Малку сум Ама стара сум јас за вакви работи можда затоа вака размислувам И стварно не ми е намерата нит да се карам ,нит да напаѓам ,нит да вреѓам. Прашав од чиста љубопитност . Си кажав за мене чисто онака ( не ми е јасно што барав во темава ) ама ај бидна веќе . Плус @WildMk ,ми е ептен драга и пријатна . Не мислев ништо лошо . Се извинувам Вајлди
Znaev duso, se poznava, taze nevesta si...ehh, i jas ednas taka se zanesuvav, pred mnoooogu godini...ama ne bilo taka, se se menuva, pa taka i nasite razmisluvanja.
Не ми беше поентата грижата на совест.. Туку, многу си грешка. Не можете да бидете слободни ако не можете да ја одложите потребата/нагонот - тогаш сте роб на вашите потреби/нагони! А човекот освен нагони има потреба и да припаѓа некому..и ..на нешто.
Ги разбирам тие кои не можат да го замислат ова. Знам дека повеќето така размислуваат. Како што и напоменав по други теми, овој модел не е добар за секој. Затоа и не се толку чести отворените бракови. Да се разбереме, не е нашиот брак совршен... не е дека сме немале и немаме кавги. Исто како повеќето сме проживеале многу проблеми.. со мешање од неговите, моите, со распределба на финансии Маж ми е по трошење, јас сум циција.. со одлуки каде и како ќе живееме.. и ред други работи.. Најголем удел мислам дека има, тоа што не сме љубоморни еден на друг, кога е во прашање сексот. Напротив, јас се палам да знам дека има секс со друга или да го замислувам со друга, а тој се пали да знае дека имам секс со друг/а или да ме замислува со друг/а. Чудно е за повеќето, свесна сум.. но тоа не го менува фактот дека јас сум таква... а Бога ми, и не сум единствена. Јас му припаѓам него секако. Имањето секс со друг, не прави да припаднам на другиот, туку да го 'употребам' за секс.
А што е за тебе слобода? Да ми забрани некој нешто? Или јас да си потиснувам нагон? Сигурна сум дека сите сте се довеле во некоја ризична ситуација, поради нагонот и адреналинот кој ви се лачи во мозокот.. Екстремен спорт на пример Има шанси да умреш ако се качуваш по карпа од 90степени, ама тоа не гледам дека ги спречило сите оние планинари во светот
Извини вака што ке искоментирам нај директно. Ваша работа, дефинитивно не можам да го разберам тој “отворен брак“ кој го имате ... Ама зашто мислам дека сте помодерни и од “отворениот брак“ и имам впечаток дека со тие паровите од цитатот погоре си правите модерни журки... Можеби делувам како да обвинувам за “отворениот брак“, нема врска...само не можам да најдам НЗС на сето ова и мислам дека таквата врска е автодеструктивна од повеќе аспекти и влече подлабоки корени па затоа и дел од нас не разбираат....
Мозокот и одложување на потребата или нагонот ни дал подарок-слободата. Ти си диригирана и водена од нив,никако слободна,а сметаш дека си слободна бидејки твојот маж знае,ти немаш грижа на совест поради тоа ,но си управувана од нагони ,тие прават што сакаат,а не ти. Тоа што сте со сопругот на иста позиција,и работите по договор,размислувате дека сте понапредни ,но во суштина сте ја промашиле целата поента ,бидејки не сте во состојба да погледнете подалеку од нагоните сиве овие 18 години. (не сакам да звучи дека те навредувам,само го искажувам моето мислење,и мислам дека темата требаше да ја отвориш како општа,а не лична)
Има кај нас свинг забави, ние не сме биле. Не мислам дека сме 'понапредни', само сме поинакви од тебе (на пример) Може да е проблем и да сум 'диригирана', ако не можам без секс со друг, но можам да контролирам ако сакам. Не сум куче Одбирам, некогаш да не контролирам, затоа што ми причинува задоволство. Искрено.. и не секогаш ми е дојдено до секс. Има периоди кога еднаш-два пати месецот ми е сосема доволно. И за човек што има секс само со партнер, а да е постојано, дневно, исто можеш да речеш дека: Му го диригира животот, ама не е така. Претпоставувам и тебе ти причинува задоволство, нешто што не е паметно, од етички, морален или медицински аспект.... ама сепак го правиш.
Ако ми се влажни на некој, не значи дека сакам да делам нешто повеќе од влажноста со него. Најмалку... гаќи да му перам
Епа тука ја и ти не се разбираме... Мене не ми е доволно само да има атлетско тело и правилно распоредени коски на лице.... Далеку од тоа дека не ми е битен физичкиот изглед, но НЕ МИ Е ДОВОЛНО само да е физички привлечен...
Ако се се сведува на нагон тогаш и потребата да се имаат деца може да се сведе на тоа, нагон, не? Но, не прочитав некој овде да проба да го контролира тој нагон.
Нормално де душо, прво паѓаме на физички изглед, а потоа прегледуваме што се убавини и неубавини крие во себе.
Точно, нај згоден фраер беше во серијалот ... Но пак не разбирам како можеш да фрлиш дамка на сите убави спомени со партнерот ради 110 кг мускулна маса која припаѓа на некој тиквар со кој не планираш светла иднина
Спиење,делење со други и покрај реципроцитетот и меѓусебното одобрување,остава лузни во несвесното кои кога тогаш ке излезат на површина,а човекот несвесно ке влече потези поради нив,негативни,поради потребата на човекот за припаѓање...
Тоа што ќе имам секс со некој, не ги заснува или заменува спомените кои ги имам со сопругот. Не се разбираме баш... Можеби, за некој за кого имање секс е траума, за мене е задоволство.
Јас имам едно прашање. Што ако маж ти дојде еден ден и ти рече: имам чувства кон друга жена но сакам се уште да сум во брак со тебе а редовно да се гледам со неа. Што би направила во ваква ситуација?