@WildMk е баш фино што ја копираше дефиницијата за изневерување, оти сите 4 точки се однесуваат на листот што си го потпишала во општина, кој е погазен и изневерен по сите точки. И тука сметам дека тоа е поврзано едно со друго и не е оф топик на темава. Не сфаќам зошто тука имаш потреба да се браниш. Дали си среќна со своите одлуки? Тврдиш дека да. Живеј жено како сакаш. Што има врска дали е тоа изневерување или не додека ти си среќна? Немаш потреба ниту да се правдаш ниту да се објаснуваш. Уште си тазе на форумов, чекај малку. Ќе сфатиш дека честопати лајкови нема ни да има, па тоа не го праи коментарот помалку вреден, без разлика дали се сложуваме околу истиот или не. Освен ако е навреда. Тогаш ничив коментар не е вреден. Се сложувам дека ти залепија и директни навреди, ама и твојот настап беше атакувачки, не на почеток, ама особено стана откако се појави другата членка, па ти тогаш зазеде уште поголем замаф. Па почнавте со од ракав вадени статистики во проценти кој колку варал, па продолживте со едукации и еве сеуште се сметаш за гласник кој дошол овде да не едуцира. Оти без тоа, ние живееме во апсолутен мрак.
Никаде во 'листот во општина' не пишува дека се заветуваш на тоа дека нема да имаш секс, надвор од бракот... Пишува: Во договор на двајцата. Ние сме со договор, кој нам ни одговара. Тебе не. Сите среќни -весели. Морам да ве едуцирам... очигледно. Поентата со лајковите ми беше, за да ти објаснам... повторно, дека не напаѓам јас, туку вие. И кај пишува дека не треба да ги бранам своите ставови? Што треба? Да молчам? Може ми даде кураж што една се најде да не ме нарече курва, ама тоа е добро. Што требаше? Да ви викам: Да, да курва сум, во право сте. Пффф. Проценти изнесов со нагласок: Мислам, по мое видување, не тврдам итн. Демек, не смеам ништо да кажам што мислам?? Стварно не го разбирам муабетов твој? Повеќе би рекла: Зошто ти имаш потреба да ме напаѓаш? Затоа што татко ти изневерувал? Така а беше? Или друга членка го пиша тоа? Нели вие ми велевте, дека треба да им кажувам на сопругите дека мажите ги изневеруваат и да им ги спасувам браковите? Се премисли сега? Иначе не кажувам во живо, оти ако кажам, пак таквите како тебе, ќе речат дека лажам и зборувам од злоба, за да им го уништам бракот.. на некои си 'супер среќни' таму
WildMk ne znam zasto no koj i da iskomentira bilo sto ti sekogas imas nekoja zamerka. Sepak ova e forum i sekoj ke si kaze sto ima. Zivej si go zivotot po svoi ubeduvanja i pravila ako toa te pravi srekna. Iskazise i gotovo, nekomu ke mu se dopadne nekomu ne. Nekoj ke prifati nekoj ne. Ne mora so dokazi i statistiki da ni crtas postojano. Zivej si i uzivaj kako sto si sakas i kraj
Во договор на вас двајцата го правите брачниот договор. Оти општо познато е дека во брак можат да бидат исклучиво двајца, маж и жена кај нас, а во поразвиените држави и жена и жена, односно маж и маж, ти еве како едуцирана би требало да го знаеш тоа. Ох боже. Тоа беше повеќе добронамерен совет Вајлд, ама ти уште се учиш на форумов. Никој не мора да се објаснува за своите избори. Тоа значи дека ако утре мене ме нападне некој поради мој избор, неам намера да им се објаснувам, се додека ме праи мене среќна и оти е само мој избор. Ти чувствуваш обврска да се објаснуваш за се што ќе напишеш. Зошто? Мислиш ќе убедиш некого? Едно е да те праша некој нешто па да одговориш, друго е да си ги објаснуваш постапките, никој не те тера на тоа, и јас на тоа мислев, а не ти реков да не браниш став, оти тоа е друго и ставот можеш да си го браниш секаде. Нагласоците почнаа кога се искоментира дека секој се дружи со свое друштво слично на себе. Јас не те напаѓам, јас дискутирам со тебе, оти за дискусија треба спротиставени мислења, ако се сложиме, околу што повеќе би дискутирале? Ќе треба да се затвори темава. Што очекуваш ти кога ќе отвориш тема? Дека сите ќе те тапшаат по раме? И како така за секој што има спротивно мислење одма напаѓа? А последниот пасус, ниски удари со мешање фамилија која нема апсолутно врска со муабетов, кај мене не ти проаѓаат. Ако си толку едуцирана колку што тврдиш, валда знаеш и да го задржиш тонот и дискусијата која самата ти ја отвори, на одредено ниво. Оти јас не сум се послужила со никаков епитет како што ти наведе погоре.
