи. Те молам не ми го модерирај постот. Ова е основа на половата рамноправност: сексуалноста кај жените и предрасудите околу нејзе. Те молам, навистина... не го продолжувај циклусот на осуди. За човекови права станува збор, не за вулгарност. Не е воопшто наивно. Напишав уште во првиот пост. Уште од прв ден заедно, сме во отворена врска. Се дружевме неколку недели претходно и разговаравме на различни теми, меѓу другото и нашиот поглед кон сексуалноста, искреноста и сексуалните преференции. Три работи беа клучни: -Поради тоа што не веруваме во монагимја. -Поради тоа што сакаме 100% искреност со партнерот. -Поради тоа што сексуално не возбудува партнерот да има секс со друг/а.
Штом инсистираш да не го модерирам постот, еве ќе го оставам, но: Спојлер: Правила на форумот 2. Општи правила за дискусија Користете кирилица. Придржувајте се кон правилата за пишување на мислење! Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. Не толерираме агресивно однесување, препукување, омраза, провоцирање и ВИКАЊЕ. Можеби вие сметате дека вашиот стил на дискусија е возбудлив, но ако останатите сметаат дека е несоодветен – мислењата ќе ви бидат избришани. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно. Бидете учтиви и помагајте им на новите членови да се снајдат, наместо да ги напаѓате. Секој започнува од некаде! Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави го ова мислење“ (малото розово копче со извичник, веднаш до копчето „Цитирај“). Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворените и дуплите теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе проценат дали и какви мерки треба да се преземат. Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл. Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“! Не испраќајте смајлиња без текст. Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „Редактирај“. Ако во рамките на вашето мислење сакате да вметнете туѓ текст, посочете го и изворот. Ако цитирате мислење на друг корисник, пожелно е да го цитирате само делот кој го коментирате, а не целиот текст на мислењето. Забранети се четот, флудот и спамот. Чет – личен разговор меѓу два корисника, размена на реплики од типот „Како си денес?“, „Ајде да одиме на кафе“ и сл. За таа цел постојат „Лични пораки“ и посебен модул Чет. Флуд – потопување на форумот со бесмислени мислења или мислења што се повторуваат. Спам – оф-топици, рекламирање и сл. Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи. Забрането е публикувањето на порнографски слики и видеа. Забранети се мислења кои содржат лични податоци за други учесници во форумот, како и публикување на лична кореспонденција. Форумот не е место за спроведување на ваши истражувања или анкети. Доколку постот е пријавен како вулгарен, има основ да се модерира.Тоа значи дека Вашиот начин на изразување на некого му пречи. Горниов пост нема да го избришеме, бидејќи сакаме дискусијата да си продолжи а не да ја ,,затапкаме,, со ПРАВИЛА, НО...Ве молам, бирајте зборови
А зошто воопшто стапуваат во брак луѓе кои не се спремни да ги почитуваат постулатите на еден нормален брак, каков што треба да биде според нормите на законот и црквата? А и според нормите на поголемиот процент од населението... Роди си дете ако сакаш да се оствариш како мајка, менувај си партнери, уживај си кога и со кој ти одговара и мир. А не отворен брак, затворен брак... бракот е брак, онаков каков што настанал во некои минати времиња, без никаква друга претставка пред тој збор.
Бракот е институција, каде духовно и физички се влегува со свест. Не велам дека мора да е засекогаш, ама додека трае јас имам ексклузивно право врз физикусот на мојот сопруг, и обратно. За мене не постои друг вид на брак, односно тоа веќе не е брак. Тоа се двајца што се земале од Х причини и сфатиле дека утнале работа, па се договориле да си го направат интересен. Не велам дека тоа не чини, ама не е брак. Бракот има дефиниција која не е шврљање (отворено или затворено) од страна. Посебно моментот со женети/мажени, слики од деца по ѕидови и слично ме вади од колосек. Не би прошло тоа кај мене, не прифаќам "таков сум", има многу начини како да се зачини бракот/врската а да не се други луѓе. За луѓе зборуваме, не за премети кои се купуваат во секс шоп. Ризици има во секој аспект од животот, ама овде има и те како поголеми. Не би си играла со сопствениот живот, здравје и добробит. Не дека одобрувам, иако не сум фактор кој би требало да одобри или одбие, ама очигледно не сум либерална во тој поглед. Мора една врата да се затвори за друга да се отвори во мојата глава.
Апсолутно се согласувам со @Emy867, мислам дајте, јесда живееме во модерно општество ама не е ова врата, па отвори-затвори. И ако толку сакате да менувате партнери зошто уопште стапувате во брак?? Некад стварно не сте ми јасни..
Секој има право да си одбере во каков брак ќе живее. Нема закон за тоа каков да биде бракот. Законот вика: Како ќе се договорат партнерите. Конзервативната форма на брак, со сите социјално наметнати правила, е идеја на религиозните институции. Ниту има врска со закони, ниту со човековата природа.