Вака разбрав од досегашните прочитани мислења, за сите нас (и јас не сум тип за отворен брак) кои негуваме затворен брак (маж+жена, нема трет/а) отворениот брак за нас е вид изневерување. Толку . Но не си земам за право да ја убедувам/навредувам еве Вајлд во конкретнава ситуација како жена која негува отворен брак со маж и. И НЕ ,не ја гледам како к***а . Мојот прв брак не пропадна заради другата (сега живее вонбрачно со неа ) , пропадна заради психопатот кој ми беше маж , кој патем сега нејзе и го прави истото. Он живее у отворен брак а другава у затворен (мора инаку бам-бум) . И сега бракот на Вајл е не исправен модел а овој бившиот мој брак каков е,исправен? Може за некого и бившиот ми модел "Трпана брак " е исправен за некој што не му смета знаел/а од почеток и прифатил/а , и тоа го разбирам . Ама НЕ прифаќам ништо што е на штета и наметнато само на едниот. Не прифаќам нешто што би причинило штета на трет . Бракот на Вајлд не е потенцијална закана за мојот сегашен брак , и двајцата негуваме конзервативен традиционален брак (ај така да го наречам народски) . Не ги толкувам објаснувањата на Вајлд како убедување, туку како објаснување. Камо сите партнери да биле искрени меѓу себе уште на почетокот , немаше да има толку разводи . "За секое тенџере има капак!" Е сега има и по некое родено ѓезве ама пак помалку би биле .
Пак истиот муабет. На секоја тема, кога ќе видам нешто со кое не се согласувам, коментирам. Сепак, ова е форум и секој ќе си каже што има - Или ова што го пиша, не важи за мене? Не се учам јас на форумот, имам дупло поќе од тебе години, и дупло поќе искуство од тебе. Е јас сум човек што објаснува. И ќе објаснувам, и ќе кажувам мислења, додека мислам дека треба. Запрете вие, па ќе запрам јас. Пак не ми е јасно како цените што треба, а што не да се коментира? Никогаш прва не почнувам со напад и со негодување. Прочитај, коментирам на десетици различни теми, ќе видиш. Го искоментирав тоа, затоа што знам дека од таму ти доаѓа маката. Ама јас не сум ти виновна за тоа.. ама ич. Бракот каков е, секој за себе си одлучува. Тоа што го наведе, е непишано правило и не важи за сите. Плус, не прекршуваме ни еден закон, и муабетот, воопшто не ти држи вода. Иначе.. порадо би, да им го пишеш ова за 'традиционалниот' брак, на оние кои си ги лажат партнерите, а не мене. Пошто тие не се држат до договорт (па макар и устен) и ги повредуваат своите партнери. Глупаво е, вината на други, да ми ја префрлате мене.. не мислиш дека е така? Во ова е суштината на секој проблем во врска и брак. Со искреност и отворен разговор треба да почне се', и секоја одлука и пракса, треба од таму да потекнува. Пишав и на другата тема: Сите оние кои практикуваат секс надвор од бракот/врската без знаење на партнерот, или планираат да имаат секс надвор од бракот/врската, нека им кажат на своите партнери.. уште денес.
@WildMk годините не го прават искуството, и тоа е една од непишаните дефиниции. Секогаш коментираш и објаснуваш. Продолжи. Ќе научиш еден ден. Не дека те интересира, ама татко ми е починат долги години и колку што знам ја нема изневерено мајка ми. Ме помеша со другата членка. Ама без разлика за која членка се работи, ова се крајно ниски удари и јас сметам дека тука има lack of education big time. И поради тоа, само затоа што тебе те исфрустрираа нечии коментари, па се истураш на сите останати, како и мал протест во поддршка до членката која ја помеша со мене, не го продолжувам разговорот. Оти јас немам намера да се служам со такви ниски напади, и да паѓам толку ниско. А ти голема си, си знаеш.
Не си била ти, друга била, се извинувам. Бог да го прости татко ти, и татко ми е починат... знам колку боли. Ме исфрустрираа искрено, повеќето коментари. Ме интересира, зошто јас сум виновна за туѓите проблеми во браковите? Од каде на многумина, им излегува потребата, мене да ме нападнат? Што е позади, што ве тера мене да ме наоѓате за виновна? Како јас можам да ги запрам тие што изневеруваат? Можам ли воопшто да ги запрам? Како може, мојот начин на живот, да биде, за многумина на форумов, закана? Зошто така ме доживувате? Ајде да зборуваме за тоа. Пошто, во суштина, тоа е проблемот.... А не мојот отворен брак. Еве... очекувам искрен одговор на прашањава.
WildMk zasto moras site da ne citiras ne mi e voopsto jasno. Zivej si breee ako ne ti se dopaga nekoe mislenje skokni go neni go ni citaj i furaj si go zivotot. Javen forum da no tvoite mislenja veke stanuvaat napaganja i bas ne se sekogas vo red.
Отворен брак и врска ми е крајно забегана работа, се згрозувам на самата помисла да ми рече дечко ми еј ке идам со онаа или јас да го направам истото и као ок сме како ништо да не се десило, ке си се сакаме како и првиот ден . Премногу внимание посветувате на изопачени умови и кварни души, на кои секс со други им е начин на возбуда и секс со женет човек им е ок. Па позлобно и труло од оваа "гајле ми е што е оженет негов проблем" има ли? Ниско, ниско вака еманципирана, современа, жена, дама не се станува. Кој што сака нека прави, ама да убедува дека некои работи се во ред нема потреба.
Ме интересира, зошто јас сум виновна за туѓите проблеми во браковите? Од каде на многумина, им излегува потребата, мене да ме нападнат? Што е позади, што ве тера мене да ме наоѓате за виновна? Како јас можам да ги запрам тие што изневеруваат? Можам ли воопшто да ги запрам? Како може, мојот начин на живот, да биде, за многумина на форумов, закана? Зошто така ме доживувате? Ајде да зборуваме за тоа. Пошто, во суштина, тоа е проблемот.... А не мојот отворен брак.
Реков ќе се воздржам, ама... Види вака Вајлд. Проблемот со тебе најверојатно е што ти ни самата не си сигурна во твојот отворен брак, па отварајќи ја темава очекуваше дека сите ќе те тапшаат по рамо и ќе ти се восхитуваат. Затоа секое мислење кое е спротивно на твоето го доживуваш како напад? Не дозволуваш членовите да се искажат како ТИЕ ЛИЧНО се чуствуваат по ова прашање. Цитираш и објаснуваш после сите постови кои воопшто не се ни однесуваат на тебе. Како да ти кажам, нема потреба ни да објаснуваш, ни да се браниш. Ако тоа е она што си го одбрала за себе и си сигурна во него, што толку те погаѓа секој еден коментар на член кој не поддржува отворени бракови? Темава е општо отворен брак, а не твојот отворен брак и затоа сметам дека секој треба да си каже свое мислење. Никој не те нападна, никој не те најде за виновна, а уште помалце побара од тебе да им решаваш брачните проблеми. Чил малце.
Ме интересира, зошто јас сум виновна за туѓите проблеми во браковите? Од каде на многумина, им излегува потребата, мене да ме нападнат? Што е позади, што ве тера мене да ме наоѓате за виновна? Како јас можам да ги запрам тие што изневеруваат? Можам ли воопшто да ги запрам? Како може, мојот начин на живот, да биде, за многумина на форумов, закана? Зошто така ме доживувате? Ајде да зборуваме за тоа. Пошто, во суштина, тоа е проблемот.... А не мојот отворен брак.
Лугето за да ги едуцираш за прифаканje, отвореност кон различното, треба самиот ти да си сето тоа а не си. Доjде со куп предрасуди за лугето тука, глеj така и да не си отидеш. Учи. Арно ти викаат. Истиот муабет раскажан од различни луге ке наиде на различни реакции, jbg. Го немаш тоа што сакаш да го продадеш. Енде!
Ќе одговори некој, или уште ќе се натегаме околу мене, и уште ќе ми кажувате мене како треба да живеам, за што треба да зборувам, и ќе ме напаѓате?
И јас не сум геј, ама разбирам и прифаќам геј луѓе. Не бе, така доживувам... Што е ова: Да не ги цитирам сите постови.. доста е погорниов Значи: Ме интересира, зошто јас сум виновна за туѓите проблеми во браковите? Од каде на многумина, им излегува потребата, мене да ме нападнат? Што е позади, што ве тера мене да ме наоѓате за виновна? Како јас можам да ги запрам тие што изневеруваат? Можам ли воопшто да ги запрам? Како може, мојот начин на живот, да биде, за многумина на форумов, закана? Зошто така ме доживувате? Ајде да зборуваме за тоа. Пошто, во суштина, тоа е проблемот.... А не мојот отворен брак.
Со тоа не ти се обраќаат тебе лично, ниту го критикуваат твојот начин на живот. Си кажува членката свој личен став за отворен брак. Не значи дека ако има различно мислење од твоето дека е против тебе, те напаѓа... Ќе ве замолам да се држите до темата, без лични навреди и препукување.
@WildMk На ова ти одговорив погоре (((((Како може, мојот начин на живот, да биде, за многумина на форумов, закана?))))