Не гледам проблем да си во отворен брак. Гледам проблем во тоа каде иде времево. Да се нема никаква приватност односно да бираш да си отворена книга за сите. Да ова е форум. Можеш слободно да си кажеш каква си каков си. Но дали е тоа така и приватно? Што ако не е? И да. Треба да се има лимит за што може да се зборува во јавност а за што не. Мене лично не би ми било Пријатно ваква дискусија во живо.
Се додека ја криете својата сексуалност, ќе бидете осудувани од општеството, бидејќи со тоа давате лажна слика за реалноста. Мажите зборуваат отворено, оти се мажи, жените не, оти се жени - попрост пример за нерамноправност меѓу половите и продолжување на таквата практика нема.
И јас тоа сакав да кажам. Тоа што имам односи и деца како резултат на истите не значи дека морам јавно и отворено да зборувам за тоа, особено не со непристоен речник и вулгарни зборови. За мене тоа е интима, која не сакам да ја споделувам со никој. Фала Богу и маж ми е таков, ако не и бетер од мене. Тоа што ни е во кревет си останува таму и меѓу нас двајца. Дали ова ме прави нереална, заостаната, старомодна или не знам што, таква сум. А тој што сака јавно да зборува за тоа нека зборува, мене воопшто не ми пречи.
Не ја кријам. Ја задржувам за себе. Тоа ме прави проста? Ок проста сум. На форум можам до утре сабајле да се зезам на секс теми. Приватно е друго. ЈАВНО каде мојот лик не е анонимен е друго.
Ја кријат својата сексуалност затоа што биле осудувани ако ја кажат или ќе изгубиш пријателка или пак ќе бидеш покажувана со прст. Жив пример сум јас, имав случка со една другарка со која се дружев долги години, престана да комуницира со мене откако и кажав дека имам желба да се лапам со женско со изговор дека ја било страв од мене wtf Сега имам другарки со кои ја имам споделено таа желба и ја имаат прифатено сосем нормално. Секако и дечко ми го знае тоа, дека ми се допаѓаат некои девојки ама многу сум прибирлива, па не се погодило за нешто да бидне. Инаку сексот за мене не е табу тема, секогаш отворено зборувам за тоа и воопшто не кријам за своите фантазии со дечко ми, секако и тој. Не би била ниту љубоморна да имаме тројка со друга девојка доколку ни се допаѓа на двајцата и да има и таа таква желба.
Ете некои не сакаат. Како што ти сакаш тие не сакаат. Нивен избор. Твој избор. Јас мислам дека повеќе ти им судиш ним него тие тебе.
@WildMk зошто секое мислење на темава поинакво од твоето го сфаќаш како осуда? Не велам дека нема осуди, има, ама не се сите мислења тоа. Секој има право да си каже што мисли на темава и притоа да не биде осудуван. Во ред е и очекувано е да дискутираш на зададеното прашање, ама не на секое да враќаш дека се срамиме од сексуалноста и да не убедуваш дека твојот начин на живот е она вистинското. И притоа генерализираш дека сите изневеруваат, што не верувам дека е точно. Некако се обидуваш да докажеш и да се правдаш за нешто за кое не си 100% сигурна, упорно тврдиш дека ако партнерот знае дека спиеш со други не е изневерување, иако е. Себеси се убедуваш? Факт е дека секој има право да си го живее животот како што сака, ама да не го наметнува тоа на останатите, тоа важи и за оние со отворен брак, како и за оние што не се толку либерални. Мене лично не ми е јасно каква брачна љубов и почит е таа кога партнерите взаемно се изневеруваат со меѓусебен договор. Ама не се обидувам да разберам, ниту да солам памет дали треба или не треба така, бидејќи не е моја работа и не ме засега мене. Истото го очекувам и од другите што дискутираат на темава.
Не би рекла дека жените се затворени околу поимот секс туку напротив би рекла дека својата приватност не ја изнесуваат на дирек пред секого кого ќе сретнат, тука пред се би додала и основно право на бон тон и култура како што доликува на една жена-дама.
А која е целта да се биде воопшто во брак ако е “отворен”? Бракот е повеќе институција која и е потребна на државата,не дека потписот и црковната венчавка ке направи чудо од две тела во еден дух. Ме изненадуваат и постовите во кои се прифаќа како нешто најнормално во нашата држава,наспроти фактот дека 80% од жените се понашаат ко од ланец одврзани за 8ми Март по кафани,бидејќи само тогаш ги пуштаат мажите. Лично,сега за сега сум доста конзервативна во поглед на бракот и обврските што ги носи.Можеби за 10-15 години ке немам желба за секс,или истиот ке ми биде тапа,ама не верувам дека би имала испади на страна